Боди билдинг и теретани - прашања, одговори, заблуди, совети...

Член од
11 јули 2014
Мислења
3.088
Поени од реакции
4.461
Може малку повеќе информации за ова
Неможам да најдам линк или нешто не ни имам читано,само од лично искуство знам на роднина му се има случено,постеше(Велигденски пости) и секој ден по една,две конзерви сардина јадеше.Отече цел околу врат,грлото,јазикот,почна да се гуши и докторите кажаа дека има мала количина на жива во сардина(конзерва) па мислев да не е и со тунава исто. :D
 
Член од
8 јули 2014
Мислења
144
Поени од реакции
93
Доколку некој сака друштво за во теретана во капитол нека ми пише порака за инфо. Еден другар почнува па бара друштво и се сетив да пишам овде.
 
Член од
31 јули 2014
Мислења
62
Поени од реакции
1
Подобро е креатинот да се пие со густ сок ама во сите густи сокови пишува дека има лимонска киселина а таа не ли го уништува или не му смета тоа?
 
Член од
15 јануари 2014
Мислења
2.706
Поени од реакции
1.619
Подобро е креатинот да се пие со густ сок ама во сите густи сокови пишува дека има лимонска киселина а таа не ли го уништува или не му смета тоа?
Јас го пиев со сок од грозје,така е најдобро,ама викаат дека тоа е мит и дека нема везе дали со сок или вода,па си почнав со вода само да го пијам.
 
Член од
11 јули 2014
Мислења
3.088
Поени од реакции
4.461
Јас го пиев со сок од грозје,така е најдобро,ама викаат дека тоа е мит и дека нема везе дали со сок или вода,па си почнав со вода само да го пијам.
Абе не е мит,докажано е дека креатинот конзумиран со глукоза дава подобри резултати.
 
Член од
15 јануари 2014
Мислења
2.706
Поени од реакции
1.619
Во теретана имаме biceps curls машина,и на неа можам да дигам 20-25 кг,а вака еднорачен повеќе од 15 кила нема шанса,пошто имам слаби бицепси,а на едниот имам големи болки кај делот кај лактот,ама од внатрешна страна...

да вежбам на машината во комбинација со сајли,пошто многу ме боли тоа кај лактот кога дигам со шипка,со тег не до толку,или машината е срање ?
 

statusQuO

Модератор
Член од
18 јуни 2008
Мислења
13.038
Поени од реакции
7.615
Во теретана имаме biceps curls машина,и на неа можам да дигам 20-25 кг,а вака еднорачен повеќе од 15 кила нема шанса,пошто имам слаби бицепси,а на едниот имам големи болки кај делот кај лактот,ама од внатрешна страна...

да вежбам на машината во комбинација со сајли,пошто многу ме боли тоа кај лактот кога дигам со шипка,со тег не до толку,или машината е срање ?
Машините имаат и позитивни и негативни гледни точки.

Машините прават вежбачите да се движат на лимитирани начини кои не се природни за сечие тело. При тоа - за разлика од општо прифатеното мислење дека има помала шанса за повреда е всушност обратното. Не природно движење при вежбање е склоно кон повреди.

Позитивно е дека стимулусот на мускулот може да е малку по ефикасен во однос на мускулен раст (не сила) бидејки има еднаква и константна отпорност и се елиминираат потрошњите на енергија за стабилизација на тегот и други споредни дејства.

Мој совет - иди со бучици и со помала тежина (не розеви тегчиња ама не 15 кила освен ако немаш бицепси огромни што чисто сумњам чим бараш помош на форумов) и фокусирај се правилни - контролирани - СПОРИ движења.

И запамти дека bicep curl ти е accessory movement - т.е. она што го “краси“ рестото од тренингот со движења кои инволвираат повеќе мускули.
 

AceCaleb

Деспот на Адот
Член од
31 декември 2007
Мислења
5.817
Поени од реакции
10.957
Јас сум за тоа дека комбинација од машини и слободни тежини е најдобра варијанта за убаво обликувано тело и раст на мускули. Лично, слободните тежини и тегови ми се фаворит, но и машините и каблите даваат поразноврсен тренинг, мускулен напредок и стимулирање на различни делови од мускулот.
Еве, слободните тегови кога ги користиш работат повеќе мускули. Едни за да го стабилизираат тегот да биде во правилна положба, а другиот е основниот мускул за кој е наменета вежбата. Често мускулни групи како подлактицата се развиваат и при правење на други вежби кои не се изолациски за нив, пример мртво дигање и вратило.
Машините пак, ти ја стабилизираат основната положба на движење па тука претежно работи само мускулот за кој е наменета вежбата/машината. Плус во зависност од мускулната група, пример со слободен тег ако правиш вежба за бицепсот стоечки, најчесто при спуштање на тегот го одмараш мускулот, а со каблите кога ја правиш истата вежба мускулот е во постојана тензија.
Go with both.
 
Член од
15 јануари 2014
Мислења
2.706
Поени од реакции
1.619
Да бе да,бицепс вежбам најчесто во ден за грб,кога правам и вратило,2 вида мртво,лат,и после идам со 2-3 вежби за бицепс,ама не можам да дигам со шипка ради болки во зглобови и во лактови,правам со крива шипка не со права ама џабе,ради тоа миселв како алтернатива да ја правам оваа,и ме чудеше фактот што на машина дигам 25 кг а со еднорачен на пример,едвај 15кг и тоа помалце повторувања неголи на машина,тоа ми беше прашањето зошто така.
 

AceCaleb

Деспот на Адот
Член од
31 декември 2007
Мислења
5.817
Поени од реакции
10.957
ме чудеше фактот што на машина дигам 25 кг а со еднорачен на пример,едвај 15кг и тоа помалце повторувања неголи на машина,тоа ми беше прашањето зошто така.
Затоа што на машината има пренос на сила. Не го дигаш тој терет директно, туку иде преку сајла која се лизга по тоа тркалцето. Овој момент го помага товарот и дозволува да кренеш поголема тежина од таа што би ја кренал на слободна шипка за тегови.
 
G

garthok

Гостин
А дали со машината за гради можат да се оформат солидни гради, место бенч. Зошто толку се игнорирани овие машини во теретана?
 

AceCaleb

Деспот на Адот
Член од
31 декември 2007
Мислења
5.817
Поени од реакции
10.957
А дали со машината за гради можат да се оформат солидни гради, место бенч. Зошто толку се игнорирани овие машини во теретана?
Која машина конкретно? Исто како бенч само со ланци и фиксирана шипка?
 
G

garthok

Гостин
Која машина конкретно? Исто како бенч само со ланци и фиксирана шипка?
Не, таа со буткање напред и што има опција од надвор кон внатре, со сајли и тегови како кај лат машината што ги подесуваш мислам ме сфати за која ти зборам.
 

AceCaleb

Деспот на Адот
Член од
31 декември 2007
Мислења
5.817
Поени од реакции
10.957
Не, таа со буткање напред и што има опција од надвор кон внатре, со сајли и тегови како кај лат машината што ги подесуваш мислам ме сфати за која ти зборам.
Ќе ти подобри еден дел од градите, претежно внатрешниот, за добро обликувани гради од сите агли потребно е да се прават повеќе типови на вежби кои делуваат на различни места од градите.
 
Член од
10 март 2014
Мислења
1.018
Поени од реакции
1.276
Ќе ти подобри еден дел од градите, претежно внатрешниот, за добро обликувани гради од сите агли потребно е да се прават повеќе типови на вежби кои делуваат на различни места од градите.
Во теретаната каде што вежбам јас бенчот е неверојатно лошо дизајниран
подлогата на која стои телото е во иста широчина со моето тело значи во лежечка состојба и тоа додатно движење додолу се губи а не го избегнувам бенчот но се мислам во целост да го исфрлам а алтернатива односно во случајов еднорачните ќе ми станат основа во тренингот за гради
 

Kajgana Shop

На врв Bottom