на времето Велија од А1 направи мал споменик и сакаше набрзина да го постави, па немајќи дозвола во камион го качи и го шеташе...сега е поставен во близина на многу поголемиот , што пак нема смисла, нека го преместат малиот на друго место..
Проблемот со орлите е што зад орлите застанаа општински и партиски функционери...е сега наводно Град Скопје бара отстранување, топката е префрлена кај Градежна инспекција ама и МВР ќе треба да асистира... јас пак мислам дека МВР треба за јавниот простор и без градежна инспекција да бара документација, па ако може да се бркаат и казнуваат тие што поставуваат тезги без одобрение, зошто не би се спречувало ако се поставува градба или врши друга градежна активност на јавен простор ?? Еве сега да земе секој самоволно без дозвола да руши или поставува легнат полицаец, рекламни паноа и друго, нема ли полиција да интервенира и да побара одобрение ?