Студентски домови

Д Малиот

Нинџа лепотан!
Член од
25 јануари 2009
Мислења
296
Поени од реакции
43
Кој студентски е најдобар ако се земат во предвид условите за живеење и учење и рутата 52, 53, 54, 62 и 68 ( автобусите шо идат за Идризово ) ? :D
 
Член од
5 декември 2010
Мислења
54
Поени од реакции
10
Чекајте, семејно-материјално е исто шо и тие документите шо ги вадиме од УЈП за годишни приходи од лани?!
А со оглед на то шо го пиши во потребни документи дека од Министерството ќе бидат обезбедени некои документи меѓу кои и државјанство, не треба да вадиме, или?
 
Член од
19 декември 2011
Мислења
101
Поени од реакции
34
Убаво е некој искусен да ги каже сите точки кој треба да се исполнат при ваѓањето на документи. Знам дека ги има на официјалната страна ама има многу нејасни работи за некој прв пат што аплицира, а верувам такви во темава има многу. Затоа ако не го мрзи некој од поискусните нека пише малце подетално ако сака :)
 
Последно уредено:
Џ

ЏинЏер

Гостин

Прашај конкретно што не ти е јасно, многу е да се пишува се детално...
 
Член од
19 декември 2011
Мислења
101
Поени од реакции
34
Прашај конкретно што не ти е јасно, многу е да се пишува се детално...
Ај првин за електронсково, со документите уште не сум почнал. Значи двата родители ми се водат како невработени а тука задолжителни се полињава за нето примања на двата родители? што треба да пишам ја кога не земаат ни нето плата, ни пензија ни социјална помош?? исто и ова со приходиве за земјоделска стопанска и авторска дејност не ми е јасно ако немам ниедна од тие што да пополнам и кој е тој образец од УЈП УОП/ФЛ??
 
Член од
21 октомври 2009
Мислења
1.529
Поени од реакции
2.391

прво што ти треба е да си извадиш семејно матријално од ујп за мајкати татко ти братти и/или сестрати. Потоа од него пишуваш се што е како е (таму делот за дополнителни примања) тој е тој документ од УЈП таму се си пишува што ти треба.
второ доколку се невработени одиш во социјално и го бараш документот дека сте приматели на социјална помош + копиа од последен земен чек од социјално
 
Кај нето примања ќе пишеш 0, а горе кај што внесуваш податоци за родителите ќе штиклираш дека се невработени. Документите од УЈП всушност ги прикажуваат годишните приходи (за 2013) за двајцата родители и за тебе. Во нив ќе ги најдеш точните приходи од земјоделска, стопанска, авторска дејност и слично кои треба да се внесат во електронската пријава. Овие документи се земаат од Управата за Јавни Приходи. Многу е битно да ти се совпаѓаат сумите во електронската пријава и документите, затоа мој совет е прво да си ги земеш тие од УЈП, па според нив да пополнуваш.

Откако ќе пополниш се во електронската пријава, ќе ти се појави идентификационен број кој треба да си го запишеш или испечатиш и да го предадеш со другите документи. Од годинава како што гледам треба и да се испечати електронската пријава, до лани тоа не се бараше.
Исто така треба да ги испечатиш и пополниш документите кои се поставени на http://www.smestuvanje.mon.gov.mk/documents (најдолу).
Пошто родителите ти се невработени, за нив не носиш никакви потврди. За браќа/сестри кои учат/студираат потребна е потврда од училиште/факултет. Исто и за тебе, потврда за редовен студент и уверение за положени испити од факултет + образец УППИ (го има во документите на smestuvanje.mon.gov.mk/documents) кој треба сам да го пополниш и да го однесеш да ти го заверат на факултет. Доколку си прва година, наместо уверение за положени испити и УППИ образец носиш копија од диплома за завршено средно.

И потребно е да уплатиш административна такса од 50 денари и уплатницата исто да ја доставиш со документите.

Ако има уште нешто, прашај, толку ми текна сега :)

Од УЈП годинава не се зема за браќа и сестри како што прочитав во конкурсот. Само за родителите и самиот кандидат.
 
ок фала ви многу и на двајцата! само сеа усвари ми текна дека мојте родители одамна не идат да го заверат картонот за да се водат како невработени, фактички не можам да ги штиклирам како невработени така? памтам прошлата година истава ситуација беше и ваѓав потврди исто од завод ама дека таму не се евидентирани како невработени, за понатаму незнам зашто се откажав од аплицирањето. Е сеа не ми е јасно дали вака ќе треба да внесувам суми за нето примањата, и кажете ми како иде ваѓањето на семејно материјално во УЈП, колку шо памтам прошлата година некој плаќаше по 600 денара а некој лажеше дека му е за незнам што таму, исто е годинава? :)
 
Емкаа

the worst thing about prison was the dementors.
Член од
14 мај 2008
Мислења
4.917
Поени од реакции
12.405
Од УЈП не можам да извадам семејно-материјално бидејќи податоците за 2013 година сеуште биле во обработка.facepalm. Има уште некој со исто искуство, и од кај да знам шо да внесам сега во пријавата, минатото лето бев вработена ама не знам точно колку денови?
 
Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.343
ок фала ви многу и на двајцата! само сеа усвари ми текна дека мојте родители одамна не идат да го заверат картонот за да се водат како невработени, фактички не можам да ги штиклирам како невработени така? памтам прошлата година истава ситуација беше и ваѓав потврди исто од завод ама дека таму не се евидентирани како невработени, за понатаму незнам зашто се откажав од аплицирањето. Е сеа не ми е јасно дали вака ќе треба да внесувам суми за нето примањата, и кажете ми како иде ваѓањето на семејно материјално во УЈП, колку шо памтам прошлата година некој плаќаше по 600 денара а некој лажеше дека му е за незнам што таму, исто е годинава? :)
Тоа е бесплатно, за што и да е потребно.
 
Член од
5 декември 2010
Мислења
54
Поени од реакции
10
Во уплатницата за административна такса за молбата шо треба кај примач и банка?
 
Член од
11 јануари 2012
Мислења
78
Поени од реакции
22
Во уплатницата за административна такса за молбата шо треба кај примач и банка?
Еве слика со пополнета уплатница за административна такса. Во полето кај уплатна сметка кај ХХХ треба да се внесе бројот на општината (спојлер)

број
Општина Ознака за
општината
1. Арачиново 101
2. Берово 102
3. Битола 103
4. Богданци 104
5. Боговиње 105
6. Босилово 106
7. Брвеница 107
8. Валандово 108
9. Василево 109
10. Вевчани 110
11. Велес 111
12. Виница 112
13. Вранештица 113
14. Врапчиште 114
15. Гевгелија 115
16. Гостивар 116
17. Градско 117
18. Дебар 118
19. Дебарца 119
20. Делчево 120
21. Демир Капија 121
22. Демир Хисар 122
23. Дојран 123
24. Долнени 124
25. Другово 125
26. Желино 126
27. Зајас 127
28. Зелениково 128
29. Зрновци 129
30. Илинден 130
31. Јегуновце 131
32. Кавадарци 132 33. Карбинци 133
34. Кичево 134
35. Конче 135
36. Кочани 136
37. Кратово 137
38. Крива Паланка 138
39. Кривогаштани 139
40. Крушево 140
41. Куманово 141
42. Липково 142
43. Лозово 143
44. Маврово
и Ростуше 144
45. Македонски Брод 145
46. Македонска Каменица 146
47. Могила 147
48. Неготино 148
49. Новаци 149
50. Ново Село 150
51. Осломеј 151
52. Охрид 152
53. Петровец 153
54. Пехчево 154
55. Пласница 155
56. Прилеп 156
57. Пробиштип 157
58. Радовиш 158
59. Ранковце 159
60. Ресен 160
61. Росоман 161
62. Старо Нагоричане 162
63. Свети Николе 163
64. Сопиште 164
65. Струга 165
66. Струмица 166
67. Студеничани 167
68. Теарце 168
69. Тетово 169
70. Центар Жупа 170
71. Чашка 171 72. Чешиново
и Облешево 172
73. Чучер Сандево 173
74. Штип 174
75. Аеродром 175
76. Бутел 176
77. Гази Баба 177
78. Ѓорче Петров 178
79. Карпош 179
80. Кисела Вода 180
81. Сарај 181
82. Центар 182
83. Чаир 183
84. Шуто Оризари 184
85. Град Скопје 185
 
Член од
3 август 2014
Мислења
3
Поени од реакции
0
Поздрав. Ме интересира кога се пријавите за во студентски ? и каде треба да аплицирам ? извинете што упаѓам вака како падобранец али навистина ми е итно а и неможам да најдам соодветен одговор во претходниве постови... ви благодарам од напред.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom