Kсамил

Член од
6 мај 2010
Мислења
226
Поени од реакции
85
предлог од мене за сите што одат во Ксамил обавезно да одите до blue eye(сино око) преубаво место.
 

bobipp

Let's cook!
Член од
15 август 2008
Мислења
11.700
Поени од реакции
6.622
предлог од мене за сите што одат во Ксамил обавезно да одите до blue eye(сино око) преубаво место.
Тргнуваме утревечер :vozbud: Ќе бидеме во вила во Ксамил. Тоа blue eye не е поблиску до Саранда? А да, ме интересира и дали има такви и слични туристички тури дали на копно или на вода и ако да, кој ги организира и цени нормално...
 

аллександар

Вечно ненаспан
Член од
5 мај 2006
Мислења
7.380
Поени од реакции
2.522
Дечки ја сум во ксамил моментално. македонци има премногу плажите се супер цените апсолутно ефтини смештајот одличен а луѓето прекрасни.... услужливи до немај каде се што сакаш ке ти објаснат и ке ти помогнат на секаков начин, постарите се тапа англиски ама младиве знаат

инаку смештај се наоѓа од 20 евра па нагоре... ма да јас платив и помалку е сега зависи од далечината колку си од море одалечен.

за 12 дена апартман за 2ца ме кошта 215 евра значи тоа му доаѓа некаде по 18 евра од ден. во апартманот има вклучено СЕ освен интернет значи клима телевизија кујна фрижидер мини шпоретче со 2 рингли аспиратор веце и огромна тараса со поглед на море. За интернетот не му ја мислам воопшто -земв картица за мобилен од 1 000 леки (440 денари) и имам 3 гига интернет, одалечен од плажа сум од прилика 500 метра ако не и помалце - пешки до плажа е помалце од 10 минути а со кола за 2 мин.
 
Член од
24 декември 2008
Мислења
1.375
Поени од реакции
1.566
Дечки јас нешто разгледувам за Ксамил годинава, има прифатливи цени, луѓе што биле го фалат.
Е сега ме интересира ваше исуство од годинава некој што бил, патот со автобус како е, се издржува ли и сл? :)
 
Член од
26 јули 2014
Мислења
95
Поени од реакции
103
Јас оваа година планирам да одам на одмор во Ксамил, па најмногу ме интересира како најлесно да се стигне до таму? Според мапиве на гугл најдобра рута е преку Грција, со тоа што кај Јоанина се продолжува нагоре (север) и преку граничниот премин Какавиа се влегува во Албанија. Но од коментариве гледам дека сите идат до Игуменица па од тука се продолжува северно и се влегува во Албанија. Ме интересира зашто е тоа така и дали тоа е најдобриот пат до Ксамил?


Многу подобар е патот преку Игуменица; тој од кај Јанина има многу кривини и се патува многу подолго.
Кога ќе дојдеш до Игуменица фати го патот покрај морето и за едно 20 мин си на граничниот премин. После имаш две опции:
1. Да одиш до Саранда и да се вратиш назад едно 8-9 км до Ксамил - ова е подолга варијанта ама патот е нов и немаш гајле;
2. На истиот пат за накај Саранда едно 10 мин после граница имаше вртенје во лево за некој камп.Ако го фатиш овој пат едно 5-6 минути возиш по макадам и стигаш до сплавот ( мислам дека веќе е спомнуван претходно). Мислам дека беше едно Евро, возењето трае 30 секунди и од тука патот е нов за Ксамил.
За сместување во Ксамил е подобра страната што е подалеку од Саранда пошто немаше комарци.
И најважното, јас кога бев пред две години имаше проблем со струјата пошто немаше напон. За фрижидерот имаше исправљач така да за храната немаше гајле, ама климата беше само за украс.
Добар провод, ако треба уште некое инфо пиши( ако веќе не си таму).
 
Член од
28 април 2009
Мислења
746
Поени од реакции
505
Дечки линк, контакт од смештај за двајца (или евентуално четворица со две спални) за во Ксамил?
 
Член од
6 март 2007
Мислења
2.301
Поени од реакции
1.574
Бев во Ксамил, планирав да останам 10ина дена, останав само 1 ноќ и тоа во Саранда, утре дента си го фатив патот под нозе за Парга. Кога стигнав таму како да сум излегол од пеколот и да сум стигнал во рајот, до толку е лошо во Албанија.
Само 2 збора имам да кажам за Албанија: -Никогаш повеќе.
А убаво си мислев златна Будва да си појдам.
 
Член од
8 јули 2014
Мислења
144
Поени од реакции
93
Бев во Ксамил, планирав да останам 10ина дена, останав само 1 ноќ и тоа во Саранда, утре дента си го фатив патот под нозе за Парга. Кога стигнав таму како да сум излегол од пеколот и да сум стигнал во рајот, до толку е лошо во Албанија.
Само 2 збора имам да кажам за Албанија: -Никогаш повеќе.
А убаво си мислев златна Будва да си појдам.
Аман шо е толку лошо? И јас бев Албанија па немам таквои искуство..
 

OziLLLL

MADRIDISTA
Член од
8 октомври 2008
Мислења
3.334
Поени од реакции
1.892
Бев во Ксамил, планирав да останам 10ина дена, останав само 1 ноќ и тоа во Саранда, утре дента си го фатив патот под нозе за Парга. Кога стигнав таму како да сум излегол од пеколот и да сум стигнал во рајот, до толку е лошо во Албанија.
Само 2 збора имам да кажам за Албанија: -Никогаш повеќе.
А убаво си мислев златна Будва да си појдам.
Шо се ти разбираш од воена музика. Јонско море и мирно место со безпари поминување, лошо..
Биди поздравен и оди на Егеј.
 
M

macgowan

Гостин
Бев во Ксамил, планирав да останам 10ина дена, останав само 1 ноќ и тоа во Саранда, утре дента си го фатив патот под нозе за Парга. Кога стигнав таму како да сум излегол од пеколот и да сум стигнал во рајот, до толку е лошо во Албанија.
Само 2 збора имам да кажам за Албанија: -Никогаш повеќе.
А убаво си мислев златна Будва да си појдам.
Немој да вреѓаш Албанското Кабо, Тахити...Туркс енд каикос, Малдиви...
Верувам дека има многу поубави места во Албанија.
Него, да не бил некој Дерми или Химара годинава?
 
Член од
6 март 2007
Мислења
2.301
Поени од реакции
1.574
Шо се ти разбираш од воена музика. Јонско море и мирно место со безпари поминување, лошо..
Биди поздравен и оди на Егеј.
Шо се разбираш ти од географија. Парга не е на Егеј, на Јонско е. :)
 
Член од
6 декември 2011
Мислења
2.027
Поени од реакции
3.357
Вчера се вратив од тоа селото Ксамил, и да ви кажам сите што го фалеа или немаат видено нешто подобро или се од агенции па прават некоја реклама за селото.
Прва и основна работа интернет има многу слабо, понекогаш снемува струја а понекогаш и вода, патиштата и шоферите албански се општа катастрофа, а плажите во селото се правени со ризла (вештачки песок) се многу мали и лежалките се резервирани а стојат празни. Ако немаш лежалка, бидејќи не знаат англиски иде некој сељак и ти вика- хеј но амбрела фшшт и ти мафта со раката да одиш на друга плажа. На секоја градба има закачено кукла или лук поради уроци, вероватно и невестите гаќите ги облекуваат наопаку како во Брждани кичевско, а според размислувањата се 100 години уназад. Од туристи има само македонци и косовари.
Blue eye е нешто слично како вевчани изворите или св. Наум само што овие две се нијагарини водопади за него.
Во 12 сатот во Ксамил се е затворено, по патиштата шетаат некои си кучина, волови, кози и крави (имам неколку слики ќе ги постирам деновиве), значи не барајте журка. Позитивно е што секое сабајле те буди петел, смештајот не е лош, храната е добра и цените се исти како во Охрид, и морето е убаво.
Ефтино изгледа бидејќи нема каде да ги потрошиш парите.
Моја препорака за секој што оди таму, да се смести во Саранда а на плажа да оди во Pulbarda. Оваа плажа се наоѓа на влезот пред Ксамил кога идеш од Саранда, патот е неасфалтиран но се стигунва некако. Во дискотеките во Саранда владее машката популација со неверојатни 95% и ако има некое женско сите погледи се свртени во неа.
Плажата е природна, покултурна, поголема, храната е подобра од секаде во Ксамил а има и повеќе млади луѓе, али не толку многу само повеќе од другите плажи.
Сакам да кажам, не е за млади луѓе, подобро во Будва или Бугарија одколку кај овие вилиџериве.[DOUBLEPOST=1408988025][/DOUBLEPOST]
Некој?


Sent from my SGH-T989 using Tapatalk
Не ти треба организиран смештај, полупразно е сега, дедовци или деца те чекаат на пат со картони и натпис : rooms for let - шекспировски англиски јазик е тоа.
 
Последно уредено:
Член од
23 февруари 2011
Мислења
1.058
Поени од реакции
1.624
Ksamil=Катастрофа
Кој не бил нека не ни помислува некогаш да отиде. Селото е апсолутен крш нема ништо вредно што да се види.
1. Гостопримливост (нема) - кога гледав за смештај тие што ги одбив безмалку да ме истепаа што не го избрав нивниот смештај, локалците (читај планинци, дивтари) возат ко друг да не постои у сообраќај предност никој не дава, ти се улетуваат у тебе и слично, предност не ти даваат ни со количка коа шеташ со бебе ти сече пат, абе дива лига со еден збор.
2. Патишта у село крш дупки невидени, од овде до онде да стигнеш кола ќе искршиш, тротоар не постои, значи навечер нема шанси да прошеташ особено ако си со мало дете, не постои никакво шеталиште покрај кеј или слично што е карактеристично за секое приморско градче па дури и селце. од граница до ксамил возиш по крш пат и се молиш некој дивтар од соседна лента да не ти улета директно у тебе со стотка.
3. Цените у маркети се малте не ко у скопје а и слични продукти има ( да не речам скоро исти), цените во рестораните ( или да не речам сумливи места за исхрана) се поефтини од било кое друго место за летување (иако не се до толку ефтини како што некои кажуваат) ама затоа квалитетот на храната е на најниско можно ниво, освен риба се друго што пробав (пиле, гиро, пица) беше толку гадно до повраќање.
4. Плажите сите се со дробен камен значи не е песок и се далеку од тиркизни, место нема освен ако не јадеш во ресторанот на соодветната плажа, ако не ќе луташ пола ден додека не најдеш место, водата прљава до максимум, малце се поокеј плажите надвор од ксамил ( накај саранда или на југот према крф)
5. крави, свињи, овци, кози се честа глетка па дури и низ центарот
6. џамијата пее во денот 3 пати (на некој ова може нема да му смета на некој ќе му смета)
7. Ноќен живот не знам дали имаше (со мало дете бев) ама во центарот се слушаше од некаде гласна музика (исклучиво албанска ниеднаш не слушнав на некој друг јазик). пријателите што беа сместени во центарот ги научија сите албански хитови за една недела.
8. Сместувањето е ок иако појма немаат од туризам, значи нема пешкири во собите, тоалетна, сапун ( до сега било каде што сум бил во грција тоа било стандар дури и за најевтините сместувања), кога побарав дечкото ми рече дека не било ова хотел (иако 30 евра плаќавме). има кујна ама нема никаков прибор освен некој тањир, чаша и нож, така да ако сакаш да готвиш нема шанси, нема шанси уствари ни кафе да си свариш а не па за повеќе.
9. струја снема само една вечер на неколку саати, интернетот е катастрофа спор, ако имаш мобилен па мобилните страни ги отвора ок, на лап топ нормалните веб страни им треба време додека се отворат
Позитивно нешто немам што да напишам, на никого не би го препорачал Ксамил
 

Kajgana Shop

На врв Bottom