Какво е образованието во Македонија?

Член од
22 февруари 2014
Мислења
172
Поени од реакции
27
Дечки, јас креирав една анкета, се однесува на образованието кое сте го имале во основно, а и сега во средно. Работиме на проект за подобрување на вашето образование, па потребна е ваква анализа, која ќе се трае неколку месеци, за да има подобар увид. Ова не е поврзано со Влада, Министерство и сл., туку е проект на неколку ентузијасти :)
Ќе ве замолам да одговорите на прашањата што поискрено, ние работиме за вас. Поздравче :)
https://www.surveymonkey.com/s.aspx?sm=C95AiW62NXXUvGQ1NT6Qcw%3d%3d
 

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.109
Да си студент во Македонија значи:

Да немаш попуст на карти за културни случувања, а исто така да немаш и можност за хонорарна работа.

Да се образуваш и учиш за испити, исклучиво од литература на друг јазик.

Да бидеш жртва на нечија шизофренија, поточно секој семестар да фрлаш пари за работи кои не ги добиваш: хартија, копирање на учебници, услуги од студентски сојуз и многубројни измислици.

Психички да те малтретираат искомплексирани професори.

Да учиш, ама да паѓаш на испити.

Да бидеш исто така жртва на нечија потреба за пари. Оттаму и мито и корупција.

Уште еднаш, да си жртва на политички превирања и манипулации.

Да си потценет и омаловажуван.

Да имаш необезбедена и несигурна иднина.

Да си тело преку кое може да се перат пари. Се извинувам, дали споменав жртва?

Да учиш теорија, без пракса.

Да молиш професори за консултации.

Да чекаш резултати од прв колоквиум се до денот кога се полага вториот.

Да патуваш од друг град само за да ти каже професорот да дојдеш друг ден.

Да бидат нељубезни и неуслужни со тебе од студентски прашања.
Листава, која секако е подолга може и да не постои.
Изборот е твој.
http://www.fakulteti.mk/news/12-08-03/da_si_student_vo_makedonija_znachi.aspx


и после, кога овие гревчиња вака напатени и измачени ќе дипломираат поготово оние на ФЕИТ, ФИНКИ и Медицински - треба да добијат по две дипломи наеднаш и згора и ордени за храброст и истрајност

ЈАКА ВИ ДУША ДЕЧКИ :mad::mad:ја би све отерал у три лепе по брза постапка не да ги мољакам ( среќа моја што овакви морони немаше надвор)
 
Последно уредено:

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.109
еве го всушност одговорот на темава- во еден пост иако тој се однесува на конкретен факултет , но разлика и по другите гарант нема
Трупањето на секаков вид математики ( и фондот на часови кои го зафаќаат) само лошо делува кон остручувањето на иден работник од областа на IT. Вака од се по нешто и ништо на крај.
 

Jet

Член од
17 февруари 2009
Мислења
29
Поени од реакции
6
При милион стручни книги напишани од докажани лица во одредена струка, не ни се потребни книги напишани од наши професори. Постојат милиони книги кои се премногу добро разработени (форматирање, слики итн) зошто би ни биле потребни книги од наши професори кои ги пишат истите само за да би имале книга издадена од нив.

Голем проблем во високото образование кај нас е недостапноста до соодветен материјал за учење. Стручно лице не се станува со учење од скрипта од 50 стр.
 
Член од
6 јули 2011
Мислења
3.828
Поени од реакции
7.710
Кои се европските или пак светските индикатори за квалитет во образованието ?

Што мислите, кои се потребните чекори што треба да се направат да се реформира образованието?

Што е тоа што треба да се промени, а што не?

Сметате ли дека треба да се воведат модерни, иновативни методи ? дека постоечките се застарени односно застарен е пристапот на пренесување на знаењето?

Кај државните факултети дали освен теоретската настава и недоволната примена на праксата -испаѓа дека практичната рабта на факултетите е многу слабо застапена или пак на некои воопшто и ја нема поради Х причини- некаде поради лошата опрменост на факултетите, некаде поради не/желбите на професорите.....
--- надополнето: 4 август 2013 во 08:42 ---
.
.
.
Пред некое време пишуваше по медиуми дека :

„има случаи на одредени факултети еден професор да им е ментор на 30 магистранти, отсега оваа бројка се ограничува на максимум 10 за една година. За еден професор да биде ментор мора да има објавено најмалку шест труда во меѓународни списанија со фактор на влијание...За секој објавен труд на еден професор факултетот може да му исплати една плата плус.
Универзитетот ќе има обврска да организира студиски престој за минимум 30 студенти годишно, во траење до три месеци, и тоа на некој од првите 500 рангирани универзитети според Шангајската листа. а трошоците за престој, школарина, осигурување, патни трошоци ќе треба да ги плати универзитетот, односно факултетот.


Првпат државата им нуди помош за вработување на лицата што ќе магистрираат или докторираат на еден од првите 200 рангирани универзитети во светот. Тие лица може да побараат помош од Министерството за образование и наука и деканатот на соодветниот факултет, кои ќе помогнат да го вработат...........................

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=12313845537&id=9&setIzdanie=22786
Можеби ќе бидам малку офтопик.
Коренити промени се потребни најпрвин во основното образование. На факултетите полесно ќе се оправи работата. Но најмногу од се’ треба да се смени свеста на луѓето.
Додека родителите ја гњават учителката на сите можни начини, додека се важни само петките и ништо друго, додека има протекции до бесвест, додека ученикот и’ се заканува на учителката дека татко му ќе ја избрка од работа, додека нема валоризација на наставниците, ќе си тапкаме во место.
 

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.109
едно прашање до вас
вистина ли е тоа дека сегашниве дипломци се сликаат за табло без капи и тоа по наредба на ректоратот?
Моја братучетка ми спомна дека пред повеќе од месец дена им договориле од факултет некое студио каде се сликале за табло -но им било кажано -да мора без капи :eek:
Дали на сите факултети е така и ако е ЗОШТО? кога секаде во свет е обратно од ова
( бар пред повеќе од десетина години така беше)

 
Последно уредено:
Член од
14 март 2014
Мислења
473
Поени од реакции
1.163
Премногу се учат непотребни нешта.
Можеби е со цел да се има знаење кон секоја област,ама така само се буба и не се добива знаење за знаење,туку знаење за оцена.
Повеќе од половина ученици учат со бубање и поради оцена,од што се преоптоварени.
Пример,во гимназииве се учат за ОХА и ОХБ биологија,физика и хемија,предмети кои се учат и во математичките смерови,и плус е огромен материјал.
(n)
 
Член од
28 март 2014
Мислења
77
Поени од реакции
43
Образованието е најдобрата алатка преку која секоја општествена единка се манипулира односно алатка за оформување на општествени роботи и има најфатални последици врз најинтелигентната популација.Сеуште е останата примитивната структура,но во поинаков облик, што постоела за време на инквизацијата на црквата,но за манипулаторите соодветно е пласирањето на убедувањето дека таа примитивна структута е засекогаш надмината како една од многубројните бомбарирачки лажни убедувања.Ситуацијата е речиси грозоморно безнадежна за сеопштото образование низ целиот свет,без исклучок.Морав да го сведам одговорот на овој минимум,затоа што е инаку премногу опширен и неделив. :гик:
 

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.109
MI SE GAADI od makedonskiot haos :sick::sick::sick:


што сè може да прочита еден петтоодделенец во учебник што ги поминал сите нивоа на проверка и што бил одобрен од Националната стручна комисија.
авторите на учебникот „откриле“ дека нашиот јужен сосед Грција излегува на четири мориња, меѓу кои и на Јадранско Море.



Состојба на поседување земја? Како ова може да го прими главата на еден петтоодделенец? Како ли воопшто звучело во главите на авторите и што сакале да кажат со тоа?
Освен збунувачки дефиниции, во учебникот Општество за петто одделение може да се најдат и недоречени дефиниции. Авторите велат дека „Држава е збир на институции според кои се однесуваат луѓето“ (7 стр.). Реченицата е буквално пренесена, а како неа ќе ја протолкува петтоодделенецот е навистина уште едно наградно прашање за тие што го одобриле овој учебник.
содржината во учебникот е премногу тешка, сложена за десетгодишни деца. Дури и еден возрасен ако се обиде да ја објаснува, може да се врзе во јазол. Имаше реакции дека лекциите се преобемни и дека одвреме-навреме во нив може да ве пресретне некоја нелогичност, нејасни реченици, дури и неточни.

http://www.mkd.mk/makedonija/nagradno-prashanje-za-ministerstvoto-za-obrazovanie-na-koi-morinja-izleguva-grcija[DOUBLEPOST=1413650539][/DOUBLEPOST]ви текнува на проектот „Превод на 1000 стручни, научни книги и учебници“ ????
ете ги учебниците на децата, студентите...
Во 2010 бев сведок на превод на „стручна„ литература
Ако ви кажам кои се’ и како ја преведуваа- умот има да ви штукне
 
Последно уредено:

Waverly Raven

Valedictorian
Член од
3 мај 2013
Мислења
152
Поени од реакции
78
Главно можам да зборувам за средното образование, бидејќи факултет немам сеуште искусено...
За средното образование, стручно или гимназиско има многу да се кажува, дискутира, критикува и сл.. Моментално средните училишта се БОМБАРДИРАНИ од инспекции кои на еден начин сакаат да го подобрат образованието(читај да го направат слично на она во америка) и притоа незабележително се отвараат такви дупки и пропусти што и самото министерство не е свесно за... Нели средното образование, а воедно и основното се темел на се, е сега во СТРУЧНО образование каков темел ке биди тоа за струката кога ке се учат 14-15 предмети од СИТЕ можни области?? Учениците од гимназиите незнаат каде да студираат потоа поради недоволната ангажираност на професорите за нивно СООДВЕТНО насочување, а не каде и другар ми таму и јас.. Бидејќи да бидеме искрени тоа правило сеуште работи, за жал!
Е сега за практичната настава, во стручните училишта е сведена на 0!! Поради ред прични од кои: недостиг на средства(пари(БЛОКИРАНИ СМЕТКИ)), а со тоа и несдостиг на инвентар, реагенси, и сл. Професорите предаваат сеуште од СКРИПТИ, а КОПИРАЊЕТО на учебници и скрипти Е ЗАБРАНЕТО СО ЗАКОН! Но од што да се учи?? Исто така проф. си ги носат домашните проблеми на работа и секако дека ќе нема поволна атмосфера за одржување настава...
А екстерното оценување... Епа проценете сами, да се оценуваат НАСТАВНИЦИ И ПРОФЕСОРИ, а не успех на ученик, а всушност оцените одат во сведителство, а од кратењето на платите К нема, се е на грб на улениците.
Да не зборувам за наставните планови, кои се претрупани со глупости од типот на МИО(меѓуетнички работилници) или ЕКО ЧАС кој пропаѓаат без врска, поради недоволна упатеност за извршување... РАБОТА ВО ГРУПИ, каде ќе работиш во групи кога се знае дека само еден работи во групата, а другите дремат... А да не споменувам за самата непогодност на училницата СО КОМПЈУТЕРИ за работата во групи, постојано се тргат кабли, монитори и сл и после расипани биле...
Самите УЧЕБНИЦИ се ужас!! Печатни грешки до немајкаде, несоодветни, пишувани или преземани од страна на Х-луѓе кои се нарекуваат автори и секако самиот учебник поминал низ рецензија(од универзитетски проф).
 

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.109
Самите УЧЕБНИЦИ се ужас!! Печатни грешки до немајкаде, несоодветни, пишувани или преземани од страна на Х-луѓе кои се нарекуваат автори и секако самиот учебник поминал низ рецензија(од универзитетски проф).
Испечативме лоши книги. Ќе ги платат читателите :pos:
Тоа е секојдневието во МКД
мува не ги лази - важно да се бројчано повеќе - а содржината мање битна - или небитна
 

macko i

Локален шериф
Член од
8 јуни 2011
Мислења
2.717
Поени од реакции
1.469
Ужасно! Посебно за најновиве генерации кој ќе учат по кембриџ за раствори , струјни кола и математика која не ја разбират ни деца на 13 години а камо ли на 8-9 годишна возраст. Учење од преведени книги со превод на гоогле транслате зш нашиве доктори на науки ги мрзи да пишуваат! Се на се за некоја година ќе бидеме ко Американците глупи и неспособни зш политичарите сакаат такви луѓе!
 
Член од
21 мај 2008
Мислења
10.849
Поени од реакции
11.477
Ужасно! Посебно за најновиве генерации кој ќе учат по кембриџ за раствори , струјни кола и математика која не ја разбират ни деца на 13 години а камо ли на 8-9 годишна возраст. Учење од преведени книги со превод на гоогле транслате зш нашиве доктори на науки ги мрзи да пишуваат! Се на се за некоја година ќе бидеме ко Американците глупи и неспособни зш политичарите сакаат такви луѓе!
Реално гледано, докториве на науки (целам на тие што предаваат на факултет), не можат да пишуваат учебник за основно бидејќи нивниот стил на пишување нема да биде разбирлив или едвај ќе биде разбирлив за основците. Искрено кажано, и во средно може да биде проблематично, камо ли во основно. Еден од главните проблеми во основно и средно е пренатрупаноста со материјал и тоа само теорија, а практика нула. Па после професорката во физика ќе ни објаснува експерименти со футролата од наочарите...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom