Т
Триптико
Гостин
НОВ СКАНДАЛ ВО ГЕВГЕЛИСКАТА БОЛНИЦА - СЕ СЛИКАЛЕ ВО ТЕК НА ОПЕРАЦИЈА
Медицински тим направил селфи покрај отворен стомак на пациент кој бил под анестезија, а фотографијата е ставена на социјалните мрежи. Против нив ќе бидат преземени дисциплински мерки
Нов скандал во гевгелиската општа болница. Медицински тим во операциона сала направил селфи во тек на операција и се сликал покрај отворен стомак на пациент кој под анестезија бил на хируршки стол. Фотографијата потоа била поставена на една социјална мрежа на профилот на една од докторките, каде што луѓето ја поздравуваат нејзината работа. Притоа никој не реагира на тоа колку е неетички да се прават фотографии со пациенти, особено среде работа и тоа во операциона сала. Од болницата во Гевгелија најавуваат дисциплински мерки против тим кој учествувал на „фотосесијата“.
Директорот на болницата, д-р Сретко Јованов, го осуди ваквото однесување на своите колеги и најави дека ќе преземе соодветни санкции против сите согласно со Законот за здравствена заштита и хоспитална култура.
„Докторката на чиј профил е постирана сликата не е наша вработена, туку е гостинка од КАРИЛ од Скопје, која во нашата болница доаѓа на испомош. За другите вработени ќе се преземаат соодветни мерки и казни, но се уште не е дефинирано какви ќе бидат санкциите“, ни изјави денеска д-р Јованов кој беше затечен од ваквата ситуација.
Тој не знае кој бил во улога на фотографот, но како што рече, во секој случај ќе бидат казнети сите кои се на фотографијата. За него не е спорно што колегите се сликале, бидејќи сите операции и без тоа се снимаат со камерите кои се во надлежност на Министерството за здравство. Сепак, кратко по изјавата на директорот, од гевгелиската болница ни беше испратено соопштение во кое се вели дека согласно со Законот за здравствена заштита (член 186, став 1, точка 1), станува збор за дисциплински престап за кој се поведува соодветна дисциплинска постапка.
„За целиот случај ќе биде изготвен и соодветен извештај кој веднаш ќе биде доставен до клиниката во Скопје каде што е вработена една од докторките од случајот“, се вели во соопштението.
Дали докторката на чиј профил е ставена фотографијата ќе биде казнета, не добивме објаснување од директорката на КАРИЛ, д-р Татјана Спироска каде што докторката е редовно вработена.
Од Министерството за здравство засега не размислуваат да преземат некои чекори против раководството на болницата во Гевгелија, иако овој скандал доаѓа само половина година по смртта на родилката од Дојран. Општата болница Гевгелија се оградува од индивидуалните постапки на поединци кои го нарушуваат угледот на установата.
Сличен скандал имаше пред повеќе од пет години, кога на Хируршки клиники во Скопје, и тоа во Ургентниот центар, две докторки позираа за фотографирање додека во заднината лежи пациент во бессознание. Докторките се правдаа дека не знаеле кој ги фотографирал, но подоцна една од нив доби отказ. (Ј.Ј.В.)
Утрински весник
И после плачат кога некој роднина на пациент ќе удри доктор