мкд владе
arch-enemy
- Член од
- 21 ноември 2009
- Мислења
- 17.697
- Поени од реакции
- 20.954
Многу дводимензионално гледаш на работите. Не дека тие сакаат да останат тука но од друга страна не дека нив ги праша некој. Во истиот момент кога повлијателните држави решат дека повеќе не сакаат да примат бегалци и ги затворат границите, во тој ист момент како домино ефект сите надолу ке ги затворат своите граници. А бегалците или мигрантите ке си останат онаму каде што се затекнаја заглавени.Видовме колку останаа во Македонија од претходните бранови на бегалци што поминаа.
Ѕид од три метра нема да ги задржи да останат во Македонија.
Што ќе праат ќе берат тутун во Пелагонија или грозје во Кавадрци за дневница од 500 денари (8,5 евра)?
Нема логика после претходните две години пак да се палат стравови дека некој ќе останел во Македонија.
И на крај зошто ете конкретно ние би си пикале трн во здрава нога. Но тука не станува збор за нас нели. Нас како ке ни свират така ке си играме пошто странците најдобро знаат што е добро за нас како што можевме да забележиме во досегашната наша кратка историја како самостојна и суверена држава.
Од друга страна пошто темата е за САД сепак на мислење сум дека како прво тоа е внатрешна работа на САД и нивна и само нивна одлука кој ке го примат а кој не на своја територија. Како второ тоа што не штети значи дека користи, а јас искрено не гледам никаква штета према САД во одлуката да им се забрани влез на некои граѓани од други држави . Да сте граѓани на тие држави ајде и така и така ама вака не ја гледам поентата. Нивно право и нивна работа.[DOUBLEPOST=1486936165][/DOUBLEPOST]
Проштевај што не ми текна порано. Можеби порано требавте да си кажете кој сте и што сте и со кој се имате дружено по приеми. Не си гледам јас на нокти кој се не се логира на форумот, така да има тука малце и ваша кривица екселенцијо или каква и титула да имате во реалниот свет.Ќути ти текна конечно.
Нема повеќе да ве замараме и да ви го одземаме вашето внимание и време.
Последно уредено: