Скопје низ призмата на еден Скопјанец

Член од
13 август 2008
Мислења
1.144
Поени од реакции
893
Епа, еве неколку совети за пУнашање:

1. Употребена влошка се витка прво на две, па у најлонче, па у корпа за отпадоци у WC. Не во WC школка. Не ја леташ директ низ прозор. Значи-корпа!
2. WC школка се користи така шо ги симињаш гаките и :
-ако си машко, нишаниш право у шоља;
-ако си женско а не сакаш да седнеш на капак у јавно WC, потклекнуваш-и право изнад шоља. Не се качуваш НА шоља.
-за голема нужда (важи за мажи и жени), ако ептен МОРАШ испушташ во јавно WC, ако не мораш држиш до дома!
-при сите природни операции дома и (особено) на јавно место, пушташ вода, миеш раце и то.
*градската култура не ти допушта за овие работи да прочиташ на специјално известување окачено на вратата од WC-то!

2а-Не се празниш на јавни (темни) места.

3.Не мешаш отпадоци од кујна со отпад од WC-значи едно во една кеса, друго во друга. Потоа, заедно во канта за отпадоци (таа специјалната, зелената), од таму, чичковците со камион све носат на Дрисла.

4.Ако имаш услови-сепарираш и рециклираш!

5.Не истураш остатоци од манџи на празниот плац до твојот двор.

6.Не тресеш чаршафи, кебиња, јоргани од тераса на зграда во центар на Ск, директно над шеталиште. Исто така, не истураш остатоци од храна од терасата на задниот дел од плочникот (кој што, исто така, е дел од шеталиште, само од позади).

7.У шетња у граТ излагаш спастрен, не мора да си нашминкан, со штикла и фЛизура, али да си пристојно облечен-значи, пристојно исклучува ТРЕНЕРКИ. Со тренерки идеш на џогирање на кеј, на пешачење на Водно у сабота и недела, на пример. На пешачење на Водно не идеш на штикли и со фЛизура.

8.Садење на градинарски култури у двор (во приградска населба), на тераса у зграда итд. се исклучува.

...има уште, ама ме фати главоболка откако ги напишав точкиве; нема да ти обеќам, ама ако не ме мрзи ќе ти пуштам уше некој совет, онака форумски, бесплатно...
9. Не чуваш зимница на плехот до прозорот. Најинтересно е во Пелагонија кога дува ветер и летаат тегли во дворот.
 
Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.124
Поени од реакции
18.110
Јас пример имам битолско-прилепско потекло,а родена сум во Охрид. Често ги мешам дијалектите, па никогаш не ми се случило да се најдам во конфликт со некој баш зошто неможам да се прилагодам на охридскиот дијалект до крај или да се прави дека не ме разбира.
И ти ли чедо? :) И мене ме чепкале за некој збор надвор од дијалектов, ама несвесно е, еден збор одма дели(т).(offtopic)
9. Не чуваш зимница на плехот до прозорот. Најинтересно е во Пелагонија кога дува ветер и летаат тегли во дворот.
Да гласаме за фрижидер во секоја соба низ СД во Македонија? :icon_lol:
 
Член од
13 август 2008
Мислења
1.144
Поени од реакции
893
И ти ли чедо? :) И мене ме чепкале за некој збор надвор од дијалектов, ама несвесно е, еден збор одма дели(т).(offtopic)

Да гласаме за фрижидер во секоја соба низ СД во Македонија? :icon_lol:
Ја би гласала за даска (дури од отпад моеш да ја земеш) и две шајки. :) Ако има ветер, а навечер обично дува сабајлето мислиш дека војна се дешавало со тегли. Доле све е црвено пошо чуваат ајвар и понекад се моча од петти (тазе случка).
 
E

emission

Гостин

А знаеш ли дека и Скопјани што учат надвор од Скопје во студентски каде што нема фрижидери го прават истото?
 
Член од
13 август 2008
Мислења
1.144
Поени од реакции
893
А знаеш ли дека и Скопјани што учат надвор од Скопје во студентски каде што нема фрижидери го прават истото?
Центар или околните села на Скопје? Од искуство по становиве не глеам тегли, освен можда цвеќиња, ама редовно го гледам тоа во Пелагонија.
 
E

emission

Гостин
Центар или околните села на Скопје? Од искуство по становиве не глеам тегли, освен можда цвеќиња, ама редовно го гледам тоа во Пелагонија.
Центар, Капиштец, Карпош, Ѓорче, Аеродром.
 
Член од
13 август 2008
Мислења
1.144
Поени од реакции
893
На пример Софија.
Во Софија претежно студираат од источна Македонија - Струмица или Радовиш. Единствен пример што знам дека студира во Бугарија е моја другарка од Скопје која има сопствен стан таму.
Студентиве што ги наброи од овие населби не студираат во мали места, најмногу се запишани на Кирил и приватните универзитети.

Спротивно на ова во Пелагонија се наоѓаат студенти од сите краишта на Македонија со тегли ајвар или туршија наредени пред секој прозор. Ќе сликам за да се уверите дека тоа е навистина така. Доколку еднаш се скрши зошто постои потреба пак да се редат теглите на плехот?
 
Со кој дискутирам јас, не студирале по мали места :facepalm:. Софија е двојно поголема од Скопје. Информирај се малку подобро за да не се брукаш и ти и Скопјаните да ги брукаш со тоа што велиш дека не знаат да се однесуваат културно.
 
Член од
13 август 2008
Мислења
1.144
Поени од реакции
893
Со кој дискутирам јас, не студирале по мали места :facepalm:. Софија е двојно поголема од Скопје. Информирај се малку подобро за да не се брукаш и ти и Скопјаните да ги брукаш со тоа што велиш дека не знаат да се однесуваат културно.
Јас дискутирам Скопје - помали места. Софија е во Бугарија, отвори тема и дисустирај таму.

Не знаат да се однесуваат културно луѓето од мали места. Добар процент од нив. Факт. Тоа што го гледам во Пелагонија ми изгледа на се`, освен на културно однесување.
Друго ако не ти се допаѓа примерот со Пелагонија, ќе ти го посочам примерот со професорка на факултет. Жената беше од Струмица и ми предаваше сметководство еден семестар. Се гледаше дека е кадарна и дека учела меѓутоа предаваш во група каде немаш деца од помали места и предаваш на струмички дијалект.
Професорката: Ќе пишете там, там и там. Шо се овие проценти, чушки, френки? Аааа буразар неможе така. Малееее зашо вака си напишал?

И погоди што? Си замина уште првиот семестар, бидејќи не успеа да се прилагоди и да предава на литературен јазик. Ејј предаваш сметководство, мелеш на струмички онака брзо и очекуваш да си разбран од студенти кои се сите од Скопје?
 
DoctorMarno

Перач на мозоци
Член од
30 март 2013
Мислења
10
Поени од реакции
7
Петар12345 Се сомневам дека дечкото знае за иронија. Ама како лек би му препорачал чепчиња Курацил, ама сомневам се дека веќе ги има примано.

ЛИОН, пошо ме мрзи да те тагирам, али и безтоа си тука 24/7 се мењате со Фарангот, чепчињата да ги примаш строго анално, ама веќе имаш искуство со тие нешта па нема да ти е проблем.
И додека си таму, успат извади си и ја и главата од задникот.
Безобразен си, со IQ не поголем од оној на црв. Велиш да си ги копам нивите. Да, барем ако дојде до недај боже глад, војна или којтизнае каква нова бедотија, провинцијалциве (тие што имаат ниви) ќе се снајдат да преживеат, а ти што ќе јадеш во Скопјето? Бетон? Па јади бе дечко, нема да ти биде проблем бидејќи јадеш гомна и безтоа.
За инцесот, не знам, вие повеќе ми изгледате ко опасни мелези. Сте се мешале со секаква крв, се и сешто минало низ Скопјето, а генетиката е зезната ствар.

Зашто би одел да плукам по Штип, Битола, Прилеп? Тие се прекрасни места, не сум сретнал луѓе од таму што се толку искомплексирани, што се замислени и дигноглави, ко демек единственото добро нешто во нивнот живот е ако потекнуваат од поголем или главниот град.

Не, никој не ви е крив ако сте мизерни. НЕ СТЕ СПОСОБНИ! И крај.
Што, ако си роден во Скопје, веднаш треба да ти дадат градоначалничко место, во администрација или било што друго? Не, сега се бара квалитет. Се бараат луѓе кои се сопсобни, а не дали биле од Скопје, та кои му биле родители ова или она. Тоа во приватни фирми. Ако ти е роднина може да те вработи, ко да не те одбијат. Ама ќе се покаже колку си способен.

И за 63тата. Да, земјотресот е ужасно нешто, ама верувај луѓето се навредуваат кога некои мизерии од ги нарекуваат „провинцијалци“, сељаци или којтизнае што. Затоа ќе ги велат тие нешта.

И затоа терај си го ти твојот живот, а јас мојот. Не ми се мешај и јас нема да ти се мешам.
Темава не е твоја, а ни пак форумов, па не можеш да забраниш некому дали ќе коментира или не.
 
Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.403
ајде еве јас ќе ти одговорам...
- Прво селата што ги наброја се од околината на Прилеп со кола +-15 минути. (тоа е побрзо него Карпош - Аеродром со кола)
- Второ селата се живи т.е. има народ што живее таму константно, и си се развиени како што треба - пример во Кривогаштани има голем маркет - И ИМА АЕРОДРОМ (спортски), има спортски сали, фудбалски игралишта. Јас играв фудбал во трета општинска лига во една екипа од село, иако јас живеам во градот. Така да не е се ти како што мислиш дека се опустошени селата во Пелагонија. Баш напротив.
- Трето за народот. Народот од овие села никогаш не би се преселил во Скопје. Луѓето си се богати и си имаат свои бизниси - дали тоа се земјоделие или друго небитно. Ајде еве вие како постар најдете во Скопје некој од Пашинорувци. Тешко.. Тие си го бркаат бизнисот во село, а и имаат некоја фобија од живеење во Скопје, пошто нели е најголем град.

Во Скопје идат баш градски деца (иако јас не сум по потекло од градот). Во Скопје одат баш оние кои сакаат некоја кариера да си изградат во животот и Скопје им е попратна станица И оние кои од мака решиле да живеат во Скопје (Верувај дека никој не си оди од дома ако му е добро).

Ве читам постојано во темите како се жалите дека сите сне дошле во Скопје и нивите останувале необработени. Тоа се ваши говори.
Зошто ако толку сте загрижени за нивите, не одите вие или вашата фамилија да ги обработува?
Пишав предходно за комшијата лани што ни беше во една Скопска зграда, а и сега ќе го пишам истото.
Маж и жена со две мали деца, од кои само 1 вработен. Секоја вечер ечеше зградата од нивните караници главно заради економски причини. Чичко Трифун беше стар скопјанец, ама биле сиромашни барем така газдата ни кажа.
Еве вас да ве прашам.
Зошто чичко Трифун не го продаде станот (наспроти Соборна- значи центар). Со парите може да си купи двоспратна куќа во провинција,кола и да му останат половина пари да си започне сопствен бизнис надвор од Скопје. Зошто наместо тоа тој останува во Скопје да ја трпи ситуацијата?
вие сами го спомнавте ова богато прилепско пелегониско село Пашино Рувци
и велите да најдам некој ода Пашино Рувци во Скопје. Ги има ставрно многу.
Јас можам веднаш да ти набројам еден куп фамилии,цели семејства од тоа село а се овде на гурбет,живот и мачење во оваа џунгла и хаос наречено Скопје со Асфалт.
А што го оставиле тоа убаво село и природа таму а богами и мотиката и ралото.
За сега еден пример со фамилијата Мицаковци,со повеќе женска челад и еден син,едно машко во фамилијата, големо семејство и во некое време многу работно семејство,со многу деца со многу стока со многу ниви и се разбира многу тутун за садење,копање,берење,нижење па калапење па и носење во Прилеп на продавање.Но децата едно по едно сите избегаа не во Прилеп или Битола туку сите во Скопје. На крајот и единственото машко дете фати џаде и правец Скопје и не се врати повеќе во ПАШИНО РУВЦИ.Старите двајца останаа сами.Со стоката и нивите
Толку товар на својот грб не се издржува.Со години сето сработено се праќаше за Скопје на многуте деца а сега и внуци.Од зимница,чварки и суви пиперки и компир.
Стариот почина набрзо по некоја година, старата ја донесоа во Скопје, но и таа кутрата си замина од овој свет ама во Скопје...еј умре во Скопје кај петте деца.
Сакаш ли за друга фамилија да ти кажувам на пример за Пашовски или други,кажи.
Со почит.......Анчо.
 
DoctorMarno

Перач на мозоци
Член од
30 март 2013
Мислења
10
Поени од реакции
7
Kallista
Се сомневам дека студираат во Софија. Повеќето се на УГД.
Исто така на УГД има и доста Скопјанчиња. Ама ко за чудо, сите се фини деца, ниту едно не е искомплексирано (освен 1-2) и никој до сега не ги е нарекол провинцијалци.

Можеби тоа само важи за Скопје. Можеби тоа е она што сака Фарангот да каже цело време, за таа скопска култура:
Дека само Скопјани имаат право да нарекуваат други провинцијалци.
О М Г.... :eek:
 
E

emission

Гостин
Јас дискутирам Скопје - помали места. Софија е во Бугарија, отвори тема и дисустирај таму.

Не знаат да се однесуваат културно луѓето од мали места. Добар процент од нив. Факт. Тоа што го гледам во Пелагонија ми изгледа на се`, освен на културно однесување.
Друго ако не ти се допаѓа примерот со Пелагонија, ќе ти го посочам примерот со професорка на факултет. Жената беше од Струмица и ми предаваше сметководство еден семестар. Се гледаше дека е кадарна и дека учела меѓутоа предаваш во група каде немаш деца од помали места и предаваш на струмички дијалект.
Професорката: Ќе пишете там, там и там. Шо се овие проценти, чушки, френки? Аааа буразар неможе така. Малееее зашо вака си напишал?

И погоди што? Си замина уште првиот семестар, бидејќи не успеа да се прилагоди и да предава на литературен јазик. Ејј предаваш сметководство, мелеш на струмички онака брзо и очекуваш да си разбран од студенти кои се сите од Скопје?
Знаев дека ќе снемаш аргументи и ќе треснеш глупост како „оди дискутирај на друга тема не ме интересира што прават Скопјани кога ќе идат на страна да студираат “. Поентата е дека студенти како студенти ќе се снаоѓаат како знаат и умеат. Пелагонија е изолиран имот а никој од тие студенти што живеат таму не оди по Кисела вода да поти муда и да писка на жени што си пружаат алишта на терасите затоа што не им се свиѓа.

Однесувањето што не е културно за тебе го прават и Скопјани, не затоа што се некултурни или случно туку затоа што така им налагаат условите. Се надевам дека си доволно паметна да го сфатиш тоа.

И уште нешто. Студенти од провинција учат на многу престижни универзитети во светот, јас познавам такви и таму никој им нема замерено за култура или слично напротив се почитувани и напедуваат. Таму државата им обезбедила нормални услови за живот и студирање и не е никаков проблем да се прилагодат.
--- надополнето: 8 април 2013 во 20:06 ---
Kallista
Се сомневам дека студираат во Софија. Повеќето се на УГД.
Исто така на УГД има и доста Скопјанчиња. Ама ко за чудо, сите се фини деца, ниту едно не е искомплексирано (освен 1-2) и никој до сега не ги е нарекол провинцијалци.
Можеби тоа само важи за Скопје. Можеби тоа е она што сака Фарангот да каже цело време, за таа скопска култура.
Дека само Скопјани имаат право да нарекуваат други провинцијалци.
О М Г.... :eek:
Сакам да кажам дека има такви што студираат, огромно мнозинство си студираат во Скопје. Ги има и во Белград и во Солун и по западна европа итн.. Не е тоа поентата. За Софија знам бидејќи сум ги видел затоа спомнав тоа како пример.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom