Последен гледан филм со кратка рецензија

macko i

Локален шериф
Член од
8 јуни 2011
Мислења
2.717
Поени од реакции
1.469
Oscar
Леле филмов е лудница сепак малку насловот е несодветен ама ај . Ангело е мафијаш којј на смртна постела на татко му ќе му вети дека ќе стане чесен човек звучи едноставно , но нештата се менуваат токму на денот кога тој решава да почне да живее чесно. Антнони инаку негов потрчко ќе му бара покачување за да ја запроси ќерката на некој богат човек откога ќе го убеди ќе дознае дека всушност се работи за неговата ќерка... Одлична комедија со мали недостатоци 8/10.
Police academy 1- 7 дел
Првите три дела се трпат некако четвртиот е катастрофа , петиот така - така, шестиот и седмиот ќе ве натераат да се запрашате , па вредеше ли 7 дела да се тера истата финта и истиот рецепт? За тепање време ок може ама дека е серозно добра комедија не би рекол 4/10.[DOUBLEPOST=1404943499][/DOUBLEPOST]Oscar
Леле филмов е лудница сепак малку насловот е несодветен ама ај . Ангело е мафијаш којј на смртна постела на татко му ќе му вети дека ќе стане чесен човек звучи едноставно , но нештата се менуваат токму на денот кога тој решава да почне да живее чесно. Антнони инаку негов потрчко ќе му бара покачување за да ја запроси ќерката на некој богат човек откога ќе го убеди ќе дознае дека всушност се работи за неговата ќерка... Одлична комедија со мали недостатоци 8/10.
Police academy 1- 7 дел
Првите три дела се трпат некако четвртиот е катастрофа , петиот така - така, шестиот и седмиот ќе ве натераат да се запрашате , па вредеше ли 7 дела да се тера истата финта и истиот рецепт? За тепање време ок може ама дека е серозно добра комедија не би рекол 4/10.
 
Член од
25 јуни 2012
Мислења
2.479
Поени од реакции
2.341
Lorenzo's Oil


http://www.imdb.com/title/tt0104756/

Филм кој ќе ве натера да помислите дали вистински ја знаете вредноста на животот. Филм кој говори за упорноста на човекот во остварување на своите цели... Кој ја прикажува љубовта на родителите кон своите деца на еден вистински начин. Од еден среќен живот, полн со хармонија, родителите на малиот Лоренцо ќе дознаат дека има болест која е неизлечлива. Тие ќе почнат да го бараат лекот...
Фантастична глума од Ник Нолти и Сузан Сарандон 10/10.
Филм 10/10.
Базиран на вистинска приказна. Во следнава статија може да прочитате спојлери за филмот. Ваш избор дали ќе ја прочитате пред или не, сигурно нема да ви го уништи филмот.:)
http://www.economist.com/news/obituary/21589838-augusto-odone-world-bank-economist-who-derived-lorenzos-oil-treat-his-son-died-october
 

macko i

Локален шериф
Член од
8 јуни 2011
Мислења
2.717
Поени од реакции
1.469
Amos & Andrew
Вистинска мешаница ќе се создаде кога во населбата ќе се всели Амос кој е црнец соседите ќе помислат дека е крадец и ќе го пријават во полиција. Работата ќе отиде и до таму што наводно тој држи заложници во куќата. Кога ќе дознае командантот на полицијата дека згрешил за да се спаси од затвор ќе го извади Ендру кој е ситен криминалец со цел да прикаже дека овој е крадецот.. Ма солиден филм 9/10.
 

shumecha.tableta

Модератор
Член од
26 декември 2013
Мислења
3.320
Поени од реакции
17.764
Fight Club (1999)

АААХА! Значи таму лежел зајакот. Овој филм значи ја имал таа фамозна сцена, што сите џенцки ја постираа на фејсбук: - and suddenly I felt nothing. Е па можат слободно да си ги јајт белите бубрези, пошто suddenly I felt како се прејададов. Лажам, никад нема да го дознаам тој осеќај. Туку suddenly i felt smarter. :P Пошто пола од нив не знаат дека всушност таа реплика не ја кажува џенцката и дека таа не би рекла такво нешто. А јас малку касно палам, електронски уназадена сум, али битно дознав, бе. Ја открив Америка. :D Инаку, уште пред два месеца дадов збор (океј, батка - ветив) дека ќе го гледам и дека ќе бапнам една рецесија низ темиве. Не сум заборавила. :гик: Имаше многу пофални континети за филмов и конечно се решив да го изгледам. :D Кога видов дека трае два ипол саати, си симнав превод, си викам... едно е ти да не сфатиш епизода од 20 минути, али друго е да утепаш 2 ипол саати и да блееш ко теле во шарена врата. Башка за кичми кршење е работата, барем да знаеш зошто си ги кршат. А симнав некој глуп превод, па брканица си игравме цело време. На ти го, дај ми го. Живци ми искуба. :cautious:

И коонечно да почнам више нешо за филмот да кажувам. :D
Главниов типак (женско од типка), пати од несоница. Се решава да оди на „советувалишта“ (не знам како се викаат тие собири, каде што луѓето си ги кажуваат своите маки, како на пример: Здраво, ја сум Шумеќа и поима неам од пишување рецесии), така и овие, се поддржуваат меѓусебно. Таму и главниов типак се среќава со дамата со „фелтот натинг“. Фактички, батка... и двајцата одат на сите можни советувалишта (за рак, за туберкулоза и за сите други што постојат), а у ствари нив нешто сосем трето ги мачи. Али батка, си бараат утеха, нема ништо лошо тука. Во авион се запознава со еден опасан типац, со Пит-ата. Ептен опасан, бетер од безопасна. :cool: Додека тој ќе биде на патување, неговиот стан ќе изгори. Така тој се преселува во домата на Пит-ата, која е така по малку крипи напуштена куќа. Стекнуваат некоја навика - си кршат кичми. :icon_mrgr: Ваљда батка сакаат да се решат од негативна енергија, поима неам. Постепено им се приклучуваат и други души. ИИИ бам - тука више почнува она јако кршење на кичми, основаат Фајт Клуб. Кршење кичми братчеее, не се знае кој на кого крши кичма и чива е таа кичма. Мене тоа ми беше бљак, на пример. :D Во меѓувреме батка, Пит-ата се среќава со „дамата со фелтот демек натинг“ и праат некои работи за големолетни. Потоа имаше гадни сцени со сапуни, па пак со кршење кичми. Многу кршење кичми. :sick: Во борба! Во борба! Во бооорба, македонски народее! :ROFLMAO: Пит-ата започнува да формира своја војска. И имаат главно правило, да не се кодошат, на пример, без тоа ооопа, опа па, на наставничката. У овој случај на никој, не само на наставничката. Пошто ова е тепачка без пари, разбираш. :D Прават „bad boys stuff“, секакви глупости. Крвишта на сите страни, да му се згади на човек. И бам! Guess what? - до тука изгледав. Не знам, едноставно повеќе не ми привлекуваше внимание. Башка многу крв бе батка, исекотини... Еден час и пеесет минути го гледав. Не сум фан на вакви филмови едноставно. А ја баш и не сум многу по кршење кичми, ја сакам по лагани филмчиња.
И така. :D
Пи ес: Знам дека е рецензија. Рецесија е боље. :sleep:

 
Член од
8 јануари 2013
Мислења
5.035
Поени од реакции
12.892
За разлика од минатата страна и мислењата мои во кои филмовите се чиста пефекција и 10, следниве филмови се од разновиден карактер, значи се наоѓа и добро, подобро, најдобро и оценки од 7-10. Па да почнеме од тој што прв го гледав и најдобриот од овие што следуваат (y)

Leon The Professional 1994


Значи дефинитвно во 1994 се утепале од правење добри, легендарни филмчиња. Феноменален филм во кој главни улоги се Леон - професионален сериски убиец, и Матилда - мало девојче на кое и ги убија родителите. Леон ја спасува Матилда и почнува да се грижи за неа и почнува да ја учи на „чистење„ и поминуваат многу заднички моменти. Филм што вреди да се гледа во секој аспект, одлична глума, приказна и завршница со порака дека одмаздата секогаш стигнува. Чиста 10 :cuc:

Garden State 2004


Барајќи кој се глумциве во Леон си ја забележав Натали Портман, таа е малото девојче во тој филм, ама сега е премногу убава. Барав таму на почетоците комедии нејзини и овој некако најмногу окце ми фати изгледа ради рејтингот. Романтична комедија за двајца млади кои се запознаваат, почнуваат да излегуваат и се заљубуваат. Искрено мене не ми беше ништо смешно во филмов, ама интересна е приказната, интересни дешавки има, можеби ко појава се малце трапави и смешни, ама дека нешто е комедија да се гази човек од смеење не е, ама добро е може да се погледне. 7 му дадов јас

Training Day 2001


Добро филмче со Дензел Вашингтон во главна улога. Значи млад цајкан оди на обука со искусен цајкан, кој всушност не е цајкан и е заплеткан во матни зделки и бизниси. Младиов цајкан влегува полека почнува да сфаќа дека нешто не е во ред, но во меѓувреме се заплеткува во неволји и можеше многу лесно да биде убиен. Од филмов заклучив дека доказите може некогаш да ти спасат живот и подобро доцна да се опаметиш, отколку никогаш. Интересно филмче, јас 8 му дадов.

Top Gun 1986


Лабаво, шмекерско филмче со Том Круз во главна улога. Филм за авиони и љубовта меѓу инструкторката и Маверик студентот кој е пратен на обука. Делот со авиониве и не ми беше толку интересен, колку овие двајцава кога се шмекаа. Истотака многу добра песна си има филмов и тоа дава посебен шмек. 9 му дадов на филмчево, легендарно е.

The Basketball Diaries 1995


Премногу добро филмче со Леонардо Ди Каприо. Филм за едно потенцијален, млад кошаркар кој тргнува по лош пат и станува уште една жртва на хероинот. Филм во кој се открива уште еднаш правото лице на дрогата и колку таа може да уништи нечии соништа, уште еден филм кој ни укажува дека дрогата не ни е пријател. Deep е таа сцената кога Каприо гледа на тв како неговиот поранешен другар кој не тргна по тој пат успева со кошарката, а тој седи и пропаѓа... Одлично филмче, 10 му дадов :)
 

Толстој

екс Бомбастичен
Член од
28 септември 2012
Мислења
11.920
Поени од реакции
11.945
Need for Speed (2014)



Новиот филм базиран на видео играта која го носи истиот наслов конечно излезе на добар торент и беше редно да го изгледам. Едноставно, имав очекувања до некаде да биде толку добар филмот, и беше добар тоа мора да го признаеме иако модераторот го хејташе.

Need For Speed инаку ви е нешто слично како F&F серијалот, а башка што и годинава нема нов F&F филм овој NFS ќе ви дојде и те како добро.

Во филмот се работи за еден вид битка помеѓу Тоби Маршал и Дино Брестер кои имаат нерасчитени сметки од минатото. Тоби Маршал е поседувач на голем автомеханичарски салон „Маршал Моторс„ додека и овој Дино имаше нешто слично насловено „Дино Бамбино„ кое такоџе изгледа беше некој салон за автомобили.

Се на се одлично, можеби се изначекавме на добар торент, но барем мене ми вредеше чекањето.

Единствено ми беше многу, многу едноставно да претпоставам што ќе се случи на крај и очекував повеќе озбилни трки, а не само 2 од De Lion тајната трка и една помеѓу Дино, Тоби и пријателот Пит за кој не сакам ништо да ви кажувам, ќе ви биде интересно.

9/10
 

GreenRoot

^Зелен^
Член од
20 јули 2011
Мислења
2.547
Поени од реакции
2.117
Gravity - џабе потрошено време. Настрана ефектите, досаден филм за мене. 4/10

12 years of slave - Одличен филм! Еден добар и ценет црномурест свирач на виолина ќе заврши како роб. Понатаму е покажана неговата болка и болката на другите робови. Погледенете го немат да зажалите. 8/10

Mystic river - е еден од најдобрите филмви што сум ги гледал. На самиот старт ликовите се прикажани како 3 деца од кое едното ќе биде киндапирано. Подоцна, веќе возрасни мажи со фамилија, едниот од нив ќе доживее семејна трагедија... Тука почнува се, многу непредвидлив филм. 9/10
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
11.568
Поени од реакции
17.968
Under the skin

Одлична музика, совршено вклопена во пар сцени, заедно со со сивилото и маглата на Шкотска доловуваа уникатна атмосфера. Само што тоа е се што можам да издвојам позитивно за филмов. Недостаток на приказна, недостаток на дијалог, сцени кои се повторуваат, за приказната која што ја нудеше ова требаше да биде краткометражен филм. Ја сфатив поентата и све тоа, само што впечатокот од истата ми е ко да сум прочитал басна од Езоп. А толку се напалив кога видов sci - fi/ mystery, кога на крајот искочи режисерот сака да глуми генијалец, не дека немаше генијални работи, само некако претенденциозно, во домен на мојот вкус али тенденциозно. А си мислев нешто налик на ова ќе начекам

http://www.imdb.com/title/tt0362478/?ref_=nv_sr_2

еден од најпотценетите филмови на имдб.
 
Член од
5 ноември 2008
Мислења
2.569
Поени од реакции
610
Fear and Loathing in Las Vegas (1998)

http://www.imdb.com/title/tt0120669/?ref_=nv_sr_1

Интересно е тоа што филмов се рачуна како црна комедија, но јас повеќе го интерпретирам како трилер. Сеедно, станува збор за легендарното дело на легендарниот новинар Хантер С. Томпсон од неговата истоимена новела (на македонски бѝ било преведено како Страв и гадење во Лас Вегас - барем според Три, кои ја држат книгата на македонски јазик). Во филмот се прикажува дејство во неколку ноќи каде што новинарот Паоул Дјук, кој што е фиктивен карактер; но многу близок со вистинскиот Хантер оди во Лас Вегас со задача да направи репортажа на Минт 400 трки со мотори. Ќе видите како тој и неговиот адвокат под дејство на многу дроги го доживуваат сето тоа. Интересен и долг филм што нема да ве разочара. Култ!

9/10
 

GreenRoot

^Зелен^
Член од
20 јули 2011
Мислења
2.547
Поени од реакции
2.117
There Will Be Blood - не разбирам зошто овој филм има толку висока оцена. Плус го најдов во статија, „филмови на декадата“, lol.
Премногу долг филм. Премногу долг вовед. Досадно дејствие. Го исклучив 40 минути пред крај, воопшто не бев заинтригиран што ќе се случува понатака и како ќе заврши.
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.987
This is the end (2013).



Ова е типичен “Scary movie“ филм. Одлична комедија. И одличен филм.

Само за разлика од Скери мови филмовите, овој филм е “шала на своја сметка“ затоа што секој глумец се толкува себеси т.е. се исмева самиот себе.

Обично не сакам да ги раскажувам филмовите, всушност не ги ни читам објаснувањата, само критиките, затоа што така се губи задоволството додека го гледаме филмот. Едноставно знаеме што ќе се случи, а тоа е губење на време.

Кратко и јасно. Има многу религија (таа е централната тема), одличен хумор, одлична глума, интересен заплет и секој лик си е посебен. Вреди да се изгледа. :)
 

Sky*

Не биди коцкест.
Член од
12 август 2011
Мислења
5.594
Поени од реакции
7.168
Изгледав многу филмови, значи некој ќе ги опишам со две до три реченици, некои само ќе ги набројам и така.
The Transporter 1, 2 ,3 - недела, немаше што да се прави па си седнав сите дела да ги гледам, што ми текна, немам појма. Не дека ги немам гледано.
Need for Speed - некој горе го пишал така да нема што да кажам повеќе, едноставно вреди да се погледне.
Sabotage - филм за љубителите на акција, главна улога - Шварци. Оддел против наркотици прави саботажа, запленуваат огромна сума на пари. Од тие пари 10 милиони ги прикриваат. Се враќаат да ги земат парите, но парите ги нема. Како се одвива филмот, така еден по еден од тимот умира.
Daybreakers - дејствието на филмот се одвива во иднината, каде цела популација од населението е претворена во вампири. Група на доктори вампири се обидува да најде лек како да се произведе човекова крв, со цел да опстанат, бидејќи пополека обичните смртници изчезнуваат.
Vendetta - англиски филм, главна улога Дени Даер. Се почнува кога татко му ќе спаси една жена од грабеж на мафијата. За време на грабежот тој ќе убие еден член на мафијата, тоа да биде братот на водачот на мафијата. Мафијата одма ќе реагира односно ќе ги убијат мајката и таткото на Дени ( Џими Викерс). Тука веќе започнува одмаздата на Џими. Филм кој вреди да се погледне.
I, Frankenstein - на нет прочитав многу коментари дека е лош филм, па седнав да го изгледам, мене искрено ми се допадна, се ствар на вкус. Малку ми личи на Underworld. Франкејштан, монструм кој се наоѓа помеѓу два бесмртна клана. Човек создаден од физичар. Инаку очекувам да има и повеќе делови филмов.

Други филмови: Swetler, The Bourne Legacy, Freezer, Green Street 3: Never back Down, White house Down,
 

macko i

Локален шериф
Член од
8 јуни 2011
Мислења
2.717
Поени од реакции
1.469
4Closed
Филмов ме стави во мисла какви психопати има посебно заради тоа што е снимен според вистински настан. Имено едно семејство ќе купат една прекрасна куќа за ефтини пари, но на денот на вселувањето се појавува еден човек со тврдење дека куќата е негова и неможат да му ја земат. Иако полицијата ќе го исфрли тој користејќи тајна просторија во куќата ќе учествува во нивниот живот исполнет со недоверба.. Ми се допадна солиден филм иако со видена тематика :) 8/10.
 
Член од
15 јули 2009
Мислења
3.348
Поени од реакции
3.217
Limitless

Главниот лик Еди Мура почнува да купува таблети кои се викаат НЗТ,заради кој секогаш е чекор пред другите и може да се снајде во секаква ситуација,но подоцна тој дознава дека ако некогаш преќине да ги конзумира тие таблети ќе умре.

Толку од мене,интересно филмче,имдб оценка има 7.4,јас би му дал 8ца.
 

gata salvaje

matufa
Член од
2 декември 2011
Мислења
6.882
Поени од реакции
10.438
http://www.imdb.com/title/tt2102396/

Секс , дрога и рокенрол:vozbud::vozbud::vozbud: Се смеам бе...
Бразилско филмче, со убави луѓе, убава музика, интересна приказна за тоа колку животот е заебан понекогаш. Филм за спознавањето себеси, созревањето ,...Доста опуштен . Топло го препорачувам.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom