Wake Up Music Festival 2014-Штип 19 до 21.09.2014

Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
АТРАКТИВНАТА ДЕ ЛУКА ДОАЃА ВО ШТИП



Богата тридневна програма ги очекува љубителите на електронската и на хипхоп-музиката на манифестацијата „Wake Up Music Festival“ која вторпат ќе се случува во Штип. Атрактивната италијанска диџејка Дебора де Лука е најавена како ексклузивна гостинка на фестивалот, а од 19 до 21 септември во градот под Исарот ќе гостуваат и други познати артисти и диџеи. Првата вечер е посветена на електронската музика. Атмосферата ќе ја загреваат домашните диџеи Ајсберг и Борче Панов, по што ќе следи настапот на Де Лука.

Наредниот ден е резервиран за хипхоп, ќе настапат повеќе артисти, меѓу кои регионалната ѕвезда Едо Маајка, грчкиот диџеј Ник Kапа и нашите Тони Зен и Панчо. Завесата ќе биде спуштена в недела со ексклузивен сет на диџеј Дени Бегиќ. Со првите петстотини купени влезници организаторите ќе делат маица со логото на фестивалот и промотивни цедеа.
http://dnevnik.mk/?ItemID=8AE8E1C79C78EF409C7804E6D5729190

Ова ќе биде интересно фестивалче. Штип го личи за вакви настани.
 

Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.504
Би одел, но сите денови од одморот ги потрошив. Иначе ова ќе биде една од најдобрите журки за есенва:)
 
Член од
14 август 2012
Мислења
1.705
Поени од реакции
738
На која локација ке се одржува воа од Штип сум а прв пат слушам
 
Член од
23 јуни 2008
Мислења
4.002
Поени од реакции
4.245
:drk::drk::drk::drk: -:>>>>>>>>>>> Дебора де Лука!

Колку е јака типкава не е ни свесна, а и добри сетови има, би сакал да одам ама тешко...
 
Член од
8 јануари 2013
Мислења
5.055
Поени од реакции
12.937
Пастрамајлијадата не е исто следниов викенд или кога е?
 
Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443

13 септември, 2014

0
„Wake Up Music Festival“ по втор пат во Штип
На 19, 20 и 21 септември 2014 година по втор пат ќе се одржи „Wake Up Music Festival“, настан за љубителите на електронската и хип-хоп музиката, со настап на реномирани музички имиња, со цел да се достигне врвот на клупската сцена во регионот.

Концептот на овој музички фестивал е тридневна богата музичка програма која ќе започне со отварање на фестивалот во петок, 19 септември, со воведна забава во 22.00 во кафе бар „Гужва“, со настап на добропознатиот на штипската публика диџеј Василе, за потоа забавата да се префрли во 00.00 часот во клуб „Мистик“. Првата вечер е посветена на електронската музика со настап на двајца диџеи од македонската клубска сцена: Ајсберг и диџеј Борче Панов, a како ексклузивен гостин на вечерта, специјално од Италија ќе настапи диџеј Дебора Де Лука (Deborah De Luca).

Вториот ден од фестивалот продолжува на 20 септември (сабота) во 12.00 часот напладне во кафе бар„Гужва“, започнувајќи со диџеј Андреј Ѓошев, а потоа во 14.00 часот ќе се надоврзе диџеј Ник Капа од Грција. Дневната забава завршува во 16.30 часот. Вечерната забава продолжува повторно во кафе бар„Гужва“ со диџеј сет на Тони Зен, а потоа пак се префрла во 00.00 часот во клубот „Мистик“. Оваа вечер ќе биде посветена на љубителите на хип-хоп музиката со настап на хип-хоп диџеи и настапи во живо на артисти од Македонија и странство. Достојно и репрезентативно, оваа вечер со свој сет ќе настапи диџеј Пипс од Република Хрватска. По него како специјални гости на вечерта свој настап во живо ќе имаaт добро познатите Едо Маајка од Босна и Херцеговина и Канџија од Република Хрватска. Завршниот збор на оваа вечер ќе го даде диџеј Панчо (ДНК) од Македонија.

Фестивалот завршува на 21 септември (недела) во кафе бар „Гужва“ со сет на диџеј Дени Бегич (Denny Begic), започнувајќи во 12.00 напладне.

По успешноста на „Wake Up Music Festival“ Vol.1 кој беше еднодневен и посетен од 1500 посетители, овојпат со проширувањето на фестивалот и временски и просторно на „Wake Up Music Festival” Vol.2 се очекува посетеност од 3000 до 4000 посетители. Водени од претставената цел за комплетно остварување мисијата на организаторите, загарантирано е највисоко ниво на организација на фестивалот надополнета со аудио и визуелни елементи и професионална пиротехника.

Цената на картата за сите настани изнесува: 250 денари. На изненадување на посетителите со првите 500 купени карти од 250 денари следува гратис квалитетна маичка со логото на фестивалот или цеде. Влезот на дневните забави во кафе бар „Гужва“ е слободен, а лицата со купени карти од 250 денари имаат предност за резервација за маса. Цената на карта само за петок и/или само за сабота навечер во клубот „Мистик“ на врата изнесува 150 денари.

Картите во претпродажба се пуштени веќе од 08.09.2014 (понеделник) во кафе бар „Гужва“ (Спортски Центар Џексон) и „Тобако Фонтана“(до клуб „Мистик“).
http://www.radiomk.com/wake-up-music-festival-po-vtor-pat-vo-shtip/#_
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.269
Поени од реакции
78.911
..Иначе ова ќе биде една од најдобрите журки за есенва:)
Ти идеш по журки и имаш лична перспектива за есенскиов репертоар на журки во земјава?
 
Член од
5 февруари 2013
Мислења
437
Поени од реакции
96
како се вика и прозива газдата на мистик тај пунио
 

Kajgana Shop

На врв Bottom