Дали сте биле каснати од куче?

Член од
24 мај 2014
Мислења
5.295
Поени од реакции
5.860
Дали ве има каснато куче ? Дали сте имале посериозни повреди од каснувањето ? Какво куче ве каснало ? Дали сопствениците одговараа пред законот за каснувањето ? Споделете ги искуствата.
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.130
Поени од реакции
18.127
Во моментов не сме каснати, ама како деца сме биле каснати 2 пати.Еднаш од шарпланинец или таква некоја голема раса (мал бев слабо памтам) и другиот пат некоја џукела ама ништо страшно тогаш.И немам некаква одбивност или пак фобија спрема животни како доста луѓе.
За сопствениците на џукелата не знам, ама си доби експресна пресуда со нога, а поголемото куче...беше во тие години шо беа инерција на комунизмот кога не плачевме после такви работи.
 
A

Avenger99

Гостин
Мое куче, во село. Имав 10-11 години. Му дадов да јаде, тоа јаде јас до него седам.Сестра ми позади него и го фати за опашка и директно ме напаѓа мене со каснување на десната рака. Директ во болница, преврски, 2 конци, некој спрејови едно друго.. Од тогаш кучето беше нон стоп врзано за синџир.
 
Член од
24 октомври 2012
Мислења
810
Поени од реакции
509
Ако ме држи добро меморијата, никогаш не сум бил гризнат. Ама имало многу ситуации во кои сум бил многу блиску да бидам каснат.
 
K

Kacar

Гостин
Сум бил каснат пред 3 години, директ за рака. Уште ми се в памет тие очи полни со злоба на кучето ( мешавина од шарпланинец и ловечко куче). Бев веднаш на амбуланта, ме полија со посебен медицински тоник, па со јод ми стаија газа стерилна и ме вакцинираа тој ден една доза, третиот ден, седмиот, четиринаесетиот и дваесет и осмиот ден. Кучето имаше беснило
 
Член од
23 март 2014
Мислења
1.471
Поени од реакции
1.242
Ја пред некоја година си одам по улица, ни крив ни дужен, у еден момент осеќам остра болка на десната страна на гзот, се вртам позади гледам една жолта џукела ми зарила заби у гз и влече :pos:, го шибнав со рака по глава, ме пушти и избега :LOL:
 

sankerce

прогресиФ
Член од
6 март 2009
Мислења
3.072
Поени од реакции
4.942
Не мене, али сестра ми да, од страна на дедо ми кучето, али си го бараше богами, на јадење фати да го гали и крц за малиот прст.
 
Член од
8 јануари 2013
Мислења
5.052
Поени од реакции
12.936
Ме има каснато доберман еден 4,5 години кога бев, тогаш имав едно гумени чевличиња такви бидјеќи бев деверче и така бев стокмен за свадбата со машничка со костумче со чевличиња све ново и кученцево на кое бевме на гости мислело играчка се моите обувки и си гризнал. Знам дека тогаш се утепав од плачење, а дали толку ме болело или не неможе да ми текне. После ми рекоа кучето тажно било следните денови :D
 

AceCaleb

Деспот на Адот
Член од
31 декември 2007
Мислења
5.814
Поени од реакции
10.951
Тажно што не си му ги оставил обувките :LOL:
 
Ф

Фил Ајви

Гостин
сите вие што ве имаат каснато кучиња верувам кинезите ви се омилен народ
 

Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.504
Моето куче кога беше мало се гризаше, зошто му растеа заби и го чешаа. Честопати се случуваше и нас по дома да не касне, но тоа не беа некои сериозни повреди:D
Иначе вака не сум бил каснат од куче, па да сум имал потешка повреда:)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom