Фан Клуб: Барселона

Have an ice day

Get Free
Член од
26 јануари 2014
Мислења
544
Поени од реакции
1.021
Честитки до реал беа подобри,ај да ми помине лутината и на мене :mad::D, според мене на ниво не се Иниеста па и Чави изминативе мечеви, посебно Иниеста кои денес изигра катастрофално настрана од грешката за 3от гол, а Пике не му е местото за во Барса премногу е несигурен, Матје во нападот double :facepalm: , освен Нејмар кои се познава дека е желен и осеќа што е Ел Класико и Маскерано кои беше прилично добар другите лошоо,многу неспремни кондиција како Македонија да ја гледам, овој бе Дани повише од 10год игра фудбал уште не се научи да нафрла од страна како што треба .. едноставно подобри беа :cuc: , јас сум песимист за освојување трофеј и оваа година само поради Пике и лошите Чави-Иниеста(во колку голови учествувале годинава?) , не само поради овој меч едноставно се мачат али ајде може ќе им тргне.:свиркам:
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
11.596
Поени од реакции
18.018
Мора некој сефтето да ви го напраи. Братска делба, Меси најбољи стрелец, вие примате петарда. :) Патем не е мој текстот, али исто ко да е. :)
:cool:


p.s. Меси го немаше нигде, али ништо страшно ќе го биде за пар утакмици. :)
 

Expecto Patronum

Citizen Erased
Член од
13 јули 2011
Мислења
1.331
Поени од реакции
3.281
Матје воопшто не е виновен што го ставаат да игра на лев бек... Остајте тоа што во Валенсија играше и лево, Матје си е стопер, во одбрана е доста солиден, а во напад е многу бавен и непродуктивен... Имавме полуприлики од лево во кои да беше Алба поразлично би се развиле...
 
Последно уредено:
Член од
9 март 2009
Мислења
999
Поени од реакции
392
Не бев во можност да го гледам целиот натпревар,гледав некаде до 25 минута и до тогаш барем јас што видов не бевме воопшто лоши,но уште од стартот кога ја видов екипата со Пиќе во прв состав и Матје на лев бек,знаев дека ќе имаме проблеми во одбраната... почнавме одлично со голот на Нејмар уште на стартот,после тоа следуваа две добри шанси на Бензема во кој се одбранивме,и после тоа доаѓа јас би рекол клучниот момент на утакмицата,кога Суарез одлично го проигра Меси, а овој промаши од само неколку метри,едноставно знаев дека после тоа промашување ќе го загубиме мечот и за жал тоа и се случило.. да погодеше Меси од таа ситуација многу подруг ќе беше натпреварот и сигурен сум дека на крајот ќе тепавме... Сега ќе ја гледам репризата од мечот,па после тоа може да се критикува..
 
Член од
20 април 2009
Мислења
991
Поени од реакции
944
Денес Роберто имаше фризура Тома Здравкович, а освен тоа спаси чист гол кога ја пресече онаа топка кон Роналдо :D
 
Член од
18 јули 2008
Мислења
479
Поени од реакции
140
Очекував такво нешто уште кога го видов составот и каква ни е одбраната, Матје во никој случај не требаше да игра тоа што играше , се океј добар е на таа позиција ама нека биде тоа кога ке има потреба , ке ни се најде и тоа многу некаде на средината на сезоната кога ке имаме проблеми со лев/десен бек , ама сега не гледам причина зошто да го форсират таму .....
Пике слободно нека си оди некаде во Сад да игра во тие богаташите таму ,ем Шакира по ке и одговара таму концерти ке си праи ова она, ем повеке пари ке си зимат .....што и да е колку и да имам респект спрема него во минатото кога беа со Пујол тандем , за во Барса не е човекот.
За нападот нема што да коментирам , откако ја изгубивме битката со дупките во одбраната и на средината немаше едноставно простор да гукне некој од триото....
 

Iceboy

Porque somos LOS MEJORES
Член од
23 октомври 2008
Мислења
17.278
Поени од реакции
17.958
Рамноправно прво полувреме кога играа Реал Мадрд - Барселона, второ полувреме кога играа Реал Мадрид - Порече фала богу дека Реал ќе си игра курташак со нив.
Мизерно второ, премногу мизерно...да погодеше Меси ќе беше друга песна да, ама да погодеше Бензема двете пречки, петардата не ни бегаше утакмицава (уствари таа секако можевме да ја јадеме, само сва среќа контрите на 2-3 пати не ги изиграа како што треба Роналдо и компанија).

Браво - ништо посебно не ни можеше да прави на головите.
Пике - 12тиот играч на Реал, 1 или 2 земени топки имаше цела утакмица, е толку беше мизерен.
Маскерано - Се вклопи во сивилото на Пике, иако имаше неколку интервенции, ама за третиот гол не знаеа шо прават со Иниеста гарант.
Алвес - 13тиот играч на Реал, нека фаќа патот во Манчестер ќе се вклопи феноменално во нивната одбрана моментално, боље Монтоја или Даглас ќе ги гледам, знам дека се дрва и двајцата, нема да се нервирам толку.
Матје - Супер во одбрана, мизерен во напад. Не беше проблем тоа шо он играше лев бек, проблем беше шо цело време се напаѓаше по таа лева страна во прво полувреме, само еднаш од десна отидовме, Меси кога ја промаши шансата за 0-2.
Буски - средно жалосен, далеку е и он од формата од времето на Пеп.
Иниеста - Настрана таа глупа интервенција за третиот гол, ова му беше најслабото Ел Класико ever. Мизерен, летаргичен, лесно губеше топки и лесно правеше погрешни пасови. Кога влезе Ракитиќ требаше он да излезе, не Чави.
Чави - Иако најстар еден од најдобрите денес, барем не губеше така лесно топки.
Суарез - прва утакмица - Ел Класико...ете му и прва асистенција, ќе имаше и втора да не промашеше Меси. Два пати можеше да влезе во шанса за гол, два пати се лизна.
Нејмар - Освен голот и два три пробива, ништо псоебно и он, на моменти Карвахал (посебно во второ полувреме) му ги одземаше топките како со мало дете да си игра.
Меси - Пробуваше да направи нешто, ама многу пати се враќаше до средина да земе топка, асистираше ама се на се трагичен.
Ракитиќ, Серги и Педро не ги коментирам, шо да направат за 20 минути они.

Се на се многу слабо, можеме многу подобро од ова, на двете први појаки утакмици кикснаа да, ама сега со враќањето на Суарез ќе се вклопува цел тим конечно. Некаде ноември крајот ќе треба да ја имаме целосната слика за тимот, иако моментално сме за евентуално 1/4 финале во ЛШ и да се молиме за барем една титула од Купот и Лигата.
Ама има време до мај, има многу време.
 

Ернесто ЧЕ Гевара

Hasta La Victoria Siempre
Член од
21 јуни 2010
Мислења
14.107
Поени од реакции
20.945
Дани заедно си Пике најлоши беа. По таа наша десна страна во одбраната, направија 100 шанси реал. Промаја дува ненормално. Дани се забоарава во напад и остава простор за контри. А и неговите центаршутеви не ги коментирам.

Еве 100 пати го изгледав третиот гол што го примивме и сеуште не можам да сфатам што направи Иниеста.
 
B

Beck's

Гостин
А едно не ми е јасно, зашто мора секогаш нас да не фатат на контри. Зашто на резултат 1-1 сите идат напред и ги оставаат назад само Пике и Масче. Абе имаш 4 бода предност, нерешен резултат играј стрпливо чекај ја шансата, зашто се залетуваат напред
 

Божино

4815162342
Член од
27 јуни 2007
Мислења
8.582
Поени од реакции
13.217
Прв пат ви го отварам сајтов ама ме зачуди објективноста и непристрасноста при match report-от.
 

Ернесто ЧЕ Гевара

Hasta La Victoria Siempre
Член од
21 јуни 2010
Мислења
14.107
Поени од реакции
20.945
Мора нашите да научат да играат на контри, едноставно МОРА.
Вчера имаше неколку ситуации, после прекината акција на Реал, нашиве ја одземаат топката на средината од теренот и наместо да се направи брза контра, нашиве ја враќаат топката назад и чекаат цела екипа на Реал да се врати назад па да почнат да градат напад. :facepalm:
Тоа е грешка која мора да му се препише на Лучо и стручниот штаб. Такви брзи играчи во нападот, а да не се прават контра-напади е чиста глупост.
Исто беше и со Пеп и Тито, контра-напади се правеа многу ретко, речиси никогаш.
Единствено Тата лани еден период инсистираше на контри, па имавме голем број голови постигнато после контра-напади.
 
Член од
22 април 2005
Мислења
2.492
Поени од реакции
1.120
А едно не ми е јасно, зашто мора секогаш нас да не фатат на контри. Зашто на резултат 1-1 сите идат напред и ги оставаат назад само Пике и Масче. Абе имаш 4 бода предност, нерешен резултат играј стрпливо чекај ја шансата, зашто се залетуваат напред
Бекс, не одиме напред дека така сакаме, туку реал се повлекува за да си отвори терен за контра

инаку точно е тоа дека не играме контри, или многу ретко, што ме вади од такт, редовоно наместо брза контра топката иде на пимплање назад

идеално е за роналдо 10 метри чист простор пред него каде може да земе залет, после пике ни е крив. роналдо е еден од најдобрите стрелци (не би рекол играчи, иако е добар) во историја на фудбалот и единствен начин да се запре е да биде приморан да направи потег, во тесно, во густо, а да не биде тоа чиста сила, брзина и шут. за тоа треба простор, кој му се дозволува, константно.

се слагам дека 1-1 за нас ќе беше супер резултат, баш после пеналот си помислив ај нека остане вака

како и да е, јас за разлика од повеќето овде, сум оптимист, не гледам многу простор за разочарување, иако пораз во ел класико тоа би требало значи

имам осеќај дека сезонава ќе биде трофејна, тек доаѓа времето на меси-нејмар-суарез, ова беше само прва утакмица
 

Kajgana Shop

На врв Bottom