Во денешницата има многу луѓе кои се бедни. Тоа се луѓе кои не претрпеле многу во животот, се им било сервирано на тацна од страна на мама и тато. Тие не научиле да го кажуваат она што тие го мислат, туку го кажуваат она што го слушнале од другите, бидејќи се срамат да го кажат она што тие навистина го мислат, иако можеби тоа е најточно од се кажаното досега.
Тие луѓе имаат страв од некој кој на збор и власт е посилен од нив, па затоа не ги покажуваат во јавноста своите, туку туѓите заби. Се китат со туѓи пердуви.
Па затоа и си ја почитуваат поговорката.....,
ако неможеш против нив, тогаш придружи им се..........., што е многу погрешно. Од таквите луѓе човек никогаш не бидува.
Јас еве можам да се спомнам во еден од тие кои не се дел од колективната свест. Едноставно јас сум си јас. Не ми е потребно да се бранам со мислењето на некој друг.
Тоа може да се забележи и во реалноста, но и на форумов.
Како во реалноста, така и на форумов има луѓе кои немаат свое мислење. Па знаејќи го туѓото мислење, стил и начин, за кое незнаат ни што значи, се кријат зад него.
Еве примери за тоа.....
Кога песната Империја требаше да не претставува на Евровизија, првите 2-3 саати од нејзиното објавување имаше само позитивни мислења. Но после тие неколку саати се појавија обратно мислениците, па бројот на оние на кои им се допаѓаше и на оние на кои не им се допаѓаше се изедначи. Но дојдоа оние кои немаат свој став и кога видоа дека таа бројка е изедначена, од пусти страв дека ако пишат ми се допаѓа песната и ќе бидат исплукани од дислајкерите, веднаш го скратија своето мислење и напишаа дека не им се допаѓа, иако го мислеа спротивното. Јас јавно кажав дека мене ми се допаѓа песната, не се срамев да го кажам моето мислење. Но во истиот момент и дислајкерите и нивните следбеници ме нападнаа со цел и прашање,
зошто и како смееш да имаш различен вкус од нашиот. Што навистина ме намсеа.
Во денешницата 70% од луѓето слушаат турбофолк. Но од тие 70%, 60% се срамат во јавноста да го искажат своето мислење и да кажат дека го слушаат, од пусти страв да не се двојат од мнозинството и да не бидат исплукани од него. Кога им ги прикажав грешките во нивниот стил и размислување, во нивните омилени песни и спотови од различни странски пеач/ки, а им докажав и дека турбофолкот во однос на тие нивни песни е многу подобар, повторно бев нападнат, со објаснување дека
можеби било така, но сега нивниот стил и песни биле навредени и неиспочитувани. Тоа баш се сеќавам дека беше мислењето за Џенифер Лопез.
Но тие истите кога ќе се оддалечат од мнозинството, прекинуваат да ја слушаат Џенифер Лопез, ги пикаат слушалките во уши и ја слушаат Цеца, знаејќи дека мнозинството во тој момент не е до нив, туку дека се сами и слободни.
Луѓето се плашат да бидат свои, да имаат свое мислење, став и стил. Иако тие размислуваат поинаку го кажуваат мислењето, ставот и стилот на мнозинството, затоа што мислат дека со тоа ќе имаат некоја корист. Таа корист всушност е некоја бедна мала ствар, која за нив значи премногу. Пример за тоа е темата посветена за мене на форумов.
Се појавија петмина кои плукаа по мене и кои меѓусебно си се галеа со лајкчиња. Но кај тие петмина ми се допадна тоа што имаа свој став и мислење. Не ми се допаднаа останатите кои и покрај тоа што знаеа дека тие петмина грешат, тие повторно негледајќи ме во очи со спуштена глава им се придружија, зошто лајкчињата им значеа. Им значеше и тоа да не бидат нападнати како мене, ако ме одбранат и им кажат на тие петмина дека не се во право.
Тоа се само неколку познати примери. Но најзначајно е тоа што таа колективна свест нема да се изгуби се додека луѓето немаат свое лично јас. Најлошо е што те напаѓаат со туѓото мислење, мислејќи дека е правилно, ако ти имаш мислење поразлично од нивното т.е. позајменото. Но на таквите ништо не треба да им правиш.... едноставни насмеј им се и продолжи.
На крај краева секој има право на мислење, а дали тоа ќе биде позајмено или свое е право на индивидуата.