Фан клуб - РК Металург

Член од
10 август 2008
Мислења
695
Поени од реакции
1.888
Милијарда пати досега Червар го спомнува немањето услови и сала . А од друга страна не испушта да го испофали Минчо. Сите знаеме дека Минчо ако сака има финансии да изгради центар како оној на Самсоненко сигурно ќе добие и пордшка од општината и владата комуналии , дозволи за градба ти реков ми рече. Но не е коректно секогаш да се повикува владата како нивна должност да е да им изградат сала на Металург.[DOUBLEPOST=1409340575][/DOUBLEPOST]

Рече човекот дека лигата е добредојдена за „челичење„ на помладите. Тоа неможе да му се забрани ниту на еден терен и го има во сите спортови каде што однапред се одредуваат приоритетите. Напротив јас мислам дека тоа што го прави Червар е стратешки многу добро и одлична можнсот за помладите играчи. Што се однесува до тоа кои играчи колку време ќе добијат на теренот не зависи дали се од Македонија или од надвор туку зависи од нивните квалитети. Факт е дека на толкав процент тој им овозможил да учествуваат во првата екипа и да собират искуство. Може многу да дискутираме за ова или за она. Еве погоре пишав за салата. Но да се дискутира за тренерските и стратешките квалитети на Червар мислам дека само инает и зајадливост. Од друга страна истиот Червар на Вардар го утепа минатата година иако Вардар има многу поскапи и позвучни имиња. Ќе видиме оваа година јас и на двата клуба им посакувам успех . Сепак мислам дека Червар и Металуг многу повеќе прават за македонските играчи отколку Вардар кој е 102,5 % потпрен на увозни играчи. Но и таков каков што е ќе има секогаш моја подршка затоа што сепак се работи за македонски клуб.
Најпрво тренер како него не треба да си дозволи да оценува дали некоја лига е добра или не, ако не бил добар проект немаше ЕХФ да даде зелено светло за нејзино формирање.
Спомнувањето на немањето услови, сала и финансии е секогаш во време пред некој клучен натпревар или почеток на сезона глумење жртва за евентуален неуспех. Жално е што почна да користи такви манипулации за негов неуспех. Никој тука не може да му го одземе ниту да му го оспори неговиот квалитет или неговото достигнување, ме нервира неговата дволичност во последниве години.
Кога ќе победи Металург веднаш продава мед и млеко и успехот како го постигнал со македонски ракометари ( да бидеме реални и искрени успехот им го носат странците или по ново 27% странци), кога истиот тим ќе загуби особено од појак тим или од Вардар веднаш преминува на негвоите жалнопојки, дека ЕХФ, судии, Вардар, Комити хулиганите, Самсоненко и неговите рубљи и кој се уште не е виновен за поразот на неговата екипа само тој не е.
Нели и вас фановите на Металург ви здосади тоа?


На мене одма бан ми ргнаа на нивната страна, а вардарците тука си јадат гомна колку сакаат и никој ништо не им прави....модераторо сигурно е некое вардарче, јас да бев 1000 бана ќе рокнев, масакр ќе ве направев...
Барај процентуална застапеност во администрацијата на Кајгана. Правда за кокошкарот!!! :pos:
 

Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.241
Поени од реакции
19.440
Имам огромно почитување за Лино,респект за неговата кариера и се шо постигнал..
Ама навистина со овие изјави почнува да ми се одмилува..
Па пичка му матер...
Знам дека беше во партија,ама навистина станува досаден....
Спортот,и држењето државнички говори на прес конференции ала Грујо не одат заедно...:D
Прво кукаше неаме пари,во криза сме.купија играчи,го тепаа Вардар и оп.после блескавата партија во Струга,се сменија плановите,одма поведри најави одиме на подмладување на екипата,ќе го целиме европскиот врв....:vozbud:
А шо е најјако стигнува демант од новопечениот прецедник Левче кој категорично ги отфрли ставовите на својот тренер и рече имаме пари,дури и повеќе од порано...(така нешто)...:X3:
Лино ако најде да се жали на условите кои ги има шо да речат другите екипи,ете да речиме еден гигант како Загреб...
Има газда каков шо би посакал секој тренер,систем Лино А-Минчо На...:pos:
Цела сурија играчи му донесе овие години..желботека...
:pipi:
И сега со овие условите,мала сала,сиромашен клуб,Давид бла,бла...
Да не ме сфатите погрешно,огромен успех е ова шо го прај со Металург,два пати со ред во 1/8 финале на ЛШ,и тоа од квалификации,лани успеа да лапни титула,иако според мене лани Вардар немаше подобар тим од Металург,можеби помпезно медиумите го фаворизираа Вардар,но мислам дека ланскиот Вардар не заслужи да е фаворит во дуелите со Металург,барем не оној Вардар во плеј-офот...
Е сега за оваа сезона се фаворити,и тоа како....шо во никој случај не го деваливира успехот на Металург во плејофот,сепак Вардар беше на праг на 1/2 финале на ЛШ...
Е сега се супер,ама со овие изјавите,Лино навистина ја крева тензијата(непотребно)....
Тоа е нормално,ете видете во Англија шо прави Мурињо,тоа е тактика на тренерите,некој е мирен и си работи,а некој и си работи и не е мирен и нон стоп провоцира...:pos:
Лино е тип на Специјалниот....
Срамота е да се вадиш на мал буџет,а ги плаќаш Мојсо,Атман,Ренато,Станиќ,па и Лино..,само за овие се одвојуваат сигурно 700-800 К по сезона,плус останатите...плус играш ЛШ,плус припреми и се останато.....
И на крај ќе излези ќе речи ,ИМАМЕ САМО МИЛИОН ЕВРА БУЏЕТ...:place:куку мени...:pos:
Ма немој бре Лино да ме јебеш,кужиш.....:pos:

И од кај ја ископа таа бројка од 73% домашни играчи?хаха цар....:ROFLMAO:
Или ги смета и оние од Џуниор па прават импозантна бројка....
Значи странци-Ренато(уствари овај наш е бе):ROFLMAO:,Станиќ,Ѓукиќ,Марсениќ,Атман,Липовина,Борозон,Косиќ,Циндриќ..8+1...
Македонци-Мојсо,Ојлески,Манасков,Миркуловски,Нелоски,Талески,Кукоски,Маркоски на квадрат,Пешевски,Митревски,Георгиевски,Јоноски...ако од овие ги одземиме Пешевски,Талески,Нелоски кои тешко дека ќе имаат посолидна минутажа....доаѓаме на бројката од 10 Македонци кои ќе го понесат товарот во ЛШ...
Ако се оди дека можат да се пријават само 16 играчи на терен,ќе мора да отпадни некој,од странците нема шанси да отпадни некој,па најверојатно мањак ќе бидат Кукоски и Никола Маркоски....
Врти сучи околу 50-50% е составот,оној главниот....
Да бидиме реални без странци нема ништо....
Сепак,браво за Лино,за пазарот шо го напрај,ветува почетокот,навистина потенцијален тим,ќе видиме како ќе изгледа на терен се ова,турнирот во Струга не значи ништо....
 
Член од
23 март 2014
Мислења
1.471
Поени од реакции
1.242
И по трет пат разорна втората млада постава на Металург, овојпат на чело со Марсениќ, со 5 гола од 5 обида, беше 100% прецизен, одлично се поставуваше и плус направи неколку пенали, освен во напад одигра супер и во одбраната. Липовина, исто одличен со 5 гола и само едно промашување. Борозан има топ у рака може да ја реши секоја одбрана и голман со шут од 10 метри, денес имаше две страшни бомби. Крилата делеа по едно полувреме, Ојлески подобар од Манасков, човек да се чуди зашто не игра во прва постава. Иако играа може да се каже без голман, ништо не фатија Митрески и Коциќ а Станиќ не ни беше во составот, лесно остварена победа над Татран со резултат 34 : 28. Мојсо влезе на 15 минути али се гледа дека долго отсуствувал, направи чекори, промаши неколку пати, далеку е од нивото на Циндриќ, барем на овој натпревар, останува да видиме за некоја недела до кај ќе биде со формата.
Резултатот се крши во три едноподруго натпревари (Азоти, Вардар,Татран) со ударна бековска линија Борозан - Циндриќ - Липовина и тоа за 10-15 минути, незнам што се случува али дечкиве кога ќе нагазат на противничката екипа и нема спас. Како што тргнале младиве незнам колку ќе има потреба "стариве" да играат веќе. :pos:
 
Последно уредено:
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.728
Поени од реакции
9.837
Добро,добра игра..младиве одлични..вардарци изгледа пак со стара песна..тука на фан пејџов..ама ако.
 
Член од
16 јануари 2014
Мислења
2.342
Поени од реакции
1.619
Татран го направивме катран, добар почеток во СЕХА лигата, младите распалија во вториот дел.
Циндриќ маестрален во второто полувреме, Борозан е страв и трепет за противничката одбрана, дечкото има топ во раката, и конечно повеќе не зависиме само од Вугринец, овој Липовина е одличен играч.. заедно со Борозан и Циндриќ прават дар мар. :)
Марсениќ е играч таков како што ни требаше.. висок, подвижен и добар во одбраната, очекувам тој и Пешевски да добиваат најмногу шанса на пикерската позиција.
Мојсо е во аут форма, тешко дека ќе може да му парира на Циндриќ моментално. :)
Сега следната утакмица ни е против Вардар во сабота, очекувам пеколна и неизвесна утакмица.
 

Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.241
Поени од реакции
19.440
Одлична игра на "првата"постава..(y)
Како тргнале Борозан,Липовина,Циндриќ,Ојлески,Ѓукиќ,Марсениќ и Косиќ изгледа тие ќе бидат стартери оваа сезона...:pipi:
Со повремени влегувања на Мојсо,Атман,Ренато,Жути:pos:,можеби и на Станиќ(ако му се игра нормално,ако не ќе си дреми на клупа)....:icon_mrgr:
Бековската линија Борозн-Циндриќ-Липовина ветува многу,делеку побрза игра имаат со овие,плус доста поинвентивни се,страшни се децата,и овај Циндриќ колку напреднал,по,по,како тргнал ништо чудно да фати место во Хрватска селекција,иако има огромна конкуренција,но на добар пат е........
 
Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443

Секоја чест на Металург за победата и подршка во сите меѓународни натпреварувања. Но сепак неможам да не го забележам аматеризмот воопшто кај нашите клубови кои не се способни или не чуствуват потреба да обезбедат преведувач на овие прес конференции.
Исто така Червар (кого го почитувам навистина како човек и како стратег) после 5 години може барем малку да се обиде да зборува македонски. Барем со некоја реченица да не почасти. Но како да очекуваме Червар да не почитува кога ние самите не знаеме да се испочитуваме (читај гореспоменатиот превод на пресконференцијата)
 
Член од
23 март 2014
Мислења
1.471
Поени од реакции
1.242
DSC0027_resize-610x405.jpg
Пред малку, на подготовки во Валпово (Хрватска) замина група на наши млади ракометари и ракометарки. Децата отпатуваа со автобус, а во Валпово ќе стигнат утре попладне, кога е планиран и вечерниот тренинг.

На пат тргнаа 18 ракометари од генерација 2000/1, по водство на тренерот Никола Матлиески, и 18 ракометарки од генерација 1998/2000, предводени од тренерот Јуле Црвенкоска. Подготовките ќе траат до 6 септември и предвидени се секојдневни пријателски средби за машката и за женската екипи.

За текот на подготовките ќе информираме на страниците на нашиот сајт.
 
Член од
23 март 2014
Мислења
1.471
Поени од реакции
1.242
Е арно ме потсети ќе ги заборавев тефтерчињата :icon_lol:
10663226_10152459931083101_751446112_o-610x218.jpg
Мислам дека Станиќ е у најдобра поза :LOL:
Металург реши да ги израдува своите помлади фанови и да пласира тетратки и школски прибор со мотиви од Металург. Покрај тетратки, во промет ќе бидат пуштени и ранци, моливи, гуми, ленири и друг школски прибор. Сите производи се изработени од македонската компанија “Далс“, за потребите на нашиот клуб. Производите можете да ги набавите во сите маркети на “Веро“, на “Тинекс“, во “Рамстор“ и во книжарницата “Икона“ во Сити Мол.

Продажбата почнува на 3 септември.

На децата им посакуваме среќен и весел почеток на школската година.
 
Член од
23 март 2014
Мислења
1.471
Поени од реакции
1.242
Е да, би требало некој и во Вардар ова да го прави, почнувајќи од вебстраната па натаму.
 
Член од
4 јуни 2009
Мислења
11.332
Поени од реакции
27.890
Е арно ме потсети ќе ги заборавев тефтерчињата :icon_lol:
Прегледај го приврзокот 101234
Мислам дека Станиќ е у најдобра поза :LOL:
Металург реши да ги израдува своите помлади фанови и да пласира тетратки и школски прибор со мотиви од Металург. Покрај тетратки, во промет ќе бидат пуштени и ранци, моливи, гуми, ленири и друг школски прибор. Сите производи се изработени од македонската компанија “Далс“, за потребите на нашиот клуб. Производите можете да ги набавите во сите маркети на “Веро“, на “Тинекс“, во “Рамстор“ и во книжарницата “Икона“ во Сити Мол.

Продажбата почнува на 3 септември.

На децата им посакуваме среќен и весел почеток на школската година.
Катастрофа. Не знам како може МАКЕДОНСКИ БРЕНД, да си дозволи нивни производи да се продаваат во Грчки и Труски маркети. Срамота :icon_lol:
 
Член од
7 април 2012
Мислења
961
Поени од реакции
703
Последна активност:
денес во 21:30



Сеа тебе нешто те нема бе мали :D Барем си купи ли од тефтерчињата Само беден Металург?
Хехехехе...абе сите вие комити што сте тука сега глава оставам дека утре сте втора смена...
 
Член од
4 јуни 2009
Мислења
11.332
Поени од реакции
27.890
Хехехехе...абе сите вие комити што сте тука сега глава оставам дека утре сте втора смена...
Да бе брат, ама не идеме на први 2 часа пошто физичко и одделенски имаме. Се мислам дали да одам на 3 пошто ликовно имам.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom