3 МФЛ-Региони и Општински Лиги

Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.446
Поени од реакции
68.659
Каква утакмица сме изиграле денеска со Маџари, изгинавме, примивме пацерски гол од слободен у прво полувреме, после у второ ги набивме у шише и им изедначивме.
И Илинден не е Илинден ако одма не прими гол, голманот ја одби у нивниот играч кој беше 1 метро у офсајд и тоа е тоа, 1-2 конечен резултат.

Како Борусија Дортмунд сме, 5-6 утакмици по ред со порази. :D
Ние имаме серија од 5-6 порази по ред :D

Ти реков дека меѓу нас и вас ќе се бара патникот во општинска :D
Ќе биде колење за две недели во дербито кај вас:icon_mrgr:
Пази што правиш :icon_lol:

Па и овие Кадино слепциве, не можеле ли да победат кај Раштак :facepalm:
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин
Ние имаме серија од 5-6 порази по ред :D

Ти реков дека меѓу нас и вас ќе се бара патникот во општинска :D
Ќе биде колење за две недели во дербито кај вас:icon_mrgr:
Пази што правиш :icon_lol:

Па и овие Кадино слепциве, не можеле ли да победат кај Раштак :facepalm:
Ние се поебавме со Кадино што им ја пуштивме, мислевме дека Локомотива се откажаа, плус најверојатно ќе им ја зееме службено на Локосите. :D:D:D

Сеа со Љубанци таму играме :cenzura: ако добијам жут картон ќе нема да играм со вас. :вонзем:[DOUBLEPOST=1414359797][/DOUBLEPOST]Не знам Кадинчаниве што напраиле со Раштак? Изгубиле?
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.446
Поени од реакции
68.659
Нерешено папаци...

Дај бе па вие, сите утакмици ги земавте службено ццц :icon_mrgr:

Ќе не тепате, за греота сме ние...
 
Член од
24 декември 2007
Мислења
12.692
Поени од реакции
4.520
Вардар Неготино го доби дербито со Превалец со 3-1 на свој терен.
Затоа во моментов сите три екипи имаат еднаков скор, со тоа што Победа веќе победи во Неготино со убедливи 0-4, Вардарци се вратија во игра по победата во денешното дерби, додека Превалец перфектниот скор до ова коло го наруши на првиот дерби меч сезонава.
Победа изненадувачки загуби кај Дојранско езеро минатото коло, ама сепак мислам дека на крај ќе бидат први.
Во наредното коло играат Превалец-Победа, ќе видиме кој ќе биде прв после наредното коло :)

На западот мртва битка меѓу Зајас и Камењане. Имаат по 22 бода од 9 меча, со тоа што Камењане го доби меѓусебниот дуел на домашен терен, што значи наредниот дуел се игра во Зајас и они се во предност. Камењане загуби кај Градец и изигра нерешено со Шемшово, ми личи дека Зајас има повеќе пари за фрлање.

Три екипи водат битка за првото место на истокот.
Беласица има 24 бода, пред Плачковица со 22 и Напредок З.Радово кој има 21 бод.
Ова коло беше колото во кое се сретнаа можеби двете најаки екипи Беласица и Плачковица, а дуелот во Струмица заврши со 0-0. Беласица играше дома и со Напредок, тоа значи во пролет ќе треба да гостуваат и кај двете екипи. Минатото коло Беласица изигра 1-1 и кај Осогово.
Ќе биде неизвесно до крај во лигава.
Позитивно е и што екипи како Овче Поле и Саса котираат високо на 4 и 5 место :)

На северот според панираното Љубанци си гази кон втората лига, славејќи над Славија со 3-2. Маџари е на второто место со доста солидни резултати за прилично младиот тим. Нема да има никаква неизвесност во лигава, се знае кој ќе биде прв.

На југозападот ќе имаме битка меѓу Преспа и Кораб. Преспа го доби дербито против Караорман со 1-0, додека Кораб го совлада Кравари со 3-0. Преспа има 3 бода предност пред Кораб, а и меѓусебниот дуел со Кораб во Дебар веќе го изиграа, така да во пролет играат на својот стадион. Притоа во последното есенско коло, Кораб има тешко гостување кај Вулкан, додека Преспа игра кај Лабуништа, па се очекува Преспа да отиде со поголема предност пред Кораб на зимската пауза.
Недела Превaлец - Победа дерби :D
 
Член од
25 октомври 2012
Мислења
819
Поени од реакции
1.225
И една од потешките утакмици Вардар ја тепаше нагости 0-2 со Бабуна,има ли информации Превалец-Победа,како заврши? Кај Вардар поарно испадна со играч тренер,од колку со ''стратегот"' Гањо...
 
Член од
10 октомври 2009
Мислења
2.954
Поени од реакции
1.349
И една од потешките утакмици Вардар ја тепаше нагости 0-2 со Бабуна,има ли информации Превалец-Победа,како заврши? Кај Вардар поарно испадна со играч тренер,од колку со ''стратегот"' Гањо...
Победа тепа 0-1
 
Член од
10 октомври 2009
Мислења
2.954
Поени од реакции
1.349
Ништо тогаш од година повеќе среќа за нас :D
Срамота ќе биди да не влези Победа, не дека мал срам е ова сега шо се случува.
се надеваме ќе влезите догодина во 2 мфл.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.446
Поени од реакции
68.659
Ќе кажам и збор-два за женскиот фудбал :)

Годинава се формираше ЖФК Драгон, екипа која игра на стадионот на Славија во Пржино. Мислам дека прв пат после долго време во лигата има две израмнети екипи (Драгон и Кочани). Пола репрезентативки играат во ЖФК Драгон, а пола во ЖФК Кочани.

Викендов се играше дербито во Пржино и тоа пред голем број на публика, а Драгон победи со 4-2.
Со оваа победа се најдоа во пол-позиција пред конкурентите и може да жалат што не победија со поголема разлика.

Тренер на екипата е Драги Сетинов, работат сосема солидно за екипа од спорт каков што е женскиот фудбал кој е на нулто рамниште во Македонија, па дури и фудбалерките земаат и плата од клубот :)
Нормално, не се којзнае колкави платите, ама сепак :icon_mrgr:[DOUBLEPOST=1415025642][/DOUBLEPOST]
На југозападот ќе имаме битка меѓу Преспа и Кораб. Преспа го доби дербито против Караорман со 1-0, додека Кораб го совлада Кравари со 3-0. Преспа има 3 бода предност пред Кораб, а и меѓусебниот дуел со Кораб во Дебар веќе го изиграа, така да во пролет играат на својот стадион. Притоа во последното есенско коло, Кораб има тешко гостување кај Вулкан, додека Преспа игра кај Лабуништа, па се очекува Преспа да отиде со поголема предност пред Кораб на зимската пауза.
Југозапад (крај на полусезона)
1. Кораб 24
2. Преспа 24
3. Велешта 23

Спортивно од очекувањата, Кораб славеше кај Вулкан со 1-2, а Преспа загуби во Лабуништа со 2-1.
Кораб е есенски шампион со 24 бода колку што има и Преспа, но со полоша гол-разлика. На третото место само на бод зад нив е Велешта :eek:
Како што читав со голема помош од судиите Велешта тепала во Кравари со 1-2.
Дали некој ги форсира Велешта? :icon_mrgr:
Лабуништа ги тепаа и Преспа и Кораб, дали тоа значи дека играат за Велешта, и дека Велешта има амбиции за втора лига? :icon_mrgr:
Ќе биде интересно во пролет. Меѓусебните дуели се:
Преспа-Кораб
Велешта-Кораб
Велешта-Преспа

Врти-сучи Велешта и со двата конкуренти игра на домашен терен и може на крај да се најде на првото место, ако воопшто имаат амбиции за нешто такво.

Викендов се играше и дербито на Струга меѓу Караорман и Влазними.
Не можев баш да разберам дали утакмицата завршила или ја прекинале, али претпоставувам дека истата е прекината.
Влазними воделе со 0-1, но поради незадоволство од судењето го нокаутирале судијата.
http://sportmedia.mk/fudbaler-na-vlaznimi-so-boks-nokautiral-sudija/
Според ова мечот е прекинат, а еве ја и жалбата од страна на Влазними:
http://strugalajm.com/index.php/vllaznimindeshjen-me-karormanin-e-shkaterroi-arbitrimi-diskriminues/

Исток (крај на полусезона)

1.Беласица 27
2. Плачковица (екс Јака Радовиш) 25
3. Напредок З.Радово 24

Трите екипи немаа проблем во последното коло од есенскиот дел и забележаа победи со што бодовната разлика остана иста.
И овде не очекува измранет пролетен дел, а можеби Плачковица е во мала предност, бидејќи против конкурентите игра на домашен терен.

Плачковица-Напредок З.Радово
Плачовица-Беласица
Напредок З.Радово-Беласица

Беласица има две гостувањата кај директните конкуренти. Плачковица плус со тешките противници како Осогово и Брегалница Делчево, веќе играше на гости, така да можам да кажам дека се и во пол-позиција.

Југ (коло до крај на полусезона)

1. Победа 27
2. Вардар Неготино 27
3. Превалец 24

Победа ја поправи грешката од Дојран и во дербито на колото славеше во Велес против Превалец со 0-1. Победа со триумфот во Неготино во првото коло и онака беше главен фаворит уште од стартот на лигата, но со поразот во Дојран се измешаа работите.
Во последното коло Вардар игра дома со Варош, а Победа дома со Бабуна. Не би требало да има изнеднадувања.
Дуелот во првото пролетно коло ќе реши се, ако Вардар слави во Прилеп, тогаш и дефинитивно ќе биде доста интересна лигата. Ако слави Победа, готово е :)

Во пролет играат:
Победа-Вардар
Превалец-Вардар
Победа-Превалец

Север (коло до крај на полусезона)

1. Љубанци 25
2. Маџари 21

Тука се се знае, Љубанци загуби само два бода со нерешеното на најтешкото гостување кај Фортуна. Нема дилеми, они ќе бидат шампиони.

Запад (коло до крај на полусезона)

1. Камењане 25
2. Зајас 25
3. Братство Лисичани 22

Во последно коло Камењане гостува против Братство од Лисичани, додека Зајас игра дома со Арсими.
Би требало Зајас да биде шампион, со оглед на тоа што во пролет игра дома и со двете екипи.

Зајас-Камењане
Зајас-Братство
Камењане-Братство

Ќе се осврнам и на четвртите лиги :D
Во Нова Колонија, полицаец нападнал играч на Инџиково, и потоа избегал.
Ова се случувало на мечот Нова Колонија-Инџиково.
http://sportmedia.mk/politsaets-nokautiral-fudbaler/

Југохром е лидер во ОФЛ Тетово, откако Мергимтари изгубил кај Шар од Теарце.
1. Југохром 16
2. Мергимтари 15
3. Шар Теарце 14

Вчера играле Мергимтари-Југохром, па @ADP ако имаш повеќе информации, дај некое известување како завршило :D
 
Последно уредено:

ADP

Член од
5 јули 2012
Мислења
3.495
Поени од реакции
2.304
Што се однесува за општинската лига Тетово јас пред некои недели пишував тука за првите 3 кола , па ајде и сега да продолжам за останатите кола што се одигра оти во Недела заврши и есенскиот дел со МЕРГИМТАРИ од с.Стриминца (Желино) на првото место .


4-коло , овие беа резултатите -
Шар Теарце - Пирок 6-1
Мергимтари - Кастриоти ФЦ 4-0
Југохром - Љуботен 4-2
Беса - Фламуртари (Горно Седларце) 4-0

Сите очекувани резултати! Ние едвај се собировме 8 играчи па најдовме уште 3 средношколци и отидовме во Теарце . Домашните играчи почнаа фуриозно и постигна гол за 1-0 . Се кон крајот на првото полуврме мечот беше мирен но тогаш при еден наш корнер убаво ние го искористивме и постигнавме гол . Јас па мислев дека ќе одиме на соблекувални со добар резултат но тогаш паднаше концентрацијата и Шари постигна 2 гола за 2 минути . Кардинални грешки на нашата одбрана за 3-1 на провото полувреме . На стадионот имаше 100 гледачи и верувале или не 20 деца ( по 12 години така некако ) кои фрлаа цело време петарди , и скандираа понекогаш против нашата екипа хахаха!

Во второто полувреме ние тапа без ниту една посериозна шанса , за на крај 6-1.

5-коло , овие беа резултатите

Фљамуртари – Шари 2-3
Љуботен – Беса 0-4
Кастиоти – Југохром 0-4
Пирок – Мергимтари 2-3


За првите три натпревари и очекувани резултати . Е сега за Пирок-Мергимтари 2-3 не реален резултат. Јас па мислев којзнае колку се јаки овие , цело време како пички плачеа на стилот " Зашто играте толку грубо " , од стартот на мечот нивниот претсавник сакал да ко купи мечот , со дебата помеѓу нашиот тренер , претседателството , и играчите одбивме да им го шиткаме и да играме фудбал! Па така ние одигравме одлично прво полувреме со многу организирана игра пред 200 гледачи ( да се потенцира дека и гостите имаа 50 нивни гледачи ) . Слабо овие Мергимтари без идеи , само добра одбрана ништо друго . Првото полувреме ние го добивме со 1-0 и тоа многу заслужено . Па во паузата се случија многу нешта и ние да бидеме предадени . Да му ебам матерот во пичкка на судијата и линиските исто така , на тој претставникот на Мергимтари што цело време по телефон , па исто така и на нашите што се во раководство неспособни едни како успеа така тој преставникот го намести се со судијата ццццц. Па се до 70мин бевме во предност со доста добра игра , за да стапи во сцена судијата кој досуди пенал за Мергимтари и директен црвен картон за нашиот играч . Реализира тие за 1-1 и тука стана мешаница , имаше конфронтации па судијата пичката да и даде на еден од нашите директен црвен картон и останавме со 9 играчи . Имаше жестоки дуели после , со пцуења на публиката и притисок кон судиите. Па 11 контра 9 тие на контри постигна и два гола за 1-3 . Но ние како да само да му покажеме на пичките дека не се ништо постигнавме гол со со двајца играчи помалку за 2-3 . Не застанавме тука , кон крајот на мечот при еден наш слободен удар гостинскиот играч на место да го удри топката удри во главата на еден наш играч и верувајте или не тој беше најчист пенал но судијата не го досуди и сите ние во протести за тоа но пичката да досуди за крај на скандалот , тоа е!


Резултати од 6-коло

Шар Теарце – Мергимтари 2-1
Југохром – Пирок 4-0
Беса – Кастриоти 5-0
Фљамуртари – Љуботен 2-2


За нас нема што да се каже и добро поминавме.. а Шар како посериозна екипа во лигата победи против Мергимтари и овие во фејсбук одма во плачење за тоа како домашните не ги пречекале добро и тн тн..


Резултати 7-коло

Пирок – Беса 1-3
Љуботен – Шар Теарце 1-1
Кастриоти ФЦ – Фљамуртари – нема рез.
Мергимтари – Југохром 3-1

Изненадувачки е кискот на Шари , само 1-1 против Љуботен а со победа ќе избија на второто место , е така Мергимтари со победа на домашен терен против Југохром е првак за есенкиот дел со 2 бода повеќе од Шари и Југохром и првиот најголем успех од форимрањето на клубот во 1993 .


Југохром е по организирана екипа од Мергимтари , исто така и Шари играа добро и овие Беса беа одлични против нас но направија неколку киксови на стартот . Се на се очекувам интересно да биде во пролет!

Слики од мечот Мергимтари-Југохром 3-1


После мечот


Екипата на Љуботен во Горно Седларце ( мечот заврши 2-2 )


Слики од мечот Шари од Теарце против Кастриоти од Џепчиште
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom