Каде да наjдам? [Food Edition]

Член од
16 декември 2012
Мислења
2.702
Поени од реакции
6.755
Од кај може да се купи добра свинска маст?
Ти советувам да си купиш 2-3 килца пафлак од 170 денари. Даго пржнеш убаво во поголемо тенџере, тоа ќе ти одземе 1-2 часа вкупно. Маста што ќе ја добиеш ќе биде многу подобра од купечката, а мевцето ти е ќар
 
Последно уредено:
Член од
17 ноември 2012
Мислења
4.547
Поени од реакции
5.305
Од каде купувате добро маслиново масло(extra virgin)? Не барам нешто премиум, ама не барам ни најефтино, солидно, според ваши искуства.
 
Член од
5 ноември 2012
Мислења
2.526
Поени од реакции
5.706
Од каде купувате добро маслиново масло(extra virgin)? Не барам нешто премиум, ама не барам ни најефтино, солидно, според ваши искуства.
Не биди сигурен дека “екстра вирџин“ е стварно “екстра вирџин“. Јас незнам дека кај нас воопшто некоја институција направила таква анализа. Ама во Хрватска, секоја година наоѓаат дека над 50% е фалсификат. е сега, ако е така таму, што се во ЕУ, со јака инспекција, можеш да замислиш како е кај нас

Od 10 ulja samo četiri stvarno ekstradjevičanska

Гледај највеќе ШТО тебе ти одовара на вкус, густина и арома.
 
Член од
23 февруари 2011
Мислења
1.055
Поени од реакции
1.603
Јас купувам од КАМ 315ден. 1л. мислам дека беше и ОК е не е лошо италијански производ е, и пишува дека е 100% екстра вирџин.
Ако поминуваш низ Албанија некогаш купи од некое селце од селани што продаваат покрај пат во пластични шишиња маслиново масло и ќе видиш разлика од се што се продава кај нас :)
 
Член од
11 февруари 2009
Мислења
1.072
Поени од реакции
1.144
Не биди сигурен дека “екстра вирџин“ е стварно “екстра вирџин“. Јас незнам дека кај нас воопшто некоја институција направила таква анализа. Ама во Хрватска, секоја година наоѓаат дека над 50% е фалсификат. е сега, ако е така таму, што се во ЕУ, со јака инспекција, можеш да замислиш како е кај нас
Od 10 ulja samo četiri stvarno ekstradjevičanska
Гледај највеќе ШТО тебе ти одовара на вкус, густина и арома.
И не е само во Хрватска, туку слична состојба е и во Италија, каде се казнети и популарни производители на маслиново масло:
http://www.agroklub.com/prehrambena-industrija/lazno-oznacavali-maslinova-ulja/26100/
А еве и еден интересен текст кој влегува малку подлабоко за погрешното етикетирање и состојбата на пазарот со маслиново масло во Хрватска:
http://maslina.slobodnadalmacija.hr/novosti/ID/20332/Ministre-otkrijte-imena-krivotvoritelja-maslinova-ulja
 
Последно уредено:
Член од
17 ноември 2012
Мислења
4.547
Поени од реакции
5.305
Не биди сигурен дека “екстра вирџин“ е стварно “екстра вирџин“. Јас незнам дека кај нас воопшто некоја институција направила таква анализа. Ама во Хрватска, секоја година наоѓаат дека над 50% е фалсификат. е сега, ако е така таму, што се во ЕУ, со јака инспекција, можеш да замислиш како е кај нас
Od 10 ulja samo četiri stvarno ekstradjevičanska
Гледај највеќе ШТО тебе ти одовара на вкус, густина и арома.
Јасно ми е тоа.
Баш пред некое време читав некаде дека правеле blind tasting некој експерт, производител, сопственик на италијански ресторан и уште неколку луѓе со познавање во областа и дека скоро сите утнале, дури производителот за своето масло кажал дека е ужасно :pos:.
Затоа и прашав за препорака, можеби има некој тука што е повеќе запознаен со квалитетот на одреден бренд, и е задоволен од константноста од истиот.
 
S

silmarillion

Гостин
Барав халапењос пред некоја страна и најдов у Тинекс Деликатес во тегличка прилично добри од Ел Сабор. Така да ако некој сака to spice up the shit тоа е тоа :)))
 
Член од
27 октомври 2009
Мислења
89
Поени од реакции
14
Некој да препорача добро, квалитетно косово масло кај нас?
Го пробав тоа на Виталиа, и не ме бендиса ич.

Препораки?[DOUBLEPOST=1486731667][/DOUBLEPOST]
Од каде купувате добро маслиново масло(extra virgin)? Не барам нешто премиум, ама не барам ни најефтино, солидно, според ваши искуства.
Ако одиш накај Грција или познаваш некој што оди натаму, нека ти купи маслиново масло од 5кг или 10 кг, поевтино излегува. Мислам во Лидл се продава.
 
Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.504
Колку што рабрав и кај нас почнало да има плаво вино. Па ме интересира од каде може да се купи, по која цена и дали некој го има пробано, па да сподели впечатоци? И истото колку е сигурно/здраво, со оглед на тоа што има тиркизна боја и наликува на хемикалија?:)
 
Пробав пред некое време, ама не во Македонија.
И не ми се допадна многу многу. Наводно е мешавина од бело и црвено грозје и нема хемикалија за да се постигне таа тиркизна боја. Барем така прочитав на нет.
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.909
Поени од реакции
41.872
Пробав пред некое време, ама не во Македонија.
И не ми се допадна многу многу. Наводно е мешавина од бело и црвено грозје и нема хемикалија за да се постигне таа тиркизна боја. Барем така прочитав на нет.
Шпанското сино вино го имаш пробано? Иначе ништо посебно, исто бело вино со арома.

Вино со сина и зелена боја одамна како експеримент го има произведено некој професор од Кавадарци, но никогаш не го нема промовирано, а сега истото е атракција.
Наводно она на профосорот повеќе ги има оние вински особини што важат за сортите на бело вино, отколку она од Гик.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom