Дежурна Ординација! #2

Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
6.298
Поени од реакции
7.258
Ми треба некој дали знае за лечење на лимфобластна леукемија итно.. се работи за моја пријателка.Во почеток е,хемотерапии и пресадување на коскена срж од нејзиниот брат не даваат резултати како и алтернативна медицина.....
Каде и пресадоја коскена срж?
 
Член од
14 август 2012
Мислења
1.705
Поени од реакции
738
Зашо ми белее косата а енос 16 години имам највеќе бели влакна имам одозгоре.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Има ли нешо помош освен фарбање?
имаш некои препарати на интернет но немам читано дали има успех со нив ниту па познавам некој што користел :) обновување вака само од себе нема, попросто да се изразам, снемало боја кај што расте влакното :icon_mrgr: и ќе расте како бело за навек.
 

Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.504
Сабајлево доживеав да речеме голем стрес. Од тогаш навака почнав да чувствувам притискања/притисок во главата и страшна болка. Чувството ми е како главата да ќе ми експлодира од тоа притискање. Неможам на ништо да се сконцентрирам од тие болки и притискања, а вечер сум на работа.

Што да правам за да ми помине?:)
 
Член од
21 декември 2011
Мислења
568
Поени од реакции
294
Дали има во Мк интервентен радиолог што прави склеротерапии ?
 

Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
6.298
Поени од реакции
7.258
Е не знам точно,да те излажам... или во Скопје или во Солун.Од тие две едно.Зошто ?
Во Скопје не се пресадува коскена срж, а во Солун па ич. Информациите не ти се точни.
 

Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
6.298
Поени од реакции
7.258
Се трансплантира и во Скопје и во Солун.
Од кога тоа? Зашто до скоро време се отепаа од реклами за хуманитарни концерти за собираање пари за трансплантација на коскена срж во странство?[DOUBLEPOST=1411069421][/DOUBLEPOST]
Во Скопје е пресадено,типот на леукемија е AML.
А каква е таа транспантација? Автологна или алологна?
 

AlternativeF

госпожата од втори
Член од
1 мај 2006
Мислења
4.830
Поени од реакции
7.574
Од кога тоа? Зашто до скоро време се отепаа од реклами за хуманитарни концерти за собираање пари за трансплантација на коскена срж во странство?[DOUBLEPOST=1411069421][/DOUBLEPOST]
А каква е таа транспантација? Автологна или алологна?
Одамна, тимот за трансплантација го води Професор Борче Георгиевски кој е одличен доктор. Во странство се трансплантираат само мал број пациенти за кои нема услови да се трансплантираат овде.
Штом пиша дека трансплантацијата е од братот на пациентката значи е алогена. Во Скопје прават и автологна трансплантација, и алогена, не прават само хаплотрансплант колку што ми е познато.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom