Фан клуб - РК Вардар

Џ

Џонтра Волта

Гостин
Зошто бе да се откажеле од Терзиќ, дечкото е 94та година роден, има простор да стане одличен играч во иднина, се слагам дека требаше да се донесе уште еден десен бек на сметка на Жутиот.
Марко Вујин рецимо. :свиркам:
 
Член од
23 март 2014
Мислења
1.471
Поени од реакции
1.242
Немам идеја кој би играл добра одбрана против тимови со разорни надворешни линии од класата на Веспрем, Барселона, Кил? :confused: Останува на Штербик да спасува.
 
Член од
1 март 2010
Мислења
7.885
Поени од реакции
14.366
Немам идеја кој би играл добра одбрана против тимови со разорни надворешни линии од класата на Веспрем, Барселона, Кил? :confused: Останува на Штербик да спасува.
Да де, дека лани против Барселона, ПСЖ и Хамбург немаше добра одбрана и по 38 гола постигнаа тие против Вардар.
 

ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.959
Поени од реакции
57.695
Фали Растворцев заедно со Абутовиќ да игра во одбраната, а мене ми се допаѓа и комбинацијата Шишкарев да брани во бековскиот дел, а Душебаев да го покрива противничкото крило.
Колку што сум го гледал (не многу) и Шишкарев е ист дибидус ко Дибиров во одбрана. Така да комбинација Душебаев - Шишкарев на таа страна мислам дека нема да биде многу пожелна за Штербик. :D Единствено тоа шо е повисок од Брумен, ма да и не е многу.

За во напад, повторно е повеќе како Дибиров, али овојпат во позитивна смисла нормално. Послаб, побрз и поеластичен од Брумен, може да се уфрла у средина, да прави поголеми проблеми на противничката одбрана. Се на се, Вардар е одлично покриен на крилните позиции, во двата правци.

Иначе, голот на Дибиров од бек коа се нанервира против Веспрем, како ги вади тие со надворешна... :eek:
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.365
Поени од реакции
68.030
Карти за Вардар-Нексе каде може да се купат. По можност да не е онлајн.
Дента пред сала сигурно ќе најдеш.
Картите ги продаваат мктикетс, така да можно е на некои нивни продажни места да има карти и денови претходно, ама не сум сигурен. Пример One е продажно место на мктикетс...
 
Член од
11 ноември 2012
Мислења
1.323
Поени од реакции
3.795
Член од
16 јули 2007
Мислења
12.490
Поени од реакции
4.042
Па 1500 денари, за 5 натпревари. По 300 денари на натпревар излегува картата, ок е. Плус со неа кога сакаш на фудбал можеш да одиш.
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
14.024
Поени од реакции
36.785
Па 1500 денари, за 5 натпревари. По 300 денари на натпревар излегува картата, ок е. Плус со неа кога сакаш на фудбал можеш да одиш.
Башка и противниците се профи што значи за 300 денари ќе присуствуваш на врвен ракомет.

Цените се океј, не се пренапумпани и тоа ми се допаѓа/
 
Член од
27 јуни 2008
Мислења
9.024
Поени од реакции
5.947
На место се цениве. (y)

Во ЛШ минимум 5 утакмици Вардар ќе игра на домашен терен + се надевам дека ќе имаме можност уште 2 утакмици после групите да играме во Скопје (ваљда ќе важат картиве и за нок-аут фазата).

ФК Вардар дома до крај на сезона би требало да игра +10 утакмици на Градски,а тоа би било 1.000 денари ако ги следиш утакмиците од Север.Фактички фудбалов излегува гратис.

Уште да кажат за кои места на трибина се тие од 1500ден и каде планираат да бидат тие карти од 500ден за стоење и да се отвори фан-шопот па да почне пазарењето. :)
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
мислам дека време е секој посетител да почне да плаќа карти, без шверцање и остали работи зошто клубот го поддржуваме и ракометарите не живеат од воздух, така а редно е и ФК да добие поддршка.
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
14.024
Поени од реакции
36.785
За после групната фаза ќе си купуваш карти посебно ама ако имаш сезонска ќе имаш предност пред сите да си земеш карта за истото место каде што си седел.

Пример: Ако за 1/4 финале картите испаѓаат на 21.03.2014 ти ќе моеш недела претходно да си обезбедиш карта и после ич нема да се секираш дали ќе падне МК тикетс од преоптовареност и слично.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom