Маскотата еј! Не сум ја прокоментирал до сега! Па биваше ли да паднеме до толку бе, на ниво на Минчолург сме јеботе, и на нивниот Металко!
А за денес, што да се дискутира, факт е дека се играше опуштено од наша страна, ама факт е и дека недопустлива е ваква игра.
Џамбо на утакмицава не убеди дека заслужено не наоѓа место ни на клупа во ЛШ. Човече, па против факинг Раднички да немаш преку 10 одбрани е мизерија. Одбраната исто слаба, ако ова е одбраната со која треба да се браниме од Веспрем, тотално наебавме.
Растворцев комотно може да го префрлат у Вардар Јуниор, го уништија денес. Не знам колку шутеви поминаа над него, колку пати го пројдоа гостинскиве играчи. Само, Пепи беше на трибина, па којзнае дал ќе сака да го земе во тим.
Интересно е дека Карачиќ и Блаженко играа само одбрана денес, ама и тоа некако не ми изгледа како уверливо решение за Веспрем.
Од нападот и не може да се очекува нешто премногу, ако земеме во предвид дека во најголем дел го одиграа Терзиќ, Фичо и Прибак. Дури, Терзиќ и Фичо се утепаа и од давање голови, ама играа толку неуверливо што ми падна незгодно. Многу беа нестабилни, изгубија еден куп употребливи топки. Чипурин исто се откости од промашување.
Интересно беше што на крило, скоро цело второ полувреме играа Бутин и Јовчевски. Може изиграле добра утакмица минатиот викенд за Јуниор, па сега ова им е ко награда.
Баш ме интересира што ќе се случува во петок против Татран. Реално, со ваква игра не проаѓаме против нив. И за крај, уште една пофалба за МКТикетс. Кога имаш цена на карта 120, биди спремен дека ќе треба да враќаш кусур. Чекав добри 10 минути за дечките да соберат пари за враќање.