Упатство за идни крводарители

Gandradelic

Banderash
Член од
31 март 2014
Мислења
1.297
Поени од реакции
782
Важи ли сеуште тоа 2 дена слободни од работа ако даруваш крв?
 
Член од
24 октомври 2011
Мислења
385
Поени од реакции
139
јас работам во приватна фирма и сум осигуран - дали може работодавецот да не ми ги признае тие 2 дена слободни кога дарувам крв?
и дали тие 2 дена кога не работиш ти ги плаќа работодавецот или државата (со приложување на потврдата од страна на работодавецот во министерството за здравство)
 

n/a

Член од
28 декември 2011
Мислења
1.194
Поени од реакции
2.258
Не смее да не ти ги признае, тоа е законски прекршок. Тоа не се денови од одмор, ни денови од боледување, туку, едноставно, треба да ти се платат како да си бил на работа.
Тоа е привилегија која законот им ја овозможува на крводарителите. Не заради привилегија, туку заради закрепнување на организмот (после дарување крв ти опаѓа притисокот, тоа му доаѓа како своевиден шок, па затоа лекарите препорачуваат зголемен внес на течности, одмор од тешка физичка работа, т,.е. воопшто одмор).

Јас никогаш не сум ги користел, додуша, освен еднаш, кога раководителот стриктно ми нареди да не доаѓам на работа ако давам крв.
 
S

sramezliviot blesavko

Гостин
za prvpat davav krv na transfuziologija(klinicki centar) i iznenaden bev od prostoriite sredeni po evropski standardi, obicno sum daval po akcii u firma ama ot sega ke si davam samo tamu bravos za niv
 

Cappie

Vincere non è importante: è la sola cosa che conti
Член од
29 мај 2008
Мислења
1.914
Поени од реакции
307
Зборевме пред некој ден со пар колеги од работа на темата дарување крв, се спремаме да учествуваме во некоја акција, па после муабетот имам неколку прашања. Прво, за двата дена кои следуваат по закон, се зема некоја потврда дека си давал крв од местото на кое што даваш или? (досега сум давал неколку пати, ама такво нешто не ми требало :) ) Второ, нели има дополнителни привилегии во врска со здравственото осигурување, прегледи и слично, ако си дарувал крв повеќе пати (10 ако не се лажам) - има книшка кај што се бележи тоа? И ако да, од каде се вади истата? Јас сум давал барем 5 пати до сега, ама нема никаков доказ за тоа кај мене...Не дека е тоа од најголемо значење, давам кога можам и затоа што сакам, ама кога веќе има вакви работи, зашто да не се искористуваат...
 

n/a

Член од
28 декември 2011
Мислења
1.194
Поени од реакции
2.258
Бидејќи секое дарување крв, заради подобра следливост и идентификација се идентификува со бар код и се евидентира неколкукратно, без разлика што немаш никаков писмен доказ кај себе, сигурно твоите дарувања се некаде евидентирани.
Кога би пошол во ИТМ, ќе те прашаат во која фирма си дарувал и ќе ти го пронајдат картонот, па ако немаш крводарителска книшка, ќе ти дадат, а и ќе ти ги напишат досегашните дарувања.

На потврдата која ти ја даваат за ослободување од работни обврски, покрај потпис, печат, факсимил на лекарот и институцијата, стои и истиот бар код кој се лепи и на ќесето со донирана крв, книгата на даруваања, мострите крв за анализи итн... така лесно се поврзуваат сите документи и намалена е можноста за фалсификати и злоупотреби.

Треба да имаш 10 дарувања и да одиш во ФЗОМ да ти издадат потврда за да не плаќаш за некои услуги, но таа потврда, барем теоретски, ти дава и предност при лекарски интервенции (не дај Боже да ти се потребни). Додуша, последново не знам дали важи сега со „Мој термин“ пристапот.
 
H

HoT IcE

Гостин
Вака, не знаев кај да прашам, па ајде овде да ве прашам. Ме интересира дали е вистина тоа дека ако се имаш тетовирано неможеш да бидеш крводарител.
 

n/a

Член од
28 декември 2011
Мислења
1.194
Поени од реакции
2.258
Има во прашалникот кој го пополнуваш прашања кои ги опфаќаат сите ризици од пренос на болести.
Не се сеќавам дали има прашање за тетоважи.
 

n/a

Член од
28 декември 2011
Мислења
1.194
Поени од реакции
2.258
Ако помислам подобро, сигурно има прашање за тетоважи, само не знам дали се однесува на ограничен период (пример, дали сте нанаеле тетоважа во изминатите 6 месеци) и се однесува на опасноста од болести за кои е познат ризикот од пренесување преку прибор за тетовирање (хепатитис, на пример).
 

Беркут

Мрчатор
Член од
12 април 2010
Мислења
10.027
Поени од реакции
14.947
Во некои фирми не важи правилото два дена одмор.
Дарував крв на работа зимата, и по час-два товарав камион.
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.289
Поени од реакции
15.490
Во некои фирми не важи правилото два дена одмор.
Дарував крв на работа зимата, и по час-два товарав камион.
Не е правило туку законска обврска. Е сега фирмите што не го почитуваат законот треба да одговараат, али ретко кој вработен би ги пријавил.
 

Беркут

Мрчатор
Член од
12 април 2010
Мислења
10.027
Поени од реакции
14.947
Не е правило туку законска обврска. Е сега фирмите што не го почитуваат законот треба да одговараат, али ретко кој вработен би ги пријавил.
Абе има многу закони, па не се почитуваат. Кој да одговара? Сеуште ни немаат исплатено к-15. Реално што би се добило со пријава? Нога во задник. Зашто. Фирмата е поврзана со државата. Судовите немаат моќ. Кој суд оди против државата?
Едно е на хартија, друго е реалност.
 

n/a

Член од
28 декември 2011
Мислења
1.194
Поени од реакции
2.258
Абе има многу закони, па не се почитуваат. Кој да одговара? Сеуште ни немаат исплатено к-15. Реално што би се добило со пријава? Нога во задник. Зашто. Фирмата е поврзана со државата. Судовите немаат моќ. Кој суд оди против државата?
Едно е на хартија, друго е реалност.
Како што напишав претходно, двата слободни дена не се награда, туку превенција.
Јас речиси никогаш не сум побарал да ги користам двата слободни дена, иако кај мене во фирма е правило да се искористат.

Е сега, замисли, давам јас крв, и одам на работа, по два саати ми паѓа притисок и ми се слошува, паѓам во несвест, или уште полошо, во шок.
Има да одговараат од прв до последен, Трудова одвај чека непочитување на вакви процедури, казната е 8000 евра за непријавување на повреда на работно место навреме, за ваков случај не сум сигурен, ама некако слично му доаѓа....
 

Kajgana Shop

На врв Bottom