Феноменот seen - напаст на социјалните мрежи

Член од
11 април 2014
Мислења
92
Поени од реакции
179
Но зошто си должна да и` ја даваш тавата ако знаеш како постапува со тебе? :D Да не и` се појавиш во пресрет затоа што знаеш што човек е и како (не) реагира на твоите пишани пораки е едно. Да избрзуваш со заклучоци дека seen не значи ништо друго сем игнорирање е сосема друга работа. Ако другарка ти ти мава Seen, конотацијата не е иста со ете утре ако некој ти напраил еднаш-два пати. Човекот е репрограмиран кога некогаш ќе се “изгори“ со такви Seen заебанции па ај утре ќе дува и на маштеница. Но ете некад не ти се има десено обратната ситуација - да избрзаш со заклучокот и да плеснеш во лице као тој/таа те избегава а уствари тој/таа биле стварно зафатени?
Исто ме интересира за факторот - што ако тој/таа заборавил/а да ти одговори после одредено време? Се случува во момент на расеаност луѓе да заборават. А мислам дека е се` почесто застапен „проблем“ taken that многу од луѓето и работат во исто време.
И на крај, должност ли е секому да се реплицира во сечија порака? Еден меѓу најмалите „дисреспекти“ што може некој да ти направи е да не ти одговори. Еве ти пример: Договараш собир некаде/дома и пишуваш групна покана и добиваш едно туце seen, и после тоа се лутиш као демек они те избегаваат. И да е така, ти си самата крива што карактерот не ти дозволил со време да си речеш - аааа кој ги ебе, еве ќе се пишам со Трајко да се видиме на кафе“. Пошто и да испаднало нивното после тоа, имаш изговор - веќе си се договорив со Трајко, не знам зошто толку време ви требаше да пишете. Така да no harm done.
Не сите се навикнати постојано да бидат игнорирани,за тоа си сака тренинг од малечок да бидеш човек сенка никој да не те приметуе нити да ти мава рецка со тек на време таквите почнуваат сами со себе да си праат муабет чак у друштво тој си збори другите 18сти муабет прават. :D
 

ShakaZulu

" Тој Сум Бре "
Член од
29 јули 2008
Мислења
3.258
Поени од реакции
3.608
Не сите се навикнати постојано да бидат игнорирани,за тоа си сака тренинг од малечок да бидеш човек сенка никој да не те приметуе нити да ти мава рецка со тек на време таквите почнуваат сами со себе да си праат муабет чак у друштво тој си збори другите 18сти муабет прават. :D
Во ред ама пак немој да мислиш дека сите како некој од малечки биле со
кажи сине
кажи злато
одма мама/тато за тебе сега
да ти ја исчистам рибата
да ти дувам во супата да се излади
каков сладолед/чоколадо сакаш
(сега модерно) кој смартфон/таблет да ти го купиме
...

Вниманието од другите се заслужува а не се очекува... така и seen, ако си залужил одговор одма ќе ти пратат одма, ако виделе а не можат да одговорат ќе ти одговорат кога ќе можат а ако не сакаат да ти одговорат и десет пораки да пратиш-сите со seen да се пак нема да ти вратат...
 

Nino Manchester

Oŋce α RED, αlwαys α RED
Член од
4 јуни 2009
Мислења
14.530
Поени од реакции
17.887
Значи како прво тој што пишуа треба да биде свесен дека ја не сум на дугме,или дека у моментов пример излегувам па неам време и дека ќе му пишам покасно.Ако сум од моб,враќам у зависност за што ме бара,ако гледам дека му е досадно и онака ми пишува,толку културно го одјебувам.Инаку за мене она гасење чет,офлајн се педерски работе.Ако сакаш да имаш некого на фб ок,ако не го бришем и ич мува не ме лази.Значи у главном им враќам на сите,у зависност од можностите.
 

kjara

Самовилата
Член од
1 март 2007
Мислења
666
Поени од реакции
1.424
Златно дугме Х (она во десниот горен агол). :icon_mrgr:
 

blue ladybug

Фанг ловер
Член од
5 февруари 2013
Мислења
5.210
Поени од реакции
11.803
Искрено, ве жалам. Да се замаравте за попродуктивни и попотребни работи во животов, да разберам. За синот бе! :facepalm:
Смешни сте. И плитки премногу чим ова ви се замарации и проблеми у вашиот 20+ животен век.
 

The_Red1

значи фактички
Член од
18 септември 2009
Мислења
4.209
Поени од реакции
4.756
Искрено, ве жалам. Да се замаравте за попродуктивни и попотребни работи во животов, да разберам. За синот бе! :facepalm:
Смешни сте. И плитки премногу чим ова ви се замарации и проблеми у вашиот 20+ животен век.
на групната порака од С.М. за диџејот кога предложи да идеме од тебе добивме само Seen, а јас од телефон се измачив реферат да напишам. мислиш дека ми беше сеедно? :(
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.331
Поени од реакции
57.866
Се претвораме во нежни, тажни, суштества со постојана потреба за внимание и разбирање. Некој ве игнорирал на интернет и одма реки солзи. Турете во главите дека:

- Во животот ќе имате мал број пријатели кои секогаш ќе бидат тука за вас.

- Сите други си имаат свој живот и свои пријатели. Не се должни да ви одговорат нити да бидат пристојни со вас затоа што на мониторот пишува дека сте пријатели, или затоа што сте трети братучеди. Некои од нив гледаат фудбал, гледаат порно, гледаат во плафон и да, сите овие активности им се поважни од вас и вашата глупава порака.

Затоа пораснете и плачете помалку. Има нешто што се вика реципроцитет. Ако не го практикувате, тогаш и заслужувате да бидете игнорирани.
 
G

Gricko_

Гостин
Поиритирачки од seen е кога после месец дена, откако си ја сфатил пораката на seen, те застанува и ти вика да не си ми лут нешто или ти бара некоја услуга.
 

blue ladybug

Фанг ловер
Член од
5 февруари 2013
Мислења
5.210
Поени од реакции
11.803
на групната порака од С.М. за диџејот кога предложи да идеме од тебе добивме само Seen, а јас од телефон се измачив реферат да напишам. мислиш дека ми беше сеедно? :(
Се расплака оти не ви вратив? :) Јас обично така кога ќе ми пише некој за видување на фб, ако можам да дојдам на договореното место, одма кревам телефон да се договорам и потврдам. Друг пат да си знаеш. :P
 

Бавча

идол на младите
Член од
25 декември 2007
Мислења
11.615
Поени од реакции
10.869
Напаст се социјалниве мрежи, а синот е нешто што не се опишува.
Сигурно води потекло од друга планета. После синот, луѓево почнаа да менуваат вера и место на живи луѓе да веруваат во корпоративни глупости кои само го перат мозокот, да хакнуваат профили на партнери, пријатели итн...почна да се јавува една параноја и нестабилност, што доведе до едно такво лудило, да не може човек да живее на раат.
Марк Цукенберг да ме сања гол секоја вечер.
 

The_Red1

значи фактички
Член од
18 септември 2009
Мислења
4.209
Поени од реакции
4.756
Се расплака оти не ви вратив? :) Јас обично така кога ќе ми пише некој за видување на фб, ако можам да дојдам на договореното место, одма кревам телефон да се договорам и потврдам. Друг пат да си знаеш. :P
Не бе па ти, не си ласкај до толку :P само можеше кратко да кажеш, да напишеш дека не си заинтересирана, а не да те чекаме со С. :icon_lol:
 
I

IBIZA SOUND

Гостин
Многу паметна опција е сеен. Знаеш дека видел/а, а и после пет вклучувања не ти одговара......... сфаќаш дека е дебил и неќе да ти прави муабет, а да го немаше сеен и после пет вклучувања нема одговор, а кај дебил, па и во живо ќе ти вика дека не видел, неможел.....:)


Јас сум пресреќен што го избришав тоа Фејсбукот и што се спасив од него еднаш за секогаш........ ЖИВОТОТ Е ПОУБАВ БЕЗ ФЕЈСБУК! :)
isto ti e,stom na forum si tuka isto ti e dali imas fb ili ne :D
 

Kajgana Shop

На врв Bottom