Рецепти за слатки јадења - десерти, торти, колачи, баклави..

Аеродром

Faithful :)
Член од
15 август 2008
Мислења
2.217
Поени од реакции
256
Како беше она рецептана за торта со ресани?Мајка ми ја изгубила:tapp:
 

violet

<3 SwEeT DaRkNeS <3
Член од
17 јуни 2008
Мислења
99
Поени од реакции
7
Дали знае некој рецепт за коцки со желатин и кокос??
 
Член од
6 јули 2009
Мислења
491
Поени од реакции
16
Еклери

Тесто:
250 мл вода
125 мл масло
250 гр брашно
Подготовка:
Прво во тенџере се става водата со маслото да зовријат. Е после тоа се става брашното и полека се меша се додека смесата не стане изедначена. Се остава малку да се излади и се ставаат 5 јајца. После се меси убаво да се соедини. На плех предходно премачкан со масло се става од смесата со мало лажиче. Се ставаат да се печат на веќе загреана рерна 30 минутки на околу 200 степени (зависи од рерната како ви пече) и рерната не ја отварајте додека се печат.
Додека се печат тие се прави кремот за еклерите. Осум лажици густин се мешаат со 2 жолчки и 1 пакетче ванилин шеќер, ова се раствара во малку млеко со 5 лажици шеќер. Во тенџере се става 1л млеко да заврие. Е после тоа се става густинот и се вари додека не добие густина (исто како пудинг) и кога ќе биде готов се трга на страна да се излади. Готовите еклери се оставаат да се изладат, се сечат на пола и се полнат со кремот.

Бон апретит :smir:
 

Олимпија

Македонија во срцето!!!
Член од
26 март 2008
Мислења
5.624
Поени од реакции
9.146
Рафаело бомбици

Потребни состојки

- 200 гр. мелени бисквити
- 150 гр. кокос
- 100 гр. лешници
- 200 гр. маргарин
- 100 мл. млеко
- 400 гр. шеќер во прав

Подготвување

Во сад на шпорет го ставате маргаринот да се растопи.Откако ќе се растопи, го додавате шеќерот во прав. Оставате да се залади-да биде млака смесата и потоа додавате 100 мл. млеко.
Мелените бисквити ги мешате со 100гр. кокос и ја додавате смесата од маргарин, млеко и шеќер во прав.Мешате додека да добиете еднолична смеса и потоа ја ставате во фрижидер малку да се олади - 30 мин.
Потоа во секоја од бомбиците ставате по еден лешник и ги валкате во останатиот кокос.

Брз, лесен, вкусен и ефтин рецепт.
Излегуваат околу 50 бомбици од оваа смеса.:pipi:
 

Олимпија

Македонија во срцето!!!
Член од
26 март 2008
Мислења
5.624
Поени од реакции
9.146
Nekoj se sprema za svadba???
Hahahahahaha!

A znae nekoj kako se spremaat Mozart kugli?
Еве ти

- 200 гр. мелени ореви
- 200 гр. чоколада
- 1 лажица мармалад од кајсии
- 200 гр. шеќер во прав
- 1 јајце
- 2 лажици рум
- зашеќерени цреши


Во поголем длабок сад се ставаат мелените ореви и шеќерот во прав и се промешува.На ситната страна од рендето ја рендате чоколадата и ја додавате во садот заедно со румот, мармаладот и белката од јајцето. Мешате додека смесата не се соедини. Потоа земате од тестото и смесата ја расплескувате на едната рака. На средината ставате една зашеќерена цреша. Потоа со двете раце формирате топка со големина на орев и ги валкате во шеќер.


Чоколадни бомбони со вишна (Griotte)

Потребни состојки:
- 3 чоколади за готвење
- 1 маргарин (кристал)
- 150 гр. шеќер во прав
- вишни што стоеле во вишнова ракија
- хартиени корпи за бомбици


Подготовка:
Во длабок сад на тивок оган го ставате маргаринот да се растопи, заедно со чоколадите и шеќерот во прав. Мешате постојано за да добиете погуста смеса. Со помало лажиче ги полните корпиците до пола, па ставате една вишна (без семка) и повторно ставате од смесата. Одозгора може да ставите сецкани ореви или чоколадни мрвици.
Вака подготвените бомбони, оставете ги еден час во фрижидер.


Бомбици со кикирики
Потребни состојки:
- 200 грама Шеќер
- 100 грама Чоколадо
- 80 милилитри Млеко
- 100 грама Маргарин
- 200 грама кикиритки
- 200 грама Бисквити

Подготовка:На пареа растопете ги чоколадото и шеќерот, а потоа додајте ги изронетите бисквити, кикириките и млекото.
Во разладената смеса додајте го маргаринот. Убаво измешајте ја смесата и формирајте бомбици, кои ќе ги ставите во хартиени корпички.
 

Олимпија

Македонија во срцето!!!
Член од
26 март 2008
Мислења
5.624
Поени од реакции
9.146
Сникерс колач

Потребни состојки
- 300 гр. шеќер
- 250 гр. маргарин
- 50 гр. чоколадо за готвење
- 400 гр. кршени бисквити
- 300 гр. несолени печени сецкани кикирики
- 250 мл. млеко
- 200 гр. чоколадо за готвење (за глазура)

Подготовка:
Во тенџере на оган го ставате шеќерот, млекото, маргаринот и чоколадата 50 гр. да се растопат. Откако ќе се растопат и соединат намирниците, го тргате тенџерето од оган и оставате да си излади 15-20 мин. Потоа ги додавате бисквитите и 250гр кикирики. Оваа смеса ја ставате на кутија за колачи и правите правоаголна форма. Оставате неколку часа да се излади во фрижидер и потоа одозгора ставате уште 50 гр. сецкани кикирики и 200 гр. растопена чоколада за готвење.
Повторно вратете го колачот во фрижидер да се стегне чоколадата и после тоа сечете правоаголници со дебелина од 2 цм :pipi:
 
S

Shellshock nam67

Гостин
Баклава со кокос



Објавено: 19/10/2010 год.

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

  • 1400 грама Шеќер
  • 500 грама Тенки кори
  • 1 кесичка/ки Прашак за печиво
  • 200 милилитри Масло
  • 150 грама Кокосово брашно
  • 1000 милилитри Вода
  • 200 милилитри Јогурт
  • 5 Јајца/це

  • Време за подготовка: 30 мин.
  • Време за готвење: 60 мин.
КРАТОК ТЕКСТ:

Сè до раниот 20 век, кокосот се сметал за парична единица на Никобарските Острови, кои се наоѓаат северно од Суматра. Во јужниот пацифик, каде парчиња од кокосова лушпа биле обликувани и служени како парички. Во северна Индија кокосот се сметал како симбол на плодноста. Кога жената сакала да зачне, та одела кај свештеник и примала специјален кокос. Исто така, првата цврста маса со која се храни Тајланското бебе се три лажици со свеж кокос, кои им ги дава будистички свештеник. На Бали, на жените им е забрането дури и да го допрат кокосовото дрво, бидејќи и жените и кокосовото дрво имаат способност да се размножуваат, мажите се плашат дека женскиот допир може да ја "исцица" плодноста од кокосовото дрво.
ПОДГОТОВКА:

На дното на подмачкан плех ставете 2 кори.

Помешајте ги сите состојки за фил, па филувајте ги сите кори, односно ред кора, ред фил, освен првите две најдоле и последните две кои ќе ги ставите најгоре.

Горната кора исечете ја по желба на коцки, па така наредете ја одозгора.

Печете во рерна на 200 степени, односно до зацрвенување.

Додека баклавата се пече подгответе го преливот: сварете ги водата и 1 кг. шеќер.
http://www.kulinar.mk/recepti/Baklava-so-kokos.html
еве и линк :)

tortava e odlicna skoro ja pravese sestrami preubava e :) (y)
 

~Bunny

Magic wand...
Член од
13 септември 2010
Мислења
902
Поени од реакции
1.266
Бељаааа ми направи:cautious:
Ми се јаде сега:D Превкусно изгледа.
 
Член од
12 август 2010
Мислења
2.890
Поени од реакции
906
Не јадам баклава,ја мразам дека има многу шербет,али оваа ко што гледма ко по сува е,па ако иам можност ќе ја пробам..
 

• Tαммι •

Гостин
Лелее!! Ај што не мачиш со рецептиве...ама и Слики зар мораш да ставаш !!! :place: ништо направи индијанки и баклава па викај на благо друга казна нема за тебе! :)
Шала на страна мора да се проба ова... ќе ги направам кога ќе бидам послободна.
 

Nymphadora

Емоцинално незрело џубре
Член од
2 февруари 2009
Мислења
986
Поени од реакции
1.672
Marry Me :pos:

п.с. без индијанки не те примам .. :D тоа сметај го ко чеиз :P
 

Олимпија

Македонија во срцето!!!
Член од
26 март 2008
Мислења
5.624
Поени од реакции
9.146
Баклава со лешници

Потребни состојки:
- 500 гр кори за баклава,
- 1 маргарин кристал,
- 300 грама лешници (половина мелени половина толчени),
- масло за јадење.

За шербетот:
- 1 кг шеќер,
- 650 гр вода,
- сок од половина лимон.

Подготовка:
Прво подгответе го шербетот така што ќе ја ставите водата да зоврие и потоа ќе го додадете шеќерот. Варете со повремено мешање сè додека шеќерот не се топи. Кога шербетот ќе зоврие, додадете сок од половина лимон или додадете половина лимон исечен на кругови. Кратко проварете и тргнете го шербетот на ладно целосно да се олади.
Кората попрскајте ја со растопениот маргарин во кој сте додале малку масло за јадење и превиткајте ја на половина. По должина ставете околу една до две лажици од измешаните толчени и мелени лешници. Свиткајте ја кората во ролна и префрлете ја во премачкана тава, по должината на тавата. Постапката повторете ја за секоја кора. Кога ќе завршите со редењето на корите пресечете ги на парчиња со посакуваната големина и попрскајте ги со останатиот растопен маргарин. Баклавата печете ја на 200 степени, околу 25 минути.

Важно е топлата баклава да се прелие со ладен шербет!
Вака подготвената баклава можете да ја послужите следниот ден откако шербетот ќе се впие во корите.

Чоколадна баклава

Потребни состојки:
- 1 кг кори
- 250 гр мелени ореви
- 100 гр сецкани ореви
- 200 гр млечна чоколада
- 50 гр чоколада за готвење (за глазурата)
- 3 лажици шеќер
- 3 лажици гриз
- 200 мл. зејтин
- 100 мл. кисела вода
- 125 гр. маргарин
За шербет:
- 1 кг шеќер
- 750 мл вода
- сок од пола лимон

Подготовка:
Киселата вода и маслото се ставаат во тенџере на оган, да зовријат, па се остава малку да се излади.
Во меѓувреме ги мешате мелените ореви, сецканите, ренданата чоколада и гризот.
Го подготвувате шербетот и го оставате да се олади.
Земете две кори и попрскајте ги со смесата од зејтинот и киселата вода.
Растопете го маргаринот и прелијте врз корите.
Ги сечете корите во форма на мини ролатчиња и печете на 200 степени околу 20тина минути.
Топлата баклава ја преливате со изладениот шербет, а кога ќе излади се прелива со топена чоколада(100гр чоколада, малку шеќер и малку маргарин)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom