Украдени/исчезнати македонски скапоцености

H

Hip.Hop_MKD

Гостин





Веднаш потоа се набројуваат сите старини однесени од Охрид, меѓу кои се и такви скапоцености, кои вредат цело богатство. Така, по наредба на бугарскиот премиер, а во организација на бугарскиот владика Борис, меѓу другото се однесени „Икона на Христа Спасителот, подарок на Охридскиот архиепискот Димитрие од 13 верк; натпис на плоча од бронза од Прокопие, архиепископ на Прва Јустанијана, плаштеница на Андроник Палеолог, собрана од црквата Свети Климент; сребрена кутија со моштите на Света Матрона; Сребрен крст од 1742 година; две покривки, подарок на Дука Комненер; летопис на Јован Скилица од 13-ти век; старо евангелие со ликот на Свети Климент; дваесет стари словенски ракописи; една сребрена икона изработена во релјеф, или вкупно 84 оделени предмети.

Се разбира, меѓу сите овие скапоцени работи, однесени од Охрид, се и златната круна на Свети Климент со емајл и крст, како и неговото жезло од слонова коска, со змија. На крајот од документот стои дека „актот е составен и потпишан од присутните во четири примероци и тоа: еден за министер-претседателот Радославов, за Охридското окружно началство, за светата Охридска митрополија и за Народниот музеј во Софија. На документот се потпишани Окружниот началник Петров, бугарскиот митрополит Борис, Околискиот началник Петар Чауле, секретарот на Окружното началство, Огненов, и охридскиот граѓанин Сарџов.

Еден од тие четири примероци на документнот е оној лист хартија што Јован Поповски го открил во една охридска фурна во 1967-та година. „Само еден од сите однесени работи од Охрид, Плаштеницата на Андроник Палеолог пред Втората светска војна била објавена во едно стручно списание во Софија, ни изјави Поповски во разговорите што во неколку наврати ги водевме со него последните две години пред неговата смрт. „Сите други работи, велеше тој, до ден-денес сé уште се на „приврмено чување“ во Софија. И не само што се чуваат, туку до сега ништо од тоа не е презентирано пред јавноста, како уште да се плашат дека некој веднаш ќе им побара да ги вратат таму од каде што биле украдени пред деведесет години.

Со таа бескрупулозна кражба, реализирана со налог на бугарската влада од страна на охридскиот владика Борис, кој поради отпорот на охриѓани да го предадат тоа скапоцено богатство, ја викнал на помош и војската, која вршејќи тортура дури и врз тешко болни луѓе, како што бил свештеникот Ѓорѓи Икономов, успеала да открие и да однесе навистна вредни, можеби највредните работи кои охриѓани ги чувале со векови и никогаш немало потреба некој „привремено“ да им ги „причува“ за да не им бидат одземени и однесени.

Тоа „привремено чување“ на охридските скапоцености во Софија трае веќе 97 години, па конечно време е барем за стогодишнината да се активира документот кој потврдува дека сите предмети ќе бидат вратени во Македонија, од каде што се земени „само“ на „привремено чување“. Бидејќи тоа е официјален документ на бугарската влада, односно држава, сметаше Поповски, македонската влада директно, но и преку меѓународни институции, ако е неопходно, треба само да бара да се почитува документот и во Охрид да бидат вратени Златната круна и жезлото на Свети Климент, заедно со сите други драгоцени предмети и ракописни книги, однесени во Бугарија зимата 1916-та година.

Според записите на Поповски, голем дел од предметите однесени од Охрид сега се во трезорот на Народниот музеј во Софија, а тој тајно, преку пријатели, успеал да ја фотографира круната на Свети Климент: „Кон крајот на шеесетите години на минатиот век, се сеќаваше Поповски, разговарав со тогашниот судија на Врховниот суд на Македонија, Ставре Филипче, кој ми кажа дека круната на Свети Климент во Охрид била изнесувана пред народот само на празникот Свети Климент, и тогаш одела од куќа во куќа. Скапоцената круна на Свети Климент, бугарскиот владика Борис, полковникот Пешинов, неговиот аѓутант Најданов, потпоручникот Михов и вишиот полициски иследник Цеков, плачкашка банда составена за одземање на охридското богатство, круната на Свети Климент во 1916 година ја пронашле во куќата на Филипчевци. Радосни што најпосле ја имаат круната на Климента, составиле список и ги испратиле предметите со силна воена придружба во Софија, каде што се наоѓаат до ден денес“, сведочеше Поповски, кој притоа се сеќаваше дека во 1968-та година, значи една година откако случајно го пронашол документот за одземените скапоцености на Охрид, имал средба со Крсте Црвенковски, тогаш претседател на ЦК СКМ, сакајќи да го заинтересира да покрене иницијатива за враќање на сите одземени предмети во Македонија, меѓу кои и на скапоцената круна на Свети Климент. Според Поповски, претседателот на комунистите на Македонија само одмавнал со раката и му рекол: „Доста ни се караници со Бугарите“. А зошто да има караници, кога постои документ дека предметите се однесени на „привремено чување“? Како и да е, оттогаш, колку што се знае во јавноста, ниту една македонска влада не покренала постапка за враќање на предметите и книгите однесени од Охрид, иако има потполно право да го бара тоа, затоа што постои документ и заклучок на бугарската влада дека сите предмети ќе бидат вратени веднаш по завршувањето на Првата светска војна. Според потписите на документот, јасно е дека во акцијата за одземање на се што е вредно во Охрид, учествувала и војската, што значи дека ниту еден предмет не е предаден доброволно, како што некои бугарски историчари тврдат, велејќи дека многумина охриѓани дури и со „радост им ги носеле предметите и книгите“.

Владика Борис бил обичен арамија

Бугарскиот владика Борис, кој дошол во Охрид 1915-та година, заедно со бугарската војска, добро знаел дека Охрид не е бугарски туку македонски древен град, па затоа скапоценото богатство одеземено од охриѓани веднаш, со воен конвој, го префрлил во Софија, каде што се уште се чува во тајните трезори на Народниот музеј. Поради заслугите во врска со ограбувањето на Охрид, како што велеше новинарот, публицист и писател Јован Поповски, владиката Борис по Првата светска војна, значи по враќањето во Софија како човек што го ограбил Охрид, веднаш бил поставен за секретар на Егзархијата во Цариград. Но, бидејќи знаел како се краде, а веројатно и уживал во тоа, за неколку месеци успеал да украде цел еден милион лева од црковната каса. Откако била откриена кражбата, Борис бил деградиран и по казна пратен во манастирот Бачковски во Бугарија, каде што и умрел.


http://kanal5.com.mk/vesti_detail.asp?ID=9714
---------------------
УKРАДЕНИТЕ БОГАТСТВА ОД МАKЕДОНИЈА ВО ДРуГИ ЗЕМЈИ
Митрата и черепот на св. Kлимент чекаат да се вратат во Охрид
Златната митра на свети Kлимент Охридски, основоположник на МПЦ-ОА, чија вредност се проценува и до дваесет милиони долари, и која е однесена од бугарските окупатори за време на Првата светска војна од Охрид, со децении се чува во бугарскиот Национален и историски музеј. Освен неа, таму се и неговиот жезол, најден кај охридски Имарет во 1911 година, царските двери, плаштеницата на Андроник Палеолог, многу икони и други реликвии. Познато е дека черепот на св. Kлимент е во Грција. Истовремено, стотици ракописи и други предмети однесени од храмовите од територијата на денешна Р. Македонија се чуваат во други бугарски музеи, библиотеки и во други институции. Но, непроценливи артефакти има и во други земји - Србија, Грција, Русија, Полска, Италија, Ватикан, Германија, Велика Британија...

Прашањето за однесените реликвии излезе на виделина откако грчкиот весник „Kатимерини“ минатата недела ја пренесе изјавата на грчкиот митрополит на Драма, г. Павел, кој навести дека тие ќе направат с` да ги повратат „реликвиите украдени од бугарските окупаторски сили“ од манастирите во Серес и во Драмско и од други храмови во Источна Македонија и Тракија. Драгоцени артефакти од манастири во егејскиот дел на Македонија, исто така, се наоѓаат во софискиот Национален и историски музеј, а прашањето за нивното враќање досега не се поставувало поради „добрите дипломатски односи“ што ги имале Грција и Бугарија.

Дебарско-кичевскиот владика Тимотеј, од чија епархија бугарските окупатори однеле најголем дел од реликвиите со образложение да ги „заштитат од уништувањето“, ни изјави дека е песимист оти враќањето е можно.

- Ние точно знаеме што с` е однесено. Бугарската страна неколкупати изјавуваше дека биле „загубени на патот од Скопје до Ниш“, но потоа се видоа во нивните музеи. Значи тие се таму и прашањето за враќањето ја надминува нашата моќ како црква. Нам можат да ни го оспоруваат легитимитетот иако тие артефакти беа сопственост на цркви и манастири. Ова е проблем за кој треба да разговараат државите, а, познато е, кој еднаш зел, тешко враќа. Лично не верувам дека и на Грците ќе им успее да повратат нешто од Бугарија. Зошто, на пример, од Лондон не се враќаат артефактите во други земји - смета владиката.

Прашањето за враќањето на реликвиите што се одземени и однесени надвор од земјава е тешко остварливо и врз основа на меѓународното право. Правни конвенции врз основа на кои некоја земја би можела да побарува тоа што ~ е украдено се од понов датум и практично излегува дека преку судови може да се бара тоа што е одземено само по 2005 година. За она што е украдено пред еден век патот е многу потежок.

- Ако се има уредна документација, постои можност да се побараат и стари реликвии. Но, тие барања треба да се добро аргументирани - каде се наоѓал предметот, кој го зел, каде е сега... Процедурата е тешка, но со истражувањата може да се дојде до податоци. Во сегашни околности наједноставен пат е преку билатерални договори на засегнати држави. Имаме примери кога на некои земји им се враќаат однесените предмети. За тоа треба да постои добра волја - наведува Јован Ристов, експерт за заштита на споменици од Управата за заштита на културно наследство.

Проблемот со враќањето на артефактите од Бугарија е дополнително оптоварен и со фактот што во таа земја тие предмети се сметаат за дел од бугарската духовна култура и наследство врз основа на нивната интерпретација на историските настани и случувања.

Новинарот и публицист Нове Цветановски, кој пред осум години објави книга во која првпат се посочени податоци за богатството однесено од Македонија, смета дека проблемот е што во земјава не се занимаваме премногу со ова прашање.

- До мојата книга во земјава не можеше да се најде податок што с` е однесено. Таква интегрална евиденција немаше ниту во тогашниот Републички завод за заштита на спомениците. За жал, и таа не е целосна и покрај сите мои истражувања бидјеќи тоа што го дознав е само дел. Инаку, искуството покажува дека реституцијата тешко оди. Уште потешко ако не се прави ништо - истакна Цветановски.

Јован Ристов: Последен обид пред 60 години

Јован Ристов истакнува дека еден од последните обиди да се вратат реликвиите украдени од Македонија бил направен уште во далечната 1954 година. Тогаш, југословенскиот Секретаријат за надворешни работи побарал од македонски органи да му достават докази дека тие биле украдени од Македонија. Но, таквите докази не можеле да бидат обезбедени.

- Сега со истражувањата може да се дојде до податоците. Потребно е во земјава да постои посебна служба за реституција, која ќе има точна евиденција во која земја ни се наоѓаат конкретни предмети. Ако обезбедиме таква документација, може да се покрене постапка за враќање - смета тој.

Што ни се „чува“ во Бугарија, Србија, Грција...

Во Софија се наоѓаат:

- Украдени од охридската црква „Свети Kлимент“: златна митра на Свети Kлимент со бесценети камчиња, неговиот жезол, царски двери од црквата, плаштеница на Андроник Палеолог
- Од манастирот „Свети Наум“ - сребрена кутија со свети мошти од разни светители, две евангелија, позлатен путир, златна плаштеница...
- Од други цркви - сто икони извадени од црквата „Света Петка“ во с. Маловишта, 25 икони од манастирот „Свети Илија“ во Драгош, икони од селата Подмол, Новаци, Наколец...
- Златни маски од Требеништа
- Околу илјада вредни ракописи, речиси највредни кои ги имало во Македонија...

Србија

- Збирка од 30 вредни ракописи од Лесновски манастир и други цркви и манастири - Лешок, Kрива Паланка...
- Македонски ракописи се чуваат и во манастирот во Дечани
- Литиска икона на Богородица од 14 век
- Златни маски од Требеништа...
- Сите вредни откритија од периодот меѓу двете светски војни се однесени во Србија...

Грција

- Черепот на св. Kлимент
- Охридски повелби во манастирот Зограф
- Многу ракописи во други манастири на Света Гора
- Синајски псалтир, напишан во западна Македонија во грчкиот манастир „Света Kатерина“ на Синај...

Русија

- 130 ракописни книги во Петроград, 55 во Москва, 84 книги во руската академија на науките во Петроград...​



Скапоцената круна (митра) која охридскиот архиепископ Јосиф од 18-тиот век ја добил на подарок од Венеција. Вредна е 40 милиони долари затоа што на неа има 329 скапоцени камења, од кои 245 парчиња се црвени рубини, злато, сребро, филигран. Круната на Свети Климент била пронајдена и одземена од куќата на семејството Филипче во Охрид.











Сребрена кутија со моштите на Света Матрона, 1837 г. Манастир „Св. Наум“, Охрид.




Кандило, 1776 г., сребрен филигран, височина 68 цм.











Сребрена икона од ковано сребро со црн и црвена емајл, пронајдена во црквата „Св. Климент Охрид“, изработена во релјеф од мајсторот Никола, 14. век.

Заради ограниченоста за карактери морав дел од текстовите за да не ги кратам да ги направам со принт-скрин па да ги прикачам како слики.
 
Последно уредено од модератор:
H

Hip.Hop_MKD

Гостин
Ај како ова нешто ново да е.
Не е ништо ново ама со отварањето на Археолошкиот музеј сега, се дава до знаење дека можеме самите да се грижиме за нашето богатство. Ако успееме да си го вратиме она од Белград додека бевме СФРЈ ќе биде супер. http://vecer.mk/kultura/arheoloshkiot-muzej-se-otvora-na-18-oktomvri Тоа би дошло како прво.

НАЈВРЕДНИТЕ АРТЕФАКТИ

Архиепископска митра
Подарок од Венеција изработен од тамошните златари за охридскиот архиепископ Јосиф (1719-1745), тежок 1,5 килограм чисто злато и украсен со 329 скапоцени камења. Оваа митра подоцна ја носеле сите охридски архиепископи, а се чувала во охридската црква „Света Богородица Перивлепта“.

Седумвековна плаштаница од „Света Софија“
Му била подарена на охридскиот архиепископ од императорот Андроник Втори Палеолг во 1298 година. Изработена е од двослојно платно, извезено со златни и сребрени конци.

Покривка со Богородица
Од „Света Софија“ е однесена и покривка со ликот на Пресвета Богородица, подарок од императорот Теодор Kомин и неговата жена Марија на архиепископот Димитар Хаматијан во 13 век.

Вратата на црквата „Свети Никола Болнички“ од 14 век
Двокрилна врата со резби и барелјефи на која се врежани ликови на повеќе животни кои во христијанството се сметаат за чувари. Некои делови се направени во 13-14 век. Се смета за најстар споменик на резбарството.

Иконата „12 Господови празници“ од 12 век
Се чувала во Охрид, не се знае во која црква. Изработена е од лазардит и врамена во дрвена рамка. Има дванаесет празнични сцени од животот на Исус и на Богородица - Благовештение, Роаждество Христово, Сретение, Kрштевање, Влез во Ерусалим, Воскресение...

Хроника на Јован Скилица
Всушност, тоа е препис од 13 век на оригиналниот Запис за историјата на Византија, кој познатиот византиски хроничар го создал кон крајот на 11 век и кој се чувал во Охрид. Постојат преписи и во Ватикан, Париз, Виена и Мадрид.

Икона на свети Јован Златоуст
Ликот на овој светител ретко се наоѓа на иконите. Оваа потекнува од крајот на 14 и почеток на 15 век и е во техника темпера на дрво

Икона на свети Kлимент Охридски
Изработена е во 15 или 16 век во техника темпера на дрво, со димензија 35 на 27, и се чувала некаде во југозападна Македонија. Најпозната икона на овој голем светител.
Триптих-поменик од Слепченскиот манастир
Датира од четириесеттите години од 16 век и се користел за време на богослужбите. На него се испишани многубројните имиња на достоинствениците кои се спомнувале во литургиите.

Опкова за евангелие од 16-17 век
Направена од ковано сребро со позлата опковата се наоѓала во охридската црква „Света Богородица Перивлепта“ и на неа е претставен мотив на распнувањето на Исус Христос.

Kрстови од 17 век
Резба со повеќе мотиви од животот на Исус Христос во сребрена рамка и со филигрански мотиви.

Kовчеже за подароци од „Свети Наум Охридски“
Направено е во 1833 година во форма на трикатна ротонда и на него се претставени ликови на многу светители.

Сребрено ковчеже
Одземено е, исто така, од манастирот „Свети Наум Охридски“, а датира од 1837 година. Изработено е од сребро во елипсоидна форма со главен мотив на „Оплакувањето на Христос“.

Полилеј од Марков манастир
Полилеј со повеќе мотиви направен во 14 век, како подарок на кралот Волкашин за манастирот. Сега е за првпат реконструиран неговиот целосен изглед.

Сребрена кутија и опкова за мошти
Се чувале во охридската црква „Света Богородица Перивлепта“, а датираат од крајот на 18 и почеток на 19 век. Сребрената опкова е наменета за черепот на светителката. Матрона и има несекојдневни филигрански работи.

Реликвии од Егејска Македонија

Највредните реликвии кои се одземени од црквите во егејскиот дел на Македонија потекнуваат од манастирот „Света Богородица Kосиница“, во близина на Kавала. Минатата година грчкиот митрополит од Драма побара нивно враќање во Грција, но тоа беше одбиено.

Се работи за икона на Богородица Одигитрија, работена во техника темпера на дрво со сребрена опкова, крст од 1786 година со позлатено сребро, разнобојни стакла, корали... со главен мотив на крштевањето на Исус, друг крст од 18 век, ковчеже за мошти од 1630 година...
http://www.dnevnik.mk/default.asp?ItemID=20E0CD7A475C7248B018854268E18DC7

Триптиси од непознати македонски манастири
На триптих-поменикот од Слепче може да се прочитаат многубројните имиња на достоинствениците кои биле запаметени. „Помени ги, јеромонаха Серафима, Самуила, Анастасија...“ се чита од големиот запис составен најмногу од имињата на оние кои се спомнувале на богослужбите. До него е уште еден триптих од непознат македонски манастир но од имињата на селата кои се споманти се заклучува дека е од битолско, прилепско и охридско подрачје. На една икона одземена од охридската црква „Света Богородица Перивлепта“ Исус е насликан со врзани раце, а таа била дел од иконостасот.

Убавата резба се гледа на крстовите кои бугарската војска ги земала од црквата „Света Богородица Илокали“ од Серес, Грција и на кои доминира мотивот на распнувањето. Меѓу десетина крстови тешко е посетителот да се определи за најубав, но по своја убавина и оригиналност се одликуваат оние од манастирот „Света Богородица Kосиница“ од Егејска Македонија. Изложени се и повеќе кутии за мошти, рипиди од неколку манастири во Грција – „Свети Јован Kрстител“ и „Свети Теодор“крај Серес, сребрени кадилници, садови за светење вода... Од овие манастири била собрана и разна свечена облека на црковните достоинственици.

Владиката Тимотеј: Ни кажуваа дека се загубени
- Kога прашуваме за судбината на реликвиите кои биле одземени, официјално се кажуваше дека се загубени при транспортот, некаде меѓу Скопје и Ниш.
Сега гледаме дека не биле загубени, туку дека биле криени. Не верувам дека ние ќе ги добиеме артефактите назад. Добро е да се знае какви с` убавини имало во македонските цркви, изјави дебарско-кичевскиот владика на МПЦ-ОА владика Тимотеј.

Kомплицирана процедура
Прашањето на враќањето на овие реликвии е тешко остварливо според сегашните меѓународни норми. Правните конвенции врз основа на кои тие би можеле да се побараат се нови и се однесуваат на период по 2005 година. За она што е одземено пред еден век патот е потежок.

- Во сегашни околности наједноставен е пат преку билатерални договори на засегнати држави. Но, за тоа треба да постои добра волја. Последен обид да се вратат овие реликвии бил направен уште во далечната 1954 година. Тогашниот југословенски Секретаријат за надворешни работи побарал од македонските органи да му се достават докази дека тие биле украдени од Македонија. Но, такви докази не можеле да бидат обезбедени, изјави неодамна за „Дневник“ Јован Ристов, експерт за заштита на споменици.

Божидар Димитров: Драгоценостите во Македонија може да дојдат само како изложба
Директорот на бугарскиот Национален историски музеј Божидар Димитров, познат по својот став за бугарскиот карактер на македонскиот народ, ни рече дека не е можно никакво враќање на изложените скапоцености на Македонија.



-Kај вас може да дојдат само како изложба оти ние сме за соработка но со силни гаранции дека ќе бидат вратени. Тие се земени од црквите во Македонија, но тие тогаш биле дел од бугарската црква. Тие цркви сега се на МПЦ што значи дека таа не може да ги бара. Реликвиите може да се вратат во тие цркви само во случај ако тие бидат во составот на бугарската црква, вели Димитров.
 
Последно уредено од модератор:
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.635
Поени од реакции
13.073
Не е ништо ново ама со отварањето на Археолошкиот музеј сега, се дава до знаење дека можеме самите да се грижиме за нашето богатство.
Ко порано да немаше Македонија археолошки музеј, или јас нешто сум во заблуда?
Измислувањето на топла вода нема да биде причина за враќањето на нештата назад.
Со други зборови, проектот е само перење уста демек од сега па натака „откако ние ќе го отвориме музејот на археологијата веднаш работите ќе почнат да се менуваат“.
Никој не спомна за надворешната политика и дипломатија што моментално треба да се спроведе и води најпрво со соседите а потоа и со другите земји кои ни ги имаат „зајмено“ овие артефакти.
 

Беркут

Мрчатор
Член од
12 април 2010
Мислења
10.027
Поени од реакции
14.947
Никој нема да врати ништо. Исто ко саркофазите со мумиите по британско/американските музеи. Добро е што Г.Делчев го имаме добиено од Софија.
 

Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.504
Златната маска од Охридско е пример за нешто што ни е земено.

Работата била, јас си го најдов, мое е................, што е многу погрешно, посебно многу погрешно е тоа од наша страна што дозволуваме да ни го изнесуваат богатството.
Па ако треба до последно ќе се бориме, ама не го даваме..............., ама изгледа многу малку не има такви кои би се бореле за своето.

За тоа дека ќе ни вратат не ми се верува, зошто прво ние до сега не сме реагирале, а сега ако реагираме ќе бидеме смешки во очите на крадците на нашето богатство.

:unsure:
 

M-1

Добро утро Махачкала!
Член од
6 септември 2010
Мислења
4.243
Поени од реакции
7.363
Мене дикељот од дедоми ми го дрпнаја шо ми го остаде аманет, датираше од 1931, прав артефакт беше.
За време на Светските Војни и меѓу нив, бугарската војска плена доста голема количина на предмети на територијата на Охрид. Ова ми го имат кажвано баба Босиљка, сега ко ќе ја сретнам во маало ќе ја подопитам, та ги рабират работиве ко бајги.
Поздраф!
 
H

Hip.Hop_MKD

Гостин
Пишав кој чита. Она што е однесено за време на СФРЈ во Белград може да се врати и има правна основа. За другото Господ и добра воља (да не речам жими к***).
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.635
Поени од реакции
13.073
Пишав кој чита. Она што е однесено за време на СФРЈ во Белград може да се врати и има правна основа. За другото Господ и добра воља (да не речам жими к***).
Да, но за тоа не ти е потребен објект од 20 милиони евра кога веќе сеуште имаш еден кој можеби му е потребно само мало преуредување и попис што има а што недостасува.
 
Ф

Флеш

Гостин
Ко порано да немаше Македонија археолошки музеј, или јас нешто сум во заблуда?
Измислувањето на топла вода нема да биде причина за враќањето на нештата назад.
Со други зборови, проектот е само перење уста демек од сега па натака „откако ние ќе го отвориме музејот на археологијата веднаш работите ќе почнат да се менуваат“.
Никој не спомна за надворешната политика и дипломатија што моментално треба да се спроведе и води најпрво со соседите а потоа и со другите земји кои ни ги имаат „зајмено“ овие артефакти.

Грешка си пријателе ... ХипХоп супер размислува ... Музеј беше најпотребното нешто како објект каде ќе бидат презентирани сите најважни наоди од историјата на територија на РМ . Со ова се означува нова ера на организација на археологијата и поимот поврзан со името на Македонија . Ние сме наследници на голема историја на нашиот народ од античка доба до 20тиот век . Имаме Стар Музеј каде што се распаѓаше и неорганизиран во повеќе полиња на презентација и публикација на Македонската Историја . Со овој Нов Музеј се централизира и далеку се подобрува комуникацијата и организацијата . Ни престои време каде што допрва мора да се бориме да се одмота замрсеното клопче во моменталната историја и преставување на погрешната слика за нашата историја од страна на светската научна јавност . Мора да се стави и акцент на Првата Светска Војна за кој верувам е искрата за сите проблеми што ги имаме околу нашиот идентитет и постојаниот спин околу реалната слика за нашата историја. Ова е објект ,како што треба да има во сите други познати градови како во Париз,Лондон итн . Со стариот објект сме лимитирани и нема доволно капацитет ,едноставно не е добар и запоставен .


А во однос на оваа тема со враќање на предмети од друга земја,моментално во УК е доста популарна оваа вест ,а меѓу Нигерија и УК се затегнати односите ...

 
Последно уредено:

fmi

Член од
1 февруари 2007
Мислења
13.039
Поени од реакции
2.270
Се разбира случаjно или не фали плаштеницата от Охрид со интересниот текст. :)

 

Щипянецъ

македонски Бугарин
Член од
21 декември 2011
Мислења
1.378
Поени од реакции
544
"Пастиру на Бугарите, спомни си при жртвопринесувањата за владетелот Андроник Палеолог"
 
Член од
17 март 2005
Мислења
11.493
Поени од реакции
1.584
Интересен текст?! :) Простачката бугарска пропаганда го упоребува тој текстот како доказ за наводниот бугарски карактер на Охридската Патријаршија/Архиепископија -- што е ординарна лага.

"Пастиру на вулгарите" се oднесува на византиската тема (војно административна единица) Вулгарија, а не на турко-монголскиот хаганат Бугарија кој потпаднал под темата Паристрион. Ова многу пати е објаснето, да не се расплинуваме овде, но само да потсетиме зошто текстот е “интересен“.

Прашањето е: кога Бугарија ќе го врати украденото по масовната пљачка што сте ја направиле во Првата светска војна откако увидовте дека нема да ја задржите оокупираната македонска територија?!?

Сте се обврзале тогаш да вратите се што сте земале со член 126 од Нејскиот мировен договор, ама не само што не го враќате украдено под разни изговори, туку Божидар Димитров тврди дека се работи за бугарски артефакти.
 
Последно уредено:

fmi

Член од
1 февруари 2007
Мислења
13.039
Поени од реакции
2.270
Прашањето е: кога Бугарија ќе го врати украденото по масовната пљачка што сте ја направиле во Првата светска војна откако увидовте дека нема да ја задржите оокупираната македонска територија?!?

Сте се обврзале тогаш да вратите се што сте земале со член 126 од Нејскиот мировен договор, ама не само што не го враќате украдено под разни изговори, туку Божидар Димитров тврди дека се работи за бугарски артефакти.
Ако ставаме вака прашането, тогава мора да прашаме и зашто НРМ во состав на Jгославиja опрости репарациите на НРБ от Парижкиот мировен договор, коj замести Неjскиот мировен договор во кое число се вклучуваха тези предмети?
Со два збора- вие,како дел от Jгославиja се откажавте официално от нив.
И нешто много битно,нема како да зборуваме за каквото и да е украдено,поради простата причин,дека во православните канонични цркви е jaсно признаен характера на тази црква во целосното суштествуване от 1018 до 1767 година.Jасни са титулите,които носат водачите на тази црква, признаена е и преката врзка после со бугарската партиаршиja со неjниот устав,како канонична црква
 
Последно уредено од модератор:

Kajgana Shop

На врв Bottom