Македонскиот народ е пред демографска катастрофа

Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.067
Поени од реакции
11.428
Умираат големите македонски градови!

Дури 37 македонски општини меѓу кои се и големите македонски градови: Битола, Прилеп, Охрид, Велес, скопските општини Кисела Вода и Карпош, помалите градови: Кавадарци, Кочани, Пробиштип, Гевгелија, Берово, Виница, Делчево, Македонска Каменица, Ресен, Свети Николе имаат поразителни податоци зашто имаат повеќе починати од новородени лица. Особено загрижува тоа што во сите 37 општини доминантно население се етничките Македонци. Најлошо е во: Демир Хисар, Брод, Другово, Вранештица, Старо Нагоричане, Дебарца каде на едно бебе има повеќе од две починати лица!

Белата чума, болеста на современото време и за лани го зема својот данок во Македонија. Официјалните податоци на Државниот завод за статистика за 2013 година за наталитетот и морталитетот по општини се поразителни иако се за нијанса помалку лоши од тие во 2012 година. На листата на општини во кои морталитетот значајно го надминува или е барем поголем од наталитетот се дури 37 општини во Македонија. Тоа значи дека белата чума коси во дури 44 отсто од сите општини во земјава.
 
Член од
30 ноември 2007
Мислења
7.130
Поени од реакции
4.822

Ако се погледно подетално, македонците имаат негативен прираст не во 37 општини , туку во многу повеќе.

Општините во кои македнците имаа позитивен прираст во 2012та:

-Аеродром
-Василево
-Дебар (муслимани)
-Дојран
-Зелениково
-Илинден
-Конче
-Маврово-Ростуше (муслимани)
-Мак.Каменица
-Петровец
-Радовиш
-Сопиште
-Струмица
-Чучер Сандево

Во 14 општини позитивен, во околу 70 негативен.

Битола по природен пат (родени-умрени) за 5 години има 1740 македонци помалку. (Битола важи за рекордер)

Прилеп: -1305 македонци за 5 години
Центар: -541 македонец
Карпош: -529
Чаир: -513
Велес: -503
Ресен: -454
Делчево: -408
Демир Хисар: -395
Охрид: -312
Кисела Вода: -273
Берово: -260
итн итн

За 5 години (2008-2012) , по природен пат во Македонија имаме:

11.077 македонци помалку
22.543 албанци повеќе
 
Последно уредено:

TheTrooper

Психијатриски случај
Член од
27 април 2009
Мислења
6.823
Поени од реакции
6.346
Не е толку минусот сам по себе поразителен.Едноставно морталитетот е приказ на поранешниот наталитет и не може многу да се влијае врз него. Што и да направиш ако имаш многу стари луѓе ќе имаш и многу умрени,а порано пред 70 години навистина многу Македонци се имаат раѓано.
Побитен е бројот на родени и моменталниот фертилитет. Тие податоци се побитни за иднината......мртвите мање више.
Често пати демографски многу повитални и со поглема иднина се општини со негативен прираст од колку тие со позитивен. Премер Македонска Каменица.Таа има позитивен прираст исклучиво ради тоа што има многу мал број на старци додека бројот на родени деца е ненормално мал. Неверојатно е како таа општина сеуште одржува позитива.
Вака на прва ќе помислиш еј па овие се супер во плус се,ама не е баш така.
Истото се случува и со Бошњаците во БиХ.Уште ги подлажува нискиот морталитет,па и со многу низок наталитет сеуште се во каков таков плус.
Кога ќе дојдат на ред да умираат бејби бумерите нема да знаат кај им е газот,а каде главата.
Македонска Каменица и Бошњаците во БиХ се демографски катастрофи кои чекаат да се случат.
 
TheTrooper

Психијатриски случај
Член од
27 април 2009
Мислења
6.823
Поени од реакции
6.346
Кога веќе еднаш ги спомнав Турците.

Турците на ниво на Европските народи горе доле.Нешто подобри се,но овакви беа резултаите на секој европски народ во првите 10тина години после падот под 2,1.
За 10-20 години и тие ќе дојдат на ниво на кое христијанските народи од Европа се сега. Курдите од другата страна растураат,сите нивни региони со фертилитет од 3 или повеќе.
Можни се големи промени во Турција ако долгорочно се задржат овие текови.Курдите сега имаат златни шанси. Сега или никогаш.Демографски се подобри од сите народи кои ги држат окупирани.
Турците потклекнуваат полека, Ирак се распаѓа и во пракса имаат држава веќе, во Сирија исто така.
Ако во оваа или наредната декада не успеат да формираат некоја своја држава никогаш нема.Ако ништо друго барем во Ирак и делови од Сирија.

Барем вакво нешто.

PIRATIC

diplomiran klozetar
Член од
26 јануари 2012
Мислења
7.854
Поени од реакции
6.495
Системот си го прави своето ...
Капитализмот е материјалистички и индивидуалистички систем каде на прво место се ставаат материјалните работи кариерата, бизнисот, заработувачката и личниот комфор а семејството се става на второ место ... за разлика од сите претходни системи каде секогаш на прво место било семејството !
Економијата ите-како игра улога, без кров над глава и без пари не се гледаат деца и фамилија но не се во прашање само социо-економските фактори бидејќи гледано на глобално ниво токму највисоко развиените земји во светот каде што населението е образовано и еманципирано и е на повисоко културно-цивилизациско ниво имаат катастрофален наталитет, од друга страна во земјите од третиот свет каде што поголемиот дел од населението во тие држави е неписмено и нееманципирано на пониско културно-цивилизациско ниво и буквално живее во кал и мизерија овие земји имаат демографски бум !
На Балканот и воопшто во источна Европа работите се прилично лоши бидејќи во западно Европските земји губитоците на население се потполнуваат преку емиграцијата но никој од тие емигранти од Африка и Азија не сака да живее и работи во источна Европа нормално туку крајната дестинација и цел им се високо развиените западно Европски држави така да за 50 години источна Европа најверојатно ќе биде демографски преполовена со население гледано според демографските трендови ... од една страна младите ја гледаат својата перспектива во западните земји, од друга страна огромен процент на старо население кое се чисти по природен пат т.е. постои висок морталитет кој секоја година го надминува бројот на живородени деца и трета работа мал број на бракови и принова/новороденчиња ... доколку се земат овие три показатели јасно се воочува демографскиот колапс особено на Балканот како и на цела источна Европа !
 
TheTrooper

Психијатриски случај
Член од
27 април 2009
Мислења
6.823
Поени од реакции
6.346
Системот си го прави своето ...
Капитализмот е материјалистички и индивидуалистички систем каде на прво место се ставаат материјалните работи кариерата, бизнисот, заработувачката и личниот комфор а семејството се става на второ место ... за разлика од сите претходни системи каде секогаш на прво место било семејството !
Капитализмот нема врска со тоа.
И во комунизмот се појавуваат ниски фертилитети и низок наталитет.
На крајот на краиштата капитализмот постои со векови,па тек во последните 40 години се соочуваме со пад на родените.Не е до системот,фората е што е достигнат одреден максимум на едно општество и постои само одење надоле после тој максимум.Како и се на овој универзум (вкучувајќи го и него) и општествата си имаат свој животен пат. Раѓање,раст,развивање, достигнување врв, дегенрација,стареење и смрт на крајот. Западните општества се моментално како луѓе кои доживуваат криза на средни години.Едноставно го достигнаа врвот и сега имаме само дегенрација....се помалку нови клетки и со се послаб квалитет се ствараат.

п.с Америка која се смета за мадрленд на капитализмот има највисок наталитет и фертилитет од сите високо развиени земји.

од друга страна во земјите од третиот свет каде што поголемиот дел од населението во тие држави е неписмено и нееманципирано на пониско културно-цивилизациско ниво и буквално живее во кал и мизерија овие земји имаат демографски бум !
Имаат популациски бум,но и економски голем дел од нив.Ако не приметуваш земјите кои имаат најголем раст на економијата имаат и најголем раст на населението.
И тие ќе се развијат еден ден,за разлика од нас на кои никогаш нема да ни е ни промил подобро него сега.

На Балканот и воопшто во источна Европа работите се прилично лоши бидејќи во западно Европските земји губитоците на население се потполнуваат преку емиграцијата но никој од тие емигранти од Африка и Азија не сака да живее и работи во источна Европа нормално туку крајната дестинација и цел им се високо развиените западно Европски држави така да за 50 години источна Европа најверојатно ќе биде демографски преполовена со население гледано според демографските трендови ... од една страна младите ја гледаат својата перспектива во западните земји, од друга страна огромен процент на старо население кое се чисти по природен пат т.е. постои висок морталитет кој секоја година го надминува бројот на живородени деца и трета работа мал број на бракови и принова/новороденчиња ... доколку се земат овие три показатели јасно се воочува демографскиот колапс особено на Балканот како и на цела источна Европа !
Нека се,нека отиде се у курац и што побрзо нека заврши за да може од ново нешто да се почне.Подбро да останат неколку стотина илјади кои ќе вредат,него да го прибираме шлајмот од целиот свет.

На крајот од краиштата само ние источнањците ќе останеме припадници на белата раса. Подобро е да се распадне се него да не спасуваат и залажуваат имигранти кои еден ден ќе не надбројат и заменат на нашите веоковни огништа.
 
Toma

Корона стронг
Член од
22 април 2014
Мислења
4.064
Поени од реакции
3.211
Системот нема врска со намалувањето на наталитетот, туку развојот на технолоѓијата (потребни се се помалку луѓе за работа) и испраните мозоци на белците (зошто да раѓам и да се мачам, кога можам да уживам во животот).
 
Член од
17 февруари 2013
Мислења
575
Поени од реакции
480
Mozda sme pred demografska katastrofa ama sme mnogu moderni,toa e najbitno neli?(y)
 
PIRATIC

diplomiran klozetar
Член од
26 јануари 2012
Мислења
7.854
Поени од реакции
6.495
Системот нема врска со намалувањето на наталитетот, туку развојот на технолоѓијата (потребни се се помалку луѓе за работа) и испраните мозоци на белците (зошто да раѓам и да се мачам, кога можам да уживам во животот).
Во право си технологијата и електрониката ите-како имаат свое влијание во овој процес но и системот друже Капитализмот кој е материјалистички и индивидуалистички систем, секој ден се движам низ многу луѓе, познавам многу луѓе јасно се приметува егоизмот и индивидуализмот како и материјализмот кај луѓето во денешницава за разлика од порано кога овие карактеристики беа послабо изразени, од мало дете што уште оди во основно училиште па се до возрасен човек ретко да сретнеш човек денеска што не е материјалиста и индивидуалист особено во градските средини за во руралните средини незнам како е бидејќи говорам за градска средина !
Што ставаат денеска луѓето на прво место, да се заврши солидно образование, да се најде солидна работа, да се има добра плата, ако некој отвори бизнис на прво место му е да има што е можно поголема заработувачка, еве сега е лето сите мислат каде да одат на одмор на кое море, каква кола да си купат, кој нов смартфон, таблет, лаптоп, лцд-тв да го купат, гардероби, стајлинзи, излегувања, шопинзи-мопинзи и.т.н. денеска на луѓето на прво место им е личниот комфор, факт и ова важи и за машките и за женските, особено помладите генерации се зафатени со оваа материјалистичка треска но има и возрасни особи кои ги имаат овие карактеристики !
Некој рече дека и во Социјализмот бил мал наталитетот, да точно наталитетот бил низок и тогаш но сепак бил доволен за стабилна демографија односно грото имале по две деца а денеска гледам веќе и две деца по урбаниве средини се реткост половина од младиве ќе останат сами цел живот а другата половина имаат/ќе имаат грото од нив по едно дете !
Порано старите генерации биле 90% домаќини шајка да најде на улица ќе ја донесе дома што се вика а денеска помладите генерации се гледаат да спичкаат на комфор и луксуз ама Холивудското перење на мозок лека полека си го направи своето, си ја постигна целта ! позз[DOUBLEPOST=1405962078][/DOUBLEPOST]
Капитализмот нема врска со тоа.
И во комунизмот се појавуваат ниски фертилитети и низок наталитет.
На крајот на краиштата капитализмот постои со векови,па тек во последните 40 години се соочуваме со пад на родените.Не е до системот,фората е што е достигнат одреден максимум на едно општество и постои само одење надоле после тој максимум.Како и се на овој универзум (вкучувајќи го и него) и општествата си имаат свој животен пат. Раѓање,раст,развивање, достигнување врв, дегенрација,стареење и смрт на крајот. Западните општества се моментално како луѓе кои доживуваат криза на средни години.Едноставно го достигнаа врвот и сега имаме само дегенрација....се помалку нови клетки и со се послаб квалитет се ствараат.

п.с Америка која се смета за мадрленд на капитализмот има највисок наталитет и фертилитет од сите високо развиени земји.

Имаат популациски бум,но и економски голем дел од нив.Ако не приметуваш земјите кои имаат најголем раст на економијата имаат и најголем раст на населението.
И тие ќе се развијат еден ден,за разлика од нас на кои никогаш нема да ни е ни промил подобро него сега.

Нека се,нека отиде се у курац и што побрзо нека заврши за да може од ново нешто да се почне.Подбро да останат неколку стотина илјади кои ќе вредат,него да го прибираме шлајмот од целиот свет.

На крајот од краиштата само ние источнањците ќе останеме припадници на белата раса. Подобро е да се распадне се него да не спасуваат и залажуваат имигранти кои еден ден ќе не надбројат и заменат на нашите вековни огништа.
САД имаат добра демографска слика да секоја година им се зголемува населението, за две-три децении ќе отидат накај половина милијарда жители денеска се околу 315-320 милиони мислам, ок тука влијаат и доселувањата во оваа држава која е примамлива дестинација за работа и живот, само нелегални емигранти на пр. од јужниот сосед Мексико ги има со милиони !
Ама другар во САД веќе неколку децении наназад полека се топи процентот на белци од 90% во 1960 година моментално се 60 и некој процент плус таму висок наталитет имаат на прво место Латиносите/Хиспаните(а голем дел од нив се местици односно мешавина белци со Индијанци), на второ место се Афро-Американците(од нив па голем дел се мулати т.е. мешавина на белци со црнци), како и да е белците стојат најлошо демографски од сите расни групи во САД !
Што се однесува за земјите кои имаат демографски бум, мислам на земји од Азија, Африка и Латинска Америка каде што огромен процент од населението е сиромашно како и нееманципирано/необразовано нешто што не е случај во Англо-Америка, Европа, Австралија каде што сиромаштијата онаа хард-кор сиромаштија и мизерија и онаа обемна нееманципираност/необразованост се на далеку пониско ниво отколку во Бразил, Индија, Мексико, повеќето Африкански држави и.т.н. па и Н.Р. Кина каде што државата оди напред економски да ама грото од населението се ко робови работат за плати за кои ретко кој од нас би прифатиле да работиме а плус и условите за работа какви им се ’’перфектни‘‘, да го земеме и фактот тоа што Н.Р. Кина ти е политичко едноумие тамо никој не смее да го крене гласот да протестира и да се пожали за нешто, далеку е дека е се мед и мледо во Н.Р. Кина и покрај тоа што економски како држава високо котираат, ок таму нема демографски бум поради политиката на едно дете но сепак Н.Р. Кина ја ставам во земји со јака демографија бидејќи се скоро милијарда и пол жители !
Како и да вртиш колкав и да е економскиот развој на овие земји од третиот свет кои воедно и демографски се силни сепак гледано од секаков аспект економски, образовен, културолошки, демократски, технолошки и.т.н. земјите од првиот свет односно Англо-Америка(САД и Канада), земјите од западна Европа како и Австралија се хегемони во споредба со сите останати земји на планетава и од вториот и од третиот свет, ако е толку сјајно во Латинска Америка, Азија и Африка зашто тогаш и самите тие нивни популации голем дел од нив емигрираат во земјите од првиот свет, зашто не е обратно на пр. исто така зашто популациите од источно Европските земји(вториот свет) на пр. емигрираат исклучиво во земјите од првиот свет !
П.С. Инаку се оградувам од Расизам, Национализам, религии и.т.н. не напаѓам и не обвинувам раси, националности и религии овде туку само анализирам ! позз
 
Последно уредено:

INDIJANEC123

Женкар, Илуватар
Член од
17 март 2014
Мислења
3.815
Поени од реакции
6.373
И друго е голем фактор порано селата биле полни луѓето сами си произведувале храна кај ќе произведеш храна сега во Скопје да речеме мора да одиш во маркет а за тоа пари требаат се сложувам за луксузите што ги споменавте погоре ама рачинајте дека по 300 ден дневно минимум за храна по чевек треба
 
PIRATIC

diplomiran klozetar
Член од
26 јануари 2012
Мислења
7.854
Поени од реакции
6.495
И друго е голем фактор порано селата биле полни луѓето сами си произведувале храна кај ќе произведеш храна сега во Скопје да речеме мора да одиш во маркет а за тоа пари требаат се сложувам за луксузите што ги споменавте погоре ама рачинајте дека по 300 ден дневно минимум за храна по чевек треба
Toчно но индустријализацијата на овие простори одамна беше уште пред 50ина години !
Селата беа полни со народ до кај 50ите и 60ите години на минатиот век ... имам некоја статистика за некои села кои до средината на минатиот век имале и по 500-1000 жители а веднаш потоа оваа бројка да се смали неколкукратно а пак во последниве деценија-две истите тие села да немаат ниту еден жител или пак да имаат максимум по неколкумина 80-90 годишни старци и старици на кои биолошкиот часовник им е пред исклучување !
Масовното празнење на селата одамна помина уште пред педесетина години, а па денеска веќе нема села денеска фактички градовите/гратчињата од внатрешноста на Македонија се еден вид на села кои се празнат но истите тие иселеници не одат да живеат во Скопје(како што било пред 50ина години) туку претежно се иселуваат во западните земји !
Да животот е скап 300 денари за исхрана на еден човек на ден а каде се другите работи цигари, кафе, превозот(оние што одат на работа), облека/обувки и.т.н.
П.С. Не зборам за луксузи значи кутија цигари на ден и неколку кафиња(дома направени или на работа во кујна) смешно е да се сметаат за некаков луксуз, под луксуз мислам на други работи не на храна, цигари, кафе, сокче и.т.н. ниту пак имањето на мобилен телефон доколку се користи за потреба а не за заебанции како и имањето на компјутер и интернет не го сметам за луксуз бидејќи сме 21 век и тоа се работи кои мислам дека секој еден писмен човек треба да ги поседува и користи !
 
Член од
14 септември 2013
Мислења
46
Поени од реакции
6
толку дигање к** а наталитетот опаѓа па за кој к го дигате бе хахахахх :D:D
 
INDIJANEC123

Женкар, Илуватар
Член од
17 март 2014
Мислења
3.815
Поени од реакции
6.373
А што правиме што секој втор претежно млад дури и тие ситуираните сакаат да си одат од Македонија. Тоа е уште пострашно еве Охрид за пример ќе го земам ако годишно губи по 300 жители со зголемен морталитет + 700 се иселуваат значи губи по 1000 жители годишно моментално не верувам дека има повеќе од 35 000 жители ( во деведесетите бил над 50 000) значи за 15 год со овај тренд ќе останат 20 000 жители од кои 16-17 000 пензионери ако не се населат некои други националности од надвор.[DOUBLEPOST=1406096008][/DOUBLEPOST]http://www.ohridnews.com/vesti/67547

Уште полошо над 1000 се иселувале во последниве три години замислете 1300 жители годишно тоа е катастрофа за град со нешто повеќе од 30000 жители[DOUBLEPOST=1406096161][/DOUBLEPOST]И уште потрагично е тоа што барем јас знам 100 млади кои заминале и се фрустрирани и разочарани од Македонија неќат ни на карта да ја видат а не па да се вратат некогаш.[DOUBLEPOST=1406096925][/DOUBLEPOST]И уште да дополнам по логика ако си одат млади со тоа пропорционално ќе се зголемува и негативната разлика меѓу наталитетот и морталитетот значи таа бројка од -317 мислам беше секоја година ќе се зголемува.
 
Последно уредено:
Член од
5 април 2012
Мислења
8.120
Поени од реакции
8.909
Народот што дозволува државата преку реклами да му се меша во спалната не заслужува ништо подобро од ова што го снаоѓа сега!
 
Kajgana Shop

На врв Bottom