Што се треба да има вашиот велосипед?

M-1

Добро утро Махачкала!
Член од
6 септември 2010
Мислења
4.243
Поени од реакции
7.363
Сеа и видео кампања за едуцирање ќе водат, абе даби вода ве однесла.
Јади здраво, живеј здраво, вози велосипед.
Како да бидете поаеродинамични на вашиот велоспиед.
Како да фаќате кривини правилно.
Како да застаните правилно.
Како да спринтате низ сокаци.
Како да застанете на црвено.
Како да се обраќате кон чичко миљицајец.
Купи опрема не се заебавај оти мамето ти го ебафме.
Носи штрафцифер и имбуси мојт ќе ти затребат.
Носи резервен точак, ќе ти се најт.
Не вози брзо глата ќе ја скршиш.
Носи кацига зато шо животот е твој филм.
Абе ој мафнете се решавајте ги сериозниве проблеми во земјава, запнале тија на сиромајот влези му по врат по шија.
То е земја на чудата.
А вакви точаци дозволени се?
За ова да го возиш требит да имаш земено В,Ц и Д категорија.
 

M-1

Добро утро Махачкала!
Член од
6 септември 2010
Мислења
4.243
Поени од реакции
7.363
Само ако и направиш трето дете. :D
А и то третото по проис требит да се прајт строго на црвен чаршав со минимум седум жолти лавчиња, после треба да го приложиш и ќе ти дадат субвенции.
:D
 

sankerce

прогресиФ
Член од
6 март 2009
Мислења
3.072
Поени од реакции
4.942
А вакви точаци дозволени се?
Само доколку на секое седиште има помошно седиште (за мадињата) , инаку казна 300 камшици, 1500 евра за возење на петосед без помошни седишта (кои би ја вршеле функцијата назначена во заградата) и 30 години вршење општо-(не)корисна работа.
 
Член од
1 септември 2009
Мислења
166
Поени од реакции
56
АААААААААААААААААААААААААААААААААААААААААА!

Прво куршум во глава ќе си свирнам па после како зомби или авет ќе се вратам и ќе ја прогонувам зградата на владата и парламентот и ќе ги тероризирам жителите на истите! Мозоците и срцата ќе им ги јадам па за да бидат во склад со својата глупост и нечовечност алчни копилиња монструмски!

Тирадава можда требаше во онаа другата тема да ја пишам али ми се спојуваат жичките кога ќе ми текне на сево ова.
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.131
Поени од реакции
18.127
Потребно е да имаш возило за придружба.Еве како Коце.

 
Член од
26 јуни 2013
Мислења
3.597
Поени од реакции
14.641
Да не знае некој конкретно што всушност се опфаќа со новите закони кој ќе бидат усвојени и кога ќе бидат усвојени претпоставувам од 15ка ?



Се вртат различни информации, па сакаме да ве информираме дека во предложената верзија на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, Член 99, стои дека кацига треба да се носи, но, неносењето не подложи на казнување. (се уште фаза на предлог, не е усвоено)
Иако сметаме дека носењето на заштитен шлем (кацига) при користење на велосипедот како превозно средство треба да биде само на доброволна основа и нерегулирано со закон, сметаме дека е одлично што предлагачот на законот имаше слух за ставовите на велосипедската заедница и направи поместување од предложената построга варијанта на предлогот за задолжителна употреба на кацигата кон поблага варијанта за препорачлива употреба.
Но и покрај добрите вести, деновиве во објавите од некои медиуми веќе се покажа дека ваквата формулација „треба“ (која на други места во законот има и обврзувачко дејство) остава простор за слободно толкување.
Нејзиното фигурирање во законот може да продолжи да прави забуни и проблеми и понатаму.
Првично при собраниското автентично толкување на законот, а потоа и при идни проблематични сообраќајни ситуации.
Затоа, во коментарот на сајтот на ener.gov.mk предложивме да се тргне целосно овој став, штом веќе намерата е да нема легални последици по велосипедистите во ситуации кога нема да носат шлем. Ги приложивме уште еднаш нашите ставови поткрепени со препораките на Европската велосипедска федерација.
Се надеваме на позитивен исход.

Правници, дали имате дополнителни предлози и како мислите дека треба да се постапи?

Подолу е сумарен текст со сите коментари и забелешки од НаТочак.
http://natochak.blogspot.com/2014/10/blog-post_9.html
 

EDCer

No Kitty, this is my pot pie!
Член од
19 ноември 2015
Мислења
1.043
Поени од реакции
813
Сакам ваков седмосед :D. triplet.jpg
 

Attachments

Makaron

КЕН ЛИИИИ лиду дибу даут јууууууу !!!!
Член од
16 јули 2014
Мислења
7.612
Поени од реакции
11.739

Kajgana Shop

На врв Bottom