Масони

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.950
Не. Уопште.
Обични луѓе, што прдат и серат како и сите ние.
И не е прв пут некои кои се дел од некакво мистично друштво или пратат некој езотеријски или религијски систем да се возгордеат и да мислат (а и да се однесуваат) како да се нешто повеќе од другите. Повеќето системи во езотеријата, редови и учења имаат такво негативно влијание врз поединецот, да мисли дека сега готово, излегол од кругот на инкарнациата, станал натчовек, Гандалф д Вајт.
Сите тие луѓе не ја научиле основната лекција, џабе им се езотеријските знаења, а езотеријските пракси можат само да ги доведат до несакани или половични резултати.
Точно, потполно се согласувам. Затоа е многу битна улогата на спонзорите, нивната проценка и одлука дали треба или не некој да добие "зелено светло".
 
Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.783
Поени од реакции
15.397

А што ако улогата на спонзорите не е воопшто добронамерна?
Ако се водиме по логиката на: energy flows where attention goes...тогаш очигледни се намерите и моралната инфериорност на спонзорите, и тоа истото историјата го има потврдено безброј пати.
Али, кога сме кај спонзорите.....кои се уствари тие?
.....кога веќе ги спомна.
 
Било кој добростоечки член на Редот може да биде спонзор - да гарантира за аспирантот што решил да стане дел од Братството. Под добростоечки, обично се подразбира член чија репутација не е доведена во прашање и член кој ги подмирил обврските кон Редот.
Што се однесува до добронамерноста, ако некој смета дека луѓето кои ја сочинуваат таа организација немаат добри намери, тогаш зошто воопшто би барал да биде член и да се нарекува нивен Брат?
 
Ма каков црн брат, луѓе се членови на такви организации заради заштита. Тие организации се најсофистициран метод моментално за рекет(во било која смисла).
 
:tapp: Значи јас рекетар сум според тебе? Ти се читаш што пишуваш?
 
Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.783
Поени од реакции
15.397
:tapp: Значи јас рекетар сум според тебе? Ти се читаш што пишуваш?
Па што знам....се зависи од тоа дали си спонзор или спонзоруша:)
Верувам дека и спонзорушите еден ден стануваат спонзори....ама тоа зависи од подмирување на обврските нели?
Не знаев дека си у "братството" на масоните.......се мислев дека си член на О.Т.О....
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.950
Па што знам....се зависи од тоа дали си спонзор или спонзоруша:)
Верувам дека и спонзорушите еден ден стануваат спонзори....ама тоа зависи од подмирување на обврските нели?
Не знаев дека си у "братството" на масоните.......се мислев дека си член на О.Т.О....
Не сум масон, член сум на О.Т.О но имам браќа кои се масони.

П.С. Сарказмот на теми што немаат намена да бидат саркастични, може единствено да биде сватен како провокација или навреда.
 
Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.783
Поени од реакции
15.397
Не сум масон, член сум на О.Т.О но имам браќа кои се масони.

П.С. Сарказмот на теми што немаат намена да бидат саркастични, може единствено да биде сватен како провокација или навреда.
Mојата агенда е многу поважна од тоа дали ќе бидам сватен погрешно :)
Еден ден можно е да рече некој фала......како и да е, што би можело да има саркастично во тоа да ги вадиш луѓето од гробови?
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.950
Mојата агенда е многу поважна од тоа дали ќе бидам сватен погрешно :)
Еден ден можно е да рече некој фала......како и да е, што би можело да има саркастично во тоа да ги вадиш луѓето од гробови?
Предрасудите се најголемиот непријател на вистината, а ти воопшто не си имун на нив. За да "вадиш некого од гроб", најпрвин треба да знаеш дали е во гроб.
 
Член од
3 јули 2010
Мислења
1.230
Поени од реакции
1.863
Било кој добростоечки член на Редот може да биде спонзор - да гарантира за аспирантот што решил да стане дел од Братството. Под добростоечки, обично се подразбира член чија репутација не е доведена во прашање и член кој ги подмирил обврските кон Редот.
Што се однесува до добронамерноста, ако некој смета дека луѓето кои ја сочинуваат таа организација немаат добри намери, тогаш зошто воопшто би барал да биде член и да се нарекува нивен Брат?
Кои се обврските кон редот?
Што е со добронамерноста на оние што се решиле да отпочнат ложи што не се признаени од Централната ложа?
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.950
Кои се обврските кон редот?
Што е со добронамерноста на оние што се решиле да отпочнат ложи што не се признаени од Централната ложа?
Не сите Редови имаат исти кодови на делување, но има неколку што се заеднички. На пример да не се изнесува во јавност идентитетот на Брат без негова согласност, да не се издаваат лозинките и знаците за распознавање, редовно плаќање на членарините, активност во ложата и слично.
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.988
Не сум масон, член сум на О.Т.О но имам браќа кои се масони.

П.С. Сарказмот на теми што немаат намена да бидат саркастични, може единствено да биде сватен како провокација или навреда.
А што се подразбира под законот „прави што ти е волја„? Дали тој идеал се однесува само во философијата на живеење или може да се однесува и на општествениот живот?
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.950
А што се подразбира под законот „прави што ти е волја„? Дали тој идеал се однесува само во философијата на живеење или може да се однесува и на општествениот живот?
Тоа е принципот од кој произлегуваат сите физички закони во универзумот. Метафизичка е поентата, не буквална. Љубовта во овој случај не е љубов во сентиментална смисла, туку концепт кој стои позади космичките принципи кои владеат со физичките закони. Така да, законот "прави што ти е волја", е далеку повеќе од само идеал или филозофија на живеење.
Но тоа е друга тема, овде сме офтопик.
 
Член од
3 јули 2010
Мислења
1.230
Поени од реакции
1.863
Не сите Редови имаат исти кодови на делување, но има неколку што се заеднички. На пример да не се изнесува во јавност идентитетот на Брат без негова согласност, да не се издаваат лозинките и знаците за распознавање, редовно плаќање на членарините, активност во ложата и слично.
Ок, тајноста и членарината се многу важен дел од кодот на делување на ложите. Тоа и дете го знае. Мене муабетот ми беше кои се обврските кон редот поради коишто целото масонство мора да е прикриено во некои тајни ритуали и тајни состаноци и договори?
Уствари заборави, претпоставувам што ќе одговориш (слично како и Зидарски).
Мое мислење е дека добронамерноста на спонзорите е многу дискутабилна тема. Посебно делот на нејзино пресудување, односно кој и на кој начин одлучува дали некоја постапка е добронамерна.
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.950
Ок, тајноста и членарината се многу важен дел од кодот на делување на ложите. Тоа и дете го знае. Мене муабетот ми беше кои се обврските кон редот поради коишто целото масонство мора да е прикриено во некои тајни ритуали и тајни состаноци и договори?
Уствари заборави, претпоставувам што ќе одговориш (слично како и Зидарски).
Мое мислење е дека добронамерноста на спонзорите е многу дискутабилна тема. Посебно делот на нејзино пресудување, односно кој и на кој начин одлучува дали некоја постапка е добронамерна.
Ако некој смета дека односот не е добронамерен, зошто би аплицирал да биде член?[DOUBLEPOST=1398458353][/DOUBLEPOST]
Мене муабетот ми беше кои се обврските кон редот поради коишто целото масонство мора да е прикриено во некои тајни ритуали и тајни состаноци и договори?
Уствари заборави, претпоставувам што ќе одговориш (слично како и Зидарски).
Одговорено, повели:
Зошто таинственост? Па има повеќе од доволно причини за таинственоста.
-На пример дадениот збор кој треба да го отслика карактерот и да биде репер за тоа колку доверлива е една личност која утре треба да ја нарекувам брат или сестра. Не е за џабе муабетот - колку ти вреди зборот, толку вредиш и ти.
-Потоа тука ти се разните фанатици кои се спремни да уништат и убијат било кого доколку решат дека тоа е закана за нив или нивната религија, нација, партија, идеологија. Што се случи со темпларите, ти текнува?
-Исто така, зошто мојот идентитет да биде на дисплеј на јавноста? Мојот приватен живот е мое право, а тоа Редот го почитува и ги заштитува податоците за идентитетот на своите членови. Дали државната администрација е "трето" затоа што личните податоци на граѓаните ги чува во тајност? Дали банките се "трето" кога за кредитната картичка ти даваат пин (шивра, тајна)? Дали твојот мобилен оператор е "трето" затоа што за твојот кориснички број ти доделува пин (шифра, тајна)
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom