Формула 1 - сезона 2014

Член од
1 февруари 2012
Мислења
3.674
Поени од реакции
4.205
Сосема заслужено ја освои титулата Хамилтон, подобар од Розберг во секој аспект. Розберг барем може да си се теши дека и да не му се заебеше болидот пак немаше да биде во позиција да напаѓа за титула.
 

AceCaleb

Деспот на Адот
Член од
31 декември 2007
Мислења
5.814
Поени од реакции
10.951
Мислам дека правилно заврши сезоната, Луис со 11 победи и повеќе од заслужено ја зема титулата. Штета што немаше повозбудлива борба, тоа како да беше јасно веќе после првата кривина каде Хамилтон веќе ја реши работата. Но, подобро ќе беше и за тимот и за крунисување на сезоната Розберг да немаше проблеми и да заврши барем втор. Како и да е за поздравување е што реши да не оди во бокс туку да заврши, професионално и спортски.
На Хамилтон па му се поклопија сите коцки на тркава, на крајот и го пројде Розберг за цел круг, но најбитното го направи самиот, фуриозен старт.
Честитки до Хамилтон, честитки и до Мерцедес, ваква доминација мислам дека немаа ни Ред Бул претходните сезони.
Се' на се', мислам дека беше добра сезона, сепак до последна трка не беше одлучено ништо, досадно е што доминираше само еден тим додуше. Сега до Март нема мотоспорт за нас, наредна сезона се надевам ќе сменат некои глупави правила и приклучување на Ферари и Мекларен кон борба за титулата.
 

JB00F

DDoS
Член од
21 јануари 2014
Мислења
3.403
Поени од реакции
2.747
А и Вилијамс, не сум за него, ама сакам Маса со Вилијамс догодина да бидат шампиони.
 

AceCaleb

Деспот на Адот
Член од
31 декември 2007
Мислења
5.814
Поени од реакции
10.951
Да, тоа заборавив да спомнам, Вилијамс се' подобри се, се надеваме ќе се доближат доволно наредна сезона, да биде кичмење :)
 

JB00F

DDoS
Член од
21 јануари 2014
Мислења
3.403
Поени од реакции
2.747
Очекувам догодина да биде уште понапнато, иде и Хонда, па ќе видиме. А со ТВ правата како стоиме за догодина??? :cautious:
 

AceCaleb

Деспот на Адот
Член од
31 декември 2007
Мислења
5.814
Поени од реакции
10.951
Очекувам догодина да биде уште понапнато, иде и Хонда, па ќе видиме. А со ТВ правата како стоиме за догодина??? :cautious:
Јас на СпортКлуб пратам, МРТ не ме интересира...
 
Член од
14 август 2012
Мислења
1.705
Поени од реакции
738
Прашувам општо. СК, МРТ, Еуроспорт ги има ли некој откупено?
Спорт Клуб преска спомнаа дека имале откупено и за наредноте сезони нз колку точно сезони ама за 2015 се откупени.
 
Q

qazwsxedc

Гостин
Заслужена титула на Хамилтон,во секој поглед беше најдобар сезонава..:)
Голема штета што ке си оди Алонсо од Ферари,дефинитивно штета што не зема ниедна титула во овие 5 години,али во секоја трка од овие 5 сезони го вадеше максимумот од ферарито кое беше очајно во најголем дел од трките..:D
Секоја му чест на Алонсо(y):cuc:..

П.С плачкото фетел ли да го гледам у ферари..:facepalm:
 

JB00F

DDoS
Член од
21 јануари 2014
Мислења
3.403
Поени од реакции
2.747
Заслужена титула на Хамилтон,во секој поглед беше најдобар сезонава..:)
Голема штета што ке си оди Алонсо од Ферари,дефинитивно штета што не зема ниедна титула во овие 5 години,али во секоја трка од овие 5 сезони го вадеше максимумот од ферарито кое беше очајно во најголем дел од трките..:D
Секоја му чест на Алонсо(y):cuc:..

П.С плачкото фетел ли да го гледам у ферари..:facepalm:
Замисли догодина Ферари праи чудо од болид, и Фетел шампион пак. :P
 
Q

qazwsxedc

Гостин
Замисли догодина Ферари праи чудо од болид, и Фетел шампион пак. :P
Никако,нема шанси ферари да направи најбрз болид,а и да направи секако Кими ке биде шампион..:)

За следна сезона сакам или Кими да земе титула со Ферари или Алонсо конечно да ја земе 3та титула бидејќи ја заслужи:D
 
Член од
1 февруари 2012
Мислења
3.674
Поени од реакции
4.205
Наредна година очекувам Мерцедес пак да газат, можеби Ред Бул би можеле да ги предизвикаат али многу зависи од тоа Рено каков мотор ќе направат. Од 2016 очекувам веќе Мекларен да биде моќен а за Ферари све зависи каков мотор ќе направат за наредна година.
Фетел ако е тиња нема шанси да ги издржи тие 3 години во Ферари, италијанските медиуми ќе го растргнат :D
 
Член од
22 февруари 2013
Мислења
322
Поени од реакции
303
2014 АБУ ДАБИ ГП: ЛУИС ХАМИЛТОН ПОБЕДНИЧКИ ДО ШАМПИОНСКАТА ТИТУЛА


Луис Хамилтон го зададе завршниот удар и успеа во голем стил да ја завери Шампионската Титула со Победа на Големата Награда на Абу Даби. Болидот на Нико Розберг не успеа да издржи и ги уништи и онака малите негови шанси за чудо на оваа трка. Неговиот пех го искористија болидите на Вилијамс кои се искачија на победничкиот подиум, со Фелипе Маса на второто и Валтери Ботас на третото скалило.

Новата 16-та Победа за Мерцедес АМГ во оваа сезона го сруши стариот рекорд од 15 победи во една сезона, кој беше во сопственост на Ферари и Мекларен. Исто така, Луис Хамилтон ќе биде првиот Шампион на Сребрените стрели од Хуан Мануел Фанџо.

Луис Хамилтон имаше перфектен старт на трката со кој го превзеде првото место на трката. Нико Розберг по слабиот старт успеваше да биде во близина на Британецот, но, во 25-от круг започна да забавува, а од тимското радио дознавме дека има проблеми со моќноста на Мерцедес ПЕ т.е дека неговиот ЕРС-систем не ги испорачува дополнителните КС. Подоцна неговите надежи беа комплетно уништени со проблемите со сопирачките и педалата за гас за на крајот тој да ја заврши трката на 14-тото место.

Зад нив, лош старт имаа Валтери Ботас, кој до крајот на првиот круг падна од трето на осмото место и Дањил Квјат од петто на седмо. Тоа го искористи Џенсон Батон и напредуваше од шестото на четвртото место зад Маса. Батон беше следен од дуото на Ферари.

На крајот од првиот круг, Хамилтон беше една секунда пред својот ривал за титулата и до времето за употреба на ДРС системот направи безбедни 1.2 секунди. Подолу во поредокот, Фернандо Алонсо и Дањил Квјат го поминаа Кими Раиконен, но Шпанецот веднаш доби повик од своите механичари дека се спремни за промена на гумите. Тоа го означи почетокот на серијата промени на оние возачи кои стартуваа на супер-меките гуми. Хамилтон издржа до 10-от круг, а веднаш по него тоа го направи и Розберг, а Германецот повторно се врати на второто место.

Во 15-от круг со Жан-Ерик Верн започнаа првите влегувања во боксевите за возачите кои стартуваа на меки гуми. Во тие моменти Французинот го загуби шестото место од Даниел Рикиардо, кој, исто така, започна на меките гуми на Пирели. Да потсетиме, болидите на Ред Бул стартуваа од боксот по вчерашното исклучување од квалификациите како резултат на нелегалното предно крило.

Квјат беше првиот возач кој мораше да ја напушти трката во 16-от круг по проблемите со ПЕ на Рено.

Рикиардо до 18-от круг сеуште не беше влезен за промена на меките гуми, што го доведе на 4-тото место зад Хамилтон, Розберг и Маса, а пред Магнусен, Ветел, Батон, Алонсо и Раиконен на првите 10 места. Ветел и Магнусен ги имаа своите први пит-стопови во 21-от круг, кога Данецот се реши за супер-меките, а Ветел повторно за меките гуми на Пирели. Но, застанувањето на до оваа трка шампионот не беше баш најдобро, па тој се врати 15-то место, со зголемено заостанување зад Магнусен. Рикиардо, на четвртото место, во 23-от круг сеуште беше надвор на патеката со стари гуми. Тоа резултираше, со изгубено место од Валтери Ботас, веќе во следниот круг.

Напред, Нико Розберг во 25-от круг одеднаш се најде во проблеми, а по губењето на силата од ЕРС-системот, битката за титулата беше ефективно завршена, а Германецот почна да паѓа во поредокот. Прво, беше под притисок на Маса и беше поминат во 27-от круг.

За проблемите на својот тимски колега беше известен и неговиот тимски колега, па темпото на Хамилтон почна да се намалува, а Маса ја намали разликата на девет секунди. На Луис му беше пренесено дека доколку има потреба секогаш може да го зголеми своето темпо, но во тие моменти е подобро да олабави малку.

Лидерот во трката го направи својот втор пит-стоп во 31-от круг, а кога се врати на патеката беше малку зад Розберг. Сериозноста на проблеми што го погодија болидот на Германецот се виде и во лесното негово претекнување од страна на Хамилтон, а подоцна и од Валтери Ботас. Розберг го направи својот втор пит-стоп во 36-от круг, а по враќењето се најде во борба со Нико Хулкенберг за 6-тото место.

Хамилтон се врати на првото место, кога Маса го направи својот последен пит-стоп во 44-от круг, за промена на супер-меките гуми. Бразилецот се врати 10.8 секунди зад Хамилтон, се обиде да форсира, ја намалуваше разликата за повеќе од половина секунда по круг, но немаше време да направи нешто посериозно за да го загрози водството на Британецот.

Зад нив Рикиардо по последната промена на супер-меки гуми, се врати на четвртото место, зад Ботас, кој беше на постари меки гуми, но разликата од 20 секунди во корист на Финецот беше невозможно да се анулира.

Редоследот во 50-от од 55 круга беше Хамилтон, Маса, сега само шест секунди зад него, Ботас на третото место пред Рикиардо, Батон. Хулкенберг пред немоќниот Мерцедес АМГ на Нико Розберг. За да бидат проблемите уште поголеми тогаш се појавија и неговите проблеми со сопирачките и педалата за гас, па на крајот Розберг падна на 14-тото место. Од тимот му беше кажано да го повлече болидот во својата гаража, но тој достоинствено инсистираше дека би сакал да ја заврши трката до самиот крај.

Луис Хамилтон со зрело возење стигна до Победата за да ја земе својата втора титула Шампион. Фелипе Маса заврши веднаш за него и пред својот тимски колега Ботас на третото место. Рикиардо заврши на одличното четврто место, откако трката ја започна од својата гаража, пред Џенсон Батон на петтото место. Хулкенберг ја заврши својата сезона на шестото место на Јас Марина патеката, победувајќи го својот тимски колега Серџо Перез на седмо место. Себастијан Ветел беше осми во неговата последна трка за Ред Бул, а последните места кои на оваа трка носеа дупли поени беа пополнети од страна на Фернандо Алонсо и Кими Раиконен со болидите на Ферари.

Голема Награда на Абу Даби, Јас Марина, Абу Даби
55 круга, 305.470км., Време: Суво.

ПЛАСМАН:
П. ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ
1. Луис Хамилтон Мерцедес АМГ 1ч30:02.555
2. Фелипе Маса Вилијамс + 2.576
3. Валтери Ботас Вилијамс + 28.880
4. Даниел Рикиардо Ред Бул + 37.237
5. Џенсон Батон Мекларен + 1:00.334
6. Нико Хулкенберг Форс Индија + 1:02.148
7. Серџо Перез Форс Индија + 1:11.060
8. Себастијан Ветел Ред Бул + 1:12.045
9. Фернандо Алонсо Ферари + 1:25.815
10. Кими Раиконен Ферари + 1:27.820
11. Кевин Магнусен Мекларен + 1:30.376
12. Жан-Ерик Верн Торо Росо + 1:31.947
13. Роман Грожан Лотус + 1 круг
14. Нико Розберг Мерцедес АМГ + 1 круг
15. Естебан Гутиерес Заубер + 1 круг
16. Адријан Сутил Заубер + 1 круг
17. Вил Стивенс Катерам + 1 круг

НАЈБРЗ КРУГ: Даниел Рикиардо - 1:44.496

БЕЗ ПЛАСМАН:
Камуи Кобајаши Катерам 14
Пастор Малдонадо Лотус 30
Дањил Квјат Торо Росо 41

Конечен Генерален пласман:
Возачи: Конструктори:
1. Луис Хамилтон 384 1. Мерцедес АМГ 701
2. Нико Розберг 317 2. Ред Бул 405
3. Даниел Рикиардо 238 3. Вилијамс 320
4. Валтери Ботас 186 4. Ферари 216
5. Себастијан Ветел 167 5. Мекларен 181
6. Фернандо Алонсо 161 6. Форс Индија 155
7. Фелипе Маса 134 7. Торо Росо 30
8. Џенсон Батон 126 8. Лотус 10
9. Нико Хулкенберг 96 9. Марусија 2
10. Серџо Перез 59
11. Кевин Магнусен 55
12. Кими Раиконен 55
13. Жан-Ерик Верн 22
14. Роман Грожан 8
15. Дањил Квјат 8
16. Пастор Малдонадо 2
17. Жил Бјанки 2


МАУРИЦИО АРИВАБЕНЕ - НОВ ТИМСКИ ШЕФ НА ФЕРАРИ


Ферари со нов тимски шеф, Маурицио Аривабене ќе го замени Марко Матијачи, кој доби отказ по само осум месеци од пристапувањето на Ф1 тимот на Скудерија. Аривабене доаѓа од редовите на нивниот долгогодишен спонзор Филип Морис, каде што беше заменик-претседател на Marlboro Global Communication and Promotions од 2007 година. Оваа смена е со непосреден ефект, по наредба на новиот претседател на Ферари Серџо Маркионе.

"Решивме да го назначиме Маурицио Аривабене затоа што, во овој историски момент за Скудерија и за Формула 1, потребено ни е лице со темелно разбирање не само на Ферари, но исто така и на механизмите за управување и барањата на овој спорт. Маурицио има големо и вредно искуство, тој е исклучително близок до Скудерија многу години и, како член на Ф1 комисијата, е мошне свесен за предизвиците со кои се соочуваме. Тој е постојан извор на иновативни идеи фокусирани кон ревитализација на Формула 1."

"Неговото раководно искуство на високо сложениот и тесно регулиран пазар е, исто така, од големо значење, и ќе му помогне во управувањето и мотивирањето на тимот. Ние, исто така, би сакале да му се заблагодариме на Марко Матијачи за неговата работа во Ферари во последните 15 години и ние му посакуваме се најдобро во неговите идни потфати."


ПРВО ОФИЦИЈАЛНО ВИДЕО НА МЕКЛАРЕН ХОНДА

Мекларен Хонда

Помеѓу 1988 и 1992 година, Мекларен-Хонда доминираше во Формула 1 Шампионатот, забележувајќи 44 Победи и 8 Титули. Во 2015 година, ова партнерство повторно се обновува. Подготвувајќи се за една нова ера во Формула 1, Мекларен објави кратка снимка од нивната гаража на повторното обединување на Мекларен и Хонда, и првиот круг на MP4-29Хонда/1Х1 на патеката во Силверстоун.
http://mkformula1.blogspot.com/
 
Член од
25 септември 2014
Мислења
264
Поени од реакции
394
2014 АБУ ДАБИ ГП: ЛУИС ХАМИЛТОН ПОБЕДНИЧКИ ДО ШАМПИОНСКАТА ТИТУЛА


Луис Хамилтон го зададе завршниот удар и успеа во голем стил да ја завери Шампионската Титула со Победа на Големата Награда на Абу Даби. Болидот на Нико Розберг не успеа да издржи и ги уништи и онака малите негови шанси за чудо на оваа трка. Неговиот пех го искористија болидите на Вилијамс кои се искачија на победничкиот подиум, со Фелипе Маса на второто и Валтери Ботас на третото скалило.

Новата 16-та Победа за Мерцедес АМГ во оваа сезона го сруши стариот рекорд од 15 победи во една сезона, кој беше во сопственост на Ферари и Мекларен. Исто така, Луис Хамилтон ќе биде првиот Шампион на Сребрените стрели од Хуан Мануел Фанџо.

Луис Хамилтон имаше перфектен старт на трката со кој го превзеде првото место на трката. Нико Розберг по слабиот старт успеваше да биде во близина на Британецот, но, во 25-от круг започна да забавува, а од тимското радио дознавме дека има проблеми со моќноста на Мерцедес ПЕ т.е дека неговиот ЕРС-систем не ги испорачува дополнителните КС. Подоцна неговите надежи беа комплетно уништени со проблемите со сопирачките и педалата за гас за на крајот тој да ја заврши трката на 14-тото место.

Зад нив, лош старт имаа Валтери Ботас, кој до крајот на првиот круг падна од трето на осмото место и Дањил Квјат од петто на седмо. Тоа го искористи Џенсон Батон и напредуваше од шестото на четвртото место зад Маса. Батон беше следен од дуото на Ферари.

На крајот од првиот круг, Хамилтон беше една секунда пред својот ривал за титулата и до времето за употреба на ДРС системот направи безбедни 1.2 секунди. Подолу во поредокот, Фернандо Алонсо и Дањил Квјат го поминаа Кими Раиконен, но Шпанецот веднаш доби повик од своите механичари дека се спремни за промена на гумите. Тоа го означи почетокот на серијата промени на оние возачи кои стартуваа на супер-меките гуми. Хамилтон издржа до 10-от круг, а веднаш по него тоа го направи и Розберг, а Германецот повторно се врати на второто место.

Во 15-от круг со Жан-Ерик Верн започнаа првите влегувања во боксевите за возачите кои стартуваа на меки гуми. Во тие моменти Французинот го загуби шестото место од Даниел Рикиардо, кој, исто така, започна на меките гуми на Пирели. Да потсетиме, болидите на Ред Бул стартуваа од боксот по вчерашното исклучување од квалификациите како резултат на нелегалното предно крило.

Квјат беше првиот возач кој мораше да ја напушти трката во 16-от круг по проблемите со ПЕ на Рено.

Рикиардо до 18-от круг сеуште не беше влезен за промена на меките гуми, што го доведе на 4-тото место зад Хамилтон, Розберг и Маса, а пред Магнусен, Ветел, Батон, Алонсо и Раиконен на првите 10 места. Ветел и Магнусен ги имаа своите први пит-стопови во 21-от круг, кога Данецот се реши за супер-меките, а Ветел повторно за меките гуми на Пирели. Но, застанувањето на до оваа трка шампионот не беше баш најдобро, па тој се врати 15-то место, со зголемено заостанување зад Магнусен. Рикиардо, на четвртото место, во 23-от круг сеуште беше надвор на патеката со стари гуми. Тоа резултираше, со изгубено место од Валтери Ботас, веќе во следниот круг.

Напред, Нико Розберг во 25-от круг одеднаш се најде во проблеми, а по губењето на силата од ЕРС-системот, битката за титулата беше ефективно завршена, а Германецот почна да паѓа во поредокот. Прво, беше под притисок на Маса и беше поминат во 27-от круг.

За проблемите на својот тимски колега беше известен и неговиот тимски колега, па темпото на Хамилтон почна да се намалува, а Маса ја намали разликата на девет секунди. На Луис му беше пренесено дека доколку има потреба секогаш може да го зголеми своето темпо, но во тие моменти е подобро да олабави малку.

Лидерот во трката го направи својот втор пит-стоп во 31-от круг, а кога се врати на патеката беше малку зад Розберг. Сериозноста на проблеми што го погодија болидот на Германецот се виде и во лесното негово претекнување од страна на Хамилтон, а подоцна и од Валтери Ботас. Розберг го направи својот втор пит-стоп во 36-от круг, а по враќењето се најде во борба со Нико Хулкенберг за 6-тото место.

Хамилтон се врати на првото место, кога Маса го направи својот последен пит-стоп во 44-от круг, за промена на супер-меките гуми. Бразилецот се врати 10.8 секунди зад Хамилтон, се обиде да форсира, ја намалуваше разликата за повеќе од половина секунда по круг, но немаше време да направи нешто посериозно за да го загрози водството на Британецот.

Зад нив Рикиардо по последната промена на супер-меки гуми, се врати на четвртото место, зад Ботас, кој беше на постари меки гуми, но разликата од 20 секунди во корист на Финецот беше невозможно да се анулира.

Редоследот во 50-от од 55 круга беше Хамилтон, Маса, сега само шест секунди зад него, Ботас на третото место пред Рикиардо, Батон. Хулкенберг пред немоќниот Мерцедес АМГ на Нико Розберг. За да бидат проблемите уште поголеми тогаш се појавија и неговите проблеми со сопирачките и педалата за гас, па на крајот Розберг падна на 14-тото место. Од тимот му беше кажано да го повлече болидот во својата гаража, но тој достоинствено инсистираше дека би сакал да ја заврши трката до самиот крај.

Луис Хамилтон со зрело возење стигна до Победата за да ја земе својата втора титула Шампион. Фелипе Маса заврши веднаш за него и пред својот тимски колега Ботас на третото место. Рикиардо заврши на одличното четврто место, откако трката ја започна од својата гаража, пред Џенсон Батон на петтото место. Хулкенберг ја заврши својата сезона на шестото место на Јас Марина патеката, победувајќи го својот тимски колега Серџо Перез на седмо место. Себастијан Ветел беше осми во неговата последна трка за Ред Бул, а последните места кои на оваа трка носеа дупли поени беа пополнети од страна на Фернандо Алонсо и Кими Раиконен со болидите на Ферари.

Голема Награда на Абу Даби, Јас Марина, Абу Даби
55 круга, 305.470км., Време: Суво.

ПЛАСМАН:
П. ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ
1. Луис Хамилтон Мерцедес АМГ 1ч30:02.555
2. Фелипе Маса Вилијамс + 2.576
3. Валтери Ботас Вилијамс + 28.880
4. Даниел Рикиардо Ред Бул + 37.237
5. Џенсон Батон Мекларен + 1:00.334
6. Нико Хулкенберг Форс Индија + 1:02.148
7. Серџо Перез Форс Индија + 1:11.060
8. Себастијан Ветел Ред Бул + 1:12.045
9. Фернандо Алонсо Ферари + 1:25.815
10. Кими Раиконен Ферари + 1:27.820
11. Кевин Магнусен Мекларен + 1:30.376
12. Жан-Ерик Верн Торо Росо + 1:31.947
13. Роман Грожан Лотус + 1 круг
14. Нико Розберг Мерцедес АМГ + 1 круг
15. Естебан Гутиерес Заубер + 1 круг
16. Адријан Сутил Заубер + 1 круг
17. Вил Стивенс Катерам + 1 круг

НАЈБРЗ КРУГ: Даниел Рикиардо - 1:44.496

БЕЗ ПЛАСМАН:
Камуи Кобајаши Катерам 14
Пастор Малдонадо Лотус 30
Дањил Квјат Торо Росо 41

Конечен Генерален пласман:
Возачи: Конструктори:
1. Луис Хамилтон 384 1. Мерцедес АМГ 701
2. Нико Розберг 317 2. Ред Бул 405
3. Даниел Рикиардо 238 3. Вилијамс 320
4. Валтери Ботас 186 4. Ферари 216
5. Себастијан Ветел 167 5. Мекларен 181
6. Фернандо Алонсо 161 6. Форс Индија 155
7. Фелипе Маса 134 7. Торо Росо 30
8. Џенсон Батон 126 8. Лотус 10
9. Нико Хулкенберг 96 9. Марусија 2
10. Серџо Перез 59
11. Кевин Магнусен 55
12. Кими Раиконен 55
13. Жан-Ерик Верн 22
14. Роман Грожан 8
15. Дањил Квјат 8
16. Пастор Малдонадо 2
17. Жил Бјанки 2

Честитки за победникот.Сосема заслужено!
 

Kajgana Shop

На врв Bottom