Рецепти за домашни сокови

C

cige

Гостин
Сок од Трнинки(може имаат и друго име)
Ги има наесен на пазарите,лани беа 50 денари килограм.
Се варат во шерпа,а за помала количина помал сад.
Се собираат како горе наведено со сливите,само јас не ги гмечам,што излезе од нив со варењето тоа.Исто така и дренките не ги гмечам,само варење и ставање течноста сок.
Убав и за изглед бистар сок. Инаку би бил со „партали“ внатре,па децата го одбегнуваат. А често правам и компот од мешано овошје,половина тегла овошје,лажица шеќер и вода.
Мајка ми често знаеше и да прави и други сокови,непознати за нас-вас помладата генерација,на пр. Сок од Бозел.
Се сеќавам пред земјотресот,шишињата ги вриевме во котел,со сок од горе наведените,а тапите беа плутани,ама врвот на шишето т.с. и тапата го потопувавме во растопен катран во некоја конзерва,така беше најдобро херметички затворен, исто беше и со салцето или некој пинџур.
Фанта Шоката е со вкус на Бозел. А инаку бозелот предизвикува импотенција.
 

bobipp

Let's cook!
Член од
15 август 2008
Мислења
11.659
Поени од реакции
6.525
Јас мислев некој мискови за во Power juicer иначе, јас секое сабајле без исклучок пијам сок од портокал и морков, веќе 3години и можам да кажам дека е витаминска бомба, многу освежува и е одличен почеток на денот
А ти Power Juicer имаш? Јас сега разгледувам баш, сакам соковник да земам, шо препорачуваш? Гледав Филипс и Ронсон има до кај 4-5000
 

Dr.House

Аудиофил
Член од
18 февруари 2010
Мислења
2.546
Поени од реакции
3.845
А ти Power Juicer имаш? Јас сега разгледувам баш, сакам соковник да земам, шо препорачуваш? Гледав Филипс и Ронсон има до кај 4-5000
искрено немам многу искуство со други соковници,имам слушано дека power juicer е најдобар,јас го имам постариот power juicer( сега има еден помодерен :) ) и слушам дека новиот е уште подобар и потивок( иначе стариот е доста гласен ) така да it's your choice
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.113
Поени од реакции
8.222
СОК ОД ЛИМОН - ДОМАШНА ЛИМОНАДА

СОСТОЈКИ

  • 1кг лимон
  • 2кг шеќер
  • 2 литра вода
  • 3 кесички лимонтус
ПОДГОТОВКА

Лимонот убаво се мие со четка под млаз вода. Се меле низ машина за мелење месо и се става во поголем сад да одстои 24 часа. Утредента се цеди убаво низ газа и му се додава шеќерот и лимонтусот. Се меша додека се стопи шеќерот, а потоа се собира во шишиња.
Сокот може да се прави и со лупени лимони доколку не сакате да има погорчлив вкус и ако се плашите од хемијата што ја содржи лушпата.
Звучи убаво, ама не ти е мн. блага со 2кг шеќер кога ќе ја направиш?
 
Член од
9 април 2011
Мислења
810
Поени од реакции
1.043
1 кг лимони
1.5 кг шеќер
10 литри вода
4 кесички лимонтус
Лимоните првин убаво се мијат, потоа се чистат од семки и др. раб, и се мелат во машина за месо, откако ќе се сомелат се ставаат во 10 кг вода, се додава шеќерот и 4 кесички лимонтус и се меша. Се ова треба да отстои 24 часа со повремено мешање, кога ќе ви текне. На крај се процедува и се полнат шишиња и се конзумира ;)
За вкус може да се додадат 2-3 портокала кои исто така се ставаат во смесата, мелени како и лимоните.
 

blue ladybug

Фанг ловер
Член од
5 февруари 2013
Мислења
5.210
Поени од реакции
11.803
Јас мислев некој мискови за во Power juicer иначе, јас секое сабајле без исклучок пијам сок од портокал и морков, веќе 3години и можам да кажам дека е витаминска бомба, многу освежува и е одличен почеток на денот
Najubava kombinacija portokal I morkov, definitivno. Plus edno limonce da dodades, prava energetska bomba!
 

Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.504
Знае некој рецепт за домашен сок од кајсии? :)
 

CafeDelMar

Luminance
Член од
29 октомври 2007
Мислења
6.502
Поени од реакции
14.677
Знае некој рецепт за домашен сок од кајсии? :)
Имам рецепта за густи сок од кајсија, ако ти врши работа. :)

5 кг. исчистени кајсии
3 литра вода
500 гр. шеќер
1 лимон

Исчистените кајсии треба да се смелат во машина за месо. Во поголемо тенџере се става водата со шеќерот и кајсиите. Се остава во ладна просторија барем 12 саати и повремено се меша за шеќерот да се растопи.
Се става содржината на шпорет да зоврие, значи не да врие долго, се додава лимонот и се собира во топли шишиња. Најдобро е да се покријат шишињата со ќебе и да се изладат постепено. Наредниот ден може да се пие. :)
 

Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.504
Имам рецепта за густи сок од кајсија, ако ти врши работа. :)

5 кг. исчистени кајсии
3 литра вода
500 гр. шеќер
1 лимон

Исчистените кајсии треба да се смелат во машина за месо. Во поголемо тенџере се става водата со шеќерот и кајсиите. Се остава во ладна просторија барем 12 саати и повремено се меша за шеќерот да се растопи.
Се става содржината на шпорет да зоврие, значи не да врие долго, се додава лимонот и се собира во топли шишиња. Најдобро е да се покријат шишињата со ќебе и да се изладат постепено. Наредниот ден може да се пие. :)
Фала, баш таков и барав густи домашен сок :)
 
F

FARANG

Гостин
Баба ми и дедо ми постојано трубат за некој сок "џинџарела" што го пиеле додека биле во Канада. Па ако знаеш кажи ми дали има негде во Македонскиве продавници да се купи истиот

Тоа е пиво од џинџер... Џинџер аил
 

gade

Augustus
Член од
12 април 2008
Мислења
4.837
Поени од реакции
5.117
Да да они од Марс се паднати, не разликуваат пиво и сок.
Сокот се вика Ginger Ale, или во превод "Пиво од ѓумбир". Исто и Root Beer се вика Пиво од корен, ама сепак е сок. Confusing innit? :D
 
C

cige

Гостин
Изгледа се...
А ти си пиел или така без врска седиш по форуми? Барем прочитај ја цела тема и да ти стане појасно. Неможеш ти да баеш на некој што правел нешто со години.
 

sanos_a

www.autobusi.net/
Член од
12 декември 2008
Мислења
554
Поени од реакции
82
дали некој знае рецепти за домашен бистар сок од јаболки и сок мешавина од јаболки и морков?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom