Колку ги познаваме македонските глаголи?

Член од
1 август 2009
Мислења
453
Поени од реакции
960
Sleden glagol : pozeleni
Vreme : minato opredeleno svrseno vreme & Nacin : usloven
Со и-раздел (транзитивен, преоден глагол):
1л. јас позеленив; ние позеленивме
2л. ти позелени; вие позеленивте
3л. тој/таа/тоа позелени; тие позеленија

Со е-раздел (рефлексивен, повратен глагол):
1л. јас позеленев; ние позеленевме
2л. ти позелене; вие позеленевте
3л. тој/таа/тоа позелене; тие позеленеа


Ние немаме условен начин како посебен начин, но услов се искажува со следниве конструкции: со можниот начин (за хипотетски услов, претполагано дејство), со идно време (за реален услов), со минато идно време (за нереален услов):
1. Ако повторно го видам тоа јадење, би позеленел.
2. Ако ми ја купиш бојата, ќе ја позеленам блузата.
3. Ако не беше љубоморен, не ќе позеленеше.

Условен начин со и-раздел (исто како и можен начин):
јас, ти, тој/таа/тоа би позеленил, -а, -о; ние, вие, тие би позелениле

Условен начин со е-раздел (пак, исто како и можен начин):
јас, ти, тој/таа/тоа би позеленел, -а; ние, вие, тие би позеленеле


Следен глагол: замисли во предминато време и глаголски придавки од тој глагол.
 
Џ

ЏинЏер

Гостин
Следен глагол: замисли во предминато време и глаголски придавки од тој глагол.
Еднина:
1л. бев замислил (-а)
2л. беше замислил (-а)
3л. беше замислил (-а/-о)

Множина:
1л. бевме замислиле
2л. бевте замислиле
3л. беа замислиле

глаголски придавки: замислен,замислена, замислено.

Следно: глаголот донесе во идно прекажано време и глаголски прилог од истиот.
 
Член од
1 август 2009
Мислења
453
Поени од реакции
960
Следно: глаголот донесе во идно прекажано време и глаголски прилог од истиот.
Еднина:
1л. ќе сум донел, -а
2л. ќе си донел, -а
3л. ќе донел, -а, -о

Множина:
1л. ќе сме донеле
2л. ќе сте донеле
3л. ќе донеле

Глаголски прилог: донесувајќи.

Следен глагол: лелее во минато определено несвршено време, заповеден начин и глаголска именка.
 

n/a

Член од
28 декември 2011
Мислења
1.194
Поени од реакции
2.258
Јас, пак, цело време мислев дека одбирам нешто од граматика, а тоа врска да сум немал... всушност, сум имал, ама одамна, а темава е одлична за проверување и повторување :)
 

Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
Еднина:
1л. ќе сум донел, -а
2л. ќе си донел, -а
3л. ќе донел, -а, -о

Множина:
1л. ќе сме донеле
2л. ќе сте донеле
3л. ќе донеле

Глаголски прилог: донесувајќи.

Следен глагол: лелее во минато определено несвршено време, заповеден начин и глаголска именка.
Еднина
Јас лелеев
Ти лелееше
Тој/Таа/Тоа лелееше

Множина
Ние лелеевме
Вие лелеевте
Тие лелееа

Заповеден начин

Директна заповед
Оди лелееи (????) Зорт малку, не сум сигурен

Индиректна заповед

Нека лелее

Глаголска именка

лелеење


Нареден глагол масирам во идно прекажано време и глаголска л-форма.
 
Член од
1 август 2009
Мислења
453
Поени од реакции
960
Тие лелееа
Мали поправки две, кај третото лице множина и кај директниот заповеден начин.

Треба да биде тие лелееја.

Кај глаголите од е и и групите, кои имаат корен кој завршува на самогласка: лелее е од е група, а коренот леле- му завршува на -е (самогласка), се додава наставката -ја во трето лице множина. Истото е и кај пее, на пример: пееја.

Заповеден начин

Директна заповед
Оди лелееи (????) Зорт малку, не сум сигурен

Индиректна заповед

Нека лелее
Директен заповеден начин е лелеј и лелејте. Заповедниот начин кај глаголите од е и и групите со корен на самогласка се прави со наставките -ј во еднина и -јте во множина, кои се додаваат на коренот (леле-). Кај пее е пеј и пејте.
Индиректниот заповеден начин е точен, може да се образува со нека, и се конјугира во сите лица и во двата броја.
 
Член од
24 август 2011
Мислења
14
Поени од реакции
2
Прв пат сум на темава, така да можеби и претходно сте го менувале, но ми треба помош: како се менува глаголот се смее во сегашно време? Поточно како е формата за 1 л. ед.? Се смејам или се смеам?
 
Член од
1 август 2009
Мислења
453
Поени од реакции
960
Прв пат сум на темава, така да можеби и претходно сте го менувале, но ми треба помош: како се менува глаголот се смее во сегашно време? Поточно како е формата за 1 л. ед.? Се смејам или се смеам?
Правилно е се смеам. Не се додава -ј-.
 
Член од
20 март 2008
Мислења
377
Поени од реакции
280
Прв пат сум на темава, така да можеби и претходно сте го менувале, но ми треба помош: како се менува глаголот се смее во сегашно време? Поточно како е формата за 1 л. ед.? Се смејам или се смеам?
" Ј " се додава кога има три самогласки една до друга.
 
Член од
1 август 2009
Мислења
453
Поени од реакции
960
Нареден глагол масирам во идно прекажано време и глаголска л-форма.
Да продолжиме:


Глаголска л-форма од масира е масирал, -а, -о, -е. Истата се употребува за образување на идно прекажано време:

1л ед. ќе сум масирал,-а,-о
2л ед. ќе си масирал, -а, -о
3л ед. ќе масирал, -а, -о

1л мн. ќе сме масирале
2л мн. ќе сте масирале
3л мн. ќе масирале

Следно: донесува во минато определено несвршено време, глаголска именка и глаголски прилог.
 
Член од
6 јануари 2011
Мислења
1.059
Поени од реакции
2.683
донесува во минато определено несвршено време, глаголска именка и глаголски прилог.
1л. донесов донесовме
2л. донесе донесовте
3л. донесе донесоа

глаголска именка: донесување
глаголски прилог: донесувајќи

(SmoothCriminal објаснува далеку подобро од мојот професор оваа година по СМЈ. Браво (y))

Следно: Глаголот лежи исто во минато определено несвршено и разлика меѓу глаголите каже и рече
 
Член од
1 август 2009
Мислења
453
Поени од реакции
960
1л. донесов донесовме
2л. донесе донесовте
3л. донесе донесоа

глаголска именка: донесување
глаголски прилог: донесувајќи

(SmoothCriminal објаснува далеку подобро од мојот професор оваа година по СМЈ. Браво (y))

Следно: Глаголот лежи исто во минато определено несвршено и разлика меѓу глаголите каже и рече
"донесе" и "донесува" се два различни глаголи.

Во право е Idtr, „донесе“ и „донесува“ се различни глаголи – првиот е свршен глагол, а вториот е несвршен. Затоа прашањето беше да се промени „донесува“ во минато определено несвршено време. Одговорот на Mary Poppins е со „донесe“ во минато определено свршено време и е точен за тој глагол, но за „донесува“ треба да е вака:

1л. донесував, донесувавме
2л. донесуваше, донесувавте
3л. донесуваше, донесуваа

Глаголската именка и глаголскиот прилог се одлични.

Следно за решавање е прашањето од Mary Poppins.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom