Новата Европска комисиja

TheTrooper

Психијатриски случај
Член од
27 април 2009
Мислења
6.823
Поени од реакции
6.346
Па да, во право си, барем јас лично не познавам држава во која граѓаните на непосредни избори ги бираат членовите на владата.
Епа што е тогаш тука дисуксијата ?
Како и секаде,така е и во ЕУ.

Во САД случајно да не го бира народот секој секретар ? Имаш некој од Калифорнија ќе го лупне Обама по негов ќеиф на некое место и некој си од Северна Дакота може да пизди дека не го бирал или дека никогаш не стапнал во Дакота.

Но едно е бирање на владата со седиште во Скопје, која секогаш можеш на референдум да ја смениш, а друго е бирање на бирократски тела со седиште во Брисел, над 2.000 километри оддалечен од Македонија.
А кога некој од Македонија би дошол на некоја функција во комисијата како би можел да го смени некој од Шведска него ако баш му боде очи ?

Луѓе со такви овластувања, за да имаат легитимитет, мораат да бидат бирани на непосредни избори, во спротивно ќе имаш гејец кој ќе ти диктира за внатрешни политики и за миграција, додека токму во неговата држава судовите ослободуваат убијци на мигранти.
Знам дека звучи и делува тешко изводливо - и на мене ми звучи и ми делува така - но едноставно толкава власт и моќ не смее да се стави во рацете на луѓе кои не се избрани на непосредни избори.
Не значи дека и тој ослободува убијци на имигранти ако е Грк побогу.
Зашто би била ЕУ поинаква од другите ? Ако секаде е нормална пракса владата,што дефакто е оваа комисија, да ја бира парламентот, зашто е проблемот тоа да се случува и во ЕУ ?
Големи овластувања имале,па секаде имаат и никаде не се бирани директно на избори.



Алтернатива на непосредните избори, е неприфаќање на одлуките и на препораките од истите тие евробирократи во Брисел доколку имаат негативен ефект врз државата и врз нејзините граѓани, а истовремено без било какви последици врз членството на државата во ЕУ и врз парите кои државата (ќе) ги прима од европските фондови.
Народски кажано ти сакаш да се ебеш,а да не ти влезе.
Е нема батко.Како што имаш привилегии да влечеш пари од тие фондови, да работи и да патуваш слободно низ цела Европа, да водиш бизнис без пречки, твојата земја да има многу посилна преговарачка позиција со трети страни како дел од ЕУ,така има да прифатиш и некои работи кои не ти се по ќеиф понекогаш и ќе имаш и некои обврски.


Јас не сум никаков обожавател на Најџел Фараж, пред се бидејќи не сум ама баш никаков обожавател на Британците како народ, но сепак го почитувам неговиот евроскептицизам и според моите лични видувања, над 80% од се што кажува на крајот испаѓа точно и вистинито.
.
Точно е дека он има кажувано и многу вистини и многу пати и прорекнал добро што ќе се случи,но исто така и лупа доста пати. Негова единствена цел во европарламентот е да иде контра се.Дури и да решат да му играат по свирката он ќе отиде контра на тоа. :D
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: fmi
Член од
24 април 2008
Мислења
10.482
Поени од реакции
11.536
Епа што е тогаш тука дисуксијата ?
Како и секаде,така е и во ЕУ.

Во САД случајно да не го бира народот секој секретар ? Имаш некој од Калифорнија ќе го лупне Обама по негов ќеиф на некое место и некој си од Северна Дакота може да пизди дека не го бирал или дека никогаш не стапнал во Дакота.

А кога некој од Македонија би дошол на некоја функција во комисијата како би можел да го смени некој од Шведска него ако баш му боде очи ?

Не значи дека и тој ослободува убијци на имигранти ако е Грк побогу.
Зашто би била ЕУ поинаква од другите ? Ако секаде е нормална пракса владата,што дефакто е оваа комисија, да ја бира парламентот, зашто е проблемот тоа да се случува и во ЕУ ?
Големи овластувања имале,па секаде имаат и никаде не се бирани директно на избори.

Народски кажано ти сакаш да се ебеш,а да не ти влезе.
Е нема батко.Како што имаш привилегии да влечеш пари од тие фондови, да работи и да патуваш слободно низ цела Европа, да водиш бизнис без пречки, твојата земја да има многу посилна преговарачка позиција со трети страни како дел од ЕУ,така има да прифатиш и некои работи кои не ти се по ќеиф понекогаш и ќе имаш и некои обврски.

Точно е дека он има кажувано и многу вистини и многу пати и прорекнал добро што ќе се случи,но исто така и лупа доста пати. Негова единствена цел во европарламентот е да иде контра се.Дури и да решат да му играат по свирката он ќе отиде контра на тоа. :D
Поентата не е во тоа како е во САД или како би му било на македонски еврокомесар доколку му боде очи на некој од Шведска, туку поентата е во тоа дека се ставаат огромни овластувања во рацете на луѓе без легитимитет.

Така е во ЕУ, но не треба да биде така, во тоа е проблемот.

Зошто да биде ЕУ поинаква ?

За да биде подемократска и со поголем легитимитет, а не да ги уценува државите членки како што тоа го правеше Ангела Меркел кога им велеше да бираат - или формирање на банкарска унија, или воведување на нови закони со кои ЕУ ќе има право да става вето на буџетите на независните држави членки.

Ти си член во мојот клуб, но јас да имам право да ти кажувам на што смееш, а на што не смееш да ги трошиш твоите пари, не е баш фер и праведно.

Токму затоа не смее да им се даде толкава моќ на луѓе без демократски легимитет.

Е па извини батко, подобро да се спречи, отколку да се лечи.

Од една страна ми велиш колку е убаво во твојот клуб и какви прекрасни привилегии и пари од фондови ме чекаат ако се зачленам, а од друга страна си даваш на себеси право да ми кажуваш како да си ги одржувам сопствениот дом и сопствениот двор - не, фала.

Досега Најџел Фараж не бил во состојба другите да му играат на неговата свирка, па затоа не можеме да извадиме прифатлив заклучок дали навистина оди против се.
 

fmi

Член од
1 февруари 2007
Мислења
13.039
Поени од реакции
2.270
Да бе одкако изгубија па беше поставен "комунистичестки" поредок... (пак наликуваше на фашизам, едноставно на некој тоа му е во крвта)

Нема везе. Не е само тоа што го прави ово режим кхм... организациа фашистичка (бивши колонијалисти и фашисти во сојуз со тиранијата т.н. САД).

Но тоа не е се !
Дали знаеш дека големите империи кхм... организации/системи ја имаат таа тенденција, Фашистичка. Да не набројуваме, општо познати факти...

Пљус, не сме официјално под тоа робствто кхм... (аман тој бронхитот) во таа заедница и незнам зошто ваква тема овде, во земјата која и се дискриминирани основните човекови права од едни институции таму каде што работи Џастин Тимберлејк...
Дали сакаш да кажеш дека Jгославиja наликуваше на фашизам? Па дадов ти за пример Хрватска, Словениja, ти зборуваш за империи за фашизам...да чува Господ! Во коj век живеете?
Фашизмот и комунизмот беха осудени како системи.[DOUBLEPOST=1414451191][/DOUBLEPOST]
Во мојата држава јас можам на референдум да отповикам било кој министер од мојата влада, но тоа не важи и за членовите на Европската Комисија и на Европскиот Совет.
Аjде молам ти се, сам се зезаш. На референдум ке отповикаш министар.
Ако одиш по ова теза,немаш никакав проблем да организираш рефередум во цел ЕУ и да симнеш и целава Комисиja или отделни комисари.
Както за влада и министар е фантазиja,вака е фантазиja и за ЕК.
Да не зборуваме дека при собиране на 1 милион пописи от грагани на ЕУ можеш да ставиш тема на комисиjaва, да не говорим,дека можеш да свикаш заеднички референдум во целиja ЕУ.

Во мојата држава - Република Македонија, министрите се граѓани на мојата држава - Република Македонија, и еднакво сносат одговорност пред македонските закони исто како и јас, но тоа не важи и за членовите на Европската Комисија и на Европскиот Совет.
Пхаха, дали си свестен што збориш. Секи државjaнин на сека членка на ЕУ има Европско државjaнство. Сите комисари имат европско државjaнство.
Уште ЕУ има законодавство,кое мора да се имплементира во сите држави на ЕУ и сите са равни пред него, тоа законодавство е изработено со решение на ЕП,каде са сите држави.
Тоа е исто,како да ми зборуваш,дека ти живиш во обштина Битола, таа обштина довела наредба за нешто и да ми велиш,дека Аце от Скопие не бил задолжен да почитува наредбата. Ама забораваш,дека и ти и Аце сте под капата на законодавството от централната влада.
Работата е истата.

Некој си таканаречен комесар кој никогаш не ни бил во мојата држава, а ниту е државјанин на мојата држава и појма нема каква е реалната состојба во мојата држава, од Брисел да ми диктира како јас да си ја водам мојата држава ?

Не, фала.
Чекаj сека, знаеш како се бира комисар?
Па нели ти зборуваше,дека си гласал за твоjaта влада? Зашто не сакаш да веруваш на тези што си гласал? Како им веруваш каков министар ке стават за транспорт и врзки напрмир или одбрана или надворешни,па не им веруваш каков комисар ке стават?
Доста контрадикторен си.

Кои се евробирократите ?

Сите вработени во било кое организационо тело од Европската Унија, а не се избрани на непосредни избори.
Значи и обезбедуването на ЕП са евробирократи,зашто мора да ги бираме?! Или превудачите за сите jaзици мораме да ги бираме?
Дали си свестен што зборуваш?!


Да, такви ги има и во Македонија, но во Македонија барем можам да поднесам пријава доколку сум незадоволен од некој од нив, па дури и да организирам петиција за нивно разрешување.
Што те запира да организариш петициja на европско пиво?

Бараш одговорност од Најџел Фараж поради тоа 1 (ЕДНО) погрешно мислење од негова страна за миграцијата од Бугарија и Романија во останатите членки на ЕУ ?

Па дај биди фер кон сите, Фараж единствено треба отворено и јавно да се извини бидејќи згрешил, како и сите обични смртници, вклучувајќи не и мене и тебе, но затоа евробирократите кои ја изрежираа европската должничка криза треба не да се извинуваат, туку пред суд да сносат одговорност за своите постапки.
Абсолутно да, кога раздуваше пропаганда и печелеше политички поени можеше, сега кога меура пукна нема муда да се извини,да сноси отговорност или просто да признае дека згреши?
Тоа е британски дженталмен?
Пак ке ти припамтам,кризата стаса от САД,а не се роди во ЕУ. ЕУ беше просто погодена,со неизградена се уште регулациja.

Се согласувам со тебе делумно за ова последново - да, прашање е на одлучност како Ирска или било која друга држава би се спасила од должничката криза.

Во случајот со државите свињи PIGS (Португалија, Ирска, Италија, Грција, Шпанија), корумпираноста на политичарите и нивниот копнеж за да се спасат од кривично гонење за своите постапки, доведоа до погрешни одлуки - задржување на еврото и останување во евро-зоната, наместо поздравата одлука - враќање на националните валути и излегување од евро-зоната.

Околу ова да, се согласувам, прашање е на одлучност, а не на тоа што ти велат некои евробирократи во Брисел.
Пак ти кажав, еве Ирска излезе и со Евро от кризава. Не вракане на месните валути е проблема, не и Еврото е проблема,а неодлучните политичари за вистински реформи.[DOUBLEPOST=1414452599][/DOUBLEPOST]
Но едно е бирање на владата со седиште во Скопје, која секогаш можеш на референдум да ја смениш, а друго е бирање на бирократски тела со седиште во Брисел, над 2.000 километри оддалечен од Македонија.
Пази за тебе проблем са 2000 километри и каде са??? Сачуваj Боже!
Луге, тоа ти е 2 саата со авион и си тамо...свестите се, ти от Битола дорде стасаш до Скопje со гужвите ке ти е повеке.

Луѓе со такви овластувања, за да имаат легитимитет, мораат да бидат бирани на непосредни избори, во спротивно ќе имаш гејец кој ќе ти диктира за внатрешни политики и за миграција, додека токму во неговата држава судовите ослободуваат убијци на мигранти.
Не гледам да си гласал директно за премиер на избори,ама... тоа е тоа...вакви са системиве,а па от премиерот зависи премного.

Знам дека звучи и делува тешко изводливо - и на мене ми звучи и ми делува така - но едноставно толкава власт и моќ не смее да се стави во рацете на луѓе кои не се избрани на непосредни избори.
Ако е вака,зашто си ставил сега?



Јас не сум никаков обожавател на Најџел Фараж, пред се бидејќи не сум ама баш никаков обожавател на Британците како народ, но сепак го почитувам неговиот евроскептицизам и според моите лични видувања, над 80% од се што кажува на крајот испаѓа точно и вистинито.
И да те изправам, не чувме от него како да се подобри и како да се изправи се. Само гледаме да се сезаме и да ни сликат разпенен во ЕП, а решениja нема потреба да нудиме. Тоа се вика демагогиja.

Говореше за европската должничка криза дека ќе зафати и други држави после Грција и Ирска, но сите му се смееја.
Па и малите деца можат да видат податоците за долгот на сите држави. Тоа не е феноменално от страна на Фараж...


Говореше дека најдоброто нешто што и се случило на Велика Британија со членството во ЕУ, е фактот дека Велика Британија не го прифатила еврото како своја валута, туку ја задржала британската фунта, а како тргнале работиве, делува дека и за тоа е во право.
Дорбо,аjде да видиме една Австриja или една Германиja. Лошо им стана на нив от еврото?
Гледа се дека не еврото е проблемот,а политичарите,кои не можат да ти обезценат валутата просто преку нок, заштото са правили грешни потези.
Еврото е усмирителна кошулja за прости и крадливи политици,после сите други положителни страни како заедничка валута и така натаму...

И до денешен ден излегува со секакви предлози за реформирање на британската економија и на британската надворешна политика, кои не само граѓаните на Велика Британија, туку и останатите политички партии како Конзервативната и Лабуристичката партија, се обидуваат да ги копираат, бидејќи им станува јасно дека граѓаните ги прифаќаат предложените реформи на Фараж.
Ке ни прикажеш Фараж како светски мозок за икономика...молам ти се.Да не му дадат само нобелова награда за икономика.
Види му само образованието и фамилиjaта му...нема смисла да говорам повеке.
Тоа е човек,коj нема факултет. За што да зборуваме повеке?!
 
Последно уредено:
Член од
24 април 2008
Мислења
10.482
Поени од реакции
11.536
Дали сакаш да кажеш дека Jгославиja наликуваше на фашизам? Па дадов ти за пример Хрватска, Словениja, ти зборуваш за империи за фашизам...да чува Господ! Во коj век живеете?
Фашизмот и комунизмот беха осудени како системи.

Аjде молам ти се, сам се зезаш. На референдум ке отповикаш министар.
Ако одиш по ова теза,немаш никакав проблем да организираш рефередум во цел ЕУ и да симнеш и целава Комисиja или отделни комисари.
Както за влада и министар е фантазиja,вака е фантазиja и за ЕК.
Да не зборуваме дека при собиране на 1 милион пописи от грагани на ЕУ можеш да ставиш тема на комисиjaва, да не говорим,дека можеш да свикаш заеднички референдум во целиja ЕУ.

Пхаха, дали си свестен што збориш. Секи државjaнин на сека членка на ЕУ има Европско државjaнство. Сите комисари имат европско државjaнство.
Уште ЕУ има законодавство,кое мора да се имплементира во сите држави на ЕУ и сите са равни пред него, тоа законодавство е изработено со решение на ЕП,каде са сите држави.
Тоа е исто,како да ми зборуваш,дека ти живиш во обштина Битола, таа обштина довела наредба за нешто и да ми велиш,дека Аце от Скопие не бил задолжен да почитува наредбата. Ама забораваш,дека и ти и Аце сте под капата на законодавството от централната влада.
Работата е истата.

Чекаj сека, знаеш како се бира комисар?
Па нели ти зборуваше,дека си гласал за твоjaта влада? Зашто не сакаш да веруваш на тези што си гласал? Како им веруваш каков министар ке стават за транспорт и врзки напрмир или одбрана или надворешни,па не им веруваш каков комисар ке стават?
Доста контрадикторен си.

Значи и обезбедуването на ЕП са евробирократи,зашто мора да ги бираме?! Или превудачите за сите jaзици мораме да ги бираме?
Дали си свестен што зборуваш?!

Што те запира да организариш петициja на европско пиво?

Абсолутно да, кога раздуваше пропаганда и печелеше политички поени можеше, сега кога меура пукна нема муда да се извини,да сноси отговорност или просто да признае дека згреши?
Тоа е британски дженталмен?
Пак ке ти припамтам,кризата стаса от САД,а не се роди во ЕУ. ЕУ беше просто погодена,со неизградена се уште регулациja.

Пак ти кажав, еве Ирска излезе и со Евро от кризава. Не вракане на месните валути е проблема, не и Еврото е проблема,а неодлучните политичари за вистински реформи.

Пази за тебе проблем са 2000 километри и каде са??? Сачуваj Боже!
Луге, тоа ти е 2 саата со авион и си тамо...свестите се, ти от Битола дорде стасаш до Скопje со гужвите ке ти е повеке.

Не гледам да си гласал директно за премиер на избори,ама... тоа е тоа...вакви са системиве,а па от премиерот зависи премного.

Ако е вака,зашто си ставил сега?

И да те изправам, не чувме от него како да се подобри и како да се изправи се. Само гледаме да се сезаме и да ни сликат разпенен во ЕП, а решениja нема потреба да нудиме. Тоа се вика демагогиja.

Па и малите деца можат да видат податоците за долгот на сите држави. Тоа не е феноменално от страна на Фараж...

Дорбо,аjде да видиме една Австриja или една Германиja. Лошо им стана на нив от еврото?
Гледа се дека не еврото е проблемот,а политичарите,кои не можат да ти обезценат валутата просто преку нок, заштото са правили грешни потези.
Еврото е усмирителна кошулja за прости и крадливи политици,после сите други положителни страни како заедничка валута и така натаму...

Ке ни прикажеш Фараж како светски мозок за икономика...молам ти се.Да не му дадат само нобелова награда за икономика.
Види му само образованието и фамилиjaта му...нема смисла да говорам повеке.
Тоа е човек,коj нема факултет. За што да зборуваме повеке?!
Секој со свое мислење.

Ти мислиш дека задржувањето на еврото во државите свињи PIGS (Португалија, Ирска, Италија, Грција, Шпанија) била правилна одлука, јас мислам дека е погрешна одлука.

Мојот премиер е поранешен пратеник во македонскиот Парламент и како таков ужива легитимитет меѓу граѓаните на Република Македонија, за разлика од Жозе Мануел Баросо и неговиот наследник Жан Клод Јункер кои никогаш не биле избрани на непосредни европски избори за позицијата која ја држат.

За разлика од нив, актуелниот премиер на Република Македонија, Никола Груевски, беше избран за пратеник во македонскиот Парламент на последните парламентарни избори во април 2014, но поднесе оставка од пратеничката функција пред да поднесе кандидатура за состав на нова влада на Република Македонија

Значи за граѓаните на мала држава како Македонија да го изразат својот револт пред недемократски избраните евробирократи во Брисел, истите мораат да патуваат 2 саати со авион. Ќе ме извиниш, но вака демократијата делува многу далеку, а многу поблиску е со автобус до Скопје исто така за 2 или максимум 4 саати, во зависност од временските околности и состојбите на патиштата.

Обезбедувањето во Европскиот Парламент не донесува никакви одлуки, ниту чистачите, ниту било кои останати кои работат на одржување и обезбедување на објектот. Но недемократски избраните функционери донесуваат одлуки, а со оглед на фактот дека не се избрани на непосредни избори, нивните одлуки се нелегитимни.

Стигна до образованието на Најџел Фараж ?

А што имаш да кажеш за Јошка Фишер, кој до 2005 година беше заменик канцелар и министер за надворешни работи на Германија, после 2005 година имаше шпекулации дека планира да се кандидира и за претседател на Германија, а нема завршено ни средно образование ?

Во пракса, вистинскиот демагог тука си ти, бидејќи уште малку фали за да почнеш да копаш и по акните на Фараж само за да го исплукаш бидејќи си анти-Фараж до коска.
 

fmi

Член од
1 февруари 2007
Мислења
13.039
Поени од реакции
2.270
Секој со свое мислење.

Ти мислиш дека задржувањето на еврото во државите свињи PIGS (Португалија, Ирска, Италија, Грција, Шпанија) била правилна одлука, јас мислам дека е погрешна одлука.
Не, ти кажа нешто сосем различно. Ти кажа,дека зарад еврото имат проблеми PIGS,а jaс ти кажав,дека не е заради еврото. Иначе ако ставаме прашането дали е грешка влегуването им во еврозоната на PIGS-делумно да. Овде се слагам.

Мојот премиер е поранешен пратеник во македонскиот Парламент и како таков ужива легитимитет меѓу граѓаните на Република Македонија, за разлика од Жозе Мануел Баросо и неговиот наследник Жан Клод Јункер кои никогаш не биле избрани на непосредни европски избори за позицијата која ја држат.
Дали тоа е правило,што ми го даваш како пример или просто случаjно? Дали си гласал преко за ликот ти или си гласал за листа?

За разлика од нив, актуелниот премиер на Република Македонија, Никола Груевски, беше избран за пратеник во македонскиот Парламент на последните парламентарни избори во април 2014, но поднесе оставка од пратеничката функција пред да поднесе кандидатура за состав на нова влада на Република Македонија
И?
Значи за граѓаните на мала држава како Македонија да го изразат својот револт пред недемократски избраните евробирократи во Брисел, истите мораат да патуваат 2 саати со авион. Ќе ме извиниш, но вака демократијата делува многу далеку, а многу поблиску е со автобус до Скопје исто така за 2 или максимум 4 саати, во зависност од временските околности и состојбите на патиштата.
Не разбрав, и преводачите мора да се бира?
Дечко, влези во XXI век. 2 саати до Брисел е многу, 2 саати до Скопje е мало...не зезаj молим те.
Обезбедувањето во Европскиот Парламент не донесува никакви одлуки, ниту чистачите, ниту било кои останати кои работат на одржување и обезбедување на објектот. Но недемократски избраните функционери донесуваат одлуки, а со оглед на фактот дека не се избрани на непосредни избори, нивните одлуки се нелегитимни.
Ако ти преведат на тебе грешно,грешно и одлука ке донесеш. Затоа и превудачите мора да бираме,молим те.

Стигна до образованието на Најџел Фараж ?
Да, за да се види за каков човек зборуваме. Со основно образование.

А што имаш да кажеш за Јошка Фишер, кој до 2005 година беше заменик канцелар и министер за надворешни работи на Германија, после 2005 година имаше шпекулации дека планира да се кандидира и за претседател на Германија, а нема завршено ни средно образование ?

Во пракса, вистинскиот демагог тука си ти, бидејќи уште малку фали за да почнеш да копаш и по акните на Фараж само за да го исплукаш бидејќи си анти-Фараж до коска.
Демагогот не сум jaс, а човекот,коj открито лаже и маже за да добие некакви политички поени,кои веке ти ги наведов.
Ако сакаш види какви резултати има во европските избори и какви во домашните за нивното собрание? Зашто вака?
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.482
Поени од реакции
11.536
Не, ти кажа нешто сосем различно. Ти кажа,дека зарад еврото имат проблеми PIGS,а jaс ти кажав,дека не е заради еврото. Иначе ако ставаме прашането дали е грешка влегуването им во еврозоната на PIGS-делумно да. Овде се слагам.

Дали тоа е правило,што ми го даваш како пример или просто случаjно? Дали си гласал преко за ликот ти или си гласал за листа?

И?

Не разбрав, и преводачите мора да се бира?
Дечко, влези во XXI век. 2 саати до Брисел е многу, 2 саати до Скопje е мало...не зезаj молим те.

Ако ти преведат на тебе грешно,грешно и одлука ке донесеш. Затоа и превудачите мора да бираме,молим те.

Да, за да се види за каков човек зборуваме. Со основно образование.

Демагогот не сум jaс, а човекот,коj открито лаже и маже за да добие некакви политички поени,кои веке ти ги наведов.
Ако сакаш види какви резултати има во европските избори и какви во домашните за нивното собрание? Зашто вака?
Е добро де, образованието и не е толку важен фактор за сите луѓе, еве види го овој исончаниов од Харвард во Белата Куќа на Авенија Пенсилванија број 1600 во Вашингтон, САД.

Какви се глупости направи изминативе 6 години како претседател на САД, тешко дека сите тие идеи ги стекнал на Харвард, наспроти Најџел Фараж, кој своевремено работел за да заработи за себеси и за своето семејство и не се срами да им каже на Британците дека откако завршил средно образование - а не основно, почнал да работи во Лондон.

После некое време, Фараж почнал да работи како брокер и не знам што, но барем има што да каже за себеси, за разлика од овој исончаниов од Харвард, кој за себеси може само да каже дека е поранешен организатор на месни заедници и поранешен адвокат на кој му ја одзеле дозволата за работа, исто како и на жена му која исто така е поранешна адвокатка на која и ја одзеле дозволата за работа, а и двајцата не откриваат како и зошто останале без дозволи за работа.

Вистина е тоа дека пратениците не се бираат индивидуално, туку на пратенички листи, но тоа не го менува фактот дека актуелниот премиер на Република Македонија и добар дел од министрите во актуелната влада на Република Македонија се поранешни пратеници во македонскиот Парламент и сепак имаат демократски легитимитет, за разлика од евробирократите во Брисел.

Преведувачите не донесуваат никакви одлуки, туку само преведуваат, па затоа и нема потреба да бираат бирани на непосредни избори.

Ти велиш дека еврото не е причина за должничката криза во државите свињи PIGS (Португалија, Ирска, Италија, Грција, Шпанија), но факт е тоа дека овие држави ги жртвуваа сопствените буџети, сопствените економии и сопствените граѓани за да ги спасат банките, а сето тоа со цел еврото да не изгуби од сопствената вредност, по наредби од ЕУ, ММФ и Европската Централна Банка.

Доколку овие држави ги вратеа сопствените национални валути, должничката криза немаше да биде неизбежна, но последиците од истата ќе беа помали и полесни за амортизирање, а државите свињи самостојно ќе донесуваа одлуки за тоа како да ги спасуваат сопствените економии, а не некоја тројка од неизбрани бирократи од ЕУ, ММФ и ЕЦБ да им диктира на владите на овие држави како да си ги водат сопствените држави.

Исланд, за разлика од државите свињи, не ги жртвуваше сопствениот буџет, сопствената економија и сопствените граѓани за да ги спаси банките, туку го направи комплетно спротивното - ги жртвуваше банките, банкарите и политичарите кои го доведоа до банкрот, токму за да ги спаси сопствените граѓани.

Ти велиш дека еврото не е главната причина за европската должничка криза, јас го тврдам спротивното и тоа се нашите несомнено спротивставени ставови.

Можеби за тебе авионски лет до Брисел за 2 часа не претставува проблем, но за повеќето Македонци претставува проблем, бидејќи за почеток - не можат финансиски да си дозволат таков лет, и бидејќи полесно им е да го изразат својот револт и своето незадоволство кон владата во Скопје, отколку кон недемократски избраните евробирократи во Брисел.
 

fmi

Член од
1 февруари 2007
Мислења
13.039
Поени од реакции
2.270
Orban Slapped at Summit: EU chief executive Juncker says ‘hello dictator!’ to Hungarian PM


Да си припамтим преди тоа
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.482
Поени од реакции
11.536
Orban Slapped at Summit: EU chief executive Juncker says ‘hello dictator!’ to Hungarian PM


Да си припамтим преди тоа
Диктатор во ЕУ ?

Колку чудно, сите мислевме дека ЕУ е демократска меѓународна организација.
 
Член од
14 ноември 2013
Мислења
6.303
Поени од реакции
19.652
Орбан ги гледа интересите на неговата земја првин наместо на Брисел па автоматски он е злобен диктатор. Ги освои сите можни избори во Унгарија лани но кога ги спречило тоа ЕУ/УСА да мењаваат реалности.
 

fmi

Член од
1 февруари 2007
Мислења
13.039
Поени од реакции
2.270
Диктатор во ЕУ ?

Колку чудно, сите мислевме дека ЕУ е демократска меѓународна организација.
Па, и от демократиjaта може да излезе диктатор. Што ти е чудно?!
 

haCk0r

Customization Windows OS
Член од
8 јануари 2009
Мислења
4.250
Поени од реакции
1.562
Секој човек може да се претвори во диктатор по подолго владеење, затоа најдобро е и за дежавата и за народот почесто да се мењава власт

Sent from my SM-N9005 using Tapatalk
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.482
Поени од реакции
11.536
Па, и от демократиjaта може да излезе диктатор. Што ти е чудно?!
Мило ми е бидејќи имаме заеднички јазик барем за ова прашање.

Да, било кој може на демократски начин да стане диктатор, Адолф Хитлер, кој по демократски пат дошол на власт во Германија во јануари 1933, е одличен пример за тоа.

Но тоа што е чудно во целата оваа ситуација, е ЕУ митот според кој, во државите членки на ЕУ економската и социјалната состојба никогаш нема да падне на толку ниско ниво за да дојдат на власт автократи, да не речам диктатори, како што е Виктор Орбан во Унгарија.
 

fmi

Член од
1 февруари 2007
Мислења
13.039
Поени од реакции
2.270
Мило ми е бидејќи имаме заеднички јазик барем за ова прашање.

Да, било кој може на демократски начин да стане диктатор, Адолф Хитлер, кој по демократски пат дошол на власт во Германија во јануари 1933, е одличен пример за тоа.

Но тоа што е чудно во целата оваа ситуација, е ЕУ митот според кој, во државите членки на ЕУ економската и социјалната состојба никогаш нема да падне на толку ниско ниво за да дојдат на власт автократи, да не речам диктатори, како што е Виктор Орбан во Унгарија.
Нема мит,никоj не е кажал,дека не е можно да доjде човек како Орбан,но се гледа како ке биде посрешнат. Како последните му желби да врати смртната казна,коja беше многу остро пречекана.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom