Исчезна малезиски боинг, лет MH370 со 239 патници

Член од
4 февруари 2009
Мислења
3.745
Поени од реакции
1.846
Пред повеќе од 40 часа, сосема ненадејно, лет на Малезија Еирлајнс кој полетал од Куала Лумпур со дестинација Пекинг, со 239 патници и екпаж на него, од кои повеќе кинески државјани и ненадејно исчезнал неколку часа после полетувањето врз водите на Јужнокинеското Море.

Ќе ви посочам некои извори од наши и странски сајтови каде може да прочитате најнови ажурирања со летот.

Live updates од The Guardian

Телеграф 1, Телеграф 2, Телеграф 3, Телеграф 4

Во кратки црти за оние кои немаат време да читаат апдејтс. Значи, според она што прочитав последниов саат:

Неколку часа после полноќ, во саботата, лет на Малезија Еирлајнс, MH370, боинг 777,кој полетал од Куала Лумпур со дестинација Пекинг, со 239 патници и екпаж на него, од кои повеќе кинески државјани, ненадејно исчезнал неколку часа после полетувањето врз водите на Јужнокинеското Море.

Во моментов, никој не знае каде се наоѓа летот. Некое семејство успеало да воспостави контакт со синот кој бил патник, но најверојатно пробувањата повикот да се лоцира биле неуспешни. Интересен податок е дека боингот немал време да пушти мејдеј сигнал, односно било што и да се случило, се случило многу брзо. За сега нема никакво објаснување.

Важно е да се напомене дека пилотот бил апсолутен професионалец со повеќе од 30 години искуство и 18.000 часови искуство во летање. Уште поинтересен податок е тоа што моменти или минути пред авионот да го снема од радарот, истиот МНОГУ ВЕРОЈАТНО го сменил правецот и пробал да се врати НАЗАД во Куала Лумпур од каде што полетал. Никој не знае зашто. Еве неофицијална снимка од live следењето на летовите каде што може да се забележи мистериозното исчезнување на летот.


Нов апдејт укажува дека најдени се траги од нафта и се испратени Виетнамски бродови да истражуваат дали е тоа нафта/керозин од авион. Исто така се пронајдени и некои остатоци кои лебдат на површината на морето но не се знае и нема официјална потврда дали се тоа делови од авионот. Инаку, испратени се повеќе од 40 бродови и над 12 авиони од најразлични држави да учествуваат во истрагата.

Уште еден, најинтересен податок досега, кој ја прави оваа мистерија уште поголема е: Најмалку двајца од патниците во авионот поседувале лажни пасоши, односно вистинските сопственици на пасошите се живи и здрави, едниот е граѓанин на Италија, другиот на Австрија. Уште поинтересен податок е тоа што овие двајца патници со лажни пасоши, билетите за летот ги купиле заедно, во пар.

И за крај, уште еден неверојатен податок кој ја прави оваа мистерија поголема: пасошите на овие двајца граѓани на Австрија и Италија, ги пријавиле за изгубени пред повеќе од една година во ИСТОТО ГРАДЧЕ. Значи, пасошите им биле украдени во истото градче, односно некое местенце во/близу Тајланд во размак од неколку месеци. Во минатото, Ал Каеда имала напади во кои користела фалсификувани или украдени пасоши, што на случајов не се исклучува можноста за присуство на тероризам.

Што мислите кајганаџии за мистеријава?
 
Последно уредено:
Член од
1 март 2008
Мислења
1.396
Поени од реакции
1.050
Mnogu podsekja ova na er frans sto iscezna pred 2 godini ako ne se lazam. A i ne se sekjavam dali go najdoa onoj avion ili barem nesto svrzano so nego. Cudno .
 
Член од
2 јули 2010
Мислења
4.625
Поени од реакции
5.677
Буквално ништо нема најдено од авионот?
 
Член од
4 февруари 2009
Мислења
3.745
Поени од реакции
1.846
Буквално ништо нема најдено од авионот?
Па пред некој саат наводно нашле некои делови што лебдат на водата, како што пишав, и биле пратени бродови да истражуваат понатака, али мала била веројатноста да се од авионот. Али како што прочитав рекоа дека ќе мора да се чекало до сабајле бидејќи било премногу темно за да се заклучат било какви изјави :confused:
 
Член од
27 април 2011
Мислења
2.306
Поени од реакции
3.043
А вчера накај 12 сабајле јас баш ја следев ситуацијава блиску и ништо ама баш ништо не се знаеше освен гласини дека Виетнамската Морнарица пронашла делови од некој авион.....пуштам случајно канал 5 во позадина вести идат и оваа вика " Се урна малезиски авион ниту еден преживеан " ..... :facepalm:
 
Член од
4 февруари 2009
Мислења
3.745
Поени од реакции
1.846
А вчера накај 12 сабајле јас баш ја следев ситуацијава блиску и ништо ама баш ништо не се знаеше освен гласини дека Виетнамската Морнарица пронашла делови од некој авион.....пуштам случајно канал 5 во позадина вести идат и оваа вика " Се урна малезиски авион ниту еден преживеан " ..... :facepalm:
Што можеш да очекуваш од нашиве телевизии... Затоа јас одамна престанав да гледам вести, вака на интернет си има асални портали со лајв апдејтс...
Инаку, многу ми е жал и за патниците и за пилотот. Прочитав повеќе за него конкретно, бил пилот од 1981-ва и имал огромно реноме меѓу колегите и сите го поштувале. Бил еден од најдобрите Малезиски пилоти со 18,000 часови во пилотска кабина, и толку многу си ја сакал работата што колегиве некад на заебанција го заебавале зашто „си ја носи работата дома“, а он цело време играл летачки симулатори кога не бил на работа :place:
Да се надеваме на среќен крај.
 
Член од
4 февруари 2009
Мислења
3.745
Поени од реакции
1.846
Јас не знам што им е со вестиве и ова „сигурна смрт“ (n)
Има голема разлика од исчезнат авион, и урнат авион. Многу е чудна случкава, мене 2 работи не ми се јасни и премногу ме копка:

1. Како може некој од патниците да одговори на повик од семејството ако авионот е урнат/срушен? Ваљда не им се јавил додека пливал (со претпоставка дека преживеал евентуална несреќа) ?

2. Што била причината што пилотот пред несреќата нагло променил правец за да се враќа НАЗАД од каде што полетал? Што се десило во тие секунди каде што немално ни време да побара помош, односно она мејдеј мејдеј? Едно објаснување, како што прочитав, е немањето на никакви докази за авионот, односно делови, било поради наводна експлозија во mid-air што би го објаснила изненадното прекинување на врските, но логично би било да има делови од авионот расфрлани низ морето, ако се случила таква експлозија нели?
 
M

Mario Gómez

Гостин
Mnogu podsekja ova na er frans sto iscezna pred 2 godini ako ne se lazam. A i ne se sekjavam dali go najdoa onoj avion ili barem nesto svrzano so nego. Cudno .
Го најдоа во 2009та на Ер Франс авионот ама го бараа со еден куп бродови и подморници, дури по две години од падот ја најдоа црната кутија. Овде би требало да е полесно пошто е поблиску до брегот, а на Ер Франс летот се сруши на средина на атлантикот у вода 4-5км длабока. Ќе го најдат, дали ќе има преживеани? Се надевам ама тешко, не е ова некој филм со Том Хенкс.[DOUBLEPOST=1394389475][/DOUBLEPOST]
2. Што била причината што пилотот пред несреќата нагло променил правец за да се враќа НАЗАД од каде што полетал? Што се десило во тие секунди каде што немално ни време да побара помош, односно она мејдеј мејдеј? Едно објаснување, како што прочитав, е немањето на никакви докази за авионот, односно делови, било поради наводна експлозија во mid-air што би го објаснила изненадното прекинување на врските, но логично би било да има делови од авионот расфрлани низ морето, ако се случила таква експлозија нели?
Факт е дека може да е терористички напад, ама па у скоро сите случаи кога има терористички напад они прво бараат нешто и привлекуваат внимание од цел свет за тоа шо го бараат а не само онака никому ништо експлозија.
 
Последно уредено од модератор:
C

cige

Гостин
Малезија ерлајнс вели во соопштението дека авионот со лет MH370 исчезнал во 02:40 по локално време во сабота (18:40 ГМТ во петок) по напуштањето на Куала Лумпур, а се очекуваше да слета во Пекинг во 06:30 (22:30 ГМТ), јавува Би-Би-Си.
 
Член од
4 февруари 2009
Мислења
7.733
Поени од реакции
7.549
4 души на авионот патувале со украдени пасоши, двајца од нив седеле еден до друг, требале преку Кина во Холандија да патуваат, најверојатно илегални емигранти.
Со оглед дека сите комуникации прекинале одеднаш, најверојатно се работи за експлозија во сред воздух.
 
Член од
4 февруари 2009
Мислења
3.745
Поени од реакции
1.846
4 души на авионот патувале со украдени пасоши, двајца од нив седеле еден до друг, требале преку Кина во Холандија да патуваат, најверојатно илегални емигранти.
Со оглед дека сите комуникации прекинале одеднаш, најверојатно се работи за експлозија во сред воздух.
Значи терористички напад? Не може туку така авионот да експлодира во сред воздух.
И нели е логично, ако има експлозија горе, милиони парчиња да се расфрлаат низ одреден радиус во морето? Ништо немаат најдено.

Ма да, нема друго што да е. Или експлозија во воздух, или авионот е потонат под вода, трето нема.

Прочитав дека поради Х причина, пилотот пробал да го сврти и да се врати назад од кај што полетал, па да се урнал во маневарот, ма да не ми се верува.
 
Последно уредено:
Член од
4 февруари 2009
Мислења
7.733
Поени од реакции
7.549
Значи терористички напад? Не може туку така авионот да експлодира во сред воздух.
И нели е логично, ако има експлозија горе, милиони парчиња да се расфрлаат низ одреден радиус во морето? Ништо немаат најдено.

Ма да, нема друго што да е. Или експлозија во воздух, или авионот е потонат под вода, трето нема.
Не би давал многу значење на лицата со лажни пасоши, шверцување во ЕУ со лажни пасоши е прилично стандардно за тие простори.

Друг авион во нивна близина контактирал со исчезнатиот авион 10 минути откако ги снемало од радарот, едвај се слушале, најверојатно пилотите носеле маски за кислород.
http://www.nst.com.my/nation/general/font-color-red-missing-mh370-font-pilot-i-established-contact-with-plane-1.503464
 
H

Hip.Hop_MKD

Гостин
Никогаш до сега терористи не краделе пасоши, се иделе на тотална опременост, овие да не биле мигранти. Ама па сега тука е сумљиво што не може ако се тие оргиналните сопственици етнички државјани или се работи за натурализирани странци (тие со изгубените пасоши).

Обично овие што се прекуоекански летови често налетуваат на јата птици што може да завршат во моторот, а моторот во оган и треба да лета со еден мотор, да се врати назад што е побрзо или да изведе маневар со слетување на локација погодна. Ама ова не е хеликоптер па тек така да слета, евентуално ако има нешто база во близина стара и долга патека.

Авиособраќајот е еден од најбезбедните, ама понекогаш статистиката вели и дека се прават мали пропусти. Едно црево да се запуши, неизбежна е катастрофа.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom