Математичка мистерија

Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Ај истата задача само со бројот 11. ;)
Не постои таков број
Бидејќи нашиот број завршува на 11, значи збирот на цифрите кои ќе се употребат треба да е 9 за да се задоволи условот дека збирот на сите цифри е 11
Признакот за деливост со 11 гласи: разликата од збирот на цифрите кои се наоѓаат на парни места и збирот на цифрите кои се наоѓаат на непарни места треба да биде делива со 11. Во нашиов случај, бидејќи сме ограничени дека збирот на цифрите е 9, таа разлика мора да биде 0
Што значи, наши броеви би биле
За двоцифрени
22
33
44
55 итн
За да трицифрен број биде делив со 11 тој е во облик
121
242
363
484
за четвороцифрен
2112
3113
5775
7557
и така натаму
Збирот на цифрите на ваквите броеви е постојано парен број и неможе да биде 9

Значи бараните услови не можеме никако да го исполниме
на пример
бројот 577511, е делив со 11 и завршува на 11 но збирот на цифрите не е 11
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Во средна група во градинката „ Бамби “, минатат година биле запишани 25 деца, различен процент машки и женски
Ова година, во истата група, се запишале уште 7 деца и на тој начин процентот на женски деца се зголемил за 10%

Колку машки а колку женски деца имало минатата година во групата?
Колку машки, а колку женски деца има оваа година во истата група?
 

Dr. Wish

Outstanding Сasual Dating Authentic Maidens
Член од
23 септември 2013
Мислења
2.393
Поени од реакции
2.794
Во средна група во градинката „ Бамби “, минатат година биле запишани 25 деца, различен процент машки и женски
Ова година, во истата група, се запишале уште 7 деца и на тој начин процентот на женски деца се зголемил за 10%

Колку машки а колку женски деца имало минатата година во групата?
Колку машки, а колку женски деца има оваа година во истата група?
13-12 pred da se zapisat drugite
16-16 ekvivalencija :D
 
D

Daedalus

Гостин
Има две варијанти доколку подразбираш растење на процент од постоечкиот вкупен процент на женски лица.
Првата...
Првата година дошле 20 женски и 5 машки кои се упишале (25 деца).
Послем дошле уште 7 од кои 2 биле женски, а 5 машки (7 деца).
Сега има 22 женски и 10 машки и женските растат за 10% од своите вкупни 100%.
(прво 20 па 22)

Втората варијанта е дека биле 10 женски и 15 машки.
Сега дошле 1 девојче и 6 машки (7 деца).
И сегашниот број е 11 женски и 21 машко (прво 10 па 11... женските растат за 10% од своите вкупни 100%).
Ова важи ако кажуваш зголемување на процент на женски деца и мислиш од веќе постоечкиот процент на женските лица.

Ако подразбираш процент на женски лица кој се зголемил во однос на процентот на машки деца, ондак одговорот на @Dr. Wish со мала исправка секако. :D
Прво биле 40% женски во однос со 60% машки со бројка од 25 што подразбира, 10 девојчиња и 15 машки(Тука си утнал Wish), а потоа дошле 6 девојчиња и 1 машко па потоа биле 50% женски (пораснале за 10%) во однос на 50% машки и 16-16 споредено со сега новата бројка од 32.
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
11.596
Поени од реакции
18.018
Во средна група во градинката „ Бамби “, минатат година биле запишани 25 деца, различен процент машки и женски
Ова година, во истата група, се запишале уште 7 деца и на тој начин процентот на женски деца се зголемил за 10%

Колку машки а колку женски деца имало минатата година во групата?
Колку машки, а колку женски деца има оваа година во истата група?
Пошто не знаеме колкав процент биле машки а колкав женски минатата година, и колку од 7 новозапишани за оваа година биле машки а колку женски, единствени броеви кои што помножени со 1,1 ни даваат цел број (од 1 до 24) се 10 и 20. Така што ако имало 10 женски минатата година, машки имало 15, додека оваа година тие би биле 11 и 21. Доколку биле 20 женски тогаш имало 5 машки, а во новата година тие станале 22, додека машките пораснале за 5, односно вкупно 10.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Процентот во однос на сите
Првата година биле 10 женски и 15 машки ( женски 40 %, а машки 60%)
Дошле уште 7 деца - 6 женски и едно машко
Сега има 16 женски и 16 машки, по 50%
Честитки!
 
D

Daedalus

Гостин
Во моментот на случката, никој. Али ако земеме дека тој од Е ќе го бутне објектот, првенствено зависно од силата со која ќе го бутне, каменот може да ја убие особа Д, бидејќи главата и' е доволно надвор за да се прецвика или ако каменот рипа поради моментумот, силата на гавитација + неправилната форма на каменот и по можност неправилниот пат кој не можеме да го видиме од оваа перспектива, може дури и одозгора да му падне и да му го набие вратот.

За особа Ц, не ја знаеме тежината на објектот горе. Ако земеме дека се од ист материјал (а ќе земеме дека се поради тоа што се исто ишрафирани) со каменот доле, ондак каменот доле е со поголема маса од првиов кој е нецелосен, но, не го знаеме растојанието на прачката за да го пресметаме моментот кој каменот од горе ќе го има и силата со која ќе удри која ќе биде резултат на неговото веќе забрзување по патеката.
Ако знаеме колку е долга патеката по која се лизга каменот Е, колкава е масата на каменот, аголот на патеката кој ај од око ќе земам дека е 45 степена, можеме да направиме груба проценка на силата. Све што ни е непознато, е масата на каменот од горе и тоа одлучува дали ќе го убие тој од Д со испакнатото главче. Релативно, ако ги земеме прозволно големините на околинските предмети според големината на луѓето, ондак...

Едно квадратче = 1 m
Ако се камења тоа, од прилика 1 камен минимум = 1 тон. На другиот му фали околу 1/4 = 750 kg.
Отприлика силата потребна за буткање на каменот е 50 N да кажеме. И ќе изоставиме коефициент на динамичко/статичко триење со силата на триење пошто не знаеме од што материјал е лизгавиот терен.
К1=1000 kg
К2=750 kg
Fk2= 50N + 750X10 cos 45 (степена)(0.7) = 5300 N и со 7 m/s^2 ќе стигне за секунда до несреќников кој огромна е шансата да си го скрши вратот. Другиве би требало да се безбедни, ем неговата глава ќе го успори каменот со контра сила, така да може и да не стигне до доле (што ме мрзи да пресметувам), ем и да стигне, другиов што е потежок нема да му дозволи да го повреди тој доле.

Другата шанса е поради констркцијата на каменот кој паѓа и начинот на кој ќе биде бутнат + патот, каменот да да го прерипа несреќников и сите да се спасат.
Ако сум утнал нешто, чекам други решенија. :D

Сега видов дека можеби дупчето ќе дојде кај што е главата дур врти каменот! Ипак, ако идеме по калкулирање 2 квадратчиња дупка, 3 квадратчиња, пред да стигне дупката пак, ќе му ја згмечи главата. :X3:
 
Последно уредено од модератор:

Kajgana Shop

На врв Bottom