http://www.nydailynews.com/news/national/months-infant-mauling-dog-attack-mcgrew-home-article-1.1237732
Приказнава е многу сумлива. И не дека ги бранам ретриверите, нити мислам дека никогаш не би нападнале, туку како и самата тема што сигерира, мислам дека не е до расата воопшто.
Прво, детете е оставено во бебешка лулашка, додека таткото спие со другото дете и другото куче во спална, а мајката е на лекар со третото дете. Второ, кучето го гризнува детето и наводно таткото ( а ваљда ни другите ) ништо не слушаат. Тоа се 2 нелогичности. И нигде не пишува дека е потврдено дека смртта на бебето е од кучето ( а сепак, кучето е успиено ). И да е, пак родителот е крив што го оставил бебето таму. Тоа не е место да се остави бебе без надзор. А и сите треба да знаат дека бебињата не знаат како треба да се однесуваат со кучиња и како различни кучиња реагираат околу нив, особено ако кучето било кај нив само неколку НЕДЕЛИ, што значи дека уште не го ни знаат кучето доволно. А и да е најдоброто куче, ако бебето направи нешто да го испровоцира, нормално дека кучето може да нападне. Затоа треба
секогаш да се надгледуваат кучињата со бебиња. Јас се кладам дека истото куче, да е чувано од други луѓе, никогаш не би го направило ова.
И да не звучи се` ова некако чудно, после неколку месеци, друго нивно дете има инцидент со друго нивно куче. Некој гледа проблем овде со луѓето или со кучињата? Или они не си ги воспитуваат и контролираат децата како што треба, или не ги третираат кучињата како што треба, или многу веројатно двете.
И не ми е јасно како им ги вратиле децата (или може треба да кажам остатокот) во нивна грижа,
2 ПАТИ.