Ќе се полага државен испит во 2-ра и 4-та година (Студентски пленум)

  • Креатор на темата Атомската мравка
  • Време на започнување
Член од
13 декември 2011
Мислења
504
Поени од реакции
816
Само што го гледав прилогот на Сител за екстерното, пардон, државниот испит, и језа ме фати.
 
Член од
24 ноември 2014
Мислења
1
Поени од реакции
5
Има една контрадикција во интервјуто на https://www.youtube.com/watch?v=cFCJd4l7HFo со која премиеров како сам да си откри дека нема да застанат тука:

Во првиот дел, вели дека државен испит е обичен испит во кој ќе се тестира елементарно познавање. Ќе има поени, и ако си над одредени поени поминуваш. Целта е да секој студент има елементарно знаење.

Но негде на крај на интервјуто (свесно или несвесно) ја открива крајната цел во која вели: Ние сме цврсто решени да ставиме крај на давањето дипломи без елементарно незнаење (до тука е се добро)..30 секунди подоцна..не е фер некој што има просек 10 (а нема елементарно знаење) да има предност пред некој што има 6.5. Па чекај, ако државниот испит остане во таа форма во која што се планира да е (а премиерот вели дека нема да се менува таа форма), тогаш овој пример нема никаква релевантност, бидејќи тој со 10ка и после државниот испит пак ќе има предност пред тој со 6.5 (само што ќе знае плус минус прашања доволни за 6ка, ама пак ќе ги има врските за 10ка). Поентата ми е дека нема да застанат тука. Како да заземаа стратегија да влеземе со најблаг можен закон за да се постави преседант дека државата може да се меша во интегритетот на факултетите. Потоа модификација на ова да (пополека) стане екстерно ќе биде многу полесна. Ова е како она со жабана, ако ја ставиш во врела вода ќе скокне, но ако ја ставиш во млака и пополека ја затоплуваш, многу помали се шансите дека ќе скокне и ќе биде сварена.

Исто ова со опозицијава не држи вода, едно е да поттикнеш нешто, друго е да создадеш. Очигледно е дека студентите не го сакаат ова и го создадоа протестот, опозијава само го поттикна. Јас станав член на кајгана и можеби ќе поттикнам активност на овој форум, но тоа не значи дека активноста на овој форум е благодарение на мене...

И најалармантна е арогантноста, значи океј е целта да се спречи луѓе да зимаат дипломи без елементарно знаење. Мислам дека секој студент ќе се сложи тука. Но проблемот е начинот со кој сака да се дојде до таа цел (мешање во интегритетот на факултетите). Студентите имаат проблеми со НАЧИНОТ, не со ЦЕЛТА. Арогантно ми е што нема дискусија никаква поттикнато владата за алтернативни начини (пример да имаат сопствен систем на рангирање и да им се даде предност на студентите кои ќе завршат на факултети/смерови со повисок ранг на државни позиции, да имаат сопствена незадолжителна акредитација со која ќе добијат бенефиции тие студенти што ќе ја положат и слично, тропам тука, но сигурен сум дека има алтернативни начини да се постигне оваа цел). А и доста сум сигурен дека не е доволно истражено кои се другите начини да се постигне целта, туку само решено е, ќе се вмешаме во интегритетот на факултетите, ај иди види кои други земји го имаат ова за да не испадне само ние го правиме ова. Значи ќе повторам, (според мене) целта на владата е сосема во ред, но начинот со кој сака да ја постигне таа цел не е.
 
Член од
21 мај 2008
Мислења
10.862
Поени од реакции
11.484
http://a1on.mk/wordpress/archives/413886

Не секогаш излегуваат со добри текстови а1он, ама сега погодија во целта. Истите тие што пишуваат сега дека некој дезинформирал дека станува збор за екстерно, претходно баш зборуваа за екстерно, а веројатно како извор ја земаа изјавата на Адеми.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Јас одамна завршив факултет, но од се срце го подржувам Протестот.

Политичариве се само неписмени клептократи и сега тие ќе ги тестирале студентите и професорите
Како не им е срам?
За властодршците лепотаните од регулаторна претставуваат „ експерти “ - а тоа се обични неписмени дудуци, собрани кој знае од каде.
Значи, властодршциве не можат да одберат и оценат неколку инженери, а сега сакаат да тестираат илјадници студенти и универзитетски професори
Со кое знаење?
Тие знаат само - лева рака - десен џеп.
 
Последно уредено:

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.223
Поени од реакции
78.802
Историски, студентските маси одсекогаш претставувале авангарда во процесот на општествените промени, носители на револуционерните идеи, јадро на промените и дежурен коректор на власта. Независноста/автономијата на факултетите е задолжителна во нормалниот свет.
Примери за потврда на горниот пасус има многу (Прашка Пролет, Тјенанмен.... а во Грција на пример, во дворот на факултетот полиција не смее да влезе, освен со у-пичку-матер- тешко-да-се-добие дозвола)
Добро, Македонија и Македонците се посебен случај и тука студентите се борат за лично своите интереси и никако за општото добро. Така е и со сите други Македонци, па зошто не би било и со студентите.

Така беше до сега, до овие протести.....

Сега, во иднина, во оваа земја, кога студентите ќе знаат дека државата лично, одредува кој ќе положи, а кој ќе падне, ќе размислат два пати дали ќе влезат во историски определената улога, кога ќе има потреба, или ќе си ќутат.

- тоа е поентата на глупиов закон, а не проверката на знаењето



Добро е што испаднаа неколку илјади. Глупиве морони нема да можат да кажат дека е опозиција зад тоа. Затоа што:
- со тоа јавно би ѝ признале толкава моќ на идиотската опозиција (која реално ја нема)
- би се конфронтирале со поголем кворум, која конфронтација би ја нарушила популистичката тактика

и некои други причини

Затоа е премногу срамежливо ова етикетирање на протестите како опозициски, од страна на владините медиуми во етерот и билбоарди на форумов
 
Последно уредено:

LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.995
Поени од реакции
5.725
Добро е што испаднаа неколку илјади. Глупиве морони нема да можат да кажат дека е опозиција зад тоа. Затоа што:
- со тоа јавно би ѝ признале толкава моќ на идиотската опозиција (која реално ја нема)
- би се конфронтирале со поголем кворум, која конфронтација би ја нарушила популистичката тактика

и некои други причини

Затоа е премногу срамежливо ова етикетирање на протестите како опозициски, од страна на владините медиуми во етерот и билбоарди на форумов
Сега некако го извртеа муабетот дека опозицијата го извртела муабетот т.е. не било такво тестирање туку онакво тестирање. (на вести гледав)

п.с. незнаеш какви Ботчиња даваа интервју и што содржина...
 

Bojan Van Buuren

Колектор
Член од
11 април 2008
Мислења
8.394
Поени од реакции
12.058
После долги години имаше протест во Македонијава наша, сите медиуми ќутеа 3 дена зошто од партија не им пуштиле готови текстови, зошто рака на срце па и тие од партија не знаеја дека баш преку 3000 студенти ќе излезат и еве ги 4-5 дена ломотат ли ломотат.
И не ме нервира толку ова шо ломотат и ќе продолжат со ломотење како сдсм организирал, како ова, како она, туку што глеам и тука на форумов никако не се сфаќа дека не е ова проблем само на студентите.
Вчера штрајкот се разводени зошто нели замени ќе вработуваат, денес на студентите под некој идиотски изговор им се наметнува уште поидиотски испит, утре може да речеме ќе им текне „Фондот за пензиско... нема пари, централната власт има приоритет да гради споменици, а не цело време да го помага фондот, од утре нема веќе пензии“, а никако да се сфати дека се протестира за самите себе. Каква и мерка/„реформа“ да се донесе, место сите да сфатат дека тоа не е добро за целото општество се вртат реченици „ајде наставници/студенти/(у мојов пример) пензионери протестирајте“.
Епа да ви се плукнам у ограниченоста !
 
Член од
31 јануари 2014
Мислења
5.169
Поени од реакции
2.272
Реформите кај нас треба да почнат од јасли пошто имаме проблем и со менталниот склоп.
Пред дестина години кога се запишував на еден факс (кој го завршив подоцна) примаа 350 студенти. 250 со партиципација, 100 без партиципација. За да влезеш требаше да полагаш тест без разлика како си завршил во средно (оцените од средно беа 50% од вкупните бодови што може да ги имаш а другите 50% беа од тестот, свекупнио скор одредуваше дали ќе плаќаш или нема да плаќаш). На тестовите дојдоа околу 1000 средношколци. Беа објавени листи според успеах и списоците кој е примен (со или без партиципација) и кој не е примен. Долната граница беше негде 85 бода после тоа веќе си 351 или подоле и не те примаат. Или барем ја така наивно мислев. Ја влегов со партиципација а повеќе од пола што ги знаев немаа доволно бодови меѓу кои и некои ликови за кои стварно се чудев што бараат на факултет пошто беа дрва во средно. Другиот ден дознав дека деканот имал притисоци да прими повеќе студенти т.е. да ја намали границата. Доволно било да испратиш молба и ќе ти ја уважеле освен ако не си ептен дрво па имаш 60 бода. Мада и тие со 60 бода влегоа се разбира ако се албанци или сл. (имаше квота). Се на се влегоа околу 700 студенти од таа генерација а имаше место за 350. После тоа се гужвавме на предавања а квалитетот на наставата беше околу нула. Коа привршував со факсот имаше најави за ЕКТС и памтам како професорите викаа дека образованието ќе биде комедија, само не видов никој од нив нешто да превземе. Сега пак истата ситуација. Сите професори (речиси сите) тврдат дека високот образование е во криза и дипломите се девалвирани само не гледам некој да даде предлог за нешто.
Иначе не е вистина дека немало независни протести против образование ама кој да памти. Јас последен пат на ткаов протест бев кога се легализираше тетовскиот универзтитет т.е. кога го направија државен. Можда од тогаш дигнаа сите раце. Мислам смешно е туку студираш на КиМ а некој си зима диплома од тетовскиот и има иста вредност. И плус и ја и ти и сите го финансираме тој универзитет. Тогаш ја не памтам дека некој професор оф универзтитетов наш се побуни. На нив им е супер, си зимаат плата и океј е. И сега е исто, ниту имаат став ни предлог ни решение.
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.862
Колку им е само промашен проектот 99% средношколци на факултет, веќе никаде не се фалат со тој податок, почнуваат да се оградуваат од тој проект, синоќа на К5 даваа некакав емисија демек зошто мора секој после средно да оди на факултет.

Е па добро утро, јас ова го викам уште пред 6-7 години дека хиперпродукцијата во образованието ќе донесе големи проблеми.
 
Ф

Флеш

Гостин
Колку им е само промашен проектот 99% средношколци на факултет, веќе никаде не се фалат со тој податок, почнуваат да се оградуваат од тој проект, синоќа на К5 даваа некакав емисија демек зошто мора секој после средно да оди на факултет.

Е па добро утро, јас ова го викам уште пред 6-7 години дека хиперпродукцијата во образованието ќе донесе големи проблеми.
Не е точно ова болдираново, не кажале ништо ,гледам секој ден што како и читам се случува , на ваква изјава од ВМРО поединец нема никој кажано или стретнато ...

А за тоа дека Шител и Анал 5 коа ги правеа интервјуата со студентите со ДА,feels so good ,државен тест, точно е , и тоа како местенка е на ВМРО ....
 
Член од
21 мај 2008
Мислења
10.862
Поени од реакции
11.484
http://www.radiomof.mk/foto-studentski-marsh-vo-shtip-protiv-eksternoto-na-univerzitetite/

Со оглед како е ситуацијата со Штип, па и УГД, солидна бројка можам да кажам.

Студентски Пленум
Реакција на медиумското излагање на премиерот Груевски

Ние имаме само една книшка- тоа е индексот!

Уморни сме од оваа излишна реторика, која се обидува да даде партиска конотација на иницијативата и со тоа да ја делегитимира. Студентскиот пленум ќе настојува да го врати нивото на академскиот дискурс кој се базира на критичност и аналитичност, а не на лични дисквалификации и етикетирање.

Пленумот од самите почетоци, посочува дека е политички чинител, но не и партиски инструмент. Во оваа иницијатива има место за секој оној кој се грижи за квалитетот на високото образование и сака да придонесе кон негово унапредување.

За жал, државните институции повторно покажаа дека не се подготвени да се справат со конструктивна критика и се обидуваат да ги делегитимираат активностите на пленумот, на начин кој не ѝ прилега на една политичка структура. Повторуваме, Студентскиот пленум не е инструиран од ниедна опозициска партија или други видови на политички организации. И конечно, ако ја напуштиме реториката на меѓупартискиот конфликт и се сконцентрираме на проблематиката ќе воочиме дека оваа мерка претрпе суштински промени.

Очигледно е дека институциите го прифатија нашиот аргумент дека со неможноста да се продолжат студиите, се ограничува правото на образование на студентот, инаку немаше да се повлечат од нивната првична намера и да воведат можност да се полага испитот неограничен број пати. Тука всушност излегува на виделина неконзистентноста во целите на оваа мерка: она што на почетокот беше најавено како обид да „се исклучат од системот послабите студенти“ (Адеми) стана обид да се изземат точките на отпор кај студентите, без да се признае дека самата мерка нема да придонесе за подобро образование.

Во исто време примената на мерката се одложи до 2017 година, и со тоа се амнестираа 4 генерации студенти, што е свесен обид да се демотивира оваа критична маса. Меѓутоа, како студенти - партнери во високото образование (а не корисници), ние не сме амнестирани од одговорноста за тоа какво образование ќе им оставиме во аманет на генерациите што доаѓаат.

Понатаму, немањето на јасен модел и прецизна дефиниција што доведе до терминолошка нејасност (екстерно тестирање или државен испит), е вина единствено на МОН, како ресорно тело во чија надлежност е предложената реформа. Апелираме до владините претставници да не ја сведуваат дебатата на игра на зборови, туку истата да се насочи кон суштинска дискусија за начините на подобрување на квалитетот во високото образование.
Во однос на серијата на изјави на премиерот, повторно е евидентен недостаток на релевантни анализи за тоа каде и како потфрлува високото образование, информации кои се од есенцијална важност за мерка од ваков калибар. Потенцираме дека предлог реформата беше изменета ненајавено, без никаква консултација на засегнатите страни, иако неколку пати беше истакнато дека мерката е во фаза на јавна дебата. За појаснување, под јавна дебата Студенскиот пленум подразбира дискусија за потенцијални начини на подобрување на високото образование, а не модалитети на мерката екстерно тестирање/државен испит.

На пример, според Законот за високо образование, државата е онаа која што дава акредитација за работа на универзитет/факултет/програма. Штом е проценето дека универзитетот ги исполнува критериумите за акредитација, како од него може да излегуваат неквалитетни студенти? Најголем дел од споменатите проблеми во високото образование може да се решат со доследна примена на законските и подзаконските акти во делот на акредитација, што е еден од механизмите за осигурување на квалитет. За разлика од акредитацијата, државниот испит е насочен кон симптомот, а не кон болеста на високото образование. Таа целиот товар го префрла на грбот на студентот, а ги игнорира факторите што влијаат на квалитетот.

Конечно, би сакале делумно да се сложиме со премиерот кога вели „политиката ги извади студентите на улица“. Точно, но владината политика во високото образование нѐ извади на улица! И доколку не се направи напор за конструктивна дискусија и оваа мерка не се повлече, ние повторно ќе бидеме на улица!

Со почит,
Студентски пленум

Скопје,
24.11.2014
 
Последно уредено:

Red Man

we do what we want!
Член од
6 јуни 2007
Мислења
2.057
Поени од реакции
1.947
Мора пленумот што поскоро да почне да работи на организација на нов протест и тоа уште помасовен од претходниот, пошто како што гледам почнаа да вршат притисоци и ако не се превземе нешто сето ова ќе заврши неуспешно како и се досега во земјава. Кажаа дека конечната одлука ќе биде кон средината на Декември, а до тогаш пленумот мора да се организира и да ја дочека одлуката спремно! Пленумци знам дека ме читате, пренесете и организирајте се.
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.131
Поени од реакции
18.128
Убаво
На студентите денес не им е лесно: фасцинантниот одзив (за која се желни не само армии невработени, социјални случаи, стечајци, други маргинализирани групи, туку и некои кои сакаат да профитираат) им натовари бреме. Од нив очекуваат чуда, т.е. она за што тие самите не се способни или подготвени да се борат. Во поетски стил млада колешка напиша: „Студент – колку тоа гордо звучи!“
Да се разбереме, не мислам дека професорите треба да маршираат или скандираат пред Адеми. Друга работа е што на таков евентуален повик би се појавиле толку мал број луѓе, што би служеле повеќе како илустрација на тезата за триумфот на стравот и конформизмот во оваа фела. Всушност, за професорите важи истиот повик како и за студентите: „Окупирајте го универзитетот!“ Може да звучи чудно, бидејќи постојат форуми, органи и тела низ кои можеме да се изјасниме и да испратиме порака до власта, министерот или јавноста. Но, за разлика од студентите, ние чекаме владата да го направи првиот чекор, па дури потоа да реагираме. Искуството покажува дека и да има реакции, тие ќе бидат млаки и краткотрајни. Универзитетот едвај дише под тешката рака на власта, тој е дел од проблемот, а не од решението.
Односот кон студентите е прашање кое речиси и да не се поставува. За илустрација, на мојот факултет се води истрага за да се открие кој е „предавникот“ кој на студентите им ја „издал“ службената емаил адреса преку која тие им се обратија на професорите во врска со протестот. Поштата служи за комуникација, а таа ги опфаќа и студентите. Нивната пошта не е спам – заслужува да се прочита и да се одговори! (Се разбира, јас бев „предавникот“. Со нетрпение очекувам деканот да ме повика на разговор.)
http://www.vankovska.com/2014/11/profesorski-plenum/
Државниот испит е обид студентите да се стават под контрола на власта
Професорот Небојша Вилиќ, историчар на уметноста и редовен професор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, беше еден од триесетината професори што се приклучија на протестите...

A студентите желни за екстерно ги кинат плакатите на УКЛО во Битола.:sick:
 
Последно уредено:
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544

Kajgana Shop

На врв Bottom