Сител телевизија

Член од
22 април 2011
Мислења
323
Поени од реакции
105
Патриотите и со Албанска верзија на сајтот. Сега уште лав и орел да си стават на лого. http://sitel.com.mk/sq https://www.facebook.com/sitelshqip :coffee:
Па да ти кажам право од кога ја затворија и скинаа А1 овие од Сител немаат од каде да црпат идеи почнаа се да прават и ова ми е преку глава со нивнана реклама за Македонија може, само да го свртат вниманието на народов да не мисли на другите работи што се забегани во политиката...
 
Член од
13 април 2008
Мислења
3.998
Поени од реакции
1.086
Врска нема ни текстов, ни сајтов.
Балканските телевизии прикажуваат многу повеќе турски серии од нас, па таму на никој не му пречат.
 

Толстој

екс Бомбастичен
Член од
28 септември 2012
Мислења
11.920
Поени од реакции
11.945
Спамираат со оваа новава нема до дека.
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
42.811
Поени од реакции
83.991
Може некој да ми објасни зошто Сител во термините после 24 уствари во 0 10 минути часот до 24 нула десет даваат емисии од емисии што се прикажуваа кога Киро одеше по земјава ?
 
Член од
29 септември 2013
Мислења
602
Поени од реакции
487
1. Сител преку Бекстејџ пред две години три месеци нон-стоп ја плукаше Калиопи, па последниве два три дена ја отепаа од рекламирање и тоа баш со онаа песна со која ја плукаа тие три месеци.
2. Бекстејџ во истите тие три месеци преку Калиопи ја плукаа и МТВ за на крај да завршат во сопствените плуканици.
Тркалото се врти!
 

Syn

^ Фабричка грешка
Член од
23 декември 2007
Мислења
29.146
Поени од реакции
40.870
Еден од роднините на Динго од кратово attacks again




бруки искривени, срамота.
 
Член од
29 септември 2013
Мислења
602
Поени од реакции
487
И покрај тоа што програмата на Шител ја сметам за :гомце:, сепак морам да ја пофалам за “Борџии“. Ај па кога ќе заврши оваа серија нека ја пуштат “Игра на Тронови“ на македонски. Само не во овој термин. 21 часот е сепак рано и за двете серии.
 
Член од
13 април 2008
Мислења
3.998
Поени од реакции
1.086
И покрај тоа што програмата на Шител ја сметам за :гомце:, сепак морам да ја пофалам за “Борџии“. Ај па кога ќе заврши оваа серија нека ја пуштат “Игра на Тронови“ на македонски. Само не во овој термин. 21 часот е сепак рано и за двете серии.
Seriously?
Ај оди гледај си ги турските серии на македонски, не барај уништување на странски квалитет со синхронизација.
 

maricka

...
Член од
2 ноември 2009
Мислења
175
Поени од реакции
486
После долго време гледам тв, и пуштам на сител вести во 12, и се преплашив од водителката, кај ли ја имаат најдено, ајде да не и го коментирам изгледот но не знае ни да чита како што треба, грешка до грешка.
 
Член од
5 октомври 2012
Мислења
1.951
Поени од реакции
1.169
После долго време гледам тв, и пуштам на сител вести во 12, и се преплашив од водителката, кај ли ја имаат најдено, ајде да не и го коментирам изгледот но не знае ни да чита како што треба, грешка до грешка.
добро е што има водителка :D ,пушти на алфа да видеш водителка у права смисла :love:
 
Член од
29 септември 2013
Мислења
602
Поени од реакции
487
Seriously?
Ај оди гледај си ги турските серии на македонски, не барај уништување на странски квалитет со синхронизација.
Сакаш да кажеш дека германците, французите, шпанците, италијанците и еден куп други народи се глупави што синхронизираат СЀ, и на нивните телевизии не дозволуваат ни еден збор на англиски да се слушне! Не друже дијаманте. Ние сме глупавите што дозволивме на македонски канали да се слуша повеќе англиски и српски од МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК!
* биди среќен што турските серии се синхронизирани, замисли да не беа
 
Последно уредено:
Член од
13 април 2008
Мислења
3.998
Поени од реакции
1.086
Сакаш да кажеш дека германците, французите, шпанците, италијанците и еден куп други народи се глупави што синхронизираат СЀ, и на нивните телевизии не дозволуваат ни еден збор на англиски да се слушне! Не друже дијаманте. Ние сме глупавите што дозволивме на македонски канали да се слуша повеќе англиски и српски од МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК!
* биди среќен што турските серии се синхронизирани, замисли да не беа
Звучиш како бабите кои ја подржуваат синхронизацијата, ниеден млад човек не би го одобрил тоа. Споредуваш земји како Германија и Франција каде синхронизацијата е воведена од пред еден век и каде луѓето немаат време да се бават со гледање телевизија, за разлика од една мала земја како нашата каде постои голем процент на сиромашни, прости и невработени луѓе кои денот го сведуваат на гледање телевизија ? Спореди не со земји слични по економска структура, ниедна од екс ју земјите не се бави со синхронизација, да не зборуваме и за други европски земји.

20 години претходно што ни беше што читавме филмови и серии? Ништо, дури научивме англиски и шпански јазик, а згора на тоа и младите гледаа телевизија. Сега гледачите не само што се глупави, туку и стануваат глупави и хендикепирани со тоа што слушаат синхронизирана програма по цел ден.
 
Последно уредено:
Член од
29 септември 2013
Мислења
602
Поени од реакции
487
Звучиш како бабите кои ја подржуваат синхронизацијата, ниеден млад човек не би го одобрил тоа.
Еве јас сум млад човек и ја одобрувам синхронизацијата.
Споредуваш земји како Германија и Франција каде синхронизацијата е воведена од пред еден век и каде луѓето немаат време да се бават со гледање телевизија, за разлика од една мала земја како нашата каде постои голем процент на сиромашни, прости и невработени луѓе кои денот го сведуваат на гледање телевизија ?
Каква врска има тоа што синхронизацијата е воведена кај нив пред сто години. Тоа им дава право тие да ја имаат, а ние да ја немаме? И што, бидејќи тие немале време да се бават со гледање на телевизии па ајде телевизиите се решиле на синхронизација!
Каква врска има што кај нас има голем процент на сиромашни, прости и невработени луѓе со синхронизацијата. Во сите земји со синхронизација има повеќе вработени од кај нас и помалку се гледа телевизија, па пак телевизиите се “замараат“ со синхронизација.
Спореди не со земји слични по економска структура, ниедна од екс ју земјите не се бави со синхронизација, да не зборуваме и за други европски земји.
Во Хрватска има синхронизација на филмови. Во зачеток е, но има. Но затоа во Бугарија, земја со слична економска структура и сосед на Македонија има синхронизација на секој можен филм, серија и документарец, кои се емитуваат не само на домашните канали туку и на повеќето кабелски канали.
Сега гледачите не само што се глупави, туку и стануваат глупави и хендикепирани со тоа што слушаат синхронизирана програма по цел ден.
Тоа значи дека и Германските и Француските гледачи се глупави бидејќи по цел ден слушаат синхронизирана програма.
 
Член од
15 ноември 2011
Мислења
1.427
Поени од реакции
751
Како може некој акционен/крими филм/серија да ми биде убав кога ќе ми закрчат стариве гласови на Ѓокица, Цаци, Гоце, ги почитувам како врвни актери, но само кога ќе ги слушнам на синхронизираниве серии(кои ги гледа мајка ми) ми се гади. Нека произведат наше нешто филм/серија, а не да ги искористуваат за гласови, не затупавија веќе со турциве од 17-23 навечер само турци.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom