Факултет за Информатички Науки и Компјутерско Инженерство - ФИНКИ

Член од
20 јуни 2012
Мислења
147
Поени од реакции
40
Јас имам решавано ама не сум ставила ни бројка на задача ни нишо, сега ни јас не можам да се снајдам. Ај ако има некоја добра душа и јас се приклучувам до барањево.
Тоа се мислам, од толку многу што положиле ВиС и Теорија на Информации , како не се нашол некој што добро ги има документирано решенијата на задачите од испитни и збирки.
Тоа го прави положувањето уште потешко , достапноста на ВИСТИНСКИТЕ материјали.
 
Член од
10 февруари 2008
Мислења
843
Поени од реакции
444
Тоа го прави положувањето уште потешко , достапноста на ВИСТИНСКИТЕ материјали.
Таа од машински не ја препорачуваат затоа што има многу грешки, а и задачите се доста лесни.
Овие две збирки ни ги дадоа, само на српски се:
 
Последно уредено:

Have an ice day

Get Free
Член од
26 јануари 2014
Мислења
544
Поени од реакции
1.020
инжинер без математика (Калкулус) не е инжинер па сега види си ти шо сакаш да бидиш.
You don't say o_O?! е ај ти се молам објасни ми го овој дел, каде ти си применил или планираш да примениш утре калкулус,ај да речеш дм ќе те разберам развиваш логика,учиш матрици ,детерминанти, рекурз., big O notation, дрва и сл. ааама па.. немој да ми го вреѓаш смерот вака индиректно :).
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
го отепувате ова со инжењер и неинжењер, најискрено зборено еве и јас сум на инжењерскиве струки да не испадне дека јадам трици али коа ќе дојде време за работа барање ќе видите дали некој ќе се засекира што звање имате.
 
Член од
5 декември 2009
Мислења
439
Поени од реакции
66
You don't say o_O?! е ај ти се молам објасни ми го овој дел, каде ти си применил или планираш да примениш утре калкулус,ај да речеш дм ќе те разберам развиваш логика,учиш матрици ,детерминанти, рекурз., big O notation, дрва и сл. ааама па.. немој да ми го вреѓаш смерот вака индиректно :).
http://lmgtfy.com/?q=where+i+can+use+calculus+in+computer+science
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.909
Поени од реакции
41.872
Од што е потребна математиката на мене на работа секој ден ми даваат да решавам задачи. :X3:
Никој не му е гајле колку имаш просек и што ти пишува во дипломата тоа ти е нешто плус, ако сакаш и кажуваш дека си завршил ако не никој не го интересира од каде си научил. Продолжи со овие мисли и учење на математика наместо нешто друго па ќе видиш.

Сите што посветуваа внимание на вакви предмети и гледаа да имаат поголема оцена сега им пишува инжењер во диплома ама работат како фризери. :D Јас сум за да нема никаква математика она основно знаење сме го научиле во средно нема потреба 2 пати да се повторува. Кога ќе ми текне дека прв семестар учевме множества :facepalm:
 

Amaterasu

123123113
Член од
17 април 2012
Мислења
1.127
Поени од реакции
1.061
Па по таа логика ако одиме тогаш зошто воопшто би се запишал некој на финки? Едноставно си одиш на курс по програмирање една - две години и бам, програмер си. Зошто да одиш да губиш време во учење на предмети како Вештачка Интелигенција, Оперативни системи, Бази, Архитектура на компјуери или не дај боже Компајлери. Тие сигурно нема да ти користат во работата...[DOUBLEPOST=1397810081][/DOUBLEPOST]
Таа од машински не ја препорачуваат затоа што има многу грешки, а и задачите се доста лесни.
Овие две збирки ни ги дадоа, само на српски се:
Па не би рекол дека задачите кои паѓаат на испит се слични од таа "тешката" збирка. Реално таму има задачи кои се стварно браин фак, какви што нема шанси да се паднат. Јас лично решвав само од оваа полесната, во комбинација со задачите од македонската ( во која се извадени нормалните задачи од оваа хардкор збирката) и имав доста солидни резултати на задачи.
 
Последно уредено:
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.909
Поени од реакции
41.872
Па по таа логика ако одиме тогаш зошто воопшто би се запишал некој на финки? Едноставно си одиш на курс по програмирање една - две години и бам, програмер си. Зошто да одиш да губиш време во учење на предмети како Вештачка Интелигенција, Оперативни системи, Бази, Архитектура на компјуери или не дај боже Компајлери. Тие сигурно нема да ти користат во работата...
Се запишуваат затоа што дипломата е поефтина од курсевите и е признаена надвор од државата. И кај нас има некои што бараат диплома посебно тие се фирми кои вработуваат почетници и ги испраќаат на обука, ама даваат мала плата.
 
Г

Грејвдигер

Гостин
Муабет кој го имам правено милион пати со еден куп луѓе и се' уште дел од нив се убедени дека дипломата и подобар просек ќе им донесе подобра работа.
Пред неколку денови имав можност да зборувам со неколку луѓе кои имаат ИТ фирми во Македонија и се доста успешни, не е битно за кои се работи, меѓутоа ниту еден од нив не сака луѓе со 10.00 просек кои завршиле за рекордно време, без разлика колкаво знаење имаат. Не сакаат луѓе кои од 9 до 5 ќе се затворат во канцеларија и нема да го тргнат погледот од компјутер, пошто искрено, најголем дел од тие со 10.00 се такви, затуцани :D
Сакаат луѓе на кои им работи кликерот, сакаат да пробуваат нови ствари, имаат желба за учење, знаат да работат во тим и имаат добри комуникациски вештини. Џабе ти се 10.00 и колкаво и знаење да имаш, ако не знаеш да се продадеш кога ќе отидеш на интервју за работа... пак ќе останеш со онаквото во рака.

Исто, веќе голем дел од програмите за стипендии што се (зборам за интернационално ниво) не го гледаат просекот како фактор за дали некој да добие стипендија или не. Со 10.00 има уште од почеток да те отфрлат од кандидатите ако немаш земено учество надвор од факултетот, без разлика дали се работи за членување во студентска организација (од кои добиваш многу и CVто ќе ти биде побогато за уште 200та пати) или си учествувал на натпревари, хакатони и слични работи.

Што се тиче калкулусот, шо да ти кажам... еве секој ден кога идам до продавница го користам. Единствено ДМ заради логиката, мада не знам на кого би му било потребно тоа да се учи на факс. Ајт со здравје сеа.
 
Член од
6 декември 2013
Мислења
33
Поени од реакции
9
Инаку математиките(плус и некои други несвојствени предмети) на насоките по Информатика се учат со цел на професорите да им биде пополнет фондот на часови, бидејќи се платени во зависност од бројот на студенти.Поради тоа нормално е ако прашаш професор да ти рече дека секој инжинер мора да знае математика. Ако се укинат математиките (како што треба и да биде) тогаш голем број на професори треба да бидат технички вишок на факултетите :)
Тоа е исто како да појдеш во некоја банка и да ги прашаш дали треба кредит да земеш.Која банка би ти рекла не , не ти треба такво нешто :icon_lol:
 
Член од
16 април 2014
Мислења
30
Поени од реакции
28
Искрено јас кога гледам луѓе во информатичките области , по неколку муабети знам да проценам дали неговото знаење крие талент или чиста нафураност кон нешто што го копирал од некој професор или асистент што го рекол.
Математиката влијае негде а негде не... мене не ми била потребна до сега многу иако ја форсираат демек дека е... а всушност не е .
Има многу поглупи предмети на ФИНКИ кои немаат врска со тоа што ќе го работите утре во некоја фирма а кога доаѓа до збор вработување луѓето гледаат како се однесувате како ќе се продадете самите себе си и вашето знаење.
И јас сум зборувал со многу влијателни луѓе во ИТ секторот во МК и сите вработиле студенти кои денеска се Фул тајм девелопери но како студенти покажале одлично познавање во областа а не биле некои перфектни студенти, секој си е уникатен и има уникатен пат во сверата и полето во кое се усмерил , така да ако нешто работи за нив не значи дека ќе работи за вас и обратно , само се што сакам е да се оттргне онаа љубомора кон другите и да не се паѓа на такви патетични дноа кои ѓи гледам од поодамна ... љубомора и завист нигде нема да не однесе.
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.909
Поени од реакции
41.872
Не се проблем само математиките кај мене имаше околу 10 предмети со теорија за менаџмент, софтвер, проекти и такви глупости. Значи истите работи и дефиниции се повторуваа секоја година. Ако се додадат и предметите каде има математика, а се околу 10 тоа испаѓа дека пола факултет е учење за нешто што нема да ти треба.
Што е си добил диплома за информатика или математика или пак бизнис и менаџмент? Не ги разбирам што сакаат да постигнат со предметите Е-Општество, Е-Комерција и Е-Учење па 3 предмети се стави ги во еден и тоа во прва година. Јас последен семестар имав 4 предмети теорија.
 
Член од
22 февруари 2014
Мислења
172
Поени од реакции
27
Дечки, ако има некој од прва на форумов што му треба помош за средување на проектот АОК, имам другарка која работи тоа, може да ми пише ПП за инфо :)
 
Член од
20 јуни 2012
Мислења
147
Поени од реакции
40
Ајде да речиме дека треба да се учи математиката на факс, пожелно е според мене, но нека не биде критериумот толку строг за положување.
Неможам да разберам зошто премногу бараат и ги кочат студентите да положат со најразлични финти,
Значи студентите "им прават услуга" на професорите(математичарите) што постојат за тие да си пополнат часови,
а професорите се иживуваат врз нив. Катастрофа.

@genius2
за таа потешката збирка , асистентите викаа гледајте ги задачите како се поставени , не ги гледајте решенијата(зошто ништо не се разбира) ние поинаку ги решаваме. Глупости живи, збирката е постара од нас, на машина пишувана , и на крај useless зошто ништо не ти значат решенијата.
Што останува следно да ни дадат encrypt-ирани материјали за учење.
А за полесната викаат не очекувајте такви задачи мн се лесни. Глупости навистина, и онака краткото време за учење да го потошиш на дешифрирање глупости.

Затоа се презапишуваат предмети, како и да е ќе ги положиме ние некако предметите но, КАЈ КЕ ИМ ОДИ ДУШАТА НА ОВИЕ ? :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom