Првиот ден во средно

kooperativa

Г-ин Пола Милениум
Член од
2 октомври 2012
Мислења
7.633
Поени од реакции
8.601
Best day of my life!!!
Појма немав кај сум, не знаев никого, ....... но само првите 2 саата. После првите часови, одма цел клас на пијачка во паб (студио5) и таму се запознавме сите. Кој од кој полуд, пооткачен, ....... утепавме скоро 5ч таму. И после тоа иди учи со такви ликови. :pos: 4 год долга магарица по ходници, пијани на часови, па некои од професорите не криеја од другите да не не видат колку сме испиле, ... :facepalm: ............................. и многу битна работа, квалитетна музика ечеше од касетофонот (ако некој знае како изгледа тоа чудо:cautious:), моите металци, други Punk is not dead, а и Cure, Smiths, .............Најважното нешто за кое стално се расправавме е кој е подобар. :love: Нормално, Цепелин, Парпл, Ози, ............. за мене нели?
Бескрајните партии пинг понг, зкачувањето на точаци на дрво, по можност на врв, бегањето од часови преку прозор преку дрва од прв/втор кат, ....................Еј, ќе го заборавев и слетот. знае некој што е тоа СЛЕТ? Ееееееееееееееееееее, стара добра времена. :love: Море што јадам трици, сега сум полуд :noze:
 
H

Hip.Hop_MKD

Гостин
Класниот ми ја лупна главата од маса пошто имав долга коса и ми рече дека ќе ме избрка од школо ако не се ошишам. :place:

:pos: Каква луда Панта беше тој човек.
Ме потсети на Перо - Руски што предаваше во ГУЦ. :pos:

Видов листа каде и што како на влезна врата и гледам ime презиме на тој од Основно што ми идеше највеќе на нерви во иста училна и клас!!! Ми се слоши... Знам првиот ден се успав и не можев да најдам училната па си отидов дома. Следниот ден се бидна како што треба и се запознав. Смеење што како, па идење на одмор за прв пат во Лептокарија.
Знам дека пукав од среќа кога видов дека овој не бил со мене, туку друг човек со исто презиме и име. Подоцна научив дека тој не беше ништо поарен од овој од Основно. :D Морон што поминуваше со врски и трубење дека татко му е кој знае што. Сега станал наркоман слушам.

Сите професори ни викаа дека сме биле најбеден клас што некогаш го водел Перо. Другите ги шетал цело време во Лесковац, Белград итн.итн..
 
Последно уредено од модератор:

la-loca

Immortal...
Член од
24 јули 2009
Мислења
2.545
Поени од реакции
1.252
Ау колку само не сакав да се запишам во најзабеганото школо и во клас на бубалици. Ме натераа со сила!!! Од цел клас девојчиња само јас изигравав машко. Само јас правев глупости и бев дежурен кривец за се. Па уште првиот ден кога дознав дека класна ке ми биде најлошата професорка ми се стемни. Уште првиот ден се испокарав со неа и после цела година на оделенски час ме испрашуваше по предметот што ни предаваше.
На 5 год матура кога славевме сега, ме викна до неа да седам зашто најмн ме сакала. Се секавам на гневот што го осекав тогаш спрема неа, сега ми е смешен и ми фали :)
 
Член од
8 јуни 2013
Мислења
299
Поени од реакции
198
Брат ми утре ќе почне прва година, му викам нема од што да ти биде срам или да се плашиш дека нема да запознаеш никој , средното е најубавиот период од животот, тогаш се склопуваат најдобрите пријателства.:)
 

Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.504
Се сеќавам дека никој не познавав. Од тие што учеа со мене во основно ниту еден не дојде во школото во кое јас се запишав.
Бев целосно изгубен, никој не познавав, професорите чудни ми беа. Првиот ден не задржаа 15тина минути, седнав до едно девојче кое зрачеше непријателски расположена ко за прв ден. Потоа не пуштија.
Следните ден два чудно ги гледав професорите, па затоа од досада спиев со отворени очи.
Ги запознав тие од мојот клас, се здружив со нив, на тестови, испрашувања си кажувавме. Најинтересно беше кога прашувавме нејасни работи само ние 6 души цел час, само за да не не испрашаат:pos:
Немаше ден (освен првиот), а да не закаснам на час.

Воглавно можам да кажам и дека средното е место каде сите глумат другари, но всушност тоа е место каде владее лицемерието, место каде ја стекнуваш уличната култура за да знаеш да се снајдеш понатаму во животот.

Како и да е...., се памти еден убав дел од животот:)
 
Ф

Флеш

Гостин
Воглавно можам да кажам и дека средното е место каде сите глумат другари, но всушност тоа е место каде владее лицемерието, место каде ја стекнуваш уличната култура за да знаеш да се снајдеш понатаму во животот.

Како и да е...., се памти еден убав дел од животот:)
Точно :icon_lol:
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.714
Поени од реакции
33.356
Јас пак, за разлика од сите вас - ги познавав речиси 90% од моите „нови“ соученици. Повеќе од пола од нив бевме во ист клас и во основно, а останатите беа од друг(и) клас(ови) во основното, но и нив ги знаев. Имаше само 5-6 непознати фаци, па затоа, за мене не беше многу ново. Така е кога живееш во помала средина. Поизгубен бев во 5-то одделение, или кога почнував на факултет отколку во првиот ден од средно.

А тоа дека беше еден од најубавите периоди во мојот живот како и кај сите вас - беше!
 
S

staycalm

Гостин
Каснев 5-10 минути и на влезната врата од школото на списоците се барав во која училница сум, имаше некое непознато девојче до мене и испаднавме во иста училница и тргнавме со брзање, си влеговме во училницата. После 5 минути ни текна демек не сме во таа училница и излеговме, отидовме во друга, и испадна да си се вратиме во таа кај што си отидовме прв пат, сепак сме ја погодиле.. Бруки :pos:
Иначе не знаев никој од цел клас, ама баш никој, и после 1 недела се преместив во друг клас кај шо имав познати.. Сега се мислам дали требаше да се преместам или не али тоа е .. :D
 
D

Dynamo

Гостин
Седнав на последна клупа :D И никого не знаев..кажуваже нешто класната правила,читаше распоред,ама не носев пенкало и тетратка,па тој до мене што седеше ми позајми два листа и откога напиша он ми го даде мене пенкалото да напишам..и така,4 години си летнаа..како вчера да беше првиот ден во средно :/
 

Топче

Арсеналиста
Член од
18 септември 2010
Мислења
9.185
Поени од реакции
14.456
Незнаев никој претходно баш во мојот клас, од 36 души сите ми беа непознати, уште прв ден се упознав со некои од соучениците.

Ми недостига тој период од средно кога немаш никакви грижи :(
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
појако е ако не знаеш никој. И јас ко Топче не знаев никого од 35 души ама одма се спријателуваш и знаеш уште повеќе луѓе.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.433
Поени од реакции
68.568
Се сеќавам дека цел двор беше преполн со деца и родители :D
Сите се бараа на списоците кои беа истакнати и претходните 2-3 дена. Се паднав во клас со братучетка ми и со уште еден што беше од моето основно, но од различно одделение. Од цело мое одделение од основно само 4-ца се имавме запишано во моето средно и општо мислам дека немаше многу луѓе од нашата генерација од основно, затоа што повеќето се запишуваа во ЈБТ...
Откако видовме кој во каков клас се паднал, не однесоа во салата каде што директорот глумеше строгост дур држеше некој говор.
Потоа се упативме кон училницата и класната го одржуваше нејзиниот говор.
Нормално, седнав во последна клупа со тој што беше од моја генерација од основно. Ниеден друг не познавав (немаше ниту некој што живееше во мојата или околните населби), освен уште едно дете со кое претходно се имавме тепано (населба против населба :D).
Тие што се знаеа меѓу себе (а имаше неколку друштва од по 4-5 души кои учеле заедно или доаѓаа од исти населби) дрндаа уште и првиот ден, другите си ќутеа и си слушаа.
Првиот ден ми помина океј, ама затоа вториот...
Кога влегов во училница имаше некои 15-тина души. Сите седнале на местата и си зборат стриктно со тој што го упонале првиот ден. Се закопав на мојот стол, али овој што го знаев го немаше никаде.
Едно непријатно ме фати, туткај се муткај се, извади мобилниот, поиграј некоја игра. Викам ако не дојде овој што ќе правам цел ден :D Каснеше десет минути ама сепак дојде и го спаси денот :D
Знам дека уште на вториот ден правевме писмена работа :facepalm:
Тек од третиот ден почнавме да се запознаваме меѓу себе, нормално на инцијатива на некои од девојчињата кои одеа од клупа до клупа и се запознаваа со сите, со што отворија инцијатива да се запознаеме сите :гик:

Во глобала во прва и втора очајно тапа клас :icon_mrgr:
Ама затоа од трета па нагоре... :vozbud:
Како што кажаа и погоре, подобро е да не знаеш никој, затоа што побрзо ќе си бараш другари :D
 

Ivica^

Confident Liar
Член од
14 август 2007
Мислења
11.164
Поени од реакции
15.953
Познавав само тројца, еден шо ми беше соученик у основно и уш двајца други шо ги знаев зашо еднаш у основно бевме на екскурзија со нивното школо.

И се сеќавам имаше едно дете, фудбалерче шо седеше на прва клупа со фризура од сто кила гел, ми беше одбивен на прв поглед, си реков овој сигурно некој мудолижач чим од одма на прва клупа седнал.
Ама му јебем тоа, почнав да се дружам со него и испадна дека не бил таков па до ден денеска ми е еден од најбољите другарчињa :D
 

Kajgana Shop

На врв Bottom