Сè за опаѓањето на косата - совети и искуства

V

VeniVidiVici

Гостин
Се за опаѓањето на косата и неговото лечење!

При првите знаци на косопаст треба да делувате смирено и брзо. Доколку ова ве засега премногу и сте решени да одвоите значаен дел од вашиот буџет и вашето време и да го прифатите фактот дека третманите против опаѓање на косата МОРА да се употребуваат доживотно, тогаш бидете сигурни дека со читањето на оваа статија, вашиот проблем со голема веројатност ќе биде решен.

Како прво:

Треба да утврдите од каков тип на косопад страдате.
Постојат 3 најчести видови на косопаД.

1. MPB(Male Pattern Baldness) - Типична машка ќелавост или попозната како Androgenetic Аlopecia. Најчеста причина за косопастот кај мажите со 95 % застапеност.Доколку вашата коса се ретчи само на предниот дел од главата или ви се појавуваат мали залистоци над слепоочниците, или пак мала пропетченост на темето на главата,не се залажувајте - вие имате Типична Машка Ќелавост која доколку не се третира, најчесто доведува до целосна ќелавост во период од 5 до 15 години. Причина за овој тип на ќелавост се гените и вишокот на тестостерон во организмот кој кога се врзува со 5 - алфа ензимот кој го создава простатата креира Дихидротестостерон кој е главната причина за истенчувањето на влакното, неговото опаѓање и изумирање на фоликулите на влакното.Оваа болест, иако во мал процент, ги напаѓа и жените исто така.

2.Tellogen Efluvium - Овој тип на косопаст ги напаѓа подеднакво и мажите и жените и е последица од стрес или постоперативен период кога фоликулите на косата се атрофирани како последица на оперативниот стрес. Овој вид на косопаст е повремен и после 6 до 12 месеци косата сама се обновува. Се препознава по тоа што косата се тенчи и се ретчи низ целата глава подеднакво.

3.Alopecia Areata - Овој тип на алопециа(косопаст) се појавува подеднакво и кај мажите и кај жените и е најтешка форма на косопаст. Одредени делови од главата во облик на кругови се нападнати од некоја бактерија што доведува до целосно опаѓање на косата во тие делови. Може да се третира со Ketoconazole апчиња и со други антибактериски и антимикотични креми и препарати.

Исто така постојат и други видови на косопаст како што се Duffuse Thinning, Alopecia Totalis, Scarring Alopecia и други, но овие типови на косопаст се многу ретки и за нив нема за зборувам.

Други причини за појава на косопад се: Хормонален дисбаланс предизвикан од проблеми со тироидната жлезда, период на породување и менопауза кај жените лоша исхрана, aнемијa,мс,диабетес, полови заболувања - кандида, сифилис итн...
Запомнете дека косопастот поготово кај мажите НЕМА ДА ПРЕСТАНЕ САМ ПО СЕБЕ и во голем дел од случаите ке кулминира после 5-15 години и ќе доведе до потполна ќелавост.

Ќелавоста кај мажите,типичната машка ќелавост - MPB, според нејзиниот степен на изразеност се мери според мегународната NORWOOD скала од 1 до 7 степени.

Не постојат шампони или витамини, Velform течности, Vicky таблети,MERZ, OLIGOVIT или било какви препарати кои ќе го излечат косопастот, но со секојдневна употреба тие можат да го забават или да го запрат паѓањето на косата, НО НИЕДЕН ОД ГОРЕНАВЕДЕНИТЕ НЕ Е НАУЧНО ДОКАЖАН ДЕКА НАВИСТИНА ДЕЈСТВУВА. Не трошете ги вашите пари залудно доколку не сте сериозни во вашата борба против косопадот, зашто со нередовна употреба на било кој препарат или средство, дејството е само привремено. Криењето на болеста која често е застрамувачка и депресивна, НЕМА да го реши вашиот проблем. Доколку не превземете никакви мерки, таа многу веројатно со тек на време ќе стане видлива и забележлива за другите.

Не постои траен лек за MPB и сите препарати и лекови се ефективни само за време на нивната употреба. За оптимален резултат се смета престанувањето на косопастот, но во некои случаи може да се појави и никнување на нови влакна.90% од компаниите кои тврдат дека имаат лек за косопастот се скамери и профитери без никаков респект кон вас и вашите пари.

Во светот постојат само 2 докажани ефикасни долгорочни третмани против опаѓање на косата.

1.Minoxidil, попознат како Rogaine(Brand name) во САД.

2.Finasteride или попознат како Propecia(Brand name) во САД.

Американската асоцијација за храна и лекови (FDA - Food and Drug Association) после извршените тестови го одобри Minoxidil како лосион за спречување на паѓањето на косата и обновување на косата во 1978 година. Finasteride(Brand name - Propecia) е одобрен во 1997 година и се употребува во форма на апчиња. FDA препорачува да не се употребуваат никакви други лекови или препарати освен горенаведените две.

Како најважно предупредување ќе го издвојам фактот дека за андрогена алопециа или MPB(Male Pattern Baldness) односно Типична машка ќелавост, и двата лека треба и МОРА да се користат постојано без никаков прекин до крајот на животот. После секое прекинување сите резултати кои се добиени како резултат од овие лекови ке изчезнат во рок од 3-6 месеци.

1.Minoxidil(Rogaine) е прапарат кој се нанесува директно на главата во форма на лосион или пена. Првенствено откриен како лек против зголемен крвен притисок кој како страничен ефект покажувал обновување на паднатата коса.Minoxidil постои во варијанта од 2% и од 5% и може да се купи и во Македонија во сите аптеки без лекарски рецепт. Minoxidil не покажува системски странични ефекти, освен зголемена појава на првут и иритација на кожата, што се регулира со Ketoconazole шампон за кој ќе зборувам подоцна. Се нанесува 2 пати дневно, наутро и навечер. Minoxidil делува како вазодилазатор и е научно е докажано дека Minoxidil е најефикасен во делот на темето на главата и на горниот дел на главата. Не е докажано дека е ефикасен на предниот дел од главата кај залистоците(Receding hairlines) што не значи дека не делува и на тој дел.Minoxidil 2% може да го употребуваат и мажи и жени додека варијантата од 5% е наменета исклучиво за мажи.За било какви резултати од овој лек пациентот мора да почека најмалку 6 месеци за да ги види првите резултати.Minoxidil e многу ефтина варијанта и најбезбедна. Чини само околу 450 ден месечно. Се употребува до крајот на животот.

2.Finasteride e НАЈДОБРИОТ лек во светот за вашата MPB. Finasteride e лек кој е наменет за третирање на Бенигна хипертрофија на простатата, кој како страничен ефект имал значително обновување на косата. Finasteride за лечење на простатата се користи во облик од 5мг секој ден, а за косопаст во облик на апче од 1мг.Finasteride СЕ УПОТРЕБУВА САМО КАЈ МАЖИТЕ!!! Употребата од страна на жени може да предизвика аномалии кај гениталиите на новороденчето доколку жената остане бремена.Finasteride е најефикасниот лек за лечење на MPB и има ефект кај 89% од пациентите.Тој активно делува врз 5-алфа ензимот и го спречува креирањето на Дихидротестостеронот кој е главниот предизвикувач на MPB.Finasteride има СЕРИОЗНИ СТРАНИЧНИ ЕФЕКТИ и пред да започнете со ваков вид на терапија мора да се консултирате со лекар( НАЖАЛОСТ ВО МАКЕДОНИЈА ЛЕКАРИТЕ НЕ ЗНААТ НИШТО ЗА ОВОЈ ЛЕК КОЈ ГО КОРИСТИ ЦЕЛИОТ СВЕТ) или да направите добро истражување преку интернет со корисници кои веќе го користат и целосно да се информирате. 15% од корисниците пројавиле странични ефекти како што се: намалена желба за секс, намалена количина на сперма, намален процент на сперматозоиди во спермата, болка во тестисите. 0.5% од корисниците пројавиле целосна импотенција.Finasteride лекот во облик од 1мг за третирање на косопаст не е достапен во Македонија. Достапен е во варијанта од 5мг(многу корисници во светот користат 5мг таблети и ги кршат на 4 еднакви делови со што добиваат прилично иста доза од 1мг дневно, а и заштедуваат финансиски сретства)
Finasteride e прилично скап лек. Propecia - нарачана преку интернет ќе ве чини околу 3500 денари месечно. Варијантата од 5мг (име на лекот-PROSCAR, кој го има во Македонија) искршени на 4 дела ќе ве чини 2800 денари за 4 месеци (800 ден-месечно). Finasteride не се продава без лекарски рецепт. Се употребува до крајот на животот.

Други лекови докажани од задоволни клиенти и клинични тестирања, но не и од FDA - Американската институција за храна и лекови.

3.Dutasteride - Лек со слични особини како Finasteride, но со поголема концентрација на активна супстанција и поголеми можности за странични ефекти.
4. Ketoconazole шампон - постои во варијанта 1% и 2% и е многу добар за отстранување на првут (Minoxidile поради присуството на алкохол,веројатно ќе предизвика првут) Исто така тој има и антибактериско дејство и антимикозно и е доста ефикасен и како природен блокер на DHT(Дихидротестостерон) на површината на главата. Достапен е во Македонија без лекарски рецепт во секоја аптека и чини околу 200 денари за еден месец.

Природни лекови кои не се докажани клинични, но со добри резултати кај некои поединци.

5.SAW PALMETTO - приподен DHT блокер кој е производен од вид на палма која расте во северна Америка. Се пие во облик на апчиња и се консумира секој ден. После престанување со неговото консумирање, пациентот ги губи сите постигнати резултати како ефект од неговата употреба.Нема поголеми несакани дејства освен - лош здив.Го има во некои аптеки во Македонија и чини 1200ден месечно. Се употребува до крајот на животот.

6.Чај од корен од коприва, зелен чај, чај од ѓумбир, Рузмарин зовриен во вода се користи за поливање на косата, екстракт од пиперка се трие на коренот на влакното,Алое вера креми и шампони, Лаванда екстракт како локален апликатор на главата, Коњско опавче како чај и вода за миење на главата, триење на главата со лук СИТЕ ОВИЕ ПРИПОРДНИ ПРЕПАРАДИ НЕ СЕ НАУЧНО ПОТВРДЕНИ И ИМААТ ЕФЕКТ САМО КАЈ ПОМАЛКУ ОД 25% ОД ПАЦИЕНТИТЕ МАЖИ А ПОГОЛЕМ ЕФЕКТ ОД 45% КАЈ ЖЕНИТЕ.

После било кој третман за опаѓање на косата, ТАА НЕМА ДА ПРЕСТАНЕ ДА ОПАЃА ВЕДНАШ.Доколку вашата коса престане да опаѓа набргу после земањето на лекот, тогаш тоа не е последица на земањето на тој лек, туку постои некоја друга причина која е моментална и вашата коса ќе започне да опаѓа повторно(нажалост). Потребни се најмалку 4-6 месеци секојдневна употреба на лекот за да се видат првите резултати(поради природниот тек на растот на влакното кое расте во три фази-Анаген,Телоген и Катаген).Најверојатно доколку третманот е ефикасен во првите 2-3 месеци треба да забележите ЗГОЛЕМЕНО ОПАЃАЊЕ НА КОСАТА поради нејзиното обновување и ослободување од влакната кои се веќе влезени во Телоген фазата(Фаза на мирување на влакното).

Ослободете се од бабините приказни дека носењето капа влијае на косопадот, дека често миење на косата ја прави помрсна(косата се мрси од зголемено лачење на Себум, кој го лачат лојните жлезди на главата, како резултат на хормонално пореметување манифестирано со зголемување на женскиот хормон Прогестерон или Естроген, кој го имаат и мажите и жените), дека краткото стрижење ќе ја згусти косата,дека сушењето со фен и пеглањето предизвикува опаѓање на косата(сушењето со фен и пеглањето го оштетува влакното и доведува до кршење на косата но не го оштетува коренот) и други 100 % невистини и чисти заблуди и глупости.

Јас лично користам:
- Minoxidil 2% (Original Rogaine-USA)- 2 пати дневно, - 1050 ден/месечно
- Finasteride 1mg (Оriginal Propecia-USA)- 1 апче дневно, 3500 ден/месечно
- Saw Palmetto - 1 апче дневно, - 1200 ден/месечно
- Шампон Ketoconazole 2% - 3 пати неделно, - 200 ден/месечно
- MERZ Spezial Dragees - 2 апчиња дневно, - 550 ден/месечно
- Чај Виталиа-Зелен чај со лимон и Ѓумбир - 1 дневно, - 150 ден/месечно
- Рузмарин и корен од коприва за поливање на главата после миење. - 300 ден/месечно.
и сум многу задоволен од своите резултати. Косата престана да ми опаѓа целосно иако претходно губев енормно голема количина на коса дневно. Исто така имам големи резултати во обновување на паднатата коса. Иако мојот косопад беше во почетна фаза и речиси неприметлив за другите, со правовремена реакција спречив понатамошно опаѓање а добив и значајно обновување. Немам никакви странични ефекти од лекарствата, но месечно од својот џеб одвојувам околу 7,500 денари за оваа намена.

ВАЖНО: Со употреба на лекови од домашни или локални брендови или генерички лекови истиве лекови и препарати против опаѓање на косата можат да ве чинат само околу 2,000 денари месечно.
---------------------------------------------------------
Потрошив голем дел од моето слободно време за оваа статија, само и се со цел и Македонците да се едуцираат и да научат нешто повеќе за современите третмани за косопастот и да сватат дека секој третман за коса кај мажите кои страдаат од MPB(95% од мажите) МОРА да трае до крајот на нивниот живот.
Отворен сум за секакви прашања. Се надевам дека оваа статија ќе им користи на многу луѓе кои имаат проблем со косопадот. Ви посакувам се најдобро!
Картов -
Волонтер, член на Мегународната Асоцијација за борба против опаѓање на косата.
Veteran Real Hair Club Member na HairLossNetwork мрежата.

П.С.
СО МОЕТО ИЗЛАГАЊЕ ЕДИНСТВЕНО САКАМ ДА ПОМОГНАМ СО МОИТЕ ЛИЧНИ ИСКУСТВА И МОЕТО ЛИЧНО ЗНАЕЊЕ ЗА ОВОЈ ПРОБЛЕМ, А ТОА ГО СМЕТАМ ЗА ХУМАНО
 
6.Чај од корен од коприва, зелен чај, чај од ѓумбир, Рузмарин зовриен во вода се користи за поливање на косата, екстракт од пиперка се трие на коренот на влакното,Алое вера креми и шампони, Лаванда екстракт како локален апликатор на главата, Коњско опавче како чај и вода за миење на главата, триење на главата со лук СИТЕ ОВИЕ ПРИПОРДНИ ПРЕПАРАДИ НЕ СЕ НАУЧНО ПОТВРДЕНИ И ИМААТ МНОГУ МАЛ ЕФЕКТ И ТОА КАЈ ПОМАЛКУ ОД 20% ОД ПАЦИЕНТИТЕ МАЖИ А ПОГОЛЕМ ЕФЕКТ ОД 45% КАЈ ЖЕНИТЕ.

После било кој третман за опаѓање на косата, ТАА НЕМА ДА ПРЕСТАНЕ ДА ОПАЃА ВЕДНАШ.Доколку вашата коса престане да опаѓа набргу после земањето на лекот, тогаш тоа не е последица на земањето на тој лек, туку постои некоја друга причина која е моментална и вашата коса ќе започне да опаѓа повторно(нажалост). Потребни се најмалку 4-6 месеци секојдневна употреба на лекот за да се видат првите резултати(поради природниот тек на растот на влакното кое расте во три фази-Анаген,Телоген и Катаген).Најверојатно доколку третманот е ефикасен во првите 2-3 месеци треба да забележите ЗГОЛЕМЕНО ОПАЃАЊЕ НА КОСАТА поради нејзиното обновување и ослободување од влакната кои се веќе влезени во Телоген фазата(Фаза на мирување на влакното).

Ослободете се од бабините приказни дека носењето капа влијае на косопадот, дека често миење на косата ја прави помрсна(косата се мрси од зголемено лачење на Себум, кој го лачат лојните жлезди на главата, како резултат на хормонално пореметување манифестирано со зголемување на женскиот хормон Прогестерон или Естроген, кој го имаат и мажите и жените), дека краткото стрижење ќе ја згусти косата,дека сушењето со фен и пеглањето предизвикува опаѓање на косата(сушењето со фен и пеглањето го оштетува влакното и доведува до кршење на косата но не го оштетува коренот) и други 100 % невистини и чисти заблуди и глупости.

Јас лично користам:
- Minoxidil 2% (Original Rogaine-USA)- 2 пати дневно, - 1050 ден/месечно
- Finasteride 1mg (Оriginal Propecia-USA)- 1 апче дневно, 3500 ден/месечно
- Saw Palmetto - 1 апче дневно, - 1200 ден/месечно
- Шампон Ketoconazole 2% - 3 пати неделно, - 200 ден/месечно
- MERZ Spezial Dragees - 2 апчиња дневно, - 550 ден/месечно
- Чај Виталиа-Зелен чај со лимон и Ѓумбир - 1 дневно, - 150 ден/месечно
- Рузмарин и корен од коприва за поливање на главата после миење. - 300 ден/месечно.
и сум многу задоволен од своите резултати. Косата престана да ми опаѓа целосно иако претходно губев енормно голема количина на коса дневно. Исто така имам големи резултати во обновување на паднатата коса. Иако мојот косопад беше во почетна фаза и речиси неприметлив за другите, со правовремена реакција спречив понатамошно опаѓање а добив и значајно обновување. Немам никакви странични ефекти од лекарствата, но месечно од својот џеб одвојувам околу 7,500 денари за оваа намена.

ВАЖНО: Со употреба на лекови од домашни или локални брендови или генерички лекови истиве лекови и препарати против опаѓање на косата можат да ве чинат само околу 2,000 денари месечно.
---------------------------------------------------------
Потрошив голем дел од моето слободно време за оваа статија, само и се со цел и Македонците да се едуцираат и да научат нешто повеќе за современите третмани за косопастот и да сватат дека секој третман за коса кај мажите кои страдаат од MPB(95% од мажите) МОРА да трае до крајот на нивниот живот.
Отворен сум за секакви прашања. Се надевам дека оваа статија ќе им користи на многу луѓе кои имаат проблем со косопадот. Ви посакувам се најдобро!
Картов -
Волонтер, член на Мегународната Асоцијација за борба против опаѓање на косата.
Veteran Real Hair Club Member na HairLossNetwork мрежата.
---------------------------------------------------------
П.С.
СО МОЕТО ИЗЛАГАЊЕ ЕДИНСТВЕНО САКАМ ДА ПОМОГНАМ СО МОИТЕ ЛИЧНИ ИСКУСТВА И МОЕТО ЛИЧНО ЗНАЕЊЕ ЗА ОВОЈ ПРОБЛЕМ, А ТОА ГО СМЕТАМ ЗА ХУМАНО
 
Fantom

Chikara
Член од
4 јуни 2006
Мислења
11.453
Поени од реакции
812
Јас сум MPB, досега залистоците заминаја веќе, а гледам темето не се осеќат нешо најарно... :)

За 9-10 години (со мојов факултет и за 3-4) очекувам да достигнам статус на Зидан, или дури и Камбијасо. :)
 
Maja Popovska

Buceto
Член од
12 октомври 2009
Мислења
2
Поени од реакции
0
Dobro utro na site.Moze li edna molba do site sto pisuvaat tuka,da mi dadete informacija za VITA DIET klubot,sakam da odam imam problemi so tezinata i mi smeta dosta,ili pak ako ja znaete nivnata strana da mi ja kazete,isto taka moze i adresata dokolku nekoj ja znae!Vi blagodaram na site odnapred!
 
V

VeniVidiVici

Гостин
Јас сум MPB, досега залистоците заминаја веќе, а гледам темето не се осеќат нешо најарно... :)

За 9-10 години (со мојов факултет и за 3-4) очекувам да достигнам статус на Зидан, или дури и Камбијасо. :)

Пријателе, доколку достигнеш статус на Зидан, твојата приказна не е толку лоша засто Зидан изгледа како "бушав" во споредба со Пјер Луиџи Колина :pos2:.
Шегата настрана. Доколку ова навистина те засега, размисли за употребување на некои од третманите кои веќе ги набројав. А доколку косопадот е неважна работа за тебе (што е најдобро) тогаш ишишај се ко Коџак и не се замарај воопшто. Поздрав и се најдобро.
 
Член од
13 септември 2007
Мислења
5.782
Поени од реакции
4.011
Пијте чај од коприва и најдете витамин б5(кај нас мислам дека го нема, а и воопшто е тешко да се најде,ама потрудете се на нет да го најдете) и нема да имате проблеми.
 
Mr.Deni

Животна грешка си ми ти...
Член од
4 мај 2007
Мислења
3.498
Поени од реакции
2.622
Се е ова друже супер што си напишал али од кај да издвои некој 7500 ден само за косата бе.И да работам со просечна плата од 200 евра значи пола од тоа само да ми идат на коса.А сега без работа замисли како ке реагираат моите ако им побарам 7500 за коса ке ме избрка татко ми од дома ке рече сум мрднал :pos: :pos: Кога ке видиш за тие што немаат проблеми со финансии ова е супер препорака а за другите луксуз е да купиш и еден обичен шампон против опаѓање на коса е скапо :) Сепак супер пост од твоја страна.
 
M

Mario Gómez

Гостин
Jа користам шампон фитовал 5 месеци, не дека ми паѓа косата, ама со истиот шампон братучед ми на 30 години добро се држи со косата, иако имаше проблеми со неа.
 
V

VeniVidiVici

Гостин
Скарфејс34:
Се е ова друже супер што си напишал али од кај да издвои некој 7500 ден само за косата бе.И да работам со просечна плата од 200 евра значи пола од тоа само да ми идат на коса.

VeniVidiVici:
Како што веќе кажав, со употреба на генерички лекови и домашни или локални брендови истиве лекови и препарати ќе ве чинат околу 2.000 денари месечно.

Немора да ги употребувате сите лекови, можете да пробате барем со некој од нив. За почеток најдобро е Minoxidil, кој е еден од 2-та признаени лекови за борба против опаѓање на косата, а и не е многу скап. 450 ден/месечно. А доколку сте пушач и се жалите дека немате пари, престанете со пушењето и ете ви 2000 денари месечно за многу подобра намена.
Поздрав и се најдобро.
 
Bavarecot

Доле Влада !!!
Член од
4 март 2008
Мислења
2.813
Поени од реакции
358
Нагло почна да ми паѓа косава,не дека ми е многу али ќе земам нешто баш да видам како ќе ми реагира,овие што ги наброја се скапи за мене,немам намера да давам по толку пари секој месец.
 
CrashoverRide

Tutto per la Lazio,persempre nell cuore...
Член од
9 јануари 2008
Мислења
1.293
Поени од реакции
114
Се е ова друже супер што си напишал али од кај да издвои некој 7500 ден само за косата бе.И да работам со просечна плата од 200 евра значи пола од тоа само да ми идат на коса.А сега без работа замисли како ке реагираат моите ако им побарам 7500 за коса ке ме избрка татко ми од дома ке рече сум мрднал :pos: :pos: Кога ке видиш за тие што немаат проблеми со финансии ова е супер препорака а за другите луксуз е да купиш и еден обичен шампон против опаѓање на коса е скапо :) Сепак супер пост од твоја страна.
Или во превод, ќе ти купиме капче за на глава, ич да не се секираш :pos:
 
V

VeniVidiVici

Гостин
Секој треба сам да размисли што е најдобро за него. Не ме обвинувајте мене што лековите се скапи, јас не ги произведувам, само сакам и кај нас лугето да научат нешто са современите третмани за лекување на косопад и да одберат третман според нивните можности.
Се најубаво и поздрав.
 
N

NeMiRnA

Гостин
Не верувајте у Велформ и слично,ама во ова верувајте,ова е лекот од седумфакингилјади денари!ОМГ!На некој косата му опаѓа само затоа што рмба секој месец за тие 7000 ден,се извинувам 7500 за сметките да си ги плати,а доколку не би морал,не би имал ни косопаст од нервози ! Ова во најмала рака е расипништво!

Имав проблем со опаѓање на косата и оштетување на целото влакно ради тироидата,почнав да пијам гератамин нео,заедно со чај од коприва,за пиење нормално подготвен,а за миење на косата концентрирано растворен,за 2 месеци почна да ми расте косата повторно на места каде што претходно пола година веќе ми беше опадната и немаше абер да никне пак ! Зошто татко ми го фаќа средновековна криза и многу нормално и дел од природниот процес почна да ми опаѓа косата и му се виде ефикасно истото го направи,не доби коса ко во цут на младоста,ама прилично му се згусна на делови каде што очигледно немаше коса или буквално имаше 3 влакна,а сега си продолжи со тинктура и шампон од РСИ кој чинат 800 денари,ама се купуваат на половина година затоа што количината која се нанесува е многу мала,а плус можеш да ги комбинираш и со друг шампон!

Седумфакингилјади денари!Ц ц ц ц ц ц ... за коса ... чувствувам како почнува да ми побелува од преголемо изненадување и туѓа неразумност!

И да маж без коса не е лошо за око,за некои дури и привлечно,ништо страшно и ништо невообичаено.Не ги разбирам тие мажи на кои толку многу им значи сетоа тоа.Е жена без коса,тоа е веќе друг муабет.Дали е кратка или долга,сепак е најубавиот *украс* кој го има на себе и изгледа навистина убаво кога е негувана и средена.
Ме мрзеше да ти ја читам статијата,ама вака меѓу редови никаде не го сретнав делот дека преголемо количество на железо во организмот допринесува за опаѓање на косата.
 
Fantom

Chikara
Член од
4 јуни 2006
Мислења
11.453
Поени од реакции
812
Пријателе, доколку достигнеш статус на Зидан, твојата приказна не е толку лоша засто Зидан изгледа како "бушав" во споредба со Пјер Луиџи Колина :pos2:.
Шегата настрана. Доколку ова навистина те засега, размисли за употребување на некои од третманите кои веќе ги набројав. А доколку косопадот е неважна работа за тебе (што е најдобро) тогаш ишишај се ко Коџак и не се замарај воопшто. Поздрав и се најдобро.
Јебеш га, веќе познато ми е мене дека до гените е. Бев на дерматолози и други некој си стручњаци, кажаја дека можит само да се забавит процесот, не и да се заприт. :)

За шишање тешко, коса долга имам и планирам уште да ја растам, сега сум блиску до Стивен Сигал стадиум, со залистоците. :)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom