Креационизам наспроти еволуционизам

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.950
Црквата прави точна поделба на она што е научен факт од она што е празнословие, кое „као„ треба да го „толкува„ фактот.[DOUBLEPOST=1409602216][/DOUBLEPOST]

Оние кои немаат очекувања, немаат ни на што да се надеваат...освен на самите себе.
Тоа „немање„ одлично се „уклапа„ во Дарвинивиот светоглед на случајни настани, без смисла и без посебна цел,


Или поинаку кажано: лагата на лага „иде„.
Погрешно. Ако однапред донесеш одлука што смее а што не смее да биде резултатот, тогаш не те интересира вистината, туку твоите лични верувања и очекувања што смее а што не смее таа да биде. Тоа нешто си има име - пристрасност. Надежта нема никаква улога во науката и е особина единствено на оние кои бараат оправдувања, утехи и слично.
 
Член од
3 септември 2010
Мислења
5.742
Поени од реакции
7.911
Хелиоцентризмот од Копериник е прифатен не оти е точен, туку оти е поедноставен за прифаќање за човековиот ограничен и огревовен ум, за разлика од геоцентризмот и епициклите.
Појасни ми го ова, те молам.
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
Појасни ми го ова, те молам.
Многу е едноставно. Нели...

Хелиоцентризмот од Птоломеите имал голем проблем да го објасни движењето на планетите околу Земјата, како усвоен центар од Вселената. Така, набљудувањето на небото укажало на „нелогични„ движења на тогаш познатите планети околу Земјата, па во различни делови од годината, едни и и исти планети чинеле различни патеки на своето движење по небото: еднаш „се „вртат„ по правилна кружна линија околу Земјата а друг пат се „враќаат„ на назад, што е спротивно од линиско-кружното движење. Птоломеите, за да дадат прифатливо објаснување за тоа „неправилно„ движење на небесните тела, даваат толкување според кое планетите се движат околу Земјата по т.н. епицикли, односно небесни траектории во облик „осумки„, со кои ѓоамити е докажано тоа чудно движење на планетите. Секако, ова толкување е прекомлицирано за да биде широко прифатливо па на Коперник му паѓа идеја (!!!) на ум, дека планетите не мораат да чинат такви ненормални движења, туку дека нивното движење може да се објасни многу поедноставно: ако Сонцето е центарот на Вселената, а планетите се движат околу Сонцето по точни (геометриски) линиско-кружни патеки.

Ова Коперниково толкување е по едноставно и по прирфатливо за луѓето, отколку да си ја кршат гла‘та со епициклите.

Тоа што нема жив човек кој со свои очи може да види дека Земјата и другите планети навистина се „вртат„ околу Сонцето, тоа не е битно: битно е што кажал Коперник и битен е неговиот хелиоцентричен планетарен модел.[DOUBLEPOST=1409603900][/DOUBLEPOST]
Погрешно. Ако однапред донесеш одлука што смее а што не смее да биде резултатот, тогаш не те интересира вистината, туку твоите лични верувања и очекувања што смее а што не смее таа да биде. Тоа нешто си има име - пристрасност. Надежта нема никаква улога во науката и е особина единствено на оние кои бараат оправдувања, утехи и слично.

- Погрешно.
- Вистината се бара...и се наоѓа. Таа е веќе објавена, во ликот од Христа Бога, Кој не‘ повикува при Себе.
- Пристрасноста е чисто субјеткивна „вистина„, односно облик на себичност.
- Науката има своја надеж: дека ќе ја најде вистината.
- Верните ја наоѓаат утехата само во Бога, не во Светов.
 
Последно уредено:

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.950
- Погрешно.
- Вистината се бара...и се наоѓа. Таа е веќе објавена, во ликот од Христа Бога, Кој не‘ повикува при Себе.
- Пристрасноста е чисто субјеткивна „вистина„, односно облик на себичност.
- Науката има своја надеж: дека ќе ја најде вистината.
- Верните ја наоѓаат утехата само во Бога, не во Светов.
:facepalm::tapp:
Прво вели дека вистината се бара и се наоѓа....после вели таа е веќе објавена....за на крај да каже дека пристрасноста е облик на себичност.
 
Член од
3 септември 2010
Мислења
5.742
Поени од реакции
7.911
Птоломеите, за да дадат прифатливо објаснување за тоа „неправилно„ движење на небесните тела, даваат толкување според кое планетите се движат околу Земјата по т.н. епицикли, односно небесни траектории во облик „осумки„, со кои ѓоамити е докажано тоа чудно движење на планетите. Секако, ова толкување е прекомлицирано за да биде широко прифатливо па на Коперник му паѓа идеја (!!!) на ум, дека планетите не мораат да чинат такви ненормални движења, туку дека нивното движење може да се објасни многу поедноставно: ако Сонцето е центарот на Вселената, а планетите се движат околу Сонцето по точни (геометриски) линиско-кружни патеки.

Ова Коперниково толкување е по едноставно и по прирфатливо за луѓето, отколку да си ја кршат гла‘та со епициклите.
Филолај 5 век п.н.е.

Претпоставил дека Земјата, Месечината, Сонцето и планетите се движат околу центарот на Вселената којшто го нарекол Централен Оган.

Хераклид од Понт 4 век п.н.е.

Верувал дека Меркур и Венера се движат околу Сонцето, кое заедно со нив и со останатите планети се движи околу Земјата. Меркур не се оддалечува повеќе од 28°, а Венера од 47°, па очигледно врз основа на тоа претпоставил дека Меркур и Венера мора да се движат околу Сонцето.

Аристарх од Самос 3 век п.н.е.

Во средиштето на Вселената околу кое се движи Земјата заедно со другите небесни тела го поставува Сонцето наместо Централниот Оган на Филолај.

Селеук од Селеукија 2 век п.н.е.

Бил следбеник на хелиоцентричната теорија на Аристарх од Самос. Според Плутарх, Селук бил првиот што го докажал хелиоцентричниот систем со резонирање, но не познато какви аргументи користел. Се претпоставува дека неговите аргументи се базирале на феноменот на плимата или на тригонометриски пресметки.

Мартијан Капела 5 век н.е.

Мислел дека Меркур и Венера не кружат околу Земјата туку околу Сонцето. А Сонцето заедно со Меркур и Венера и останатите планети во своите орбити кружат околу Земјата која ја поставил во центарот на Вселената.

Значи на Коперник не му паѓа одненадеж на ум хелиоцентричната идеја како што мислиш ти брате Мики, туку повторно го оживува потиснатото знаење од Стара Грција кое Црквата сакаше да го уништи и искорени, за добробитието на човештвото, де!
 
Последно уредено:

Сталкерот

Резидентен космонаут
Член од
5 јуни 2012
Мислења
5.738
Поени од реакции
7.551
Многу е едноставно. Нели...

Хелиоцентризмот од Птоломеите имал голем проблем да го објасни движењето на планетите околу Земјата, како усвоен центар од Вселената. Така, набљудувањето на небото укажало на „нелогични„ движења на тогаш познатите планети околу Земјата, па во различни делови од годината, едни и и исти планети чинеле различни патеки на своето движење по небото: еднаш „се „вртат„ по правилна кружна линија околу Земјата а друг пат се „враќаат„ на назад, што е спротивно од линиско-кружното движење. Птоломеите, за да дадат прифатливо објаснување за тоа „неправилно„ движење на небесните тела, даваат толкување според кое планетите се движат околу Земјата по т.н. епицикли, односно небесни траектории во облик „осумки„, со кои ѓоамити е докажано тоа чудно движење на планетите. Секако, ова толкување е прекомлицирано за да биде широко прифатливо па на Коперник му паѓа идеја (!!!) на ум, дека планетите не мораат да чинат такви ненормални движења, туку дека нивното движење може да се објасни многу поедноставно: ако Сонцето е центарот на Вселената, а планетите се движат околу Сонцето по точни (геометриски) линиско-кружни патеки.

Ова Коперниково толкување е по едноставно и по прирфатливо за луѓето, отколку да си ја кршат гла‘та со епициклите.

Тоа што нема жив човек кој со свои очи може да види дека Земјата и другите планети навистина се „вртат„ околу Сонцето, тоа не е битно: битно е што кажал Коперник и битен е неговиот хелиоцентричен планетарен модел
Мики, привидната разлика помеѓу геоцентричниот модел и хелиоцентричниот модел е референтната точка.Моментот кога ќе ја одстраниме пристрасноста на набљудувачот можеме да видиме кој е реалниот модел.Колку за споредба, ако ти почнеш да се вртиш во круг, тебе ќе ти се чини дека собата се врти.Реалноста е уствари друга.Ама со твои , нели , ќе видиш дека собата се врти.Така?

И точно е дека со свои очи малку имаме видено, ама затоа имаме создадено инструменти кои ни ја олеснуваат работата и истите го потврдуваат хелиоцентричниот модел.Имаме телескопи на земјата, во геостационарна орбита, хало орбита, различни сонди испратено низ и вон Сончевиот систем. Моделот е точен.Можеби не е апсолутен, ама повеќе од доволно за да врши работа.
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
:facepalm::tapp:
Прво вели дека вистината се бара и се наоѓа....после вели таа е веќе објавена....з

...сега, уште да ти текнеше дека изгубениот субјект, со своето барање, треба да се сретне со објавената Вистина....

Но, тоа не е согласно мудроста телемитска, каде вистината е апстрактен поим, непознат за телемитите.[DOUBLEPOST=1409613320][/DOUBLEPOST]
Значи на Коперник не му паѓа одненадеж на ум хелиоцентричната идеја како што мислиш ти брате Мики, туку повторно го оживува потиснатото знаење од Стара Грција кое Црквата сакаше да го уништи и искорени, за добробитието на човештвото, де!
Црквата сакала да го „...уништи и искорени...„ знаењето од стара Грција!?
Чек‘ да се изнасмејам...
А Светиите до 5-от век, кое световно учење го поседуваа? Од Инките? Од абориџините?[DOUBLEPOST=1409613709][/DOUBLEPOST]
Мики, привидната разлика помеѓу геоцентричниот модел и хелиоцентричниот модел е референтната точка.Моментот кога ќе ја одстраниме пристрасноста на набљудувачот можеме да видиме кој е реалниот модел.Колку за споредба, ако ти почнеш да се вртиш во круг, тебе ќе ти се чини дека собата се врти.Реалноста е уствари друга.Ама со твои , нели , ќе видиш дека собата се врти.Така?

И точно е дека со свои очи малку имаме видено, ама затоа имаме создадено инструменти кои ни ја олеснуваат работата и истите го потврдуваат хелиоцентричниот модел.Имаме телескопи на земјата, во геостационарна орбита, хало орбита, различни сонди испратено низ и вон Сончевиот систем. Моделот е точен.Можеби не е апсолутен, ама повеќе од доволно за да врши работа.
Сталкерот,

точно е дека нештата се онакви какви ги гледаме од одредена позиција на гледање, па затоа не е многу мудро да извлекуваме генерални вистини од парцијални вистинчиња.

Моделот веќе не е точен, затоа што и Сонцето се „врти„ околу средиштето од нашата галаксија, како дел од нејзин надворешен крак, а планетите околу Сонцето не се „вртат„ кружно-елипсовидно, туку спирално! Но, и ова е само апстрактен модел, кој никој не го видел со свои очи, туку е изграден/изведен од силите кои делуваат низ Вселената, според набљудувања од Земјава, а не од набљудувања од некое дуго „место„ во Вселената.
 
Последно уредено:
Член од
3 септември 2010
Мислења
5.742
Поени од реакции
7.911
Црквата сакала да го „...уништи и искорени...„ знаењето од стара Грција!?
Чек‘ да се изнасмејам...
А Светиите до 5-от век, кое световно учење го поседуваа? Од Инките? Од абориџините?
Oва "учење" го поседуваЛЕ:



Книгата на Јов 38

13. за да ги опфати краиштата на земјата и да ги истресе од неа безбожниците,
14. за да се измени земјата како глина под преса и да стане како разнобојна облека


Псалм 103

5. Ти си ја поставил земјата на цврсти основи: таа нема да се разниша никогаш.

Еремија 31

37. 37. Така вели Господ: ако може да се измери небото угоре и основите на земјата да се испитаат удолу, тогаш и Јас ќе го отфрлам сето племе Израилево, за сè она, што го правеа, вели Господ.

Псалм 23

1. Господова е земјата и она што ја исполнува вселената е сè што живее на неа,
2. зашто Он ја основа врз морињата, и на реки ја утврди.

Псалм 74

3. Ќе се заниша земјата и сите, што живеат на неа. Но Јас ги зацарив столбовите нејзини.
 
Последно уредено:

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
Oва "учење" го поседуваЛЕ:



Книгата на Јов 38

13. за да ги опфати краиштата на земјата и да ги истресе од неа безбожниците,
14. за да се измени земјата како глина под преса и да стане како разнобојна облека


Псалм 103

5. Ти си ја поставил земјата на цврсти основи: таа нема да се разниша никогаш.

Еремија 31

37. 37. Така вели Господ: ако може да се измери небото угоре и основите на земјата да се испитаат удолу, тогаш и Јас ќе го отфрлам сето племе Израилево, за сè она, што го правеа, вели Господ.

Псалм 23

1. Господова е земјата и она што ја исполнува вселената е сè што живее на неа,
2. зашто Он ја основа врз морињата, и на реки ја утврди.

Псалм 74

3. Ќе се заниша земјата и сите, што живеат на неа. Но Јас ги зацарив столбовите нејзини.

Ај да бидам по јасен.

Напишав:
1. „...Светиите до 5-иот век...„, мислам на Светите Оци од 2-от до 5-от век, и
2. „...световно учење...„,, што значи учење од тогашниот образовен систем, кој го имал учењето од античката философија (протов која Црквата не ратувала..) и се‘ што таа содржела во себе како наука/науки, а не светогледот од евреите, кој е религиозен и кој е повеќе фантазерски отколку реален, кој си го прикажал со посоченава шема.

Професорот Гроздановски, во едно свое евангелско толкување, го посочува токму ова кое се гледа во „кругот„.
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.950
...сега, уште да ти текнеше дека изгубениот субјект, со своето барање, треба да се сретне со објавената Вистина....

Но, тоа не е согласно мудроста телемитска, каде вистината е апстрактен поим, непознат за телемитите.
Кажано од твоја страна, ова е комплимент. :)
 
Член од
3 септември 2010
Мислења
5.742
Поени од реакции
7.911
Чекај сега да ти дојде Мики1 и да ти каже дека има научници кои дошле до поинакви вистини, од досегашните "вистинчиња": Хенри Морис, Роберт Џентри, Ли Шпетнер, Емануел Сведенборг, Дејвид Ајк, Јован Деретиќ, Захарија Сичин...
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.950
Чекај сега да ти дојде Мики1 и да ти каже дека има научници кои дошле до поинакви вистини, од досегашните "вистинчиња": Хенри Морис, Роберт Џентри, Ли Шпетнер, Емануел Сведенборг, Дејвид Ајк, Јован Деретиќ, Захарија Сичин...
Познат ми неговиот мазохизам одамна. Неговата тактика е упорноста. Игнорирај тоа што е очигледно и повторувај ги лагите и заблудите.
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
Игнорирај тоа што е очигледно и повторувај ги лагите и заблудите.
1. Обиди се да ја игнорираш очигледноста од „вртењето„ на Сонцето околу Земјата.
2. Обиди се да ги одвоиш лагите и заблудите (од вистината) кои се пласираат секојдневно: образовно и медиумски.
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.950
1. Обиди се да ја игнорираш очигледноста од „вртењето„ на Сонцето околу Земјата.
2. Обиди се да ги одвоиш лагите и заблудите (од вистината) кои се пласираат секојдневно: образовно и медиумски.
3. Барај си професионална помош...психијатриска.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom