Рецепти за слатки јадења - десерти, торти, колачи, баклави..

S

Sheldon Cooper

Гостин
Nutella кроасани



Потребно:
- Нутела
- Тесто:
  • 200 гр. брашно
  • пола квасец + 150 мл топла вода
  • пола лаж. сол
  • 1 лаж. шеќер
  • 1 капка маслиново масло
- 1 jаjце + вода
- шеќер во прав

I : Приготвување на тестото:
Се меси тесто со брашното, солта, шеќерот, маслото, квасецот претходно растопен со 150 мл. топла вода и се остава да стаса 10 мин. но и немора.
Се сука во форма на правоаголник или квадрат.
Се сечат во форма на баклави и во средина се додава 1 лаж. нутела. и се преклопува.
Се ставаат кроасанчињата во тепсиjа/плех врз коj ставаме хартиjа за печење и се премачкуваат со изматено jаjце со вода.
Рерната се загрева на 220 степени. Потоа се става тепсиjата и се печат 10-15 мин.
Откако ќе бидат готови врз нив се става шеќер во прав или било каков прелив (може и jаворов сируп).

Jас ги направив пред пола саат и вака испаднаа:


 

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.403
од кујната на македонските Сефарди
ситни колачи од сусам
- 200 гр.испечен сусам
- 100 гр. мед
- шербет од бело слатко (колу да се замеси)
- сок од лимон или портокал
- 1 лажица џем од кори од помаранџа

медот,шербетот и сокот од лимон се варат на оган се додека не згусне.Се додава печениот сусам и уште малку се вари.Смесата се истура на намокрена даска.Од смесата се расекува кора со дебелина на прст.Кората се остава да се излади,а потоа се сече на коцки.Готовите колачи се редат во кутија.
 

Олимпија

Македонија во срцето!!!
Член од
26 март 2008
Мислења
5.624
Поени од реакции
9.146
Гријаж корпички

Потребни состојки:
- 100 гр лешници
- 100 гр шеќер
- 50 гр маргарин
- 100 гр млечно чоколадо
- 50 гр суво грозје (ситно сецкано)

За чоколадните корпички потребно е околу 200 гр црно чоколадо и околу 20 мали хартиени корпички.

Подготовка:
Најпрвин се припрема гријажот, се топи шеќерот како карамел, му се додаваат лешниците и сето се истура во тањир премачкан со масло. Кога ќе се излади се меле во сецко. Се остава околу 50гр за украсување.
Останатиот гријаж се меша со сувото грозје, маргаринот и растопеното чоколадо. Се остава малку да се излади за полесно обликување.
За тоа време ги подготвувате чоколадните корпички.
Чоколадото се топи на пареа и со помош на четка се премачкува внатрешната страна на корпите. Откако ќе се стегне чоколадото се мачка со уште еден слој.
Од гријаж смесата се прават бомбици и се ставаат во корпите од чоколадо најдобро додека не се стегнал вториот слој чоколадо. Кога ќе се стегнат, секоја бомбица се валка во гријажот кој го оставивте за украсување.На крај се отстрануваат хартиените корпи.
 
L

Luki Junior

Гостин
Chocolate Chip Cookies
Одсекојпат имаах мерак да пробам домашни да видам дали ќе са послатки од купечките.. Ного поарни беа...

Мастраф:
125г Омекнан путер
1/2 шолја бел шеќер
1/2 шолја кафеав шеќер
1 кесенце ванила
1 јајце (склапано)
1 3/4 шолји брашно
1 пециво
20-30 милилитри млеко
250г Чоколадни парченца



Со миксер, у подлабок сад со миксер се клапа путеро, шеќерите, ванилата, додека не стане пенесто и хомогоено. Јајцето се клапа у посебна чинија со вилушка, и се додава малку по малку у поголемио сад со путеро и шеќеро додека не се размеша и соедине убаво.
После брашното се додава на етапи (не целото наеднаш) и пецивото. Сето се меша со миксер, и на половин додадено брашно се дотура млекцето и се дотура остананото брашно. Откоа сите нешта ке са размешани и исклапани убаво, добива се тесто (не е баш тесто, ама си е полутврда смеса). Додават се чоколадните парченца (продават се специјални, а може и да се насече од кујнско чоколадо.. и двете сам ги правил и нема никаква разлика). Меша се со миксер додека не се распоредат убаво самите чоколадни парченца.

Загрева се рерната на 180-200 степена, хартија на тепцијата за печејне. Со маленка лажичка, праат се топченца и се распоредуват у тепцијата и се остава доволно место меѓу них, оти ги ставаш топченца, а се расшируват у тек на печејнето. Обично у правоаголна тепција за ел. шпоре се збират 9 колаченца. Печат се 9-10 минути, и се вадат внимателно од тепцијата (најубаво е со голема и рамна лажица, и се стават на решетка за ладејне. Требе да се пазе коа се вадат оти са рофити и се ронат ногу. Откоа ќе истинат, се стврднуват.



Рецепто праа некаде 36-40 колаченца.
 

Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
Marble Cake

Потребно
300 g путер , мек
270 g шеќер
1 kесичка ванилин шеќер
малку рум
Малку сол
5 јајца
375 g брашно
12 g пециво
3 лажици млеко
20 g какао
20 g шеќер
3 лажици млеко
Шеќер во прав
Подготовка:
Путер со мати додека не омекне. Постепено се додава шеќерот, ванилата, румот, солта и се масата се меша додека не се изедначи. Потоа се додаваат јајцата едно по едно и воедно се меша.
Пецивото се додава на брашното и сето тоа се става во масата и убаво се размешува. Се додаваат 3л. Млеко.
Две третини од тестото се ставаат во формата за печење. Во остатокот се додава какаото и 20г шеќер, 3 л. млеко и убаво се размешува.Темното тесто се истура врз белото и со вилушка се разнесува.
Вака подготвениот колач се пече на 190 ° C, околу 60 мин. За да не поцрне одозгора може да се покрие со хартија за печење или алуминиумска фолија.
Откако е готов колачот се остава да се излади и потоа му се истура шеќер во прав по желба.
 

Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
Сеа направив блубери мафинс, стробери шорткејк и румштангли.

На мамицу роѓенден. Па да ја почестам (дебело ќе и се наплати, ама вака на ситно да ја фатам отпрвин)

Мммммммм.....после дебел сум бил, е ќе бидам дебел ко е фкусно.



Ваздушаст пандишпан, сите знајте какос е прај да не пишуем туека. Има по постој поранешни.

За тестуљаоно крастуле да фати:
пакетче павклака, мека
една ипол кантица кондензирано млеко од Сити Мол или Рамстор маркетине
една и черек (четврт) кантица слакосан шлак одмрзнат

За глазурана
шоља шеќер (кафјав, дека белиот е злото)
3 лајцој (лајца е голема лажица, лајче е мала лачжичка) нишесте.
3 лајцој желатин од јагоди (за да на брзање се напраи, кој има време нека ги вари јагодите да ги желатиноса, а да не ги поебе)
шоља (коа велам шоља не мислам на полкилска за кафе и чај ко шо знаеме, ами оние сто стоипејсе грамскине за турцко кафе и слично)
2 шољи свежи јагоТки

сееа мешај пафлакана, млеконо и шлакон и остај ги настрана.ж
зеј си шерпа, мешај шеќеро, ниѓшестето, желатино и вподата дур не се стегни онака осредње (ама не жалосно)
остај да олади, клапни јаготките.

Насечи пандиошпано и она крастулено на три дела, еднакви. ред сечи, ред реди со глазурено, најодозгора најмногу.
Јади.


Рум штангли

Зеј маргарин и пенасто измути, додај прав шеќер (сомели ситно најстино кафјав, никако бел оти бел е злото) и додај ситно кршен, по нашки здробен бисквит, кекс или петит беуре шо го викет по селана, додај сецкано желе и лом сторени кикирики (се мелат со оклагија најарно). Мешај се заедно. Клај во четвртаст тигаЊ (пајнца де, тава, плех). Порамни го.
Рамно да е ко пелагониска низина.
Стопи чиколато со масло. Прелиј преку смесата или ја шо не напрајф пошо со чиколато ми е послатко:
измути прав шеќер (кажав каков), со какавно со неколку капки вода врела и масло капни за сјај и прелиј смесата.

остај да се стегни, сечи на штанглици. Јади.

За мафините, исто ко на темана шо кладов, ама место ванила, боровинки наклајте, свежи за мерак и на крај посипете со прав шеќер или несквик (ја кладов несквик).
 

Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
Барав, не најдов соодветно слична тема за баклавата.

Па ај туе да клаемо по некој рецепт за баклава, оти ги има разноразни.

Наташа ми побара рецепт за чоколадна баклава. She has a sweet tooth and Turkish neighbors she wants to impress.

Нејсе, неортодоксен говор, ама интересен и брз рецепт.


Елем ваќе, најбргу, опитав бабана:

Саставление:

15 готови кори (или кој знае и умее и време има и трпение, нека ги засука, ама тенко, најтенко да ги напраЈ)

Ооколу 120-135 грамој некој чоколаден прелиФ (не пролиф, ами прелиф), ај да речеме Нутела, оти и домашно напраено чоколадно прелифче се прај, ама е тешок и долг процес и смрди по дома.

150 грама сецкан и ореЈ или лешници (лешницине се покласа)

250 грамој маграрин, од поубајо, не Кристал, на брашникаво делуе, тој е арен за зелник и мазник само.

200 грама чиколато, црно, за готвење

6 лајци (лајца е голема супена лажица, а лајче е мала чаена лажичка прим. прев.) масло Бриљант, Дијамант, сончогледово де.

300 грама шеќер
300 милилитрој вода од чешма
Направленисуење (припрема, праење):

Шечеро и водата се варат да се стокми шербеТ, се клавнастрана да се олади.

Топиш (не топениш, ама топиш) да е течен, ама не да проврие, маргаринот.

Од корине шо се на број петнајсе, праиш пет ролати од по три кори (3х5=15)

Редиш по три кори дур ги прскаш (штрцаш да бидам безобразно безобзирен) со маргарин, ама на брзина ако праиш може да не допрскаш, со лајца најарно. Третата ќе и остајш по долж и вдолж едно два сантима непрскана да не клизи и слиза еврокремот (еурокрем, ама на маќедонцки нели еврокрем J)

Ко че и напрскаш, намачкај нутелана и насоли со лешњацине.

Замотај ги, завиј ги, како ролни, корите у ролатој и нареди во претходно наплуван со зејтин плех насечи на парчиња по мерак и лично удуволствие и наплувај па со маргарин и клапни ги (со се плех) у рерна на околу 180-200 степени по целзиус. Ко ќе се заруменат, како кога на времето, некој ти рекол “aj да се фатиме” или те зашљапал оти не знаел како, в муцки, ваѓај ги, удај ги у шербет и одма ваѓај да се цедат, ваѓај вишоко шербет со вилица (вилушка) и реди на сервичорен инструмент наречен послужавник.

Сеа, за кремот мерките ми се по одокативна метода. Или ако ти е гладно окцето, клај поќе, оти поќе е по’рно.

Овој рецепат е од најбрзине, и арен је, и ме фати уфунет, кој ќе иде сеа кори да бара и нутела.

Мамата, знаеф зошо неќум да го барам да го пишам.

П.С. Има и други ама ме мрзи и подолготрајни се праењата.
 

Олимпија

Македонија во срцето!!!
Член од
26 март 2008
Мислења
5.624
Поени од реакции
9.146
Имаше ваква тема, затоа се двете споени....а некој пост погоре има и друг рецепт за чоколадна баклава :noze:
 

Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
Тнкс, ама мојон рецепт е побрз, на на нааа

:):):):)

П.С. дали рецепт е охридски збор (дека има Т на крајот)?
 

Наташа Радио Милева Мара

Проф. Др. Маг. Мами
Член од
29 април 2005
Мислења
3.835
Поени од реакции
1.118
Тнкс, ама мојон рецепт е побрз, на на нааа

:):):):)

П.С. дали рецепт е охридски збор (дека има Т на крајот)?
Може е и струмички збор, дека јас го знам како рецепка :D
Инаку зедов денес кори, а рецепката ти е закон! Ем убаво напишана ем брза, само ќе мора и децата да ги активирам во наплувување на тепсијата, шо појќе то подобро :pos:
Немам поинтересна рецепка до сега прочитано :D А и верувам турцкине комшики ќе пукнат од мака :ROFLMAO:
 

Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
Kолач од брусница - здраф :)

Три/четвртини (не такт) шоља шеќер, кафјав
Ќесе желатин/нишесте снишестено како желатин де
Полојна лајче сољ
Шоља сок од брусница (цеден, свеж, ама не оној никаквион од продавница на литража, де)
Нагмечени, испасирани, блендани брусници (ли конзерва/кантичка по прилепцки, густ сос од брусница) во количина од околу две шољи
Шоља павлака несолена, некисела, обична
Две лајци ќечер во прав (кафјав у прав оти белиот е дно живота, злото)
Тестуљаоно за колач, како круста, имав рецепт даено претходно некад, ако некој не знај, ќе му кажам.
(Модла де....спремна; Рерна де (за тестуљаана круста...чек...желба...чек)
Смешај шеќеро, желатино, сољта во тенџИре. Уфрли како Момчило Грошев во тенџерето сокот од брусница и пастата од брусница, вари, на тивко, мнешајчи, додека смешанието не почне да фрла кључ (врие). Тргнни од рингла (огнот) и клај у метален сад.
Олади у фЛижидер.
Наклај полојна од шољата павлака. Тури го у тестуљаоно крустче во модлата, лади три сати во флижидер.
Истај, наклај шеќеро у прав и рестото од павлаката.

Клај пијачка, викни, јади, Уживај.
 

Олимпија

Македонија во срцето!!!
Член од
26 март 2008
Мислења
5.624
Поени од реакции
9.146
Колач со вишни

Потребни состојки:
- 5 јајца
- 5 чаши брашно
- 4 чаши шеќер
- 1 чаша млеко
- 1 чаша зејтин
- 1 прашок за пециво
- 1 чаша какао
- 500 гр. вишни

Подготовка:
Изматете ги белките заедно со шеќерот. Додајте ги жолчките и продолжете со матење, па додавајте го постепено млекото, зејтинот, брашното во кое сте го измешале прашокот за пециво и какаото. Кога смесата ќе се соедини, истурете ја во подмачкана тава за печење. Преку тестото распоредете ги исчистените вишни и ставете во рерна да се пече на 200 степени 25-30 минути.
колач вишни.jpg
 

Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
Воа е најбрзата комбинација за блаКце у брзина, а да личи ко божем голем труд е вложено :):)

Ментолед

450 до максимум полкило у милилитри ванила или ментол сладолед
5 малечки ментос/или слични ментол боНбончиња
полојна шоља ready made ментол прелив (топол)

Наклајте сладоледот во садче. Наклај одозгоре топлиот менлол прелив, накчај бонбночичата. Или јај одма или замрзни за после.
--- надополнето: 16 октомври 2012 во 08:36 ---
Ема есас а есас а пи пи а (Мисисипи) Mississippi mud cake


На овој би се товел ко свиња за предбожикно клање
И нема да се зезам со јазикот затоа што е топ колач

Состојки
Ореви, околу 250-300 грама, по избор и повеќе
шоља путер несолен
едно реднано чоколадо за готвење
две шољи шеќер (кафеав)
една и пол шоља брашно
половина шоља незасладено како
4 јајца класа L, или 5 класа М
чаено лажиче ванила екстракт
три четвртини сол
една ќеса шеќерни пуфки
чоколадна глазура од топено, убаво, слатко, чоколадо


Подготовка:

Оревите се печат на 150 степени додека не се тостираат, потпечат.
Во микорбранова се става путерот и чоколадото за готвење во посатка за микропечки на јака температура една минута или додека не се стопат, со мешање на секои отприлика половина минута.
Шечерот и следните пет состојки се ставаат во чоколадниот икс и се мешаат во миксер. Смешата се става со намачкана со масло тава, плех, што да е.

Се пече околу 20 минути на 150 степоени целзиусови со повремено ставање на пуфките рамномерно. На крај, додека не стане златесто тестото. Се посипува со топлата чоколадна глазура и се наросува со оревите.
Што повеќе чоколадо, поубава е. Како калосна да изгледа по чоколадирањето. КО истаена од блато.

Е сега, јас користам домашно самопрајско чоколадо.
Поскапо, подолго трае се, ама најслатка е така.
И пуфките еднаш ги правев, е тие се муда до колена. Ако не, мислам дека видов во Карфур дас имаат. Ко оња американските маршмелоус де.

И послем, ЕМА ЕСАСА!
--- надополнето: 16 октомври 2012 во 08:53 ---
Ретко добра храна имаат, кога бев, за две недели качив не знам колку кг. Потоа следните 6 недели, со се екстремно трчање се одржав дебел, да не станам товен вол за Гуча. Не ослабев. Тоа тука, каде примамливите мириси на вкусната храна ги немаше на секој чекор.

Луизијански колач со крушки

Состојки:

4 убави и сочни крушки, олупени и насецкани, да соберат околу три шољи

1 лајца шеќер
3 јајца
3 шољи шеќер кафеав
1 и 1/4 шољи масло
3 шољи брашно
1 лајќенце сол
1 лајченце прашак за пециво
1 и пол шоља ореви, сецкани
2 лајчиња екстракт од ванила
карамел за глазура (кој сака дома нека си направи како мене, кој сака нека купи, има, се наоѓа)

Подготовка

крушките и лајцата шеќер заедно помешајте ги и оставете ги да се онодат и сотакват пет минути (се мисли шеќерот да се потспоти во сокот од крушките)
Јајцата, другиот шеќер, маслото, во мискер и се меша додеа не се добие еднолична смеша. Се додава брашното, солта, прашкот зџа пециво со претходната смеша додека не се направи и ова еднолично и соединето.
Во плех наредете ги крушките, оревите и прелијте со смешата. помешајте го екстрактот од ванила, попрскувајќи насекаде одозгора.
печете околу еден саат на 180 целзиусови степени. Повремено проверето со чачкалица (забочистка) дали се лепи на дрвцето или не. Кога нема да се лепи и стане со тамам, се вади и додека е топол колачот се прелива со глазурата од карамел. Се оладува, сече, служи, јаде, рика од убајни, итн.
 

Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
Налетав на ваков рецепт. Пред да го правам, ако некој го правел, нека каже, мене премногу шеќер ми фаќа око дека има.


Бајадера
Состојки

650 грама шеќер
18 лажици вода
210 грама маргарин
250 грама мелени ореви
250 грама мелени бисквити
100 грама чоколадо
глазура


100 грама чоколадо за готвење
20 грама маграрин
3 лажици млеко
3 лажици масло
Подготовка
Шеќерот и водата се зовриваат и тргаат настрана, потоа им се додаваат мелените бисквити, оревите и маслото, се да се соедини убаво. Се дели на два дела. Едниот с остава бел, другиот се прелива со топено чоколадо, Тој со чоколадото се почекува да се стегне малку и се спојува под белиот. Кога се ќе се олади убаво, се прелива со чоколадната глазура.


Се плашам да не ми излезе преблаг и да не може да се јаде.
 

Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
CHEESECAKE RECIPE


200 грама мелена плазма
125 грама несолен путер
Две лажици мед
300 грама крем сир (несолен или немногу солен, филаделфија, вај крем)
250 грама хопла, слатка павлака
160 грама шеќер во прав
Кашика цеден сок од лимун
2 кесички желатин во прав

И сеа или:
300 грама вишни без коска
200 сок од вишни или вода
4 лажици шеќер

Или
Џем од вишни/јагоди или слично

Плазмата со медот и путерот се меша во еднолична маса, се става во пајнца голема илои модла и се притиска да се израмни и у фрижидер

Посебно се мати крем сирењето со шеќерот во прав и лиминовиот сок, да се измати убаво
Хоплата посебно се мати додека не се стврде и потоа се додава во крем сирот, се мати зањдни и се додава желатинот, кој е растопен и загреан.

Се премачкувѕ врз плазмата и се рамни да биде така убаво рапсореден, три прста минимум да бдие поглем од плазмата.
Во фрижидер се става да стегне.

Или џемот се распоредува одозгора или:

Преливот до вишните се спрема во малку вода или сок, да зворијат, се става шеќерот и желатинот и се меша да згусне околу десет минути. Се става десет минути да се олади и се клава одозгора врз кејкот, се клава во фрижидер за да се излади. Или во замрзнувач, кој има, за побрзо да се олади.
Се сервира и јаде со сласт.

P.S. овоштието не мора да се вишни, ја вчера го напраив со џем од јагоди (strawberry preserve).

Внимавајте да не го изгубите оној тwang што го прави специфичен. Вкусот на кремсирењето, како слатко, со нежна доза на киселкасто и скоро незабележително соленко.
Зборот ми е, реско да биде.

Денојве ќе пробам да му клаам малку дејниш блучиз да видам како ќе испадне, ако правам.

Брзо и ефтино if ur in a bind
 

Kajgana Shop

На врв Bottom