Lazar Art

Член од
22 јули 2014
Мислења
621
Поени од реакции
766
Дечки,thanks a lot!
Уште незнам како да поставам слики но на линкот се гледа ...се е рециклирано, печурките на пример ги изработувам од стара хартија, која ја претворам во глина, тениката се вика папие-маше...овде има повеќе за самата техника, кој сака може да прочита и проба...
http://lazar-g.blogspot.com/2013/08/blog-post_21.html

Линк од тотуријал за изработка на печурки, интересна декорација за на прозор, полица со книги и сл....печурките изработени од рециклирана хартија не се кршат, поцврсти се од гипсот :)
http://lazar-g.blogspot.com/2013/09/blog-post_6.html
 

Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.504
Браво! Прекрасни изработки (y)

Се сеќавам дека како деца (читај пред школска возраст) и ние правевме вакви фигури. Знам дека старите хартии, весници... ги раскинувавме на помали парчиња и ги стававме во млака вода, потоа додававме брашно и сол и мешавме. Таквата смеса ја остававме да отстои 2-3 дена, а потоа ја исцедувавме. Формите ги правевме рачно или со калап, ги остававме на тараса да се исушат, па ги боевме, па пак се сушеа и така.
Имаш право, беа тврди колку гипс, дури можеби и повеќе, но негативна страна му беше тоа што после одреден период изработката добива непријатен мирис, како на мувлосано.

:)
 
Член од
22 јули 2014
Мислења
621
Поени од реакции
766
Sungerot Bob good to know that!
Ние лично не сме работеле на училиште во таа арт техника...јас од нет учев за папие-маше. Папие машето не е надворешна скулптура , зошто сепак е хартија...Многу сериозни артисти ја користат во своите креации...чуда може да се направат со папие маше (мелења, блендана хартија)...плус има еко димензија, зошто сам си го создаваш мартеријалот...на нет има прекрасни примери за papier mache art....
Омилена артистка од Xрватска која работи со папие-маше....
https://www.youtube.com/watch?v=PsFILFL3Pec
 
Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
Секоја чест почитувам луѓе кои се трудат да направат нешто со своите раце. Уште повеќе ако се има талент и креативност. Денес слушав на радио за еден дечко од Македонија кој спрема изложба во Виена со дела насликани од употребувани хартиени чинии кои ги собирал по родендени.
Браво за сите.
 
Член од
4 септември 2010
Мислења
1.002
Поени од реакции
582
Браво значи. Одлично е. Многу ми се допаѓаат овие изработки.
 
Член од
22 јули 2014
Мислења
621
Поени од реакции
766
Баш сакам да видам како изгледаат сликите од хартиени чинии...ако ги има на нет ќе побарам. Сакам се што е рачно изработено, имам видено многу подобар рециклиран арт од аматери отколку од современи уметници...



Ова е еден предлог за изработка на креди во различни бои...

Ќе ви треба:
-1 чаша гипс
-1/2 чаша вода
-малку боја(пигмент, прехрамбена боја, боја за јајца, темпера...)
-Форма


Бојата измешајте ја со водата.
Јас користев стари чаши за таа цел, но може во нешто за една употреба и сл...потоа, гипсот го истурате во бојата со вода и мешате добро, додека стане хомогено.

Треба да добиете маса со средна густина...Ја истурате смесата во форма...Како форма, користев пластични шишенца од филм за сликање, кои одамна требаше да се најдат на ѓубре и формичка-срце за колачи. Но, форма може да биде се. Пример мали пластични чашки, за една употреба, од кои се добиваат креди во форма на круг...
Кредите се оставаат на сонце, да се сушат. По некое време, може да ги извадите од формата, да се исушат побрзо. За помали форми, доволно е едно попладневно сончање, за поголеми ќе треба да се сушат 2 дена.
Време е за акција!
Може да нацртате нешто убаво заедно со децата(во парк, пред зграда, во двор и т.н), кое ќе ви послужи како сцена за необични фотографии... Како инспирација, нека ви послужат идеите на тема креди, на I ♥ faces .


Продолжува...
 

Mama.

уметник
Член од
23 јули 2011
Мислења
524
Поени од реакции
326
Прекрасно, немам зборови.
Ме интересира дали овие скулптурички имаат рок на траење, прочитав погоре дека замирисувале. Постои ли некој начин за да се спречи тоа? Ке успее ли ако се излакираат со лак за автомобили на пример (тој го користат за конзервација на оние филигрански слики изработени од срма) ?
 
Член од
22 јули 2014
Мислења
621
Поени од реакции
766
Можат да траат вечно, како од камен се. Но не се за надвор, т.е не треба да бидат изложени на дожд. Овде имаш многу туторијали со совети...http://ultimatepapermache.com/
Се работи на слоеви, така полесно се моделира...новите што ги правам, ќе бидат многу понапредни и сложени.
Ако се сушат на сонце нема да мувлосаат воопшто...Прават вазни, лустери и скоро се што може да се направи од глина...

Јас секогаш користам завршен слој од малку гипс, лепак и бела темпера...и кога тоа ќе се исуши брусам и на крај лакирам.
Значи бојата на пулпата од хартија, зависи од бојата на хартијата...

Јас користам се што е отпадна хартија...опаковки од слатки, табли од јајца, картон и сл...

Алати за моделирање немам, собирам стапчиња од сладолед...


Обично моливче за уста и копчиња...жички за раце.

Тука се е рециклирано...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom