Проблемот на САД е тоа што не се суверени, нивниот господар не е американец и има сосема други цели за нив. Да богати се како држава(и тоа е под сомнение 18 илјади милијарди долг не е шала), силни и главна цел им е да ја распространуваат таа неолиберална идеологија, со мека сила, малку бомби, шарени револуции..., а позади таа идеологија се крие нешто страшно.
Причината е тоа што господарот не сакаа американците да живеат убаво и да имаат работа и општеството да е со здрави морални вредности, да речеме ако сака американците да имаат работа може да воведе царина спрема Кина, така да ќе има фабрики и работа за сите, ако сака да има дрога ќе дава дрога, ако не сака може многу брзо да донесе такви сурови закони и дрогата ќе исчезне или ќе е толку скапа само малку ќе можат да си ја дозволат. Или ако сака луѓето да имаат свој дом, со разни донации на "Сорос" може да изградат, не за 500 илјади $ а на нормална производствена цена, или како сега ќе градат куќи од слама или дрво за пола милион$, точно си ја исплатил и таа ќе ти скапе или некој ураган "ветар" ќе ти ја бутне.
Така да таму системот генерира длабока нерамноправност, не само тоа ако сакаш може и да правиш сегрегација, примерно ликвидираш цел град од типот Детроит и таму повеќето остануваат социјална помош, нешто како концентрационен логор само без ограда
Тоа сличното го прави Сорос во Македонија и цела источна Европа, прво ги затвараш фабриките и после со разни НВО ги сегрегираш циганите, се тоа истото во САД го прави државата и тоа доста одамна.
Конкретно за ситуацијата сега, не можам да кажам дали е случајна, планирана или непланирано предвремена. Имаш цели црнечки населби, "случајно" останати без работа со огромен криминал, таму не е како тука полицаец да ти побара документи, таму едната рака задолжително му е на пиштолот, штом системот сака да генерира криминал, ќе има криминал.Истиот проблем таму го има и кај белите, само во помала мера, не дека белите се по работливи а господарот решил во тие област да има повеќе работни места.
Дали ќе пламне САД незнам, колку едно општество е по демократско има помалку криминал и помалку полиција, за разлика од САД како најкрвавиот режим, криминалот е најголем и имаат најмногу репресивни органи од типот армија, полиција, тајни служби со цел да ја пазат таа диктатура.