Што читате во моментов? (со краток коментар)

Дејмон

why not
Член од
17 мај 2011
Мислења
1.368
Поени од реакции
2.886
Полноќна Палата - Карлос Руиз Зафон
Слична на Принцот на маглата, па ако ви се допаднала таа со сигурност ќе ви се допадне и оваа.
Само сакаш да читаш повеќе и повеќе и повеќе нели, маестралниот Зафон.
 

wot

њ
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.483
Поени од реакции
33.585
Полноќна Палата - Карлос Руиз Зафон
Слична на Принцот на маглата, па ако ви се допаднала таа со сигурност ќе ви се допадне и оваа.
Само сакаш да читаш повеќе и повеќе и повеќе нели, маестралниот Зафон.
Zafon. Koeljo za muski.

Pretenciozen. Edvaj go docitav.
 
Член од
6 јули 2011
Мислења
3.828
Поени од реакции
7.710
Член од
27 февруари 2011
Мислења
297
Поени од реакции
227
Буденброкови - Томас Ман

Одамна планирав да ја читам книгава, па сега конечно и дојде време. Интересна книга, со многу описи, како што е случај со сите книги од тој период.

Смрт во Бреслау - Марек Крајевски

Мислам дека прв пат читам книга од полски писател, интересен почеток. Се работи за криминален роман, кој започнува со убиство со помош на скорпии на една млада благородничка во Бреслау (денешен Вроцлав, Полска) за време на почетокот на Нацистичка Германија. Книгата е дел од поголема серија на главниот детектив во романот.
 

Josef K

трагач
Член од
4 јануари 2014
Мислења
193
Поени од реакции
690
Дервишот и смртта - Меша Селимовиќ

„Дервишот и смртта“ е ѓаволски добра книга спакувана во 350-тина страни. Инспирацијата на авторот му била неговата лична судбина. Имено, додека за време на Втората светска војна Селимовиќ бил член на КПЈ, Агитпроп, а кон крајот на војната и политички комесар на Тузланскиот партизански одред, неговиот брат бил уапсен и без судење бил ликвидиран. Судејќи по книгата овие настани оставиле длабок впечаток врз личноста на Меша Селимовиќ и неговото литературно творештво.

Дервишот е психолошки и филозофски роман. Дејството се случува во некоја касаба во османска Босна. Не случајно не е споменато местото и времето на случување на настаните. Тоа имплицира дека судбината на Ахмед Нурудин може да се повтори на било кого, било каде и во било кое време. А без сомнеж со тоа се критикува и тоталитарниот систем и бирократскиот управен апарат во тогашна Југославија на кој бил сведок самиот писател.

Ахмед Нурудин, инаку шејх на дервишката текија, е централниот лик во романот. Неговите неволји започнуваат откако ке дознае дека брат му е уапсен, но не е запознаен поради што. Нурудин влетува во права кафкијанска ситуација. Јосеф К. одеше по судници, канцеларии, адвокатски бироа. Нашиот јунак оди кај муселимот кој што го препраќа кај кадијата, кој подигрува со него цитирајќи делови од Куранот, за на крај да отиде кај муфтијата кој што се интересира единствено за шах. Ја препознавате шемата на вртење во круг? Универзална и вечна. Поединецот против системот. Може слободно да се направат паралели помеѓу османска Босна и Македонија во 21 век. Нурудин влегува уште повеќе во вртлогот и сплетките на управувачката елити кога од Хафиз-Мустафа, неговиот пријател дервиш, дознава дека брат му е затворен невин, бидејќи видел пропуст во еден судски процес што го водел кадијата. Уверен дека правдата ке излезе на виделина тој се препушта на волјата на Алах. Пресвртот настанува со веста дека брат му Харун е убиен. Нурудин е следен, претепан од полицајците и на крајот завршува во градската тврдина, затворен во темните зандани. Како што бунтот на Мерсо во камиевиот Странец започнува во затворот така и Нурудин решава работите да ги превземе во свои раце. Особено врз него влијае муабетот со затвореникот. „Дали власта е од Бога? Ако не е, од каде нејзиното право да ни суди? Ако е, како може да погреши? Ако не е, ке ја срушиме. Ако е, ке ја слушаме. Ако не е од Бог, што не обвржува да ја слушаме?“

Нурудин е спасен од Хасан, неговиот пријател кој што плаќа откуп за да се избави од затворот. Интересен е и ликот на Хасан за анализа, но ако почнам ептен ке заглавам. :DИзлезен од затвор Ахмед Нурудин решава да се одмазди на системот. Прави сплетка, го крева народот на бунт. Кадијата и муселимот завршуваат мртви.
Има уште многу за пишување ама тука ке прекинам со надеж дека ке ги заинтригирам тие што не го читале романот да седнат и го прочитаат. Ке го цитирам само Кафка: “In man's struggle against the world, bet on the world.”.

Интересен е и психолошокиот момент. Конфузијата во личноста на самиот Нурудин, неговата отуѓеност од светот, внатрешната борба, изборите што се ставени пред него, романтизирањето на минатото и тн. Според начинот на кој што се обработени главните ликови романот можам да го споредам со Степскиот волк на Хесе или па со некој од романите на Достоевски.

Се на се препорака за секого!

(Коментарот ми е малку подолг. Ама морав. Доколку не му е местото тука модераторот нека го префрли во темата за дискусии на книги.)
 

Mundell

тој со бројките
Член од
24 септември 2014
Мислења
622
Поени од реакции
1.059
Во моментов земав две книги да читам, едната е „Заговорот Моцарт“ од Скот Маријани. Сега за сега, првите 100 страници е многу интересно, со повеќе пресврти. Започнува со убиство, за кое сите мислат дека е несреќа, но сестрата на убиениот и негов пријател се наоѓаат по една година од неговото убиство, т.е. таа го повикува него, бидејќи и стигнуваат закани и доживеала обид за киднапирање. Тогаш, го отвораат документот испратен по пошта од нејзиниот брат на денот на неговата смрт. Во документите се наоѓа и видео, на кое се гледа сурово убиство...

Воедно, земав да ја читам и „Од прва рака“ - Исповед на 59-тиот вработен во Гугл. Има доста интересни работи за тоа како функционирал Гугл во почетокот, како се донесуваат одлуките, воопшто го согледуваш системот на функциорање на една корпорација во нејзините почетоци.
Одличен избор, дали ја има некој ,,Заговорот Моцарт" во елелтронска форма? :)
 

Annik Honoré

In Floyd I trust!
Член од
29 септември 2014
Мислења
538
Поени од реакции
1.484
Моментално ја читам Името на Розата од Умберто Еко. И можам само да кажам дека е книгиште, мислам дека има и филм.
Дејството се одвива во манастир во 14 век, во северна Италија. И е проткаено со мистериозни убиства, самоубиства и други мистерии. За љубителите на трилер препорачлива. :D
 
Член од
30 април 2013
Мислења
267
Поени од реакции
79
Skot Marijani~Zavera Mocart.pdf

За жал само српска верзија најдов.Имам и други наслови од него,ама,сите се српски,или,англиски.Доколку тоа не ви пречи,би можел да поставам линкови.

Едит од модератор: Линкот е отстранет, пиратерија е забранета на форумов.
 

König

Гостин
Член од
29 октомври 2014
Мислења
215
Поени од реакции
575
Јас ете решив да ја прочитам првата книга од ПК: Вероника реши да умре. До сега го избегнував, од сега ќе видам. Убаво и задлабочено раскажува, иако книгата ја читам на бугарски, кој не го владеам најдобро.
Книгата верувам ја знаете повеќето тука, па нема што да коментирам.

„Добре, ето ме тук, часовете ми са преброени, а отдавам значение на забележките на хора, които никога не с'м виждала, нито п'к ште видја нјакога отново. И на всичко отгоре страдам, дразнја се, искам да нападам и да се заштитавам. Зашто трјабва да си губја времето с това?“
 

Толстој

екс Бомбастичен
Член од
28 септември 2012
Мислења
11.920
Поени од реакции
11.945


Најдов добар торент на пирет беј, 7гб а книги од различни области еден куп. Почнав да ги листам и оваа прва ми влезе во око, интересна книга во која се опишани сите досегашни мисии на НАСА кој можат комотно да влезат во историјата. Убаво опишани, објаснети зошто, како. Оној кој го интересираат вакви работи, нека ја прочита книгата, има и пдф формат на нетов само треба малце да се побара. Слободно пишете ми пп ако неможете да се снајдете, ќе ви пратам торент или пдф формат :)
 

Ska Maniac

Бараба
Член од
2 октомври 2013
Мислења
9.072
Поени од реакции
21.950


Најдов добар торент на пирет беј, 7гб а книги од различни области еден куп. Почнав да ги листам и оваа прва ми влезе во око, интересна книга во која се опишани сите досегашни мисии на НАСА кој можат комотно да влезат во историјата. Убаво опишани, објаснети зошто, како. Оној кој го интересираат вакви работи, нека ја прочита книгата, има и пдф формат на нетов само треба малце да се побара. Слободно пишете ми пп ако неможете да се снајдете, ќе ви пратам торент или пдф формат :)
На српско - хрватски се книгиве (по сликава како што прикажува ако е од торентот) !?!?
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.635
Поени од реакции
13.073
Интимност - Ханиф Курејши.
И` дадов втора шанса на книгава поради обработката на една тематика од клучен карактер и искрено ми е тро повеќе криво што претходниот пат не можев толку да ја сфатам. Ќе да е од периодите, инспирацијата и севклупното искуство накалемено со време.
Тематиката е скоро по дифолт позната, еден тип по изградениот „успешен“ живот со семејство и жена, се навраќа на некогашната непреболена љубов. Интересното кај книгава е што тоа се тие широко-распространети чести обични проблеми како „навраќање кај бившиот“, изгубени љубови, така сликовито се доловени од перото на Курејши, што секој кој стигнал до одреден момент во својот живот, овој роман би го доживеал премногу близок.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom