Комунизам VS капитализам - идеолошки осврт

Член од
12 јануари 2014
Мислења
1.464
Поени од реакции
1.892
Многу пати го употреби зборот капитализам. Тоа шо мислиш дека е капитализам, не е.

И да, претпоставувам си нешо као анархиста, со муабетот за островот, и идеме до:
ако нема водачи, ако нема данокозбирачи, сите ќе вршиме размена на капиталот едни меѓу други. Со медиум ака пари. И тоа се вика пазарна економија, шо е капитализам. Планираната економија не се дешава природно. Пазарната, да.
У анархизам, капитализмот е она што се дешава природно.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.152
Поени од реакции
25.615
Вештини кои денес „се бараат на пазарот“. :) Значи пак не станува збор за способност.
Па вештината се дефинира како способност за вршење на некоја работа. Црнецон е способен да води, вложил труд, покажал дека е најспособен, добил на избори и си ја наплатил вештината со тоа што станал Претседател на САД. Ете, извршниот директор на Тесла моторс имал други способности, кои успеал да ги продаде на друг начин.

Ако е прашањето дали сите успеваат да си ги наплатат вештините, тогаш одговорот е дефинитивно не. Ама едно капиталистичко општество може да се смета за развиено и функционално ако успее да создаде пазар на најголем дел од луѓе ќе можат да си ги наплатат вештините.

Балканскиве хибриди се смешни и не се добар пример. Дали соодносот на наградите во одредени развиени капиталистички општества е фер е идеолошка дискусија и не верувам дека тука би се согласиле некогаш. :)
 
Член од
12 јануари 2014
Мислења
1.464
Поени од реакции
1.892
Вештини кои денес „се бараат на пазарот“. :) Значи пак не станува збор за способност.
Да. Лидер од 19ти век не би бил лидер денес. Пошто ги нема способностите шо се битни денес. Модерниот лидер е у тек со времето. Учи нови вештини постојано. Има флоу у работата. Добар дел од нив имаат и скиминг читање, пошто дневно обработуваат безброј информации. Ко шо е големиот мозок на телото, така е лидерот на фирмата.
 

Шкорпион

Corvus oculum corvi non eruit?
Член од
16 октомври 2009
Мислења
7.349
Поени од реакции
7.606
Многу пати го употреби зборот капитализам. Тоа шо мислиш дека е капитализам, не е.

И да, претпоставувам си нешо као анархиста, со муабетот за островот, и идеме до:
ако нема водачи, ако нема данокозбирачи, сите ќе вршиме размена на капиталот едни меѓу други. Со медиум ака пари. И тоа се вика пазарна економија, шо е капитализам. Планираната економија не се дешава природно. Пазарната, да.
У анархизам, капитализмот е она што се дешава природно.
Не ми наоѓај бубачки во изразувањето да не ти посочам на инсектариумот кај твојот пост :pipi:

Во анархизам, капитализмот е онаа скапаница која ја избегнуваш да се случи. Мене ми збориш за капитализмот дека не сум знаел што е (малку примери ги имаме, нели?), ама изгледа и ти поим си немаш анархизмот што е. Иначе немаше да ги споменеш парите, ака, горивото на капитализмот и атомското јадро на секое зло (да исклишеирам коа веќе почнав :D)
 
Член од
12 февруари 2014
Мислења
7.735
Поени од реакции
24.380
Ако е прашањето дали сите успеваат да си ги наплатат вештините, тогаш одговорот е дефинитивно не. Ама едно капиталистичко општество може да се смета за развиено и функционално ако успее да создаде пазар на најголем дел од луѓе ќе можат да си ги наплатат вештините.
Баш на ова сакам да ти укажам. Се сметаат за умешни и способни само оние кои поседуваат квалитети кои ќе го хранат капитализмот, додека оние кои се вешти на други полиња ќе бидат дел од работничката класа.


Дали соодносот на наградите во одредени развиени капиталистички општества е фер е идеолошка дискусија и не верувам дека тука би се согласиле некогаш. :)
Па да, делкајќи го капитализмот, сакале или не, ќе дојдеме до идеолошки судир. И пак старата песна, а мене ме мрзи и немам баш време поради борбата за успех во системот. :D
 
Член од
12 јануари 2014
Мислења
1.464
Поени од реакции
1.892
Не ми наоѓај бубачки во изразувањето да не ти посочам на инсектариумот кај твојот пост :pipi:

Во анархизам, капитализмот е онаа скапаница која ја избегнуваш да се случи. Мене ми збориш за капитализмот дека не сум знаел што е (малку примери ги имаме, нели?), ама изгледа и ти поим си немаш анархизмот што е. Иначе немаше да ги споменеш парите, ака, горивото на капитализмот и атомското јадро на секое зло (да исклишеирам коа веќе почнав :D)
Корпоратизам е она шо ни се дешава у светски рамки. Минимални плати, регулативи на пазарот, мешање на државата во работата, данокозбирање - не се одлики на капитализам. Државен интервенционизам кој го има се повеќе не се одлики на капитализам. Тоа се одлики на социјализам. Моменталниот капитализам е грд спој на капитализам со социјализам со големи корпорации кои се другарчиња со власта.

Анархија е безвластие. Таму можат луѓето да се здружат како сакаат. Бидејќи луѓето разменуваат добра за пари, она што е примарно на анархијата е слободниот пазар. Слободниот пазар по дифолт е слободно одбирање шо ќе правиме со нашиот капитал, како ќе го трошиме или инвестираме. И тоа е капитализам.
Е сега, само во капитализам може да постои ненасилно социјалистичко општество.
Во капитализам имаш фабрика, решиш да ја разделиш на работниците. Кул, фабриката е на сите работници, сите одлучуваат шо ќе се прави со неа. Социјализам колку ти душа сака. Цела ти држава капиталистичка, во твојата фабрика социјализам владее, пошто е нели твоја, и ти шо сакаш правиш со неа, и ја разделуваш на работниците.
Во социјализам пак, колку и да имаш ти капитал, небитно како стекнат, не можеш да отвориш твоја фабрика. :D
 
Член од
12 февруари 2014
Мислења
7.735
Поени од реакции
24.380
Анархија е безвластие. Таму можат луѓето да се здружат како сакаат. Бидејќи луѓето разменуваат добра за пари, она што е примарно на анархијата е слободниот пазар. Слободниот пазар по дифолт е слободно одбирање шо ќе правиме со нашиот капитал, како ќе го трошиме или инвестираме. И тоа е капитализам.
Ова е анархо капитализам. И нема примарно, сѐ зависи од придавката. ;)
 
Член од
12 јануари 2014
Мислења
1.464
Поени од реакции
1.892
Ова е анархо капитализам. И нема примарно, сѐ зависи од придавката. ;)
Да, така е, само шо анархо капитализмот е она во кое подмножество е анархо-социјализмот. Примерот со фабриката.
Баш на ова сакам да ти укажам. Се сметаат за умешни и способни само оние кои поседуваат квалитети кои ќе го хранат капитализмот, додека оние кои се вешти на други полиња ќе бидат дел од работничката класа.
Не.
Ако имаш вештина поразлична од другите, и успееш да ја продадеш, може нема да бидеш дел од работничката класа, туку ќе бидеш газда како и сите тие други газди.
 
Член од
12 јануари 2014
Мислења
1.464
Поени од реакции
1.892
Ако има елементи на анaрхија, за него е све исто :D
Абе анархија е umbrella term, не е општествен систем. Анархија само по себе не значи ништо. Тие додатоците го прават она шо е, дали ќе биде со капиталистички или социјалистички модел као најпознати два.

Unlike their social counterparts, individualist anarchists stress the importance of the individual liberty from forms of collectivism, which they tend to see as limiting the freedom of the individual. While most social anarchists view capitalism as a source of domination, anarcho-capitalists see nothing wrong with capitalism, and advocate the abolition of the State in order for individuals to pursue their freedom within the market.

Џабе анархизам, кога пак ќе заглавиш у некаква си комуна. :D

http://crln.acrl.org/content/71/3/156.full
 
Член од
23 март 2014
Мислења
1.471
Поени од реакции
1.242
Од кај знаеш, можеби сум Бил Гејтс!? Има разлика од способен до способен.
Капитализмот не величи никого, сите почнуваат од исто рамниште. Ако си способен, ако те бива - ќе бидеш успешен, ќе го заработиш лебот. Вложениот труд и знаење, од твоја страна, е тоа што те издигнува над другите, а не капитализмот. Тој само ти дал можност да го постигнеш тоа. Имаш поголеми можности да напредуваш како индивидуа, пошто нели, во капиталистичко општество се форсираат приватните бизниси. Нема лежи лебу да те јадам. Ако го заслужиш, ќе го јадеш. Ако не, курац.

Во социјализмот имало работа за сите, се сложувам. Но некој дибек со два грама мозок, кој ништо не работи, ќе зема иста плата со тебе, на твој грб. А ти си вложил години во едукација, да учиш, да се мачиш, едноставно труд си вложил.
И што!? Ќе глумиме солидарност!? Јас да работам, а други тројца мрзи да си го прчат!? Е не може така.

Нека појде некој од партискиве полтрончиња, некој дибек "информатичар", нека работи во Германија да го видам, по струка. Овде може да зема 30,000 во администрација, или кај татко му во фирма, ама во Германија може само тоалети да чисти.

Ова нашево сеуште не е капитализам. Треба уште години години да поминат додека се искорени апашизмот, наследен од социјализмот. Државава наша не може преку ноќ да процвета, како што очекуваат сите. Си треба време да помине. А знаејќи го менталитетот наш, ќе требаат години години за да застане на нозе, ако воопшто успее.


,,shuote="@Agda Beata, post: 6913330, member: 71852"],,,,,,,ова „способен“ е малку дискутабилно,,,,[/quoshte]
,,,,vo,, pra,vo si,,,, :icon_lol:
Ако можеш да крадеш и лажеш без да се каеш, притоа да не те фатат, тогаш и само тогаш си способен капиталист.
 
Член од
12 јануари 2014
Мислења
1.464
Поени од реакции
1.892
Ако можеш да крадеш и лажеш без да се каеш, притоа да не те фатат, тогаш и само тогаш си способен капиталист.
А јас па викам ако имаш толку добар производ, шо сите ќе ти го сакаат, ќе го купуваат и ќе заработиш, а си дошол до производот со инвестирање свои пари, тогаш и само тогаш си успешен капиталист.

Уствари не ми е јасно, од кој градат капиталистите? Кога единственото место каде можат да се натпреваруваат е пазар на производи. Не ми е јасно. Ти да не си го помешал терминот со политичари? :D
 
Член од
28 октомври 2005
Мислења
8.293
Поени од реакции
1.646
Маркс бил во право: пет неочекувани начини на кои предвидел што нè чека во 2014 година
Карл Маркс овие денови често се споменува во политичките коментари во САД, но многу малку луѓе навистина ја разбираат Марксовата остра критика на капитализмот, пишува списанието Ролинг стоун. Повеќето Американци знаат по нешто за предвидувањата на овој радикален економист дека комунизмот неизбежно ќе го замени капитализмот, но често не сфаќаат зошто тој верувал во тоа.

И додека Маркс грешел за некои работи, неговите дела точно предвидуваат некои од аспектите на модерниот капитализам, од Големата рецесија до ајфонот 5 во вашиот џеб, пишува списанието.

Еве ги петте факти за животот во 2014 година што Марксовата анализа на капитализмот точно ги предвидела пред повеќе од еден век:

1. Големата рецесија (хаотичната природа на капитализмот)

Тој ја истакнал тенденцијата на капитализмот да запаѓа во криза. Предвидел дека желбата за профит ќе ги тера компаниите да ги автоматизираат работните места за да произведуваат повеќе стока, додека на работниците ќе им ги намалува платите до толку што тие веќе нема да можат да ги купат производите што ги направиле. Ова било така за време на Големата депресија, но и во почетокот на светската економска криза. Ние произведуваме и произведуваме сè додека едноставно нема да остане никој што би можел да ги купи нашите стоки, нема нови пазари, нема нови задолжувања. Овој циклус сè уште се одвива пред нашите очи: општо гледано, тоа е тоа што го урна пазарот на домување во 2008 година. Повеќедецениското продлабочување на нееднаквоста ги намали приходите, што задолжи сè поголем број Американци. Кога веќе не останаа хипотекарни заеми, целата фасада се распадна, токму како што Маркс знаел дека ќе се распадне.



2. Ајфон 5С (измислени потреби)

Маркс зборувал и за тенденцијата на капитализмот да им дава високи цени на производите што не се неопходни, што ќе доведе до „нехумани, софистицирани, неприродни и измислени потреби и апетити“. Овие предвидувања се остварија во современото општество, каде што поединци уживаат во луксуз, но имаат постојана потреба одново да купуваат. По ајфонот 4 тие мора да купат ајфон 5, па 5С...



3. ММФ (глобализација на капитализмот)

Идеите на Маркс во однос на хиперпродукцијата го воделе кон предвидување на она што сега се нарекува глобализација, а тоа е ширењето на капитализмот низ целиот свет во потрага по нови пазари. За тоа Маркс напиша во 1848 година и погоди дека тоа ќе се случи кон крајот на 20 век. Ние сме сведоци на постојаната потрага по нови пазари и евтина работна сила.



4. „Волмарт“ (монопол)

Маркс тврдел дека моќта на пазарот ќе биде концентрирана во големите монополски фирми. Иако тоа можеби во 19 век се чинело чудно, кон крајот на 20 век тој тренд што Маркс го предвидел тргна да се забрзува, така што денес многу локални продавници се затворени поради влегувањето на огромните малопродажни синџири како американскиот „Волмарт“, кој е најголем во светот. Исто така, малите банки им го отстапија место на гигантите како „Џеј Пи Морган“.



5. Мали плати, големи профити (резервната армија индустриски работници)

Според Маркс, платите нема да растат поради „резервната армија индустриски работници“, која тој ја објаснува преку потребата на капиталистите за трудот да платат што е можно помалку, а тоа е најлесно кога има голем број работници без работа. Така, по кризата високата невработеност ќе ги држи платите на исто ниво, а профитот ќе се зголемува, зашто работниците ќе бидат премногу уплашени да ги остават своите ужасни работни места, на кои се експлоатирани. „Вол стрит џурнал“ дури до некаде и се согласи со оваа Марксова анализа и наведе дека во последно време во американската економија „растот на продуктивноста им овозможил на компаниите да не мораат многу да се занимаваат со намалување на бројот на невработените.“

Кога тој се залагаше за прогресивен данок на доход во Комунистичкиот манифест, ниту една земја немаше таков данок. Сега едвај да постои земја без прогресивен данок на доход и тоа е еден скромен начин на кој САД се обидуваат да се борат против нееднаквоста во приходите. Марксовата морална критика на капитализмот и неговите остри погледи кон неговата срж и историскиот контекст сè уште вредат да им се посвети внимание. Денес, во светот и на незамисливо богати и на бедно сиромашни луѓе, во кој најбогатите 85-мина имаат повеќе пари од најсиромашните 3 милијарди, познатиот крик: „Пролетери од сите земји, обединете се; немате што да изгубите освен синџирите“ допрва ќе добива моќ.
 
Член од
23 март 2014
Мислења
1.471
Поени од реакции
1.242
А јас па викам ако имаш толку добар производ, шо сите ќе ти го сакаат, ќе го купуваат и ќе заработиш, а си дошол до производот со инвестирање свои пари, тогаш и само тогаш си успешен капиталист.

Уствари не ми е јасно, од кој градат капиталистите? Кога единственото место каде можат да се натпреваруваат е пазар на производи. Не ми е јасно. Ти да не си го помешал терминот со политичари? :D
Напиша фина општонародна мудрост, секојдневно среќавана и глорификувана во холивуд продукцијата. Си пробал ли ти лично да го направиш тоа? Обиди се, да видиш како твојата фантазија ќе премине во разочарување.
 
Член од
28 октомври 2005
Мислења
8.293
Поени од реакции
1.646
Коментар на место испод тексто за маркс


Velimir Cvejic · Top Commenter · Rudarsko-geoloski fakultet
Во каузта на екомоската секогаш лежи моралната криза. Според Исусовите морални начеала капитализмот е ѓаволското тежнеене кон што повеќе материјалното, што е сосема спротивно од настојувањето човекот да стане продуховен, обожен – Добар Човек. Всушност капитализммот се потпира врз Седум смртни гревовии, од која алчноста е социопатлошка категорија. Исус, според својата надаренст и знаењето, можел да стане врховно свештено лице во Јерусалескиот храм, да го замени Кајафа, инаку, нарачателот на неговото распнување на кртсот. Додека свештениците лицемрно молчаат како да се глуви и слепи, та уште се повукуваат на Исус Богот.
Самуиел Клеменс, познат како Марк Твен, тврдел: „Кога сега би бил тука Христ, постои нешто што тој сигурно не бил бил – христијанин“.
Бранител на Божјата правда, апостол Павле кажал: „Нема тука Евреи, ниту пак Грци, нема ниту роб ниту пак господар, нема машки род, ниту пак женски; сите вие сте едно во Христа“, Тоа го изговорил токму во Рим, но ниту еден папа до сега не се залагал за тоа. Напротив, се прават како да не знаат дека првите заедници на христијанските верници се викале христијански општини, во кои што сé било заедничко. Во тие заедници взаеамната економска помош и подршката („комунизмот од љубов“, како тоа го нарекол Хармак), имале исклучително значење.

Reply · Like · 8 · Follow Post · February 3 at 11:08am
 

Kajgana Shop

На врв Bottom