Нов Македонски филм: До балчак - Приказна од дивиот исток

Член од
25 октомври 2011
Мислења
135
Поени од реакции
99
Во Кочани е од 29ви до 31ви, навистина брзо дојде....
 
Член од
23 јуни 2008
Мислења
4.002
Поени од реакции
4.245
Ако некој не гледал некој од овие филмови или ги гледал ама не ги сфатил, тогаш овој филм ќе му се допадне.
Гледани (делумно од секој режисер по нешто), сфатени, допаднат (како за македонски филм) пошто нели наш филм никогаш не споредувам со класи понапред стари класици и квалитетни режисери. Секоја споредба е глупа. Си го оценувам според чувството додека сум го гледал, нема никаква споредба со тоа дали е подобар или полош од еден Кјубрик или Коен.
 
Член од
28 мај 2008
Мислења
3.966
Поени од реакции
4.073
Гледани (делумно од секој режисер по нешто), сфатени, допаднат (како за македонски филм) пошто нели наш филм никогаш не споредувам со класи понапред стари класици и квалитетни режисери. Секоја споредба е глупа. Си го оценувам според чувството додека сум го гледал, нема никаква споредба со тоа дали е подобар или полош од еден Кјубрик или Коен.
Не правам муабет за Кјубрик или Коен споредби, туку за грешки што и холивудски тралалајки ретко ги прават.
Лоши дијалози, неповрзани муабети, развлекување на дејствието, немање на дејствие, едноставно се прашуваш на некои моменти што се случува, кон каде води приказната (ако може да се нарече приказна).
Тешко можеш да најдеш акционен холивудски филм со Сталоне, Шварци што трае повеќе од 2 часа, стандард се 90-100 минути, ако има мистерија да се реши тогаш тераат до 2 часа 5-10 минути, дури на крајот т.е последните 5-10 минути здосадуваат.
До Балчак со приказна е на ниво на некој пониско буџетен филм акционен филм што трае 90-100 минути, а траењето му е како на историски филм од Куросава скоро 3 часа.
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.098
Поени од реакции
9.903
Мислам, ако сакаш историски спектакли да гледаш од 3 саати, земи Куросава барем нема да ти биде жал за времето потрошено.
А типот сигурно мислел на филмоте на Куросава, Кјубрик, Браќата Коен итн т.е филмови што се сметаат за задолжителна литература на сите што студираат филм.
Ако некој не гледал некој од овие филмови или ги гледал ама не ги сфатил, тогаш овој филм ќе му се допадне.
Иако го немам гледано филмов се` уште, ќе ти посочам дека секоја споредба на македонски филм со ремек дела од светска кинематографија ти е залудно.
Столе Попов е цар, има дадено неколку одлични филмови на македонската кинематографија и затоа очекувам многу и од овој, а филмов иако го пишува како акција, не можеш да очекуваш да има експлозии на коли и такви ми ти срајња што ги гледам во секој филм на Сталоне и Шварци, прво затоа што ова е историски филм сместен во 1907, време во кое кај нас Турците владееле, и луксуз било да имаш коњ, а втора затоа што такви шминкања на експлозии се скапа работа.
И како што кажа Мајло, филмот се оценува според чувството додека си го гледал, а секоја фраза од типот секој што ќе го лајкне филмот не видел подобар од него е глупа и тој лик што го кажал тоа за мене е некој што не слуша туѓи мислења и си мисли како е подобар од другите, демек само тој знае што е добар филм.
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.098
Поени од реакции
9.903
Гледан „До балчак“ и морам да кажам дека е добар и ми се допадна, а имам гледано многу подобри филмови од него.
Сигурно дека визуелно е најубавиот филм досега снимен во Македонија, приказната горе-долу беше добра со одредени делови што можеа да се испуштат, како делот со Никола Коњо упс Кољо и Америка, а крајот можел да биде поинаку. Со тоа ќе се скратело и време, а филмот ќе добиел поголема оцена од мене, но сепак така го замислувал Столе, така и го направил.
Актерската екипа на прв поглед машала одлично звучи, ама мислам дека освен Инти со својата убавина, талент и лош македонски беше најпријатното изненадување во филмот, заедно со младиот Мартин Јордановски кој иако му беше прв голем проект, јуначки го изглуми.
Од комитите ниеден не ми создаде некоја емоција, освен смешниот Дац, најјака комита во животот што имам видено.
А Тони уште еднаш покажа дека е актерчина.
Сашко, Сенко и останатите глумци не беа вредни за споменување, особено Сашко со неговото извикување, како што правеше и на стенд-ап настапите.
Музиката убава, костимите добри, како сценографската поставеност.
Ја заборавив и Ветерова која одлично изглуми.
Читав негде рецензија јазикот не требало да биде современ или скопски идиом од денешно време, па самата личност што го напишала тоа (ако знаела македонски од тој период) требало да се пријави за лектор. И самите Американци кога прават филм за Стар Рим не зборуваат на латински побогу.
Секое мрчење за филмов дека не е добар е опозициско мрчење и к*рчење.
Од мене оцена 8, и гледајте го филмов во кино.
 
Член од
24 октомври 2014
Мислења
2
Поени од реакции
3
eve recenzija na Сунчица:

„До балчак“ не оди до крајот кој го навестува во насловот, напротив, останува запретан во надворешното, на површината, на ефектот, но не и на содржината, не на целта и поенатата, кои некаде попатно се губат, носејќи ни на крајот филм кој е добар за гледање, но не води никаде и нема суштина.

До балчак - но без ризик http://utrinski.mk/?ItemID=2081DDC1F327B54A9AFA42FE30FB797B
 

Толстој

екс Бомбастичен
Член од
28 септември 2012
Мислења
11.920
Поени од реакции
11.945
Ама барем у еден, у еден да имаше салам цицка.
 

Down

Boozer
Член од
4 мај 2012
Мислења
3.236
Поени од реакции
5.159
Филмот беше предолг, Столе пробувал да напраи "уметност" али на крај испаѓа ко претенциозност. Тоа делот со америките беше тотално непотребен и апла пропаганда али се знае од кого е финасиран филмот мора и нив да им се исплати. Глумата беше добра сите си одглумија на ниво само на крај го заебаа ликот на Инти али тоа е. Се на се 4/10 за филмов после првата сцена мислев ова ќе биде филмиште али очигледно неможе да има македонски филм без обидите да се направи виша уметност уместо нели, филм. Филмот не беше лош у никој случај али да беше пократок ќе беше многу боље али тоа е тоа.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom