Руски патнички авион со 220 патници падна во Египет.

SuBZerO

Бигус Дикус
Член од
26 јануари 2007
Мислења
3.859
Поени од реакции
4.791
"We rule out a technical fault of the plane or a pilot error," Alexander Smirnov, deputy general director of Metrojet,

E ne drugo ke rece...isto kako i ovie od VW! Sekoj si ja brani svojata strana ups biznisot...! impakt na 31000 feeta so sto so BUK? Izlea rusite sami si go imaat ruseno ...isto kako i amerite kullite bliznacki!
 
Последно уредено:

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.033
Поени од реакции
29.392
Izlea rusite sami si go imaat ruseno ...isto kako i amerite klulite bliznacki!
Не може да се исклучи тоа дека Русите сами си го имаат срушено авионот (или да го нарачаат). Со ова добиваат додатна легитимност за инволвирање против ИСИС.

Но! Само една страна овде досега има позната историја со многу вакви фолс флагови. Не само 9/11, туку и документацијата за Operation Northwoods koja излезе во јавност после 50години законска тајност, а со која американскиот генералштаб наредува припреми за акција со жртвување цивилен патнички авион (и патнички бродови).
Operation Northwoods
http://whatreallyhappened.com/WRHARTICLES/northwoods.html

Понатаму Русија веќе ја има целата легитимност што и треба, со официјалната покана од легалната сиријска влада.
Ќе видиме што ќе покаже истрагата понатаму.
 
Член од
4 февруари 2009
Мислења
7.733
Поени од реакции
7.549
Нормално е авиокомпанијата да се брани, или поточно, да си ги брани акциите на пазарот.
Во меѓувреме, Русија започна истрага против авиокомпанијата за небрежност.
http://www.itv.com/news/update/2015-10-31/russia-opens-investigation-into-airline-following-plane-crash/
Руска полициска рација во штабот на авиокомпанијата.
https://twitter.com/rusnovosti/status/660420760331280385
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: wot

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.033
Поени од реакции
29.392
Нормално дека Руската Федерација ќе изврши детална и ефикасна истрага, пред да зборува за причините за падот на авионот во Египет. Наместо во рок од неколку саати после паѓањето, да почне да обвинува други држави, без докази (како ’мурика што направи со MH17 во Украина).

Русија најпосле, е озбилна држава. Нели Игорче? ;)
@IgorChete
 
Член од
1 ноември 2005
Мислења
2.142
Поени од реакции
1.256
Член од
8 јануари 2014
Мислења
2.205
Поени од реакции
2.051
Од сликите и видеата што не обиколија од несреќава, мене ми делува авионов како да е паднат поради пожар некаде во самиот авион. Од бомба внатре или проектил дефинитивно не верувам од проста причина што во тој случај истиот би се распаднал во воздух и остатоците би паднале на поголема површина на земјата, а од тоа што видов, целиот костур е на едно место. Дури сигурен сум, доколку тоа е и причината дека се имаат обидено да го приземјат во последен момент, па оттука и останат е целосен по падот ...мислам целиот труп е на едно место.

Едно мое лично нагаѓање ако си земам за право да искажам од досега гледаните серијали на Национална Географија- Авионски несреќи.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.068
Поени од реакции
78.278
САМО ДВАЈЦА ПРЕЖИВЕАЛЕ

Се урна руски авион во Судан, 40 мртви

Најмалку 41 лице загинаа утрово во падот на руски товарен авион во главниот град на Јужен Судан.



Член на екипажот и едно дете ја преживеале несреќата, изјавил портпаролот на претседателската палата за Ројтерс.

Тој додаде дека во авионот имало околу 20 лица, од кои 10 до 15 биле патници. Моментално непознат број луѓе загинале на земја.

Авионот се урнал кратко по полетувањето.



Како што рекле очевидци за Ројтерс, опашот и други делови на авионот биле расфрлени по должината на брегот на реката Бел Нил, во близина на аеродромот во главниот град Џуба. Според истиот извор, на местото на несреќата има најмалку 40 тела, но не е јасно колку од нив биле во авионот.


Според локалните медиуми, станува збор за товарен авион со пет члена на екипажот и седум патници. Сите членови на екипажот се државјани на Русија. Меѓу жртвите има и една жена и седум деца.
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.033
Поени од реакции
29.392
Најверојатно е случаен технички дефект. Исто како и со рускиот авион во Египет. Случајности... :coffee:
Сега ќе се јават „теоретичарите на заговори“, да мрчат како е екстремно неверојатно два руски авиона да се срушат во таков мал временски интервал - без некој да „им помогне“ да паднат. Но ние не им веруваме на таквите ширачи на паника, медиумите штом велат дека се е во ред - мора се да е во ред.

Него, слушам поевтиниле картите за летовите со руските авиокомпании? :cautious:


Од бомба внатре или проектил дефинитивно не верувам од проста причина што во тој случај истиот би се распаднал во воздух и остатоците би паднале на поголема површина на земјата, а од тоа што видов, целиот костур е на едно место. Дури сигурен сум, доколку тоа е и причината дека се имаат обидено да го приземјат во последен момент, па оттука и останат е целосен по падот ...мислам целиот труп е на едно место.
Можно е да не се распадне авионот во воздух. Се зависи од јачината на бомбата/проектилот.

Дека се немаат обидено да слетуваат, зборува скоро вертикалниот пад на авионот (податоци од алиметарот кои транспондерот постојано ги јавува до контролната кула). Тоа укажува на неможност за управување на авионот - без разлика дали се работи за моторите, системот за управување, дали нешто им се случило на пилотите - ако пилотската кабина била таа што била погодена со проектил... итн, итн.
 
Член од
8 јануари 2014
Мислења
2.205
Поени од реакции
2.051
Можно е да не се распадне авионот во воздух. Се зависи од јачината на бомбата/проектилот.

Дека се немаат обидено да слетуваат, зборува скоро вертикалниот пад на авионот (податоци од алиметарот кои транспондерот постојано ги јавува до контролната кула). Тоа укажува на неможност за управување на авионот - без разлика дали се работи за моторите, системот за управување, дали нешто им се случило на пилотите - ако пилотската кабина била таа што била погодена со проектил... итн, итн.
Да, лошо се изразив со тоа што реков „би се распаднал“. Дава престава дека буквало би се распаднал на милион парчиња.

https://www.youtube.com/watch?v=CVcLKqR5O8g
од 13-15-та секуна се гледа едно до крилата, а и другото е во слична состојба, бидејќи го видов на друго видео што за жал не можам да го најдам, а и ми одзема време и нерви за да барам. Значи јасно се гледа дека е во хоризонтална положба и не би рекол дека при вретикален пад би останало вака како што е и олку „зачувано“.

Слетувањето не би изгледало како класично слетување, туку ете под претпоставка дека пожар е причината кој што можеби има зафатено некои системи за управување како што напомена ти. Во тие околности сигурно го имаат спуштено авионот на помала висина од причина што би биле свесни дека во најлош случај не би биле во можност да го досегнат аеродромот и да се обидат да слетаат во пустина, во случајов. Спомна и неможност за управување, е таа состојба и нормално „слетувањето“ (дрецкањето од некоја си Х висина) би изгледало како на видеово. https://www.youtube.com/watch?v=lksDISvCmNI

Едноставно штом го видов тоа видео од птичја перспектива (што не можам да го најдам, а и не е толку битно) на рускиов авион, така веднаш си помислив дека нешто налик на ова погоре што скромно го објаснив е случено.
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.033
Поени од реакции
29.392
Член од
8 јануари 2014
Мислења
2.205
Поени од реакции
2.051
Сега прочитав на хрватски портал дека тело на детенце е најдено на 30 КМ од местото на падот.

Е сега во првиот линк што го сподели се спомнува како амерички сателит „фаќа“ топлотен блесок... епа прашањето е колкавав во обем би бил тој блесок. Доколку е прилично голем, можеби е во прашање мотор или со оглед дека сè повеќе се шпекулира дека е бомба, сигурно би била прилично снажна. А пак до сега нема траги по телата од било каква експлозивна направа.
Иначе ова со телава што се најдени на прилично голема далечина во однос на падот, укажува на тоа дека веднаш по експлозијата откинат е дел од трупот на авионот по што се вшмукани жртвите (во случајов засега две) надвор.

Во секој поглед, има доста работа околу случајов и искрено се надевам дека резултатите нема да покажат дека се работи за дело на терористи или во полош случај дело на тајни служби.
 
Член од
16 декември 2013
Мислења
1.856
Поени од реакции
1.192
(ФОТО) ИДИОТИ: Шарли Ебдо брутално се потсмева со жртвите на рускиот авион што се урна во Синај!

Францускиот сатиричен магазин Шарли Ебдо на своите страници објави карикатури посветени на катастрофата на рускиот авион Ербас A321 во Синајскиот Полуостров, во која загинаа 224 лица

На првата карикатура се насликани патници од авионот и нивните останки како паѓаат вр глава на терорист. Под неа има порака: “Руската авијација го засили боммардирањето”.

На втората слика има чере меѓу остатоците од авионот и телата на патниците, кој зборува за опасностите од летовите со руските нискобуџетните авиокомпании.

Член на Советот на Федерацијата за меѓународни работи Игор Морозов ја оцени постапката на магазинот како исмејување на сеќавањето на жртвите на несреќата.

Тоа е богохулење и исмејување на меморијата на оние кои станаа жртви на катастрофата. Тоа не може да им овозможи на некои медиуми и весници, без оглед на формата во кој жанр се специјализирани- истакна рускиот сенатор.

Според Морозов, потребно е во рамките на меѓупарламентарната разговорите за создавање на законот со кој се забранува исмевање на ваква трагедија во медиумите.
– Да се потсмеваш на несреќа, која се случи во Синај е неприфатливо. Шарли Ебдо желбата да се биде оригинален едноставно шокираи. Тешко е да се потсетиме на трагедија која се случи во јануари 2015 година во магаизнота. Ми се чини дека самите новинари предизвика насилни акции – изјави член на Советот на Федерацијата.
http://reporter.mk/2015/11/06/фото-идиоти-шарли-ебдо-брутално-се-по/
 

fmi

Член од
1 февруари 2007
Мислења
13.039
Поени од реакции
2.270
Русите забраниха през Синаj да поминуват руски авиони. Тоа от технички проблеми ?!

За жал, от црните кутии се гледа,дека не станува паршане за технички проблем,а за взрив на борда на авионот.
http://news.ibox.bg/news/id_2079512964

Russian plane crash: UK suspects bomb was in hold
http://www.bbc.com/news/world-europe-34742273
 
Последно уредено:
G

Goldie

Гостин
Русите забраниха през Синаj да поминуват руски авиони. Тоа от технички проблеми ?!

За жал, от црните кутии се гледа,дека не станува паршане за технички проблем,а за взрив на борда на авионот.
http://news.ibox.bg/news/id_2079512964

Russian plane crash: UK suspects bomb was in hold
http://www.bbc.com/news/world-europe-34742273
Чисто заради безбедност додека сигурно не се утврдат причините за несреќата.
Инако ако не си знаел експлозија (најчесто кај резервоарот за гориво) може да настане и од технички проблем немора да значи дека терористи го кутнале со поставување на бомба внатре..
Инаку немора да пишуваш за жал, знаеме дека не е искрено - кажи си “сами си го бараа Русите“.

И да се јавија ИСИС наводно дека они го кутнале, се надевам дека ова ќе им послужи на Русите како „изговор“ да пратат и копнени трупи во Сирија ако е вистина и ги исчистат детално.
http://www.dailymail.co.uk/news/article-3303148/Shocking-footage-shows-smouldering-wreckage-Russian-holiday-jet-two-hours-crashed-doctor-reveals-victims-suffered-horrific-burns-death.html
 
Член од
1 ноември 2005
Мислења
2.142
Поени од реакции
1.256
Русите забраниха през Синаj да поминуват руски авиони. Тоа от технички проблеми ?!

За жал, от црните кутии се гледа,дека не станува паршане за технички проблем,а за взрив на борда на авионот.
http://news.ibox.bg/news/id_2079512964

Russian plane crash: UK suspects bomb was in hold
http://www.bbc.com/news/world-europe-34742273
Of lele mori majko...Kaj gi najde BBC za izvor na informacii...Pogolemi lazhgovci i manipulanti na ovoj bel svet nema.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom