Комунизам VS капитализам - идеолошки осврт

Член од
28 октомври 2005
Мислења
8.293
Поени од реакции
1.646
Еве ви го капитализмот колку се грижи за човештвото.

Роботи ќе заземат 3 милиони работни места

Процесот на роботизација во француските фирми до 2025 година би можел да предизвика укинување на повеќе од три милиони работни места, покажуваат резултатите од студијата на истражувачката куќа „Ролан Бержер“.
- Роботизацијата ќе ги опфати речиси сите сектори, од земјоделството, до полицијата и хотелите, а ќе бидат поштедени здравството, образованието и културата, се посочува во студијата.

Според предвидувањата, во технолошки трансформираното општество стапката на невработеност би можела да порасне од сегашните 10 на 18 проценти.

Авторите на студијата потенцираат дека забрзаната роботизација нема да има само негативни ефекти. Се очекува раст на продуктивноста, како и пораст на приватните инвестиции за околу 300 милијарди евра.

Во моментот Франција има 34.500 роботи, Италија – 62.000, а Германија – 150.000 роботи.

http://republika.mk/?p=335496

Токму тоа што го пишувал Маркс.

Предвидел дека желбата за профит ќе ги тера компаниите да ги автоматизираат работните места за да произведуваат повеќе стока, додека на работниците ќе им ги намалува платите до толку што тие веќе нема да можат да ги купат производите што ги направиле.
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.268

Затоа комунистите неќеле да воведуваат машини и компјутери на работа
 
Не се секирај во Макеоднија нема роботи, кај нас работниците се роботи, работи еден вработен по две или три работи наместо да има повеќе вработени.
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.268
Не се секирај во Макеоднија нема роботи, кај нас работниците се роботи, работи еден вработен по две или три работи наместо да има повеќе вработени.
значи кај нас е комунизам?
 
Член од
28 декември 2011
Мислења
4.371
Поени од реакции
6.207
Еве ви го капитализмот колку се грижи за човештвото.

Роботи ќе заземат 3 милиони работни места

Процесот на роботизација во француските фирми до 2025 година би можел да предизвика укинување на повеќе од три милиони работни места, покажуваат резултатите од студијата на истражувачката куќа „Ролан Бержер“.
- Роботизацијата ќе ги опфати речиси сите сектори, од земјоделството, до полицијата и хотелите, а ќе бидат поштедени здравството, образованието и културата, се посочува во студијата.

Според предвидувањата, во технолошки трансформираното општество стапката на невработеност би можела да порасне од сегашните 10 на 18 проценти.

Авторите на студијата потенцираат дека забрзаната роботизација нема да има само негативни ефекти. Се очекува раст на продуктивноста, како и пораст на приватните инвестиции за околу 300 милијарди евра.

Во моментот Франција има 34.500 роботи, Италија – 62.000, а Германија – 150.000 роботи.

http://republika.mk/?p=335496

Токму тоа што го пишувал Маркс.

Предвидел дека желбата за профит ќе ги тера компаниите да ги автоматизираат работните места за да произведуваат повеќе стока, додека на работниците ќе им ги намалува платите до толку што тие веќе нема да можат да ги купат производите што ги направиле.
Како ли само капитализмот се осмелува да ги замени луѓето кои се заморуваат, забушаваат и прават грешки кои чинат животи со машини кои не го прават тоа?
Ги заменува луѓето на опасни работни места, одвратни, валкани работни места со роботи но НЕ!
Капитализмот е срање и му еба матер на човештвото, иако комерцијализацијата на технологијата која ја користиш за линкање на статијава се должи токму на тој зол капитализам.
 
Член од
28 октомври 2005
Мислења
8.293
Поени од реакции
1.646
Како ли само капитализмот се осмелува да ги замени луѓето кои се заморуваат, забушаваат и прават грешки кои чинат животи со машини кои не го прават тоа?
Ги заменува луѓето на опасни работни места, одвратни, валкани работни места со роботи но НЕ!
Капитализмот е срање и му еба матер на човештвото, иако комерцијализацијата на технологијата која ја користиш за линкање на статијава се должи токму на тој зол капитализам.
Демократијата ја подржува идеата дека луѓето треба да имаат контрола над нивната култура на живеење и дека нивната сила мора да биде распоредена а не концентрирана во рацете на малкумина. Капитализмот е сосема нешто друго.

Капитализмот е всушност еден од најмалку демократските системи. Во демократското стопанство секој член на општеството има еднаква можност на одлучување што и како треба да се произведува. Меѓутоа во капиталистичко општество во кое сите извори се приватна сопственост и во кое за нив сите се натпреваруваат, поголемиот капитал завршува во рацете на на неколкумина луѓе, коорпорации.

Некои луѓе дури и го креираат физичкиот и психичкиот изглед на општеството бидејќи го поседуваат поголемиот дел од земјата и имаат конторла над медиумите, меѓутоа ни тие не се навистина на власт затоа што ако не се доволно внимателни и не напредуваат доволно брзо ќе се случи со останатите да завршат на дното од пирамидата.

Слободниот пазар во теорија треба да функционира отприлика вака: луѓето имаат слободни раце при барање на нивната среќа и тие кои најмногу и најдобро работат и на општеството му даваат најважни работи наградени се со најголемо богатство. Но тоа општество има еден голем недостаток не им нуди на сите еднакви можности. Успех на слободен пазар практички зависи од тоа колку богатство веќе поседуваш.

http://anarhija.freediscussions.net/html-h26.htm
 
Капитализмот Е најдемократското општество. Во капитализмот имаш избор дали ќе се произведува милка или нестле така што имаш избор дали да купиш милка или нестле.
Го имаше ли изборот во Југославија или јадеше само Сека и Брацо чоколади и се тешеше дека не ти треба милка?
Ако корпорација не заработува таа ќе пропадне, а изборот која корпорација ќе продолжи да ги удостојува луѓето со своите производи паѓа на луѓето.
Гигантите не се гиганти затоа што некоја надворешна, виша сила им ја дала моќта да владеат со ресурсите на земјата туку
луѓето им ги довериле своите пари и тие за возврат произведуваат разноразни производи.

Слободниот пазар вели дека добрата со кои се тргува и нивната цена се решаваат со договор меѓу купувачот и продавачот. Кажи ми ти дали досега, откако сме ете, капитализирани некој, било кој ти дојде на врата со пиштол и те присили да купиш било каков производ?
Напротив, имаш се поголем избор во маркетите.

И не, линкови кои во името содржат анархија не отварам.
 
smihajlo

Superposition, Relentless
Член од
11 август 2010
Мислења
3.668
Поени од реакции
4.397

Друже и комунизмот на хартија е идеален ама реалноста е поинаква. Капитализмот е ок систем додека не се пронајде подобар, но дека е најдемократски не би рекол.

Освен тоа многу срања се протуркуваат од некои корпорации пошто им се може(читај имаат пари). Вистината е дека за да се доближиме до вистинска демократија може уште многу да се направи и капитализмот може да се надоградува или да се замени со нов поефикасен систем.

Од 20 век па наваму технологијата експоненцијално се развива па оттука имаме можности кои не постоеле пред еден век, а баш сите правила за системиве се скроени од мозоци во 20 век или некој поран период, а денес е 21 век па не би рекол дека тие правила замислени во тој период сеуште важат.

П.С Денес не те присилуваат со пиштол да купуваш прво пошто е нелегално и второ пошто сфатија дека има поедноставен начин.
 
SF

Член од
4 октомври 2010
Мислења
290
Поени од реакции
142

Апсолутна демократија е опасна најголем дел од луѓето неразмислуваат логично и се емотивно несозреани за да носат вистински одлуки за другите па и за самите себе. Одредено наметнување на вољата од еден на друг човек е неопходно сега за сега.
 
Во Југославија имаше многу повеќе од Сека и Брацо, избор на чоколада беше голем, имаше и Тоблеронне и то во 70 десетите, имаше фабрики за чоколадо Краш и Кандит, Звечево, Штарк, Пионир..., имаше цигари НВ, Честерфилд, Марлборо, Кент, Филтер Југославија, Дрина, Винстон, Драва, Морава.... имаше Фиќо, Опел, Ситроен, Лада, Волксваген, BMW..., Југославија спроведуваше политика со која се штитеше сопственото производство, пример, во продавница земи си Фијат 1300 произведен во СФРЈ или 3 пати поскап Ситроен во авто салон на Ситроен, можеше да имаш и ТВ Горење но и ТВ Телефункен се продаваше дупло поскап. Беа високи давачки но затоа работеа десетици милиони во фабриките, Во Хрватска во 1970 во време на социјализам 40.000 невработени, во 2013, во капитализам ги има 300.000 невработени и замисли по поис ги има околу 400.000 помалце население, значи ем иселени ем невработени (околу 200.000 Срби избегани и уште со тек на децении иселени) и Во Македонија социјализмот како систем овозможуваше работа плата социјално бесплатно здравство и школство мир и сигурност, стамбено..... еве сега со капитализам не може да се достигнениво на вработеност од СФРЈ, не може државата базирана на капитализам да овозможи бесплатно школство (на сите нивоа) и здравство, не може да ги заштити работниците и нивните права, криминалот и нестабилноста се многу повисоки....
Единствено нешто што капитализмот овозможува е заштита и богатење на веќе богатите. Парите и капиталот и во двата системи се исти, разликата е во тоа како се распоредуваат, во социјализмот (како што кажува и името) парите се враќаа во општеството, во здравство во школство се градеше инфраструктура, денес парите се насочени кон газдите кои ги изнесуваат од државата или ги трошат за нивни лични потреби.
 
Се што е апсолутно е опасно друже, а од апсолутна демократија не се плашам пошто не верувам дека може да се спроведе. Она што го кажав поентата беше дека секогаш е можно подемократски систем да пронајде и ниедно решение не е конечно т.е има простор за подобрување.[DOUBLEPOST=1416767975][/DOUBLEPOST]
Во Југославија имаше многу повеќе од Сека и Брацо, избор на чоколада беше голем, имаше и Тоблеронне и то во 70 десетите, имаше фабрики за чоколадо Краш и Кандит, Звечево, Штарк, Пионир..., имаше цигари НВ, Честерфилд, Марлборо, Кент, Филтер Југославија, Дрина, Винстон, Драва, Морава.... имаше Фиќо, Опел, Ситроен, Лада, Волксваген, BMW..., Југославија спроведуваше политика со која се штитеше сопственото производство, пример, во продавница земи си Фијат 1300 произведен во СФРЈ или 3 пати поскап Ситроен во авто салон на Ситроен, можеше да имаш и ТВ Горење но и ТВ Телефункен се продаваше дупло поскап. Беа високи давачки но затоа работеа десетици милиони во фабриките, Во Хрватска во 1970 во време на социјализам 40.000 невработени, во 2013, во капитализам ги има 300.000 невработени и замисли по поис ги има околу 400.000 помалце население, значи ем иселени ем невработени (околу 200.000 Срби избегани и уште со тек на децении иселени) и Во Македонија социјализмот како систем овозможуваше работа плата социјално бесплатно здравство и школство мир и сигурност, стамбено..... еве сега со капитализам не може да се достигнениво на вработеност од СФРЈ, не може државата базирана на капитализам да овозможи бесплатно школство (на сите нивоа) и здравство, не може да ги заштити работниците и нивните права, криминалот и нестабилноста се многу повисоки....
Единствено нешто што капитализмот овозможува е заштита и богатење на веќе богатите. Парите и капиталот и во двата системи се исти, разликата е во тоа како се распоредуваат, во социјализмот (како што кажува и името) парите се враќаа во општеството, во здравство во школство се градеше инфраструктура, денес парите се насочени кон газдите кои ги изнесуваат од државата или ги трошат за нивни лични потреби.
И јас тоа велам дека секој систем си има некои предности и некои недостатоци. Во пракса денес најдобро функционира некој спој на социјал-капитализам т.е пример Шведска, Данска, Германија.

За социјализмот знам само тоа што ми го кажувале постарите па не можам реална споредба да направам пошто не сум живеел во тоа време.
 
Последно уредено:
Член од
28 декември 2011
Мислења
4.371
Поени од реакции
6.207
Друже и комунизмот на хартија е идеален ама реалноста е поинаква. Капитализмот е ок систем додека не се пронајде подобар, но дека е најдемократски не би рекол.

Освен тоа многу срања се протуркуваат од некои корпорации пошто им се може(читај имаат пари). Вистината е дека за да се доближиме до вистинска демократија може уште многу да се направи и капитализмот може да се надоградува или да се замени со нов поефикасен систем.

Од 20 век па наваму технологијата експоненцијално се развива па оттука имаме можности кои не постоеле пред еден век, а баш сите правила за системиве се скроени од мозоци во 20 век или некој поран период, а денес е 21 век па не би рекол дека тие правила замислени во тој период сеуште важат.

П.С Денес не те присилуваат со пиштол да купуваш прво пошто е нелегално и второ пошто сфатија дека има поедноставен начин.
Проблемите кои се јавуваат во капиталистичките општества можат да се појават и во комунистичките. Експлоатацијата на трудот се случувала
и ќе се случува без оглед на тоа кој систем е воспоставен и зависи единствено од нивото на свест кај народот.
Истото можеме да го кажеме и за child labour, сиромаштија и корупција. Бидејќи и двата системи се способни да допуштат протек на ваков вид криминал
врз обичниот човек, ултимативно повторно доаѓаме до тој проблем, нивото на свест.

Апсолутно се согласувам дека капитализмот не само што може, туку и треба да се надгради па со тоа всушност и да биде заменет со нов, поефикасен систем.
Интелектуалниот капитализам е систем кој става акцент на човекот и интелектуалните добра кои ги нуди како главен ресурс бидејќи се заснова
на општество кое via технолошки напредок повеќе не се бори со дефицит на суровини од било кој вид а воедно колективно има развиено ниво на свест
при кое не посега кон експлоатација на погоренаведените проблеми.

Главната разлика која не разликува нас како држава и Западњачките земји, колку и да звучи излитено и клише, е нивото на свест.
Бидејќи додека светот цутеше, ја пројде ренесансата и сите нејзини убавини ние чмаевме испод 4-5 различни окупаторски режими кои се потрудија македонецот да го загуби својот идентитет и национална свест.
Даноци во крв, негирање на постоење како народ, предавства, лесно задушени востанија и уште еден куп други криминални акти кои беа извршени врз македонскиот народ воведоа еден таков дефетизам кој не дозволи да чувствуваме никаква грижа ниту за државата како институција ниту за народот кој живее во неа.
Токму тоа откажување од идентитетот поради немање на закотвеност и наслоница нам ни доведе на власт монструми кои бескрупулозно газат преку
сопствениот народ за да дојдат до тој мочан долар.[DOUBLEPOST=1416838650][/DOUBLEPOST]
Во Југославија имаше многу повеќе од Сека и Брацо, избор на чоколада беше голем, имаше и Тоблеронне и то во 70 десетите, имаше фабрики за чоколадо Краш и Кандит, Звечево, Штарк, Пионир..., имаше цигари НВ, Честерфилд, Марлборо, Кент, Филтер Југославија, Дрина, Винстон, Драва, Морава.... имаше Фиќо, Опел, Ситроен, Лада, Волксваген, BMW..., Југославија спроведуваше политика со која се штитеше сопственото производство, пример, во продавница земи си Фијат 1300 произведен во СФРЈ или 3 пати поскап Ситроен во авто салон на Ситроен, можеше да имаш и ТВ Горење но и ТВ Телефункен се продаваше дупло поскап. Беа високи давачки но затоа работеа десетици милиони во фабриките, Во Хрватска во 1970 во време на социјализам 40.000 невработени, во 2013, во капитализам ги има 300.000 невработени и замисли по поис ги има околу 400.000 помалце население, значи ем иселени ем невработени (околу 200.000 Срби избегани и уште со тек на децении иселени) и Во Македонија социјализмот како систем овозможуваше работа плата социјално бесплатно здравство и школство мир и сигурност, стамбено..... еве сега со капитализам не може да се достигнениво на вработеност од СФРЈ, не може државата базирана на капитализам да овозможи бесплатно школство (на сите нивоа) и здравство, не може да ги заштити работниците и нивните права, криминалот и нестабилноста се многу повисоки....
Единствено нешто што капитализмот овозможува е заштита и богатење на веќе богатите. Парите и капиталот и во двата системи се исти, разликата е во тоа како се распоредуваат, во социјализмот (како што кажува и името) парите се враќаа во општеството, во здравство во школство се градеше инфраструктура, денес парите се насочени кон газдите кои ги изнесуваат од државата или ги трошат за нивни лични потреби.
Тоа затоа што Македонија се има шлепано на возот Југославија. Што ни остана нас после одвојување, а што им остана на Словенија? Во какво стање сме ние, во какво они(пред ефектот на кризата)?
 
Последно уредено:
Член од
12 февруари 2014
Мислења
7.735
Поени од реакции
24.382
Како ли само капитализмот се осмелува да ги замени луѓето кои се заморуваат, забушаваат и прават грешки кои чинат животи со машини кои не го прават тоа?
Ги заменува луѓето на опасни работни места, одвратни, валкани работни места со роботи но НЕ!
Капитализмот е срање и му еба матер на човештвото, иако комерцијализацијата на технологијата која ја користиш за линкање на статијава се должи токму на тој зол капитализам.
А зошто мислиш дека капитализмот го инспирира човекот да креира нови работи кои би му биле од полза? Порано немало капитализам, па човекот го измислил тркалото, на пример.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom