Заборавени(изумрени)професии

Член од
2 април 2012
Мислења
144
Поени од реакции
133
Ткаење на разбој,уште еден изумрен занает.
Баба ми ткаела ќилими и јамболии,навлаки,торби и престилки за потребите на своето домаќинство.
Во нејзиниот дом сеуште ги чува и употребува,што значи смрт немаат овие ткаенини. Занаетот го научила од својата мајка.Но за жал не и го пренела на мајка ми. Мајка ми само научила да везе (јастучници,чаршави,пешкири,навлаки,гоблени,таписерии) и да хекла миленциња (ама не за на телевизор :ROFLMAO:) .
А јас во животов само сплетов еден шал и толку.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Налбантин... или потковувач... Изумрен занает.
Налбантин ти е на струмички.
Човек кој потковува коњи.
Мислам дека изумреа и сарачите. Тоа беа луѓе кои изработуваа опрема за коњи... узди, амути, седла...
Не е можно да денес нема потковувач на коњи
Коњите и магарињата мораат да се потковуваат
Се потковуваат и воловите кои работат.
 

concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
хе, фала Господине Анчо.., за миг ме вративте во детството;)
Ај сеа ќе пробам нешто: вратата на Свети Димитрија , па одиме ..дуќанчињата кои и денес постојат, па уличката на лево, мислам к'лдрмата уште ја има. Преку неа паркчето со потпорен ѕид и чешма на аголот како дел од ѕидот..на чиј врв беше ЦК-а.
Одиме по Караорман сега, на ќушето она подигнатиот излог со велосипеди, каршија амамот и дуќанот на Краш (Животинско Царство), па после дуќанот со кожа ,ѓонови и кондураџиски потрепштини ко у сутерен.. па Базар со текстилот со чудни ламби на петролеј кои јако светеа со некаква усвитена мрежичка( кога често немаше струја..), па слакарницата Пеливан (имаше во чаршија и Мал Пеливан и Баш пеливан ко ланец на франшиза беа......, браварот отварач на сефови, после на стрмата уличка нагоре, копчарот. На ќушето тој со шапките, па Лила слаткарница.
Од каршија Борово..(тие твоите неколку скали нагоре ме натераа на ова призивање на духови).
После одма се влегуваше во некој двор со некоја менза-кафана што ли беше , па казанџијата, веројатно ти се сеќаваш на неговиот нов дуќан од блокот дуќани кои го изградија многу подоцна, му го срушија стариот фамилијарен, па доби нов... кој сега пак го срушија изгледа.....
Беше покрупен не многу висок човек, стално мрачен ( со многу добра тажна причина) кој ритмички удираше по бакрот на една чудна наковална, седнат горе на понкот крст нозе и како никогаш да не си одеше дома. Пред него полека и необјасниво за мене тогаш.., од лимот се формираше казан...
Одма тука беше и берберницата каде првпат ме однесоа на шишање.
Каршија на самото ќуше бои и лакови.На крајот на тој дел на Караорман десно од страната на казанџијата....дуќан со венци и погребални сандаци, каршија Гранап..брашно,сол,шеќер, ориз,зејтин..се на кило, само дифката пакувана (дуќанот уште постои) под нозете на улицата која одеше до мостот.., зиданиот со тули свод на реката Серава, а преку улица фурна со ѕидана печка и за секогаш неповторливиот мирис на свеж топол леб.
Каршија паркчето..последното од големите дрва долго стоеше на местото каде е Скендер бег.
Куќите околу беа сите убави, некои и со витражи. На тој дел ептен добро се сеќавам, карши складот на Ауто Македонија и нивната голема американска лимузина, живеев до земјотресот. Мислам дека би можел во детаљи да го нацртам : работилниците на слаткарството Ванила, нивните две запрежни коли -фургони со арабаџијата напред под стреа ко кај Амишите..за развезување тулумби и остало, со огромните белгиски пиварски коњи.., па ливницата која лиеше ногари за машини за шиење, па калајџијата и гаражата за противпожарни возила, чешмата со каменото корито, ковачот едниот, па другиот погоре. Улицата Караорман одеше од Камени Мост па се до Стара Нова Бања во која еднаш како мал мајками ме зеде со неа и убаво се сеќавам на просторијата со камените клупи, канали за топла вода во нив и лимените лончиња за поливање.
Занимливо..., изгледа дека е точно тврдењето дека мозокот памети се, само ние ја немаме способноста да ги отвориме кога ни ќефне тие фајлови , освен во сон или кога некој Анчо ќе те поттикне на сеќавање.

Стари занаети??? ...не заебаајте секоја работа на овој свет има почеток, максимум и крај. Сеа нема можеби калајџии, јорганџии и слично , ама има веб дизајнери, мерчандајзери, маркетинг гуруи, контролори на летање. Можеби само курвите од сите видиви се едни па исти од век и веков , па дури постои веков:pos::pos:
 
Последно уредено:

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.267
odbrana12.jpg marksizam-odgoj-obrazovanje-knjiga-ii-slika-34612015.jpg

Професори по Марксизам и Општо Народна Одбрана, во фирмите имаше и референти за Општо Народна Одбрана.
И тие занимања изумреа.
 
Член од
22 јули 2014
Мислења
621
Поени од реакции
766
Старите занаети се национално богатство...тие не треба никогаш да умрат целосно...ние ги познаваме, но новите генерации едвај ќе знаат за нив...а што ќе ти е да ја знаеш далечната историја на својот народ, ако не ја знаеш таа поблиската, на твоите баби и дедовци.
 

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.403
хе, фала Господине Анчо.., за миг ме вративте во детството;)
Ај сеа ќе пробам нешто: вратата на Свети Димитрија , па одиме ..дуќанчињата кои и денес постојат, па уличката на лево, мислам к'лдрмата уште ја има. Преку неа паркчето со потпорен ѕид и чешма на аголот како дел од ѕидот..на чиј врв беше ЦК-а.
Одиме по Караорман сега, на ќушето она подигнатиот излог со велосипеди, каршија амамот и дуќанот на Краш (Животинско Царство), па после дуќанот со кожа ,ѓонови и кондураџиски потрепштини ко у сутерен.. па Базар со текстилот со чудни ламби на петролеј кои јако светеа со некаква усвитена мрежичка( кога често немаше струја..), па слакарницата Пеливан (имаше во чаршија и Мал Пеливан и Баш пеливан ко ланец на франшиза беа......, браварот отварач на сефови, после на стрмата уличка нагоре, копчарот. На ќушето тој со шапките, па Лила слаткарница.
Од каршија Борово..(тие твоите неколку скали нагоре ме натераа на ова призивање на духови).
После одма се влегуваше во некој двор со некоја менза-кафана што ли беше , па казанџијата, веројатно ти се сеќаваш на неговиот нов дуќан од блокот дуќани кои го изградија многу подоцна, му го срушија стариот фамилијарен, па доби нов... кој сега пак го срушија изгледа.....
Беше покрупен не многу висок човек, стално мрачен ( со многу добра тажна причина) кој ритмички удираше по бакрот на една чудна наковална, седнат горе на понкот крст нозе и како никогаш да не си одеше дома. Пред него полека и необјасниво за мене тогаш.., од лимот се формираше казан...
Одма тука беше и берберницата каде првпат ме однесоа на шишање.
Каршија на самото ќуше бои и лакови.На крајот на тој дел на Караорман десно од страната на казанџијата....дуќан со венци и погребални сандаци, каршија Гранап..брашно,сол,шеќер, ориз,зејтин..се на кило, само дифката пакувана (дуќанот уште постои) под нозете на улицата која одеше до мостот.., зиданиот со тули свод на реката Серава, а преку улица фурна со ѕидана печка и за секогаш неповторливиот мирис на свеж топол леб.
Каршија паркчето..последното од големите дрва долго стоеше на местото каде е Скендер бег.
Куќите околу беа сите убави, некои и со витражи. На тој дел ептен добро се сеќавам, карши складот на Ауто Македонија и нивната голема американска лимузина, живеев до земјотресот. Мислам дека би можел во детаљи да го нацртам : работилниците на слаткарството Ванила, нивните две запрежни коли -фургони со арабаџијата напред под стреа ко кај Амишите..за развезување тулумби и остало, со огромните белгиски пиварски коњи.., па ливницата која лиеше ногари за машини за шиење, па калајџијата и гаражата за противпожарни возила, чешмата со каменото корито, ковачот едниот, па другиот погоре. Улицата Караорман одеше од Камени Мост па се до Стара Нова Бања во која еднаш како мал мајками ме зеде со неа и убаво се сеќавам на просторијата со камените клупи, канали за топла вода во нив и лимените лончиња за поливање.
Занимливо..., изгледа дека е точно тврдењето дека мозокот памети се, само ние ја немаме способноста да ги отвориме кога ни ќефне тие фајлови , освен во сон или кога некој Анчо ќе те поттикне на сеќавање.

Стари занаети??? ...не заебаајте секоја работа на овој свет има почеток, максимум и крај. Сеа нема можеби калајџии, јорганџии и слично , ама има веб дизајнери, мерчандајзери, маркетинг гуруи, контролори на летање. Можеби само курвите од сите видиви се едни па исти од век и веков , па дури постои веков:pos::pos:
ЕЕЕЕЕЕЕ...добар ден комшија, па денес нема и на кого оти да му речеш ни добар ден...
Јас за Еврејското Маало пишував повеќе во истоимената тема „ Е.М.во мојте сеќавања“ или за рибарницата на таа уличка што велиш лево прво беше гранапот.
Се сеќаваш на чичковците пред врата на црквата со Точна вага кој продаваа и дрвени закачалки.(прочитај ја таа тема.
А продавниците за велосипеди беа пред угорницата и тие со црн мачкан патос на душемето како и другите.
Најгоре карши ЦК беа сместени ОЏАЏАРИТЕ, и тој занает изумре, а над нив фотографите (дуќаните уште стојат и до скоро и фирмата на еден од нив,тука се сликаа најчесто војниците кој слегуваа од касарните кон градот.
Се сеќаваш ли и на топовите што пукаа од Калето, па на Прочка на Калето,бунарот,и за тоа имам пишувано многу.
Јас живеев во дворот на Ц.К. после земјотресот беше тоа такси-камионски сервис со зелените мали 2Т тамчиња-фиатки.
На влезот во чаршијата беше дуќанот за сода вода и сокови,она со стаклени шишиња,превртени наопаку.
Никој не ги спомна АМАЛИТЕ,со дрвените едноосовински колички кој стоева и чекаа муштерии лево од Камен мост.
Се сеќаваш на тие звуци,на таа прекрасна музика,, звуци на чаршијата кога овие колички со метални обрачи на тркалата беа влечени или буткани од подгрбавените АМАЛИ по чаршиската калдрма итајќи од пазарот кон мостот или железничка.
и сега би биле атракција неколку такви колички со амали да има на плоштадот,или бар само како украс да стојат.
На крај ги спомна курвите имаше една РУЖА, тука везден во паркчето пред Ц.К. (на која и викавме Ружа изгубила мужа)
--------------------------------еее уште колку има за кажување за оваа чаршија.... не ме прашај за Рогачево и Мариово.
Можеби се уште постојат ОЏАЧАРИ во другите градови кај што е греењето на дрва и јаглен.
 

Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.504
Калајџија, потковувач, самарџиија, везење, изработка на дрвени буриња......... и уште еден куп други професии кои денес ретко кој ги работи, што навистина е жално:(
 
Член од
22 јули 2014
Мислења
621
Поени од реакции
766
Ах, детски спомен мил! ...има многу луѓе што го сакаат старото и собираат рачно изработени предмети...прават нешто како приватни македонски етно-соби, со триножни столчиња, кои ги имало во секоја куќа на времето, со тркала од запрежни коли, со рачно везена и ткаена постелнина...и многу други предмети, изработени од нашите вредни мајстори-знаетчии...големо задоволство е да се престојува во таква соба, зошто го доловува духот на тоа време, времето на нашите предци...
Јас знам двајца што имаат такви приватни соби-музеи...
Ова е слика од Кумановскиот музеј...
 

SpiderWeb

ја заменува титулата под името во вашите мислења.
Член од
12 мај 2008
Мислења
632
Поени од реакции
622
Кафекуварка... уште се сеќавам на татко ми кога ќе се јавеше на локал 101 и ќе порачаше 3 средни за канцеларија 7

 

Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.343
Не е можно да денес нема потковувач на коњи
Коњите и магарињата мораат да се потковуваат
Се потковуваат и воловите кои работат.
Зборувам стриктно за градот Струмица. Во 80-тите имаше двајца-тројца во градот. По селата сигурно има.
Сега се сетив и на уште еден изумрен занает, тоа е ножар.
Не се сеќавам на такви занаетчии, но сум ги гледал нивните изработки - ножевите. Тенки, остри, несовршени на изглед, се гледа груба рачна изработка, тешкиот чекан како удирал по металот на сечилото, но, совршени за сечење, а рачката е од рог од некое животно.
@Anco Оџачари има по Струмица, пред месец дена ми чистеше еден оџакот.
 
Член од
2 април 2012
Мислења
144
Поени од реакции
133
Кога веќе спомна,да те надополнам со вретеното претхододник на ткаењето
Прегледај го приврзокот 102457 Прегледај го приврзокот 102458
Да да,и со тоа се занимавала баба ми,дури уште ги чува стапчињата и кога бев мала ја имам гледано како преде.
Ах, детски спомен мил! ...има многу луѓе што го сакаат старото и собираат рачно изработени предмети...прават нешто како приватни македонски етно-соби, со триножни столчиња, кои ги имало во секоја куќа на времето, со тркала од запрежни коли, со рачно везена и ткаена постелнина...и многу други предмети, изработени од нашите вредни мајстори-знаетчии...големо задоволство е да се престојува во таква соба, зошто го доловува духот на тоа време, времето на нашите предци...
Јас знам двајца што имаат такви приватни соби-музеи...
Ова е слика од Кумановскиот музеј...
Го обожавам овој декор,сеуште присутен во домот кај баба ми.Право етно место. Масата танур ја викаат.(едит) Да се надополнам,дедо ми има направено ''исто'' ваква ''маса'' со рачка острана без ногарки за сукање на кори за пита и за месење леб.
За мене едноставно овие работи се бесценети кои содржат живот и цела историја .

(Aх луѓенца,ми разбудивте спомени од детство, кај баба ми и дедо ми на село печевме заедно ракија,беревме плодови од посевот,се бањавме во река исто и пред куќата дедо ми ни вадеше едни железни корита кои ни служеа како базени.
Мислам дека такви моменти веќе се во изумирање.)
 
Последно уредено:
Член од
11 мај 2010
Мислења
2.952
Поени од реакции
714
чадорџија...

обично, тоа беше човек без дуќан. нај често ром, но немора да значи... на грбот носеше една торба полна со алатчиња и еден куп чадори “за резервни делови“ и иде по улица.. кој како има проблем со чадорот ке го застане, он тука се распостила со алатот и ти го оправа чадорот. во тоа време немаше чадори за 100 денари или бесплатни на презентација добиени... чадор беше релативно скапа работа...

еден занает кој е во изумирање, а е дел од моето семејство., (беше пред да умрат баба ми и дедо ми)...

пчеларство...

иако на пазариве се наоѓа мед, за кој тврдат дека е приророден, јас лесно ги познавам фалсификатите... па со мед, пчели, центирифуга (рачна), тенекии за скалдирање, саке (природно и вештачко)... со тоа сум израснат... багремов, планински, боров, ливадски, цветен мед...

мед ке има и понатака, ама во индустриско производство. а таму не се пази многу на потеклото. како што викаше баба ми, ке товари 10-20 сандаци и ке ги “носи на паша“ пчелите... тоа значеше типизирано одбрано место за да се добие таков и таков мед. боровиот мед беше нај силен... и нај тежок...

од другите баба и дедо имам друг занает што го нема више... нешто што никој више не го работи

пекарство...

не не... не фурнаџилук, не ова што го знаете денес како пекара... денес е терање бизнис со леб, бурек и бели печива да се добие што поевтин продукт и што повеке се може, т.е. на квантитет, а квалитетот е на самата граница од дозволеното, некогаш и одоле... значи не ова денес што се пече во печка на струја или гас, и еполно со еден куп хемикалии... пекарството е посебна би рекол “религија“ во производството на леб, бурек и бели пецива... прво и основно НИКОГАШ не е користено квасец. никогаш не е користено разни адитиви за да се добие на волумен, мекост и незнам што уште... и јаготката на шлагот е што тој продукт е печен ИСКЛУЧИВО на дрва. се сеќавам, фурната наша, зидана, собираше точно 180 сомуни да испече одеднаш. кога ке прочитам денес на некој производ ПЕЧЕНО НА ДРВА ми се повраќа. тоа се пекари кои се направени на струја, но има по малку и дрва колку за дојам во вкусот... што значи ФЕЈК-ЛАЖНО брендирање.


господине анчо... чинам, сте човек во години. сигурни се сеќавате на првата приватна фурна-пекара во скопје отворена... незнам колку сте возрасни, но далечната 1964 година, неполна година после земјотресот е отворена таа пекара, дедо ми мој покоен (македонец), прво чирак а после и гастербајтер низ цела југославија, после земјотресот ја купува таа куќа во центар со парите од гастербајтерењето, полусрушена, позади сегашен автомотосојуз, во близина на грчка амбасада (тогаш не ни постоела истата), и одлучува да си го продолжи занаетот, па ја отвора првата пекара во скопје, која (според документите што сега ги поседувам) му требало ЦЕЛИ 2 ГОДИНИ да стане легализирана, па во 1966-та е официјално и легализирана со документи.
до пред да ја продадеме куќата, имавме забрана да ја рушиме зиданата фурна. министерство некое ни забрани... заштитено од државата, а кај мене дома... сегашниот газда (пред некоја година) си изнајде начин и ја урна пекарата и со тоа стави точка на првата приватна пекара а воедно и последна во скопје а и македонија, толку голема зидана од полни тули, во полукруг, фурна-пекара на дрва.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom