Summer job во Seavus?

Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.909
Поени од реакции
41.872
ЕВе ви што бараат.

Software Developer

Responsible for active participation in software development and resolving technical issues along with preparation of technical documentation. Participate in building of knowledge base during development, develop solutions of technical problems and contribute into optimization of the software.
 
Член од
7 јануари 2008
Мислења
5.366
Поени од реакции
804
ЕВе ви што бараат.

Software Developer

Responsible for active participation in software development and resolving technical issues along with preparation of technical documentation. Participate in building of knowledge base during development, develop solutions of technical problems and contribute into optimization of the software.
Да, ама немаат ништо наведено од технологии, програмски јазици, бази и слично.
 
Член од
7 јануари 2008
Мислења
5.366
Поени од реакции
804
Ова е веќе нешто друго :)
Прочитав доста позитивни и исто толку негативни мислења околу сивус.. сепак ќе аплицирам па ќе видеме што ќе биде. Последен семестар, уште 3 предмети до дипломирање, па од некаде мора да се почне :)
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.909
Поени од реакции
41.872
Огласот беше до 5 мај, почнаа ли да викаат на интервју?
 
Член од
21 мај 2014
Мислења
1
Поени од реакции
0
Не се труди за IT специалист во сеавус. Од сигурни извори знам дека нема да примаат таков а и да те примат има да скапеш од овертајм со празници саботи недели по 12 саата и плус на повик ќе бидеш од дома за почетна плата од 17 илјади. Не вреди.[DOUBLEPOST=1398033686][/DOUBLEPOST]На тапет денес ми е една од најголемите ИТ компании во Македонија која се вика Сеавус. Чисто да ви се надоврзам на муабетот од почеток. Јас имам свој личен впечаток за тоа како е да се работи таму.

Името на компанијата во превод од латински значи 'Sвер' или Beast и сето тоа би било во
ред доколку зборуваме во жаргон за финансиска, деловна и технолошка успешност и напредок. За жал не е така. Дел од раководството во највисоките ешалони во Сеавус многу сериозно си ја сфатиле персонификацијата со името на фирмата (sвер) и за жал на поголемата наша ИТ заедница се однесуваат како робовладетели и практикуваат sверски однос кон своите вработени.Иако е несомнено дека за надворешниот свет компанијата претставува одлична загатка и магична дестинација за работа, компанија од соништата и нешто од кое сите сакаат да бидат дел, сепак сите факти покажуваат дека се работи за една некултивирана заедница од квази менаџерски морони и партиски полтрони кои заработуваат високи плати на сметка на невини млади неискусни дечки кои штотуку доаѓаат од факултет.

- Прво, политиката на фирмата е да регрутира што повеќе млади и неискусни луѓе кои по можност би биле од провинција, со солидно познавање на информатичката технологија (доволно добро за да им ја завршат работата но не премногу добри за да сфатат каде се наоѓаат и на време да се освестат дека можат сами да почнат нешто свое или барем да сменат компанија)
Почетна плата во компанијата изнесува бедни 15.000 денари со договор на 1 година и можност за напредок (читај никаква), што впрочем го дава одговорот на горе наведената теза дека ниеден нормален Скопјанец програмер не би се нафатил да работи за таква бедна сума од проста причина што продавачка во бутик или трафика зема повеќе.
Следен чекор кој го презема компанијата откако ќе се нафатиш да работиш таму е да го контролира твојот социјален и приватен живот кој секако ќе го немаш бидејќи ќе бидеш презафатен со секојдневната прекувремена НЕПЛАТЕНА работа која вклучува и викенди.

Тие ќе очекуваат од тебе лојалност и зависност на почеток и бидејќи си провинциско дете (мораш да плаќаш кирија) ќе бидеш принуден да трпиш секакви срања од луѓе кои се таму подолго од тебе па со некое чудо (и по линија на помал отпор и дудлање) станале (проект) менаџери. Ама пази тие се провинцијалци со разбирање за новодојденците кои сега се веќе натурализирани Скопјани. И уште го чекаат АВТОБУСО за дома. High five.

Второ, СЕАВУС не нудат никаква атмосфера за тимска работа и натпреварувачки дух, иако тоа најмногу го промовираат во своите јавни настапи и посети на факултетите.
Обожавам да гледам како студентите ги читаат на секој нивни настап и им приоѓаат со името РОБОВЛАДЕТЕЛИ или тивко шушкаат : еееј ова ли е seavus ги мести сите ИТ натпревари.
Но да се вратиме на трулоста и загаденоста на ова тмурно парче зграда накитено со модерна фасада и богат ентериер.Да не заборавиме дека нејзината успешност се гради врз плеќите на човечки судбини кои се изиграни и изманипулирани со приказните за чесност, успешност и напредок.
- Да работиш во СЕАВУС значи :
- Да одиш против своите принципи и да газиш преку човечки тела за да го добиеш она што го сакаш.
- Да бидеш спремен да присуствуваш на сесии за anger managment и КОМУНИКАЦИЈА притоа забележувајќи дека пола од луѓето во фирмата здраво не си викаат кога се разминуваат (дури и оние кои ги држат таквите обуки)
- Да бидеш спремна да НЕ одиш во странство на проект само заради тоа што си женско и постои 'опасност' да се омажиш во Шведска.
(Да, таму се прави и полова дискриминација со не праќање на девојки abroad за да работат на проект или испраќање на веќе омажени жени,
со семејство во МКД кои ќе имаат причина да се вратат)
- Да соработуваш со квази проект менаџери кои свикуваат безвезни состаноци само за да трошат време (притоа на пола од состаноците доцнат) и немаат никаков аргумент
за статусот на проектот, ниту пак знаат да дадат предлог решение од техничка природа кога ќе дојде тесно. Со други зборови ти ќе ја завршуваш кучешката, макотрпна
работа а некој друг ќе го собира кајмакот.
- Да го гледаш Филип Петровски низ ходници како собира партиски арач од газдата на фирмата.

Трето, последно но не и најмалку важно. Компанијата се состои од несреќни и нереализирани 'млади' луѓе кои со тек на време дозволиле да ги згазат годините, незнаењето и околностите.
Можеби компанијата има пари и сериозни клиенти но сепак нема испорачано ниеден квалитетен продукт кој ќе се продава во mass маркет и ќе прави милиони.Уште поважно е дека одвнатре се е хаотично и неорганизирано, да не речам труло па нема ништо што ќе ги сплотува луѓето и ќе ги обединува кон некоја цел.
Многу тажно за компанија од таков калибар.
Ако сакате да работите шаблонски без да вклучите мозок и да се затупавите на долг рок, онда повелете.Сеавус ќе ви го даде тоа
задоволство.Но ако саката да изпечете занает и да бидете најдобар во својата работа тогаш дефинитивно сеавус не е местото за вас !

Една од работите кои најмногу иритира во нашава мала Македонија е кога ќе видиш како некој друг се богати преку потта и нервите на другите.
Со други зборови немојте да се лажете да одите во Сеавус.Колку и да изгледа убаво и розово, НЕ Е !! Таму ќе бидете понижени, омаловажени и најважно од се НЕПЛАТЕНИ.

Cheers.

П.С. Дечки од HR, пошо доста ги следите форумите на кои се пишува за СЕАВУС, ако го читате ова, знајте дека набргу си давам отказ !!
Здраво на сите!
Често кога сум тражел нешто по нашиов македонски интернет сум налетувал на кајгана форум и морам да го пофалам, но не сум бил регистриран. Сега налетав на оваа тема и бев испровоциран да се регистрирам и напишам нешто од сопствено искуство како минато вработен (фала богу) во горе наведената амалска фабрика.
За жал морам да се согласам со се погоре напишаното од Пецо, па и да го дополнам со моето лично искуство. Иначе бев вработен околу 3 години во Сивус и по празни муабети и ветувања а ненормални експлоатирања и мешање на компанијата во приватното слободно време, си од заминав во друга ИТ фирма која иако не толку рекламирана како Сивус е светлосни години понапред во секој поглед (поголема плата, опуштена работна атмосфера, многу повеќе учење и напредување, другарски однос со колегите, итн...).

сепак сите факти покажуваат дека се работи за една некултивирана заедница од квази менаџерски морони и партиски полтрони кои заработуваат високи плати на сметка на невини млади неискусни дечки кои штотуку доаѓаат од факултет.
Колку ми се само смешни тоа "менаџерите", самобендисани мислат го фатиле Господ за..., читаат некои западњачки методи и мотивирања и пробуваат да ги наметнат на балкански народ, колку само тоа вештачки и идиотски изгледаат мајко мила... :pos: . Па уште ти се обраќаат на англиски, ххехехехе тешко исфрустрирани :pos:.
Нивната политика на мотивирање и докажување направи во тимот колегите наместо да се помагаат и соработуваат (тимска работа), да се натпреваруваат и кодошат пред нив и газовите да им ги лижат на менаџерите (реалната тимска работа) за да напреднат. :facepalm:
Башка што секој вработен го сметаат потрошен материјал што може во секој момент да се смени ако не им одговара.


Прво, политиката на фирмата е да регрутира што повеќе млади и неискусни луѓе кои по можност би биле од провинција, со солидно познавање на информатичката технологија (доволно добро за да им ја завршат работата но не премногу добри за да сфатат каде се наоѓаат и на време да се освестат дека можат сами да почнат нешто свое или барем да сменат компанија)
Тоа е точно, земаат млади неискусни а солидни дечки, им даваат минимална плата (со надеж дека ќе ти расте, а реално нема поради слаби евалуации кои ги даваат) и максимално празен мотивирачки говор и ги фрлаат во рудник. Кога вработениот малку ќе стане поискусен и види колку е реално саат во Сивус сите си го фаќаат патот по други фирми или места. Сте виделе некој да работи таму долгорочно?

Следен чекор кој го презема компанијата откако ќе се нафатиш да работиш таму е да го контролира твојот социјален и приватен живот кој секако ќе го немаш бидејќи ќе бидеш презафатен со секојдневната прекувремена НЕПЛАТЕНА работа која вклучува и викенди.
Тие ќе очекуваат од тебе лојалност и зависност на почеток и бидејќи си провинциско дете (мораш да плаќаш кирија) ќе бидеш принуден да трпиш секакви срања од луѓе кои се таму подолго од тебе па со некое чудо (и по линија на помал отпор и дудлање) станале (проект) менаџери.
Најточно доловено. :cuc:

Второ, СЕАВУС не нудат никаква атмосфера за тимска работа и натпреварувачки дух, иако тоа најмногу го промовираат во своите јавни настапи и посети на факултетите.
Ова го објаснив во делот за менаџерите што значи за нив тимска работа (кодошење и газолижење).

Но да се вратиме на трулоста и загаденоста на ова тмурно парче зграда накитено со модерна фасада и богат ентериер.Да не заборавиме дека нејзината успешност се гради врз плеќите на човечки судбини кои се изиграни и изманипулирани со приказните за чесност, успешност и напредок.
Алал ти вера. Изманипулирани, одлично кажа.

Да работиш во СЕАВУС значи :
- Да одиш против своите принципи и да газиш преку човечки тела за да го добиеш она што го сакаш.
Или ќе газиш, или ќе бидеш газен.

Да бидеш спремен да присуствуваш на сесии за anger managment и КОМУНИКАЦИЈА притоа забележувајќи дека пола од луѓето во фирмата здраво не си викаат кога се разминуваат (дури и оние кои ги држат таквите обуки).
Да соработуваш со квази проект менаџери кои свикуваат безвезни состаноци само за да трошат време
:tapp: Нормално дека има потреба од сесија за anger managemnet и комуникација кога тоа во фирмата е на најниско ниво кога сите се исфрустрирани и без личен живот само корпорациски, зошто во друга нормална фирма нема потреба од такви работи.
А пак тоа состаноците на менаџерите што ги свикуваат и глумат нешто вештачки што го гледале на амерички филм :pos::pos::pos:.

Трето, последно но не и најмалку важно. Компанијата се состои од несреќни и нереализирани 'млади' луѓе кои со тек на време дозволиле да ги згазат годините, незнаењето и околностите.
Нажалост :(

П.С. Дечки од HR, пошо доста ги следите форумите на кои се пишува за СЕАВУС...
Поздрав до HR, само напред да се докажете во Сивус дека ја сакате фирмата и душата ја давате за неа, па може некогаш и ќе ве пофалат.(y)
 

Довичински -

Довичински П.
Член од
26 ноември 2009
Мислења
1.205
Поени од реакции
674
Некој кој ги завршил студиите за 3Д анимации во Seavus има ?
 
Член од
8 април 2010
Мислења
35
Поени од реакции
23
Уште нема ништо за огласот за вработување на 400 програмери? Многу неозбилно е ова да најавиш нешто бомбастично и после не важи.Хах абе затоа имаат таква репутација меѓу луѓето.
 
Член од
28 мај 2008
Мислења
3.966
Поени од реакции
4.073
Уште нема ништо за огласот за вработување на 400 програмери? Многу неозбилно е ова да најавиш нешто бомбастично и после не важи.Хах абе затоа имаат таква репутација меѓу луѓето.
Па не верувај во бомбастични најави пред избори, сепак избори се
 
Член од
21 април 2014
Мислења
13
Поени од реакции
8
Здраво дечки !;)

После отприлика месец дена откако заврши конкурсот на кој нели можеше да се аплицира за фамозните 400 работни места во Seavus .... ТАДАААМ - http://jobs.seavus.com/hot-positions.aspx

Сајтот е бланко - празен, нема ниту новост ниту апдејт, ништо за фамозните вработувања - НИ-ШТО.

Знам дека ќе речете па види заврши конкурсот мораа да го затворат и да нема ништо. Абе нели беа загреани со напредокот и проширувањето на тоа мало дувло од криминалци и лажомани. Па нели истите тие 400 вработувања беа најавувани по владините медиуми како топ вести во денот. А сега ? Нема ништо, стихија. Замреа обидите на квази менаџерските медиокритети кои работат таму да направат нешто за индустријата.Сосем очекувано бидејќи за да направиш нешто за другите треба прво да имаш оставено нешто зад себе.

Со самото постоење од десетина години сеавус докажа дека можеш да бидеш комплетно анонимен како компанија дури и кога се обидуваш да се рекламираш промовирајќи вработувања. Толку се небитни што дури и јавноста не се сеќава на нивните најави за вработувања- некои дури ги мешаат со Семос.

Кога еден другар се обиде да се пофали дека работи во Сеавус, пола од друштвото (луѓе надвор од ИТ) му рекоа - Каде, во Семос ли ?

Толку од популарноста на Сеавус.

Инаку се што погоре кажа
Tunguzijanec е точно. Тој најдобро осетил на своја кожа како е да се работи во тоа дувло на бербетници. (исто како и јас - за жал).Совршено ме надополнуваше после секој цитат .... на момент помислив дека читам еден ист текст - цитатот + продолжението небаре самиот сум го пишувал.

Нејсе сведоци сме на уште една манипулација, бизнис игра ,,,, интерес од страна на сеавус ... и ова не е ништо, не е ништо во споредба со тоа што ќе ви го сторат ако стапнете таму. Затоа не ни помислувајте.
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.909
Поени од реакции
41.872
Ако навистина огласот им е партиска реклама за вработување со тоа им се нарушува угледот на компанијата. Тоа не е оглас за 40 туку 400 програмери, за да остане незабележано. Некаде прочитав дека секој што ќе се вработи потпишува договор за чување на деловните тајни. Вистина ли е ова?
 
Член од
16 февруари 2006
Мислења
459
Поени од реакции
48
Ако навистина огласот им е партиска реклама за вработување со тоа им се нарушува угледот на компанијата. Тоа не е оглас за 40 туку 400 програмери, за да остане незабележано. Некаде прочитав дека секој што ќе се вработи потпишува договор за чување на деловните тајни. Вистина ли е ова?
А каде не се потпишува договор за деловна тајна ?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom