Општа тема за ЕУ, вести, анализи, промени...

Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.862
Не верувам. Карамарко и ХДЗ ќе инсистираат да се дотроши Милановиќ и ќе инвестираат во засилувањето на Живи ѕид, без разлика декларативно што ќе бараат.
Мое гледиште е дека детиштето од Живи ѕид беше клучен за поразот на Јосиповиќ на овие избори. (секако тука има и други фактори)
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.125
Поени од реакции
25.516
Мое гледиште е дека детиштето од Живи ѕид беше клучен за поразот на Јосиповиќ на овие избори. (секако тука има и други фактори)
Секако. Јосиповиќ во најлош момент уживаше поддршка од 78% од електоратот (78% мислеа дека си ја работи работата добро). Трагичен пораз е ова. СДП ја очекува ПАСОК сценарио.
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.862
Секако. Јосиповиќ во најлош момент уживаше поддршка од 78% од електоратот (78% мислеа дека си ја работи работата добро). Трагичен пораз е ова. СДП ја очекува ПАСОК сценарио.
И СДСМ секако ;)
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.862
Е каде е де.

Тоа е најверојатно судбината на целата европска левица, безидејна, загубена во 21 век со сите предизвици што се соочува. И најмоќниот левичарски политичар во Европа (Оланд) наскоро неславно ќе ја заврши својата кариера.
Веројатно за кратко мислеа дека економската криза ќе им донесе големо враќање на сцена, но таа само ги извади на површина со децении маргинализираните екстермно леви и десни партии, движења и личности.

Ги нема одмана нивните златни времиња на Шредер и Блер.
 
Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
Во меѓувреме нашите јужни соседи поточно нивното министерство за финансии повторно формират комисија која треба да одговори на прашањето : „колку пари треба да им плати Германија поради втората светска војна?„...
Мој најголем респект према нашите јужно соседи им успеа до толку да се задолжат што никој не смее на криво да ги погледне во спротивно ги уценуват дека нема да ги плаќат давачките. На Германците до толку ги држат на тесно што Ангела Меркел и нејната влада за еден ден мораа да ја менуват изјавата дека ќе ги извадат од евро зоната. Згора на се сега ги уценуват за некој пари од втората светска војна. Ги читам коментарите на фејсбук од Германци и благо кажано на обичниот граѓанин му е преку глава дојдено да ги уценува еден банкротирен партак кој веќе неколку пати Германците го вадат од неповрат. Туку кога Грците се толку паметни и формират коисии зошто и ние не го поставиме прашањето „А ШТО СО МАКЕДОНЦИТЕ кои беа протерани и ограбени во граѓанската војна ?„.
Мислам дека ова напинање на Грците е одлична можност ако ништо друго и ние да си прашаме кој ќе ни ја плати оштета на стотици илјади Македонци од Беломорска Македонија.

Geheimer Regierungsbericht: Deutschland soll Griechenland elf Milliarden Euro schulden
Von Giorgos Christides, Thessaloniki


AP
Proteste bei Merkel-Besuch 2012 in Athen: Schwieriges Verhältnis

Ein vertraulicher Regierungsbericht sorgt in Griechenland für Aufsehen: Deutschland soll dem pleitebedrohten Land noch elf Milliarden Euro aus der Zeit des Zweiten Weltkriegs schulden. Das Linksbündnis Syriza will das Geld eintreiben.
Wie viel Geld schuldet Deutschland Griechenland? Diese Frage soll eine Expertenkommission im Auftrag des griechischen Finanzministeriums beantworten. Laut einem Pressebericht kommt sie zu einem klaren Ergebnis: Allein für einen Zwangskredit, den Griechenland während der deutschen Besatzung im Zweiten Weltkrieg gewährte, müsste Berlin dem Land noch elf Milliarden Euro zurückzahlen. Die Experten bezeichnen die Fakten als "unbestreitbar"...............
http://www.spiegel.de/wirtschaft/soziales/zweiter-weltkrieg-deutschland-soll-griechenland-milliarden-schulden-a-1012414.html
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.862
http://www.izbori.hr/106pre/rezult/2/rezultati.html

Околу 32000 гласа повеќе за Колинда, ептен тесна победа, а интересно што во дијаспората ХДЗ тепа убедливо, со 30.000 гласа разлика, што значи дијаспората одлучи во оваа тесна трка.

Исто како и во Хрватска, и кај нас, дијаспората секогаш сласа за ВМРО, и тоа со сооднос 10, 20 па и повеќе пати наспрема другите кандидати.
 
Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
Со задоволство го следам како јужните се играт играчка со ЕУ и пред се со Германците. Им симињам капа навистина, да дело покажуват дека ЕУ нема никакви инструменти да се справи со недисциплината која се случува внатре во оваа криминална организација
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.125
Поени од реакции
17.913
Ги следам деновиве работите на новава грчка влада и луѓето инволвирани во неа и веќе сум 99% сигурен дека ќе го добијаат тоа што го бараат.

Нема да им го намалат долгот, но нема да има ниту мерки на штедење.
 
Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
Европа ја создаде поранешната отоманска империја јунанистан, а тие ќе ја распаднат Европа. Ако им ги отпишат долговите тогаш по домино ефект тоа ќе го барат и другите. Во тој случај да видиме дали е во можност Германија да ја финансира цела унија. Поради,нивните интереси заглавија други држави кои немат допирни точки со Грција а мораа да покажуват божем солидарност за грчкото луксузирање. Интересно е и кокетирањето на новата влада во Јунанистан со Русија. Ако се случи гасот преку Турција да влезе во Јунанистан би сакал да им ги видам лицата на бугарските политичари. Како и да е нетрпението на членките на ЕУ е при крај и се чека само момент кога,ќе се прелие чашата. Дали тоа ке биде новата влада на Јунанистан ќе видиме. Во меѓувреме стигна порака од Шпанија до нив.

http://fox.mk/aktuelno/region/29707-spanija-nema-da-dozvoli-grcija-da-ne-i-go-vrati-dolgot/[DOUBLEPOST=1422562610][/DOUBLEPOST]Патем да надополнам дека ЕУ во наредниот период ќе се служи со различни уцени за да го задржи курсот на Јунанистан , еден од притисоците ќе биде и името кое дефакто и порано беше џокерот на ЕУ.
http://m.mkd.mk/makedonija/politika/po-izborite-vo-grcija-evropskata-komisija-pochna-da-ne-narekuva-makedonija

И на крај би ги додал платите кои во Европските парламентарци и службеници ги заработуваат. Ова секако е една од причините за незадоволство на обичниот европски граѓанин. Текстот е на германски би издвоил два податока.
. Oder wie die Wiener Kronenzeitung am 5. April 2013 titelte: „108 Jahre normal arbeitenoder 5 Jahre im EU-Parlament.“

Значи 5 години работа во европскиот парламент е како 108 нормално работење.

sollen es sogar3.000 EU-Beamtesein, diedas Gehalt von David Cameronübertreffen.

3 илјади административци во ЕУ зимат поголема плата од Давид Камерон.


http://deutsche-wirtschafts-nachrichten.de/2014/01/22/eu-politiker-gehaelter-die-groesste-selbstbedienung-aller-zeiten/
 
Последно уредено:

TheTrooper

Психијатриски случај
Член од
27 април 2009
Мислења
6.823
Поени од реакции
6.346
http://www.izbori.hr/106pre/rezult/2/rezultati.html

Околу 32000 гласа повеќе за Колинда, ептен тесна победа, а интересно што во дијаспората ХДЗ тепа убедливо, со 30.000 гласа разлика, што значи дијаспората одлучи во оваа тесна трка.

Исто како и во Хрватска, и кај нас, дијаспората секогаш сласа за ВМРО, и тоа со сооднос 10, 20 па и повеќе пати наспрема другите кандидати.
Сепак 2.000 гласа тепа Колинда без дијаспората.

Карамарко ги препороди ХДЗ. После се што им се случи повеќето партии би пропаднале скроз,а овој тепа 4 избори по ред (2 европски, локални и претседателски).
Ова што релативно популарен претседател успеа да изгуби кажува колку СДП има мала поддршка кај народот.
На крајот од годината ќе си изгубат и уште едни избори.
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.862
Не видов посебна тема за Британија

http://www.bbc.com/news/election-2015-32633099

Конзервативците направија партал на изборите, надминувајќи ги сите анкети и очекувања, веројатно и нивните. Лабуристите си ебаа мајкта, Шкотска особено здравјето им го зема, цела Шкотка гласа само за една партија, британците сега веќе имаат политички колаж сличен на нашиот, гласање за националности место за партии (како кај на со ДУИ)

Галамџијата голем, Фараж, иако неговата партија има најголем скок од претходните избори и има 3 милиони гласов има само еден МП, а Фараж не е тој, изгледа народниот човек не бил толку народен во родната земја, лесно е да бидеш популист во руски РТ и во ЕУ парламент, не толку пред својот народ.

Либералдемократите се најголеми губитници, изгубија речиси се што имаа од претходните избори, коалицијата и владеењето со конзервативците се покажа како најголема историска грешка во нивното партиско постоење.

И баш го гледам муабетот погоре што сме го имале на темава со Инглориусот, за пропаѓањето на левицата, дури и чудно ми е, во најтешките економски години на Европа после 2 Св.војна, наместо логичниот исход- левицата буквално да доминира во сите земји, имаме нивно маргинализирање на секој чекор, па и таму каде владеат левичари или се нешто сосем ново различно од (грција) или се некаков чуден и одржлив конгломрат од партии кои не носат стабилност (Италија, Хрватска)

Донекаде и логичнен е ваквиот исход кога главни теми во левицата се имигранти, религиозни слободи, хомосексуалци, празни флоскули.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.125
Поени од реакции
25.516
Галамџијата голем, Фараж, иако неговата партија има најголем скок од претходните избори и има 3 милиони гласов има само еден МП, а Фараж не е тој, изгледа народниот човек не бил толку народен во родната земја, лесно е да бидеш популист во руски РТ и во ЕУ парламент, не толку пред својот народ.
Фараж си ја заврши задачата за која беше креиран како политичар. Вчера гледав отворено студио на ITV, 90% од лабуристите објаснуваа дека при средби со граѓаните, добар број на традиционално лабуристички гласачи викале дека ќе гласаат за УКИП. Кога ги прашувале зошто, одговорот бил, имиграцијата.

Интересно е што и лидерката на СНП веднаш исклучи нов референдум за независност, и покрај таквиот успех. Што остава простор за теза дека конзервативците моментално се најповолни за империјата, па некои полујавни (не баш политички) сили го имаат потпомогнато растот на УКИП и СНП само за овие избори. Тие две партии личат како палома за една употреба. И си ја завршија работата.
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.862
Фараж си ја заврши задачата за која беше креиран како политичар. Вчера гледав отворено студио на ITV, 90% од лабуристите објаснуваа дека при средби со граѓаните, добар број на традиционално лабуристички гласачи викале дека ќе гласаат за УКИП. Кога ги прашувале зошто, одговорот бил, имиграцијата.

Интересно е што и лидерката на СНП веднаш исклучи нов референдум за независност, и покрај таквиот успех. Што остава простор за теза дека конзервативците моментално се најповолни за империјата, па некои полујавни (не баш политички) сили го имаат потпомогнато растот на УКИП и СНП само за овие избори. Тие две партии личат како палома за една употреба. И си ја завршија работата.
Не знам многу за УКИП, ниту нивната позадина, не знам ни изборниот ситем каков е во UK, каде партија со 20% од гласовите има само 1 пратеник, но СНП стварно си ја заврши работата и тоа на повеќе полиња.

Во Шкоткска, традиционално лабуристички регион целосно го има приматот, а од друга страна заради фактот што Лабористите ги имаа во предвид во евентуална постизборна коалиција за состав на влада, Англичаните од страв гласаа за конзервативците. Така да СНП им направи двојна штета. А и јас сум на ставот дека овој исход е дефинитивно најдобриот за Британија, како унитарна држава и традиционална голема сила.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom